„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кичево

media-library625lcvs9ngg57pct3CR

Регистриран слаб земјотрес во околината на Кичево и Дебрца

Во 1:23 часот рано утрово е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на државата, во околината на Кичево, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Трусот имал јачина од 2 степени според Рихтер и бил на длабочина од 15 километри. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот се наоѓал околу 15 километри југозападно од Кичево.Земјотресот е евидентиран и од Институтот за геолошки науки во Тирана, кој објави дека епицентарот се наоѓа на подрачјето на Општина Дебрца.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Џејла Рамовиќ по приведувањето во Кичево: „Настапот беше прекинат по вина на организаторот“

По инцидентот во Кичево, кога полицијата ја прекина нејзината вечер и ја приведе заедно со членовите на бендот, пејачката Џејла Рамовиќ се огласи со своја верзија на настаните. Таа нагласува дека имала целосна документација за настапот и дека прекинот се случил поради пропусти на организаторот, а не поради неуредност од нејзина страна. Рамовиќ потврди дека веќе во петок ќе настапи во Скопје и дека инцидентот нема да ја одвои од македонската публика.„Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија“, вели Рамовиќ.Таа објаснува дека организаторот ја уверил дека сите дополнителни дозволи се обезбедени и дека сè е во согласност со договорот.„И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене“, додава таа.Рамовиќ им порача на своите обожаватели дека овој инцидент нема да ја промени нејзината поврзаност со македонската сцена.„Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје“, истакна пејачката.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarybjtbjq5jjnl005BYvLe

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ е меѓу приведените во акцијата во Кичево

Популарната босанска пејачка Џејла Рамовиќ била задржана од полицијата во Кичево за време на акциската контрола, откако инспекторите утврдиле дека настапува без соодветни документи за работа.Контролата била спроведена во ноќта меѓу 29 и 30 ноември во повеќе угостителски објекти покрај магистралниот пат Кичево–Охрид, при што екипите на ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи – Запад влегле и во локалот каде што имала настап Рамовиќ.Во просторијата биле затекнати 23-годишната пејачка и членовите на нејзиниот бенд: К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина.Според полициските службеници, групата изведувала музичка дејност без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок согласно Законот за странци.Случајот веќе е доставен до Основниот суд во Кичево, каде против Рамовиќ и бендот е поднесена прекршочна пријава.БиХ пејачката Џејла Рамовиќ приведена во полициска акција во Кичево – настапувала без работна дозвола.Минатата недела поради сосема иста причина беше приведен и српскиот пејач Аца Лукас кој настапуваше во кавадарци.„Утврдено е дека лицето А.В. (57) од Република Србија настапувало без потребна дозвола. За сторениот прекршок до Основниот суд Кавадарци е поднесено барање за поведување прекршочна постапка, по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. Лицето е спроведено во Основен суд Кавадарци по скратена постапка, каде му е изречена парична казна“, беше наведено во соопштението на МВР.

Балкан | пред 4 седмици

media-libraryfgvh7b599obe7jNveCs

Го реанимирале, но лекарите не успеале да го спасат бебето: Во кичевската болница било донесено во многу тешка состоја

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка здравствена состојба било донесено бебе родено 2024 година, кое и покрај пружената медицинска помош и направената реанимација, починало.Медицинските лица констатирале смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv6aubag2q6ii7ak4AaG

(Фото) По победата во Кичево, го ранат Ахмети со кекси: ‘Послатко оди тоа!’

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.Нејзината порака е јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски:„Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“Објавата на Пешевска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита порака по големата победа во Кичево.

Македонија | пред 1 месец

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 1 месец

media-library1r2hkesn52bj3fh2IST

(Видео) Итна истрага по масакрот во Кичево: „Општината молчи, како да е нормално да се живее меѓу отров и оружје“

Активистите од здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бараат итна реакција од институциите по ужасниот случај во Кичево, каде што во само еден ден биле убиени повеќе од 40 кучиња – дел отруени, а дел застрелани.Телата на животните биле пронајдени на повеќе локации низ градот, вклучувајќи и во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“, што дополнително ја зголемува загриженоста на граѓаните.„Два дена молчевме. Сакавме да видиме дали некоја институција ќе реагира – градоначалникот Фатмир Дехари, општината, полицијата. Два дена – ништо. Како да е сè нормално. Како да е прифатливо да живееш во град опколен со отров и оружје“, се наведува во соопштението на здружението.Од „Анима мунди“ предупредуваат дека животните биле убиени со екстремно токсични супстанции, кои можат да бидат смртоносни и за луѓе, а дел од нив имале траги од огнено оружје.„Да се проверат камерите, да се идентификуваат сторителите и да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација“, бараат активистите.Здружението го прашува градоначалникот Фатмир Дехари:„Дали е нормално во вашиот град да се убиваат животни со отрови што за пет минути можат да усмртат дете? Дали е нормално некој вооружен да шета и да пука по животни додека граѓаните спијат? Кој нареди ‘Кичевски комуналец’ за половина час да ги собере и исфрли 40 трупа – без увид, без полиција, без истрага? И каде се сега тие тела?“Од здружението велат дека ова не е изолиран инцидент, туку повторување на мрачна пракса што била присутна пред петнаесет години.„Такво нешто не може да направи поединец. Тоа го прави институција што организира ликвидација – никој не убива цел град животни сам“, реагираат тие.Активистите потсетуваат дека Кичево со години има проблем со прекубројност на бездомни животни, но дека убивањето не е решение.„Општината годишно издвојува околу 20.000 евра за управување со оваа проблематика, а 115.000 евра плаќа за обесштетувања по пријави за каснувања – реални и лажирани. Тоа не е планско управување, туку злоупотреба на јавни пари“, наведува „Анима мунди“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryv2jast3rci54ba5k0OO

(Видео) Отруени кучиња во близина на училиште во Кичево, граѓаните згрозени: Паѓаа пред нас, имаа пена на устата

Кичево е во шок по грозоморен настан што се случи вчера утрото, кога во непосредна близина на едно основно училиште биле пронајдени отруени десетина улични кучиња.Очевидци раскажуваат дека сцената била морничава – мртви кучиња имало на патот и во дворот на училиштето. „Невиден хорор, умрени кучиња насекаде. Паѓаа пред нас, со бела пена на устата. Среќа што децата не беа на училиште. Некој намерно одбрал неработен ден, за да нема гужва. Ова е страшно и не смее да се повтори,“ изјави еден од жителите кој прв ја забележал случката.Граѓаните се згрозени и бараат итна реакција од надлежните институции. Велат дека иако со години се соочуваат со опасности од уличните кучиња, ваков чин на насилство е неоправдан и нечовечен.Вработените од Комуналното претпријатие биле повикани попладнето, околу 17 часот, за да ги отстранат телата на животните, откако на социјалните мрежи се појавиле снимки од местото на настанот. Бидејќи денот бил неработен, претпријатието не работело во утринските часови.Проблемот со уличните кучиња во Кичево е долгогодишен и растечки. Минатата година Комуналната редарска служба изброила околу 500 кучиња скитници на територијата на Општината.Општина Кичево годишно издвојува околу 20.000 евра од буџетот за третман и контрола на бројот на бездомни животни – преку стерилизација, вакцинација и нивно враќање на местото од каде што биле заловени.Според граѓаните, единствено трајно решение за проблемот со уличните кучиња е изградба на стационар за нивно згрижување. Тие апелираат сторителот на овој грозоморен чин што поскоро да биде откриен и казнет, а надлежните институции да преземат мерки ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

Дехари е симбол на понижување и сексуална злоупотреба на жените, ДУИ го прикрива срамот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција ја обвини ДУИ дека се обидува да го прикрие скандалот со кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, кој, според партијата, направил брутална злоупотреба на функцијата и сексуално ги понижувал жените вработени во општината.„Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Тој е симбол на брутална злоупотреба на моќта, понижување и сексуална злоупотреба на жените,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата посочуваат дека во јавноста се појавиле снимки кои, како што велат, ја откриваат одвратната вистина за Дехари, на кои се слуша како тој малтретира и сексуално понижува жени на работно место.„Фатмир Дехари ја злоупотребил својата позиција и ова не смее да биде премолчено и неказнето. Ова е срам, навреда и понижување на секоја жена во државата без разлика на етничката припадност,“ стои во реакцијата.Наместо оставка и извинување, според ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ се обидува да го прикрие скандалот, нарекувајќи ги снимките „фабрикувани материјали“ и „шпекулативни и монтирани снимки“, со што, како што тврдат, партијата ја замајува јавноста и се обидува да го релативизира случајот.„Евтин е обидот на ДУИ скандалот да го претвори во етничка сторија. Тоа не поминува, јавноста ги слушна снимките. ДУИ да не ја потценува интелегенцијата на народот,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува дека на снимките се слуша како жените вработени во општината се принудени да го бакнуваат и дури да му седнуваат во скут на Дехари. „Ова недолично и некултурно однесување не заслужува никакво оправдување,“ додава партијата.ВМРО-ДПМНЕ прашува дали ова е нивото на кое паднала ДУИ – да брани функционери кои сексуално малтретираат жени. „Дали почитта кон жената е празно слово во ДУИ? Што им порачуваат на жените и семејствата со ваквото однесување?“Партијата нагласува дека граѓаните на Кичево и целата јавност не заслужуваат вакво однесување и ваков срам, истакнувајќи дека ниту една жена не смее да биде третирана како објект.„Не живееме во средниот век, сите жени, мајки и ќерки заслужуваат да бидат третирани со почит и заштитени,“ стои во соопштението.ВМРО-ДПМНЕ бара Фатмир Дехари веднаш да поднесе оставка и да се повлече од јавниот живот. Исто така, ги повикува жените од ДУИ да го осудат неговото однесување, а сите институции, политички партии и здруженија за заштита на жените – да реагираат јасно и без компромис.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygsh79dl02ng9fHtnOUf

Морале да го бакнуваат и да му седнуваат во скут, по скандалозните аудо снимки за Фатмир Дехари: „Тој е срам за сите жени во Македонија“, реагира Ангелова

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, денеска на прес-конференција остро го осуди однесувањето на кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари, по објавените аудио снимки во јавноста, на кои, како што вели, се слуша како тој ги малтретира и понижува вработените жени во општината.Ангелова изјави дека наместо да ја користи функцијата за добробит на граѓаните, Дехари „се изживува врз вработените“ и на снимките покажува „понижувачки однос кон секоја жена“.„Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика на етничката или верската припадност. Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик и за секое семејство што воспитува ќерки со почит, труд и достоинство,“ рече Ангелова.Таа додаде дека од снимките се слуша како вработени во општината биле принудувани да го бакнуваат градоначалникот и да му седнуваат во скут, што го оцени како „скандалозно и недозволиво изживување“.„Ваквото однесување не е дел од ниту една култура, вера или традиција – тоа е срам што мора да биде осуден од сите. Зарем до тој степен е падната ДУИ, да води кампања за вакви луѓе?“, праша Ангелова.Таа оцени дека Дехари „се има заиграно со политиката и градоначалничката позиција“, и побара тој веднаш да поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката.Во своето обраќање, пратеничката побара реакција од сите институции и организации за заштита на жените, како и од самата Демократска унија за интеграција.„Дали жените од ДУИ ќе реагираат? Дали Комисијата за заштита од дискриминација ќе отвори случај? Дали Али Ахмети ќе го толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината?“ – запраша Ангелова, додавајќи дека ваквото однесување не смее да помине без широка општествена осуда.„Ова не е 18 или 19 век. Жените не се робинки или сопственост на некого. Тие се нечии мајки, ќерки, жени, деца. Ниту тие, ниту нивните семејства го заслужуваат ова,“ порача Ангелова, повикувајќи ги сите партии, институции и Јавното обвинителство за организиран криминал да реагираат и да дадат став за случајот.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysfelq7h945cndN21ZSk

На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, порача Мицкоски од митингот во Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати на синоќешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или останати  се иселуваат.  И едните, и другите и третите. Сите  имаат тежок живот, сите сакаат  иднина“, истакна Мицкоски.,,Има луѓе кои изградија кариери на етнички теми, цели партии се одржуваат на бранот на едно вештачко непријателство и нетрпеливост, која се гради помеѓу кичевчани. И знам дека кога вака ќе ги соочите со вистината во очи, многу тешко е да ве погледаат во очи, но и сите ние и сите вие не треба да наседнуваме на стапицата на дневните партиски препукувања, на романтичарските идеи кои не носат храна на трпезата и подобар живот. И тие кои постојано го прават ова, нема да имаат среќа ако нивниот народ е несреќен“, кажа Мицкоски.Мицкоски истакна дека додека Али Ахмети и неговите соработници се богателе, народот страдаше и се раселуваше. Според него, Ахмети не успеал да обезбеди просперитет за сите.,,Што ќе му е Зајас на Али ако тоа е празно? Нема радост ниту во палатите, ниту во дворците, ако преку оградата народот и соседите ти се гладни и раселени“, рече Мицкоски и додаде:,,Тоа го направи тој за Албанците. Ги испразни нивните места, села, градови, ги расели после 20 години владеење тука. Додека тој и неговите блиски се богатеа, народот страдаше и тонеше во сиромаштија.  Затоа, слушнавте дека докторот Александар има проекти за сите. И за Албанците, и за Македонците, и за Турците, и за Македонците муслимани, и за Ромите, и за Власите, и за Бошњаците и за сите останати. Буквално за секој еден кичевчанец. За сите ќе правиме и планираме проекти“.Мицкоски повикa на заеднички одговор од сите против нечесноста и поделбите, нагласувајќи итност за резултати, дела и единство.,,На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани.  Утре, ако некој и од нашите редови постапи погрешно, исто ќе ве повикам да се обединиме против тоа. Немаме време веќе за грешки, пропусти и губење време. Мора резултати. Мора дела. Мора заедништво. Само така победите се можни и тие се на дофат. Поделбите одат во прилог на тие што не ѝ сакаат добро на земјата, на граѓаните, и на тие што ја злоупотребуваат нивната доверба“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Загина 25-годишен патник во тешка сообраќајка кај Кичево

Еден млад човек го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во неделата изутрина на магистралниот пат Кичево–Охрид, над селото Попоец. Во судар меѓу „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки и „бмв“ со албански таблички, загина 25-годишниот Е.Б. од кичевското село Грешница, кој по несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што лекарите ја констатирале неговата смрт.На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.С.(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ Е.Б.(25) од с.Грешница, кичевско, кој бил пренесен во Медицински центар Кичево, каде што починал.Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 2 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-45-4430PM

Камион излета од патот кај Зајас, возачот повреден

На 30 август 2025 година во 18:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево товарно возило „Ман“ со кичевски регистарски таблички, управувано од Д.А. (38) од селото Зајас, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кичево.

Македонија | пред 3 месеци

2402025_Mickoski_pres_2

Мицкоски потврди: ВМРО-ДПМНЕ ќе има свој кандидат за градоначалник на Кичево

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер, Христијан Мицкоски, ја потврди намерата на партијата да настапи со сопствен кандидат на локалните избори во Кичево.„Да, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе кандидираат градоначалник на Кичево“, рече Мицкоски, додавајќи дека внимателно ги следи дискусиите околу таа тема и, како што рече, „точно препознавам кој е инспираторот“.Тој посочи дека иницијативата за отворање на ова прашање доаѓа од опозициски кругови:„Тоа доаѓа токму од онаа опозиција која по 22 години не е во Владата. Тие хушкаат хушкачи“, изјави Мицкоски.Изјавата доаѓа во пресрет на изборната трка за една од најетнички чувствителните општини во земјава, каде досега ВМРО-ДПМНЕ ретко настапувала со сопствен кандидат.

пред 4 месеци

ahmetii

(ВИДЕО) Ахмети заигра на свадба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов е снимен на свадба во Кичево. На снимката се гледа дека тој е во добро расположение и го предводи орото. Не е прв пат Ахмети да биде снимен како игра оро.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања