Промени тема
Контакт

Нема нови поплави во Тетово и Кичево, нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
izlea-reka
Илустрација

По обилните врнежи од дожд, состојбата со поплавите во земјата се стабилизира. Во Кичево продолжува испумпувањето на водата од подрумите, додека во Тетовскиот регион се воведени ограничувања за сообраќај поради лизгави патишта. Евакуираните лица се згрижени и има обезбедена храна, вода и хигиенски средства.

„Тетовски регион

Во Тетовскиот регион нема нови пријави за излевање на реката Вардар кај село Форино, ниту на останатите водотеци каде што во текот на вчерашниот ден беше евидентирано излевање и поплавување.

Во 05:45 часот, поради врнежи од снег, воведени се следните ограничувања во сообраќајот:

Забрана за движење на товарни моторни возила на патните правци Гостивар–Стража–Кичево и Гостивар–крак Маврово–Дебар.

На патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за движење на автобуси, додека за останатите патнички моторни возила е задолжителна употреба на зимска опрема.

— реклама —

Битолски регион

Во Битолскиот регион, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буквски Мост“ за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување.

— реклама —

Нивото на реката Црна Река во село Новаци изнесува 310 см.

Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.

Кичевски регион

— реклама —

На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.

250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи.

Екипи на ЈП „Комуналец“ и ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември“, информират од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0cf4h8eenubsdedk9xk

(Видео) Се санираше дупката во која влезе советничка од СДСМ во центарот на Битола

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvopd3jbhb68o9utjY3G

Почина Столе Здравевски, долгогодишниот вокалист на битолската група „Боеми“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarypqmmgbb0s4eqchKoPyi

Невремето направи проблеми во Битола: Поплавени домови на девет локации

Македонија | пред 1 месец

media-libraryp2c0hp8dfpr72uf96PF

(Видео) „Облечете чизми, покажувајте кон шахтите и глумете дека работите“ - Остра реакција по невремето во Битола

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања