„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кина

Kijanu-Rivs

Кина го избриша Кијану Ривс од интернет мрежата

Кина целосно го избриша Кијану Ривс од нивната интернет мрежа. Ако се наоѓате во оваа земја и го напишете неговото име на некои од кинеските пребарувачи нема да добиете никакви резултати. Нема да ви излезат ниту неговите филмови.Глумецот се најде на мета на регулаторното тело на Народна република Кина, која целосно го избриша од сите интернет пребарувачи. Кина е една од земјите која ги цензурира содржините на интернет и огрничувањето на некоја содржина не е ништо ново за оваа земја.Како што пренесува „Ројтерс“ причината за бришењето на глумецот е неговото присуствуво на виртуелниот концерт кој се одржа на 3 март во организација на непрофитната организација Tibet House US, а на покана на Далај Лама.Концертот бил со цел да ја зачува тибетската традиција на филозофија, науката, уметност и културата. Кина не гледа благонаклоно на оваа организација и на лицата кои присуствуваа на истата, па бил издаден налог до националното регулаторно тело целосно да го избрише популарниот глумец за сите жители на Кина.Засега Tencent и iQiyi ги тргнаа поголемиот дел од неговите филмови од нивните платформи, а пребарувањето, без разлика дали е на англиски или кинески јазик со неговото име не дава никакви резултати. Единствено место на кое и понатаму може да се добие некаков резултат е WeChat.За разлика од Ривс, филмските студија во Кина и тоа како ќе бидат оштетени затоа што голем дел од оние 1,4 милијарди луѓе колку што ги има, секој ден стримуваат филмови од поедини платформи, пренесуваат медиумите.Дали филмските студија ќе реагираат и ќе го притиснат глумецот да се извини или да се оправда за неговото однесување е нешто што допрва треба да се види. Од друга страна, со овој потег Кина покажа дека е земја во која слободата на интернетот е крајно ограничена, со цел луѓето да не можат премногу да ја критикуваат владата или да зборуваат нешто што е во спротивност од националната идеологија.

Магазин | пред 3 години

Kina-korona-virus

Власт: Цел град тестиран три пати, епидемијата под контрола

Кинескиот град Шенжен најави дека од денеска ќе им овозможи на компаниите повторно да почнат со работа, како и дека ќе се обнови јавниот превоз.Ваквата одлука е донесена дури откако жителите на тој град направија три тестирања за Ковид-19.Владини претставници на прес-конференција соопштија дека епидемиската ситуација во овој голем производствен центар на југот на земјата е ставена под контрола, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на кинеската државна телевизија.Во Шенжен на 12 март се потврдени 60 локални случаи, што е најголем регистриран број на заразени во градот од почетокот на првиот бран на епидемијата.Според властите во Шенжен, јавниот превоз, вклучувајќи автобуси и метро, ​​е суспендиран во градот оттогаш, а на жителите им било кажано да не го напуштаат градот освен ако не е потребно, додека не спроведат три рунди масовно тестирање.

пред 3 години

bolnica-kovid

Во Кина регистрирани првите два смртни случаи од ковид годинава

Кина денеска ги забележа првите два смртни случаи од ковид оваа година, соопшти Националната здравствена комисија.На веб-страницата на ова здравствено тело е наведено дека лицата починале во регионот Џилин.Кина забележала два смртни случаи во 2021 година, потсетува Ројтерс.Џилин, кој се граничи со Северна Кореја и Русија, е во средината на бранот коронавирус, а бројот на случаи во регионот е две третини од сите во Кина.Од почетокот на пандемијата, во Кина официјално починале 4.638 пациенти, а земјата во петокот забележа 2.228 нови случаи.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања