Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

По 67.000 жртви, Газа конечно здивна – но мирот е сè уште неизвесен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-librarykge6nctrkrol0ddwZvD

Илјадници Палестинци денес пеш, со автомобили и колички се движат по крајбрежјето на Појасот Газа кон своите уништени домови на север, по започнувањето на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас. Израелските сили се повлекоа од поголем дел од урбаните области, во рамки на првата фаза од договорот постигнат со посредство на САД, со кој се очекува прекин на војната што трае речиси две години и која однесе десетици илјади животи.

„Ова е чувство што не може да се опише, слава му на Бога“, изјави Набила Басал додека пешачеше со својата ќерка која била повредена во нападите. „Среќни сме што војната заврши, а страдањето конечно престана.“

— реклама —

Договорот предвидува Хамас во рок од 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници, живи и починати. Според израелските медиуми, семејствата на заложниците со нетрпение очекуваат вести од своите најблиски.

„Чекаме да се врати нашиот син и сите заложници“, изјави Хагаи Ангрест, татко на еден од 20-те Израелци за кои се верува дека сè уште се живи.

— реклама —

По ослободувањето на заложниците, Израел ќе пушти 250 Палестинци осудени на долги затворски казни и дополнителни 1.700 лица кои беа притворени за време на конфликтот. Во Газа секојдневно влегуваат стотици камиони со храна, лекови и хуманитарна помош, што претставува најголема испорака од почетокот на војната.

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека примирјето е голем чекор напред и изрази уверување дека двете страни ќе го почитуваат договорот.

„Сите се уморни од борбите. Постојат разлики, но има консензус за основните точки“, изјави Трамп во Белата куќа.

Тој најави дека во понеделник ќе пристигне во Израел, каде ќе се обрати во парламентот – Кнесетот. Со тоа, Трамп ќе стане првиот американски претседател кој ќе говори во израелскиот парламент по Џорџ Буш во 2008 година. Потоа ќе го посети и Египет, каде што ќе се одржат состаноци со блискоисточни лидери за постконфликтната обнова на Газа.

Според американски дипломатски извори, ова е прва конкретна фаза од „планот за мир во 20 точки“ што администрацијата на Трамп го претстави како рамка за долгорочно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Планот предвидува разоружување на Хамас, создавање на меѓународни безбедносни сили и воспоставување нови управувачки структури во Газа. Иако примирјето носи надеж, експертите предупредуваат дека вистинскиот тест ќе биде неговото одржување и воспоставување на траен мир по години на насилство и уништување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gaza-glad

Напад врз бегалски камп во Газа: повеќе загинати и повредени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
gaza44

Најмалку шестмина загинати во напад во Газа

Свет | пред 1 седмица

izrael-napadnat

Ескалација во Газа, девет загинати: Израел соопшти дека нападите се одговор на кршење на примирјето

Свет | пред 2 месеци

media-library74fi481gt6i71Q1oAw4

Тешки израелски напади врз Газа, загинати најмалку 32 лица

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања