„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КИЧЕВО

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Загина 25-годишен патник во тешка сообраќајка кај Кичево

Еден млад човек го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево–Охрид, над селото Попоец. Во судар меѓу „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки и „бмв“ со албански таблички, загина 25-годишниот Е.Б. од кичевското село Грешница, кој по несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Камион излета од патот кај Зајас, возачот повреден

На 30 август 2025 година во 18:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево товарно возило „Ман“ со кичевски регистарски таблички, управувано од Д.А. (38) од селото Зајас, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 5 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој кандидат за градоначалник на Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, ја потврди намерата на партијата да настапи со сопствен кандидат на локалните избори во Кичево.„Да, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе кандидираат градоначалник на Кичево“, рече Мицкоски, додавајќи дека внимателно ги следи дискусиите околу таа тема и, како што рече, „точно препознавам кој е инспираторот“.Тој посочи дека иницијативата за отворање на ова прашање доаѓа од опозициски кругови:„Тоа доаѓа токму од онаа опозиција која по 22 години не е во Владата. Тие хушкаат хушкачи“, изјави Мицкоски.Изјавата доаѓа во пресрет на изборната трка за една од најетнички чувствителните општини во земјава, каде досега ВМРО-ДПМНЕ ретко настапувала со сопствен кандидат.

пред 6 месеци

ahmetii

(ВИДЕО) Ахмети заигра на свадба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов е снимен на свадба во Кичево. На снимката се гледа дека тој е во добро расположение и го предводи орото. Не е прв пат Ахмети да биде снимен како игра оро.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6897

Сообраќајка со смртни последици кај Кичево, 74-годишен маж загина на лице место

На регионалниот пат Кичево – село Осломеј, кај кичевското село Гарани, вчера наутро се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.-На 27.07.2025 во Полициската станица Кичево било пријавено дека околу 08.15 часот на регионалниот пат Кичево-с.Осломеј, кај с.Гарани, кичевско, патничко возило „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.С.(74) од с.Црвивци, кичевско, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди возачот С.С. починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, се наведува во соопштението на МВР.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево и по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-43-3810PM

Повреден тинејџер од одбиени куршуми на семејна веселба во Кичево

Шеснаесетгодишно момче од селото Стрелци е повредено откако куршуми испукани од пиштол на семејна веселба се одбиле од подот и го погодиле. Настанот се случил на 22 јули околу 02:30 часот во селото Трапчин Дол, Кичево.Полицијата приведе двајца мажи, Ф.Ф. (36) и Ч.Ф. (52), а повреденото момче било пренесено во Општата болница во Кичево.Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Ужас во кичевско: со секира ги нападнал родителите, го убил татко му, мајката е во неконтактибилна состојба

Денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.„Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители. Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава“, велат од МВР.Од Обвинителството велат дека лицето е задржано.„Во врска со настанот во кичевско каде маж со секира ги нападна родителите, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево изврши увид на лице место во семејната куќа во селото Србјани, прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Лицето е задржано и текот на денот ќе следи постапка“, велат оттаму.

Македонија | пред 9 месеци

toskovski-zname-alb

(Видео) Ќе се утврдува дали има одговорност кај полицаецот кој симнал албанско знаме во Кичево

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека ја видел снимката каде полицаец симнува албанското знаме од бандера. Тој посочи дека во моментот на снимањето, полицаецот вршел службени работни задачи, односно бил на работа. Според министерот, ќе има одговорност доколку тоа биде утврдено.„За предметните дејствија има службена белешка од службеното лице кое е качено на возилото и другото службено лице. Ќе види јавноста како е постапено по предметното дејствие“, рече Тошковски.Претходно посочи дека веќе има одговорност за одредено лице кое симнувало знамиња од јарбол.„Затворен е настан, во рамки на територија на ОВР Кичево, каде што, едно лице, согласно информациите кои ги добив, симнува македонско и албанско знаме од јарбол. По насока на јавен обвинител ќе има соодветни дејстивја“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-01-at-18.59.08

Приведен маж од кичевско, пукал на семејна веселба и повредил три лица

На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишиле од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон“, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола.Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола.По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-01-18-165839

ВИДЕО: Пратеник патуваше 150 километри за да му докаже на министерот за транспорт дека лаже

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во дебата му посочи на министерот Благој Бочварски дека на автопатот Кичево-Охрид дел од трасата од Другово до Извор не е пробиена.„Јас целата траса сум ја поминал, така што вие мене не мора да ме носите на трасата. Можеме слободно кога сакате да направиме увид во градежните активности. Апсолутно не сте во право. Правиме напори да заврши целиот пат. Тоа може во вашите прес-конференции така да изгледа, но на терен не е така“, изјави Бочварски.Денес Стојаноски објави видео од локацијата каде трасата не е пробиена.„Директно од терен - доказ за лагите на власта.На лице место од мостот над селото Попоец, трасата од Другово до Извор, кој ниту е завршен ниту трасата е целосно пробиена како што во текот на нашиот дуел ме убедуваше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Потребни се предвремени избори што е можно побрзо, за да ги промениме овие неспособни луѓе од власта кои шеста година не можат да завршат еден автопат кој им беше оставен реализиран скоро 50%.Доста е за лаги и манипулации, време е за работа и проекти!“, вели Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-11-28-at-10.00.22

Кичево под окупација? Како во најлошите денови кичевчани се разбудија под знаме на туѓа држава, реагира Левица

„Како во најцрните денови од фашистичката окупација 1941-1944 така и утрово кичевчани се разбудија под знаме од туѓа држава и све тоа организирано од локалната власт, предводена од ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС“, вели Левица-Кичево.Тие додаваат:🟥Воочливо е фларгантно кршење на законот за употреба на знамиња на помалите етнички заедници.🚫Во единицата на локалната самоуправа во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението.❗Според последниот нелегитимен попис организиран и прифатен од ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДС во Кичево не постои помала етничка заедница со повеќе од 50% резидентно население.❗ Според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија.📣Ги повикуваме надлежните органи на брза реакција со цел спречување на обид за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост.

Македонија | пред 3 години

pat

Изминаа 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема, вели Ивановски

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, вели Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.„57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.Премногу е“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања