Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

КИНА

media-libraryiidv9unupvuneSMdZRF

Кина гледа можност на Гренланд, но не на начин на кој Трамп мисли

Американските планови на Доналд Трамп за потенцијално приближување или контрола на Гренланд предизвикуваат сериозни реакции во меѓународната заедница и можат да ја разеднат НАТО алијансата. Шефицата на европската дипломатија, Кaja Калас, предупредува дека Кина и Русија „сигурно имаат причини за задоволство“ поради овие потези, додека самиот Трамп истакнува дека неговите акции се мотивирани од потребата да се спротивстави на „китаиската закана“.Од Пекинг, пак, се гледа дека нестабилноста во американската политика отвора нови можности за Кина. Професорот Ванг Вен од Универзитетот Ренмин вели дека голем дел од Кинезите ова го сметаат за уште една демонстрација на агресивно и хегемонистичко однесување на САД, а „окупацијата на Гренланд би значела пропаст на НАТО, што би ги радувало Кинезите“.Во последните години, американските власти со загриженост ја следат растечката присутност на Кина и Русија во Арктикот. Претходниот државен секретар Мајк Помпео предупредуваше дека влијанието на Пекинг може да создаде „ново Јужно кинеско море“ на Северниот пол и ветуваше засилување на американското присуство.Кинеските компании, сепак, тешко успеваа да се утврдат на Гренланд поради отпорот од САД и Данска. Во 2018 година, Данска, под американски притисок, блокираше кинеска понуда за проширување на мрежата на аеродроми, а претходно беше оневозможена и куповина на напуштена морска база.Кина, во својот официјален документ од 2018 година, се прогласува за „држава блиску до Арктикот“ и најавува изградба на „Поларен пат на свилата“, со цел развој на арктичките поморски рути како дел од иницијативата Пojaс и пат. Првиот чекор во таа насока се случи во октомври со патување на кинески контејнерски брод преку Северниот морски пат, што го скрати времето за транспорт до Европа за половина.Сепак, сојузот со Русија е клучен за овој проект, а воената и политичка криза во Украина го зголеми европското сомневање кон Кина. Инвестициите на кинески компании во рударските проекти на Гренланд се ограничени, особено по забраната за експлоатација на ураниум во 2021 година.И покрај тоа, Пекинг внимателно ги следи потезите на Трамп, кој со нарушувањето на глобалните сојузи создава ризици за сопствените интереси на Кина, но истовремено нуди можности за преиспитување на арктичката стратегија.

Свет | пред 1 месец

media-library5fgifn8monf85WjYvDM

Данскиот арктички командант: Не, денес не гледаме закана од Кина или Русија

Највисокиот дански воен заповедник за Арктикот ги отфрли тврдењата дека Гренланд се соочува со непосредна безбедносна закана од Русија или Кина, спротивставувајќи се на наративот што во повеќе наврати го изнесе американскиот претседател Доналд Трамп. Генерал-мајор Сорен Андерсен, командант на Данското здружено арктичко заповедништво од 2023 година, изјави дека во моментов не постојат индикации за директна опасност, но дека Данска и сојузниците внимателно ги следат можните ризици и се подготвуваат за идни непредвидени ситуации.Андерсен нагласи дека засилените воени активности и сојузничките вежби околу Гренланд имаат превентивен карактер. Според него, по завршувањето на војната во Украина, Москва би можела да ги пренасочи воените ресурси кон други региони, вклучувајќи го Балтичкото Море и арктичката зона. Токму таа проценка ја поттикнала Данска да ги прошири воените вежби и да покани европски сојузници на обука на Гренланд, во исклучително тешки зимски услови, како дел од зајакнувањето на северното крило на НАТО.Во рамки на данската вежба „Операција Арктичка издржливост“, која опфаќа воздушни, поморски и копнени компоненти, веќе се распоредени единици од неколку европски земји. Андерсен појасни дека целта е подобрување на подготвеноста и координацијата меѓу сојузниците, а не одговор на конкретна закана.Изјавите на данскиот генерал доаѓаат во спротивност со тврдењата на Трамп дека Гренланд е под активен притисок од Русија и Кина и дека островот е клучен за националната безбедност на САД. Американскиот претседател неодамна изјави дека Вашингтон не може целосно да ја исклучи употребата на сила за заштита на своите интереси, што предизвика загриженост кај данските и гренландските лидери.Андерсен избегна директен коментар за ваквите изјави, истакнувајќи го единството во рамки на НАТО и долгогодишната соработка со американските сили стационирани во вселенската база Питуфик. Тој нагласи дека не може да замисли сценарио во кое една членка на Алијансата би нападнала друга, додавајќи дека соработката меѓу сојузниците останува силна и неопходна за стабилноста во регионот.И покрај политичките тензии, Данска формално ги поканила Соединетите Држави да учествуваат во вежбите. Андерсен изрази надеж дека американските трупи ќе тренираат заедно со германските, француските, канадските и другите сојузнички сили, нагласувајќи дека безбедноста на Арктикот бара заеднички пристап и тесна координација.

Свет | пред 1 месец

media-librarynjpo5ednjjb55EI2aHB

Кина со најобемни воени маневри околу Тајван: истрелани ракети и симулирана блокада на островот

Кина втор ден по ред изведува големи воени маневри околу Тајван, при што беа истрелани ракети во водите на север и југ од островот, а во акцијата учествуваат и бомбардери, разорувачи и повеќе воени бродови. Маневрите, според Пекинг, претставуваат проба за целосна блокада на Тајван.Кинеската војска соопшти дека боевите активности ќе траат до 18 часот и ќе го зафатат морето и воздушниот простор на пет различни зони. Објавено беше и видео на кое се гледа мобилен ракетен фрлач како испукува проектили во морето од неименувана локација во Кина.Истовремено, морнаричките и воздухопловните сили изведоа симулации на напади врз тајвански поморски и воздушни цели, како и антиподморнички операции. Маневрите се одржуваат под називот „Мисија на правдата 2025“ и доаѓаат само 11 дена откако САД го одобрија најголемиот досега пакет оружје за Тајван, вреден 11,1 милијарди долари.Официјален извор за безбедност во Тајван изјави за Ројтерс дека внимателно се следи дали Кина ќе испука ракети и над територијата на островот, како во 2022 година, по посетата на Ненси Пелоси на Тајпеј. Ова е шеста поголема серија кинески вежби од тогаш.Паралелно, според истиот извор, Пекинг ги користи маневрите и за тестирање на напади врз копнени цели, вклучително и врз американскиот артилериски систем HIMARS со дострел до 300 километри. Кинескиот PCH-191, кој учествуваше и на парадата во Пекинг во септември, има споредлив дострел и, според кинеските државни медиуми, може да погоди која било точка на Тајван.Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те во објава на Фејсбук порача дека островот е подготвен да се брани, но нагласи дека Тајпеј нема намера да ја зголемува напнатоста.Министерството за одбрана на Тајван потврди дека дел од кинеските боеви активности утрово се одвивале северно од островот и дека остатоци од ракетите навлегле во континуираната зона на Тајван — подрачје што се протега на 24 наутички милји од брегот.Маневрите се оценуваат како досега најмасовни по површина и најблиски до тајванското крајбрежје, што дополнително ја зголемува загриженоста за можноста од несакана ескалација.

Свет | пред 1 месец

media-libraryrbj3ticnd6gs9Q8eA2v

Кина со најостра мерка против корупцијата: Погубен поранешниот директор на „Хуаронг“

Кина продолжува со крајно строгата политика против висока корупција, а најновиот случај е погубувањето на поранешниот генерален директор на државната финансиска корпорација „Хуаронг“, Бај Тјенхуи, во Тјенџин.Како што пренесува државната агенција „Синхуа“, смртната казна е извршена откако Врховниот народен суд ја потврдил пресудата, со која Бај беше осуден за примање мито во вредност поголема од 156 милиони долари. Според судските наоди, во периодот од 2014 до 2018 година тој користел службени позиции за да им обезбеди на одредени компании пристап до државни средства и поволни договори, во замена за пари и подароци.Бај првично беше осуден во мај 2024 година, со мерки што ја вклучуваа и конфискацијата на целиот имот, како и трајно одземање на политичките права. Неговата жалба беше одбиена во февруари 2025 година, што ја отвори патеката за конечната потврда од Врховниот суд. „Синхуа“ додава дека на Бај му било дозволено да се сретне со семејството непосредно пред извршувањето на казната.Овој случај е дел од пошироката антикорупциска стратегија на Пекинг, која последната деценија резултираше со низа строги пресуди во финансискиот сектор. Во 2021 година беше погубен и Лаи Сјаомин, поранешен претседател на истата корпорација „Хуаронг“, што тогаш предизвика големо меѓународно внимание.Западните медиуми оценуваат дека Кина сè почесто ја применува смртната казна како средство за демонстрација на морална строгост и политичка контрола во клучните економски сектори. Организациите за човекови права, пак, остануваат критични, укажувајќи дека земјата не објавува официјални податоци за бројот на погубувања.

Свет | пред 2 месеци

media-library4fph93gg1fhq938PAeg

(Видео) Дванаесет загинати во пожар во станбена зграда во кинескиот град Шантау

Дванаесет лица загинаа во пожар што избувнал во четирикатна станбена зграда во јужнокинескиот град Шантау, соопшти државната новинска агенција „Синхуа“. Пожарот избувнал вчера околу 21:20 часот по локално време и бил целосно изгаснат четириесетина минути подоцна.Причините за пожарот засега не се познати, а истрагата е во тек. Трагедијата се случува во период кога вниманието на кинеската јавност сè уште е насочено кон најсмртоносниот пожар во последните децении во Хонг Конг, во кој до вторник загинаа 160 лица. Настанот предизвика повици од државниот врв за сериозно справување со безбедносните ризици во стамбената индустрија.Кина минатиот месец најави и сеопфатни инспекции на противпожарните стандарди кај висококатниците низ целата земја, поради низа трагични инциденти.Пожарот во Шантау е само последниот во низата слични несреќи. Во април, во дом за стари лица во провинцијата Хебеј загинаа 20 лица, а неколку недели подоцна, во пожар во ресторан на североистокот на земјата загинаа 22 лица.

Свет | пред 2 месеци

Nvidia-RTX-4090

Вашингтон ѝ дозволува на „Нвидиа“ ограничен извоз на чипови во Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека го информирал кинескиот лидер Си Џинпинг дека САД ќе ѝ дозволат на компанијата „Нвидиа“ да ги испорачува своите H200-чипови на одобрени клиенти во Кина, односно на купувачи што претходно ќе бидат проверени и одобрени од американското Министерство за трговија.Како што пренесува NBC, моделот H200 е една генерација постар од најновиот „Блеквел“ чип, кој не е опфатен со договорот.Трамп наведе дека оваа одлука може да ѝ донесе милијарди долари приходи на „Нвидиа“, која има нарачки во вредност поголема од 500 милијарди долари за чипови за вештачка интелигенција што треба да ги испорача годинава и следната, без да се пресметаат потенцијалните клиенти во Кина.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryuefdebh5okms4vVh41T

Кина лансира нова група интернет-сателити во ниска орбита

Кина денеска успешно ја лансираше ракетата-носач „Долг марш-8А“ од јужната островска провинција Хаинан, испраќајќи нова група интернет-сателити во вселената, јави „Синхуа“.Ракетата полета во 15:53 часот од комерцијалниот космодром во Хаинан, а според кинеската вселенска агенција, товарот – 14. група интернет-сателити во ниска орбита – бил прецизно поставен на претходно дефинираната траекторија.Со ова лансирање, продолжува кинеската стратегија за брза експанзија на сопствените комуникациски и интернет-констелации во орбитата.

Магазин | пред 2 месеци

media-library1ei0q9f8o2tad4Au6Qq

(Видео) Крмов бара одговор: Зошто Владата одбила бескаматен кредит од Кина и се задолжува поскапо кај Лондон?

На седницата за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Борислав Крмов, го упати своето прашање до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи одговор зошто Владата одбила бескаматен кредит понуден од Народна Република Кина и на брза лента се одлучила за заемот на Обединетото Кралство. Крмов потсети дека договорот со Обединетото Кралство, преку кој треба да се земе заем од околу 3,5 милијарди евра, сè уште не е објавен и дека според најавите кредитот е со камата меѓу 3 и 4,5%.Со таков непромислен потег, како што посочи, државата ќе ја оштети сопствената економија за најмалку 850 милиони евра, а штетата може да достигне и милијарда евра.Дополнително, Крмов нагласи дека најголемите светски економии, меѓу кои САД, Европската Унија и Обединетото Кралство, се меѓу најголемите корисници на кинески кредити: САД со над 200 милијарди долари, ЕУ со над 160 милијарди, а Обединетото Кралство со 60 милијарди евра.„Дали мислиме дека тие земаат поскапи кредити од Кина одошто кредитот што тие ни го нудат нам?“ праша Крмов, посочувајќи дека Македонија изгледа како единствена земја без осет за национален интерес, која доброволно се откажува од најевтиниот капитал на светот. Крмов истакна дека никаков економски аргумент не ја оправдува одлуката да се одбие бескаматниот кредит. Тој укажа и на серијата чекори со кои Владата непотребно ја турка Македонија во конфронтација со Кина - од средби со претставници на Тајван, до приклучување кон критични изјави.На крајот, пратеникот постави директно прашање до министерот Николовски: Дали Владата била присилена да прифати Македонија да биде пионче во геополитичките игри? Дали до толку немаме сенс? Или пак станува збор за страв од неуспех на зацртаните коруптивните зделки? Доколку не биле присилени, која е економската и политичката логика што стои зад одлуката да се прифати кредит кој ќе го чини македонскиот народ од 850 милиони до една милијарда евра повеќе?

Македонија | пред 2 месеци

voz

Трагедија во Кина: Воз усмрти 11 работници, двајца повредени

Во југозападниот кинески град Кунминг се случи најтешката железничка несреќа во Кина во изминатата деценија: воз налета на група железнички работници и усмрти единаесетмина, а двајца ги повреди. Инцидентот се случил на заоблен дел од шините на станицата Луојанг Таун, каде што возот изведувал тестирање на опрема за детекција на земјотреси.Истрагата е во тек, а локалните власти соопштија дека железничкиот сообраќај на станицата продолжил без прекин. Кинеската железничка мрежа, најголема во светот со повеќе од 160.000 километри, е позната по својата ефикасност, но инцидентот повторно предизвика загриженост околу безбедносните стандарди.Кина и претходно се соочувала со трагични несреќи: во 2011 година во провинцијата Жеџијанг загинаа 40 лица, а повеќе од 200 беа повредени при судир на брзи возови, додека во 2021 година деветмина работници загинаа кога воз удри во екипа на пругата Ланжу–Синџијанг во провинцијата Гансу.

Свет | пред 2 месеци

kina-manevar-tajvan

Тајван порача: „Само народот на Тајван може да ја одлучи својата иднина“ – остри предупредувања меѓу Тајпеј, Пекинг и Токио

Тајванската влада остро реагираше на најновите тврдења на Пекинг за суверенитет врз островот, нагласувајќи дека единствено тајванскиот народ има право да ја одлучува својата иднина. Изјавата доаѓа во период на засилени тензии во регионот, по најавата на Јапонија дека планира да распоредува ракети на острови во близина на Тајван.Кина предупреди дека ќе „ги сузбие“ сите обиди за надворешно влијание врз ситуацијата околу Тајван, реагирајќи на јапонските планови за распоредување проектилни системи.„Имаме цврста волја и силна способност да го одбраниме националниот суверенитет и територијалниот интегритет“, изјави Пeнг Ќинген, портпарол на Канцеларијата за тајвански прашања.Тој го нарече потегот на Јапонија „исклучително опасен“, тврдејќи дека создава регионални тензии и го зголемува ризикот од воен судир.Тајван веднаш ги отфрли кинеските тврдења, нагласувајќи дека Пекинг нема легитимно право да говори во име на островот.„Само народот на Тајван може да одлучува за својата иднина“, порача владата во Тајпеј, повторувајќи дека обидите на Кина да го прикаже Тајван како своја територија се спротивни на реалноста, меѓународното право и демократските принципи.Според јапонските планови, вооружувањето би се поставило на острови во непосредна близина на Тајван – потег кој Пекинг го оценува како провокација насочена против Кина.Токио, пак, последниве години ја зајакнува одбранбената архитектура поради растечките геополитички ризици во Индо-Пацификот.Претседателот Лаи Чинг-те објави дека Тајван подготвува дополнителен одбранбен пакет од 40 милијарди долари, за да го зацврсти одвраќањето и да ја зголеми сопствената борбена подготвеност.Во авторски текст за Washington Post, Лаи пишува дека инвестицијата ќе овозможи:значајни нови набавки од САД,зајакнување на асиметричките капацитети,подигнување на цената и ризикот за Пекинг во евентуална одлука за употреба на сила.Судирот меѓу реториката на Кина, дипломатските потези на Јапонија и одбранбената решителност на Тајван создава најинтензивна регионална атмосфера во последната деценија.Со растечки воени вежби, јасни предупредувања и постојани дипломатски маневри, Индо-Пацификот останува една од најжешките геополитички точки во светот.

Свет | пред 2 месеци

media-librarylu0b9tvrla0ve776MZk

Македонската музика го освои Хонг Конг: триумф на Симон Трпчески и „Makedonissimo“

Во полна сала на City Concert Hall во Хонг Конг, светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески го претстави својот уникатен проект „Makedonissimo“, создавајќи спој на македонската и кинеската музичка традиција што ја воодушеви публиката.На настанот присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Кина, Сашко Насев, кој ја поздрави маестралната изведба на Симон Трпчевски и ја поддржа македонската уметност пред локалната бројната публика во Хонг Конг.Во објава на Фејсбук, Трпчевски рече дека имал особена чест да го претстави „Makedonissimo“ на „Asia+ – фестивалот на уметноста без граници“ во Хонг Конг.Со поддршка на визијата и посветеноста на Нелсон Лаи и неговиот извонреден тим од LCSD, кои го промовираа и мојот прв концерт во Хонг Конг во 2004 година. Овој настап претставуваше значајно уметничко враќање за мене.Настапот ги вклучи и извонредните локални музичари — Дидабој на суона, Пик Сум на ерху и композиторот Џони Јим. Заедно создадовме силна фузија на македонската и кинеската музичка традиција, која ја воодушеви публиката во City Concert Hall и ги крена присутните на нозе!Изразувам искрена благодарност до страстната и дарежлива публика во Хонг Конг, чии ентузијазам и топлина ги разбудија убавите спомени од моите претходни посети и ја направија оваа повторна средба особено значајна по многу години.Посебна благодарност упатувам и до македонската заедница во Хонг Конг, вклучувајќи го амбасадорот на Македонија во Кина, г. Сашко Насев, и неговата сопруга, кои допатуваа од Пекинг специјално за оваа пригода.Благодарам на сите пријатели на Македонија, Хонг Конг и Кина, чие присуство придонесе за вечер исполнета со длабока уметничка поврзаност и културна прослава. Гостопримството, почитта и топлината покажани кон ансамблот „Makedonissimo“ ќе останат незаборавни.Ансамблот и јас со нетрпение очекуваме повторно враќање и создавање нови, незаборавни музички моменти заедно.谢谢! Благодарам!, напиша нашиот светски познат Симон Трпчевски.

Магазин | пред 3 месеци

media-librarydo065i3fjq9ba1wdwJd

Фитнес центар во Кина нуди Porsche за оние што ќе ослабат 50 килограми за три месеци

Фитнес центар во Кина стана вирален поради необична и ризична понуда — секој што ќе успее да намали 50 килограми за само три месеци ќе добие Porsche.Од фитнес центарот објасниле дека целта е да ги „мотивираат членовите да се посветат на трансформацијата“, но здравствените експерти остро реагираа, предупредувајќи дека толку брзо губење тежина може да биде крајно опасно.Според нив, таквите екстремни диети и режими можат да предизвикаат срцеви проблеми, губење на мускулна маса и сериозен недостиг на нутриенти.Иако досега никој не успеал да ја освои наградата, кампањата предизвика жестока јавна дебата во Кина за култот кон телесниот изглед и екстремните мерки што некои луѓе се подготвени да ги преземат во потрага по награда или совршена форма.

Магазин | пред 3 месеци

media-libraryk2if3mtiecqs4dV0uaV

Средба Трамп-Ши: Царините за Кина намалени, Пекинг мора да извезува ретки метали, а да увезува соја од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Ши Џинпинг на денешната средба се договориле САД да ги намалта царините за Кина, но земјата ќе треба да продолжи со увоз на соја од САД и извезува ретки метали.Според Трамп средбата во јужнокорејскиот град Бусан, била многу успешна.„Мислам дека средбата беше неверојатна“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион, откако замина од Бусан.Тој рече дека царините наметнати на кинескиот увоз за фентанилот ќе видат намалени од 20 на 10 отсто. Двајцата лидери разговарале и за пристап на Кина до чиповите на Енвидија, но американскиот претседател нагласил дека нема да дозволи извоз на најнапредниот чип Блеквел.„Ши ќе работи многу напорно за да го запре протокот на фентанил, смртоносен синтетички опиоид кој е водечка причина за смртни случаи од предозирање во Америка“, рече Трамп.Светските берзи од Волстрит до Токио достигнаа рекордни максимуми пред состанокот, со надеж за пробив во трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот, која ги преврте синџирите на снабдување и ја потресе довербата во глобалниот бизнис.Состанокот меѓу Трамп и Ши, кој се одржа на маргините на самитот на АПЕК), траел речиси два часа.Трамп постојано зборуваше за можноста за постигнување договор со Ши, откако американските преговарачи во неделата изјавија дека се договориле за рамка со Кина што ќе избегне 100 отсто американски царини за кинески стоки и ќе постигне одложување на ограничувањата на Кина за извоз на ретки метали, сектор во кој таа доминира.

Свет | пред 3 месеци

rusija-kina

Кина се откажа од купување руска нафта

Kинеските државни нафтени компании привремено го суспендираа купувањето руска нафта што се испорачува по море. Ова доаѓа по потегот на САД да воведат санкции врз руските нафтени компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Ројтерс, повикувајќи се на различни извори, информира дека одлуката на Пекинг доаѓа во време кога индиските рафинерии, најголемите купувачи на руска нафта што се транспортира со танкери, планираат значително да го намалат увозот од Москва за да се одговорат на американските мерки воведени поради руската инвазија на Украина.И рафинериите во Индија, најголемиот купувач на руска нафта по морски пат, се подготвуваат значително да го намалат увозот на сурова нафта од Русија.Владимир Путин изјави дека Русија никогаш нема да потклекне на притисокот од САД, но призна дека новите санкции би можеле да предизвикаат економски проблеми.

Свет | пред 4 месеци

media-library7kei8i47m7j0d60Kfvn

(Видео) Се урна „Боинг 747“ во Хонг Конг, има загинати

На најголемиот каргоаеродром во светот, Хонг Конг, раноутринава се урнал товарен авион од Дубаи во моментот кога се обидувал да слета. Авионот, практично од пистата излетал во морето.Сите членови на екипажот се живи, но според наводите на локалните медиуми две лица загинале.Станува збор за двајца службеници за безбедност на аеродромот, на возраст од 30 и 41 година. Товарниот авион го турнал нивниот патролен автомобил во морето.„Членовите на екипажот беа спасени и немаше товар во авионот“, се вели во соопштението на Емиратите.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања