КОЧАНИ

Screenshot-2025-03-16-at-07.49.25

(Видео) Први снимки од моментот кога се пали дискотеката во Кочани

Пиротехнички средства се најверојатно предизвикувачите на големиот пожар, во кој има над 30 жртви во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. „Скопје1“ дојде до две видеа на кои се гледа моментот кога се пали кровниот дел од клубот, на што реагира и Панчо од ДНК и бара од присутните да го напуштат клубот.„Идете надвор, идете надвор, ќе се вратиме“, вели Панчо, по што се гледа како се реагира за гаснење на пожарот, а Панчо повторува: „Идете надвор сите“.Според првичните информации, само во Клинички центар Скопје има 28 хоспитализирани, дел од нив се борат за живот.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-11-08-121645

„Се прави регионална депонија по европски стандарди“, Министерството за животна средина бара разбирање од жителите на Кочани кои се уште го блокираат патот

Жителите од Кочани продолжуваат со протести на патот кон Пониква, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. Како што најавија блокадите ќе траат деноноќно сè до целосно исполнување на нивните барања.„Во моментот сообраќајот се одвива непречено по една коловозна лента кон Пониква, исто така и кон село Бели, а од страна на граѓаните е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини“, извести АМСМ.Според жителите чадот од градската депонија во Кочани изминатиот период беше причина за повеќе предупредувачки протести на жителите, кои подолг временски период се соочуваат со овој проблем, а истиот стана сериозен откако на Градската депонија започна да се депонира и отпадот од соседните општини, како дел од обврските што се наметнаа со проектот изградба на регионална депонија кај светиниколско Мечкуевци.Од Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикуваат жителите на Кочани да имаат разбирање оти државата, како што велат, е длабоко навлезена во процесот на воспоставување на регионален систем за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион, што треба да резултира со трајно, одржливо и безбедно управување со отпад.„Самиот процес е комплексен и опфаќа повеќе работни задачи. Досега се набавени возила и опрема за собирање на отпадот за сите општини во двата региона (вкупно 18) во вредност од 8 милиони евра. Во моментов во тек е затворање на нестандардните депонии и ѓубришта во Источниот Регион, се очекува во најбрзо време да започне и во Североисточниот Регион – Прва фаза (околу 8 милиони евра), а претстои изградба на Централна постројка за управување со отпад која се состои од погон за селектирање, постројка МБТ, депонија, постројка за композитор, зелена точка за Источен и Североисточен регион во Св.Николе и шест локални капацитети за управување со отпад – претоварни станици, постројки за компостирање и зелени пунктови за Источниот и Североисточниот регион“, соопшти МЖСПП.Оттаму посочуваат дека последните две активности се со вкупна вредност од повеќе десетици милиони евра, за што постапката за јавна набавка е објавена и се очекува договорот да биде склучен, по што се очекува во првата половина од 2025 година да започнат градежните работи. Предвидениот рок за завршување на градежните работи е 18 месеци.Во втора фаза, следува затворање на сите нестандардни депонии во двата региони, по што целокупниот отпад ќе се одлага на Централната депонија во Св. Николе преку трансфер станиците.Од министерството нагласуваат дека обврската за управување на општинските нестандардни депонии кои во првата фаза ќе останат отворени (се до изградбата на Централната постројка во Св. Николе) и имаат обврска да го примаат отпадот од веќе исчистените и затворени нестандардни депонии во одреден број општини, останува на општините и јавните комунални претпријатија, а Владата останува посветена да ги помогне со цел воспоставување регионалниот систем според највисоките европски и светски стандарди.„Во однос на депонијата во Кочани информираме дека таа има обврска да го прима отпадот од општините Виница, Чешиново, Облешево и Зрновци. Свесни за недоволните капацитети за управување со депонијата на Јавното комунално претпријатие што неодамна резултираше со палење на отпадот на кочанската депонија, како Влада излеговме во пресрет и обезбедивме поддршка со механизација за безбедно тековно управување со локацијата во Кочани“, велат од МЖСПП.Според министерството, пожарите кои се случуваа во минатото не зависат од количината на отпадот, туку од несоодветното управување со локацијата.За ресорното министерство, забраната за пристап до локацијата за депонирање не е решение и не оди во прилог на почиста животна средина туку само ја влошува состојбата за која веќе се потрошени неповратни средства.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-15.59.15

(Видео) „Што народ сме ние?!“

Вработените во КЈП „Водовод“ од Кочани кои се задолжени за собирање и складирање на отпадот во градската депонија, утрово најдоа кучиња фрлени во отпад.Јавно прашаа: Што народ сме ние?!

Македонија | пред 1 година

2

Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови

Денеска (13.08.2024), хеликоптерот Ми-171 од хеликоптерската единица за посебни намени при МВР од Одделот за воздухопловни единици, дејствуваше врз пожарите во околината на Кочани и Маврови Анови.Во 31 налет исфрлени се 83 тони вода.

Македонија | пред 1 година

Kocani-960x540-1

Поплавени домови, паднати столбови, оштетени возила - хаос во Кочани

Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот, јавува Канал осум.На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека се работи за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во рамки на можностите ќе даде и Општина Кочани.-Добиени се поголем број пријави за поплавени домови и дуќани во централното градско подрачје, за паднати столбови за напојување со електрична енергија и за телефонска комуникација, опожарување на електрични броила, оштетени моторни возила, како и кратко спојување на жици за електрична енергија што се закануваше да предизвика пожар, а го санираа припадниците нја ТППЕ – Кочани. Според првичните согледувања, најголеми штети има во подрумските и приземните простории на индивидуалните објекти за живеење, но поплавени се и простории во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, во ресторанот „Але-дар“, дел од производствените хали во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, а има пријави и за штети во неколку други приватни компании. На терен во текот на целиот ден се екипи на противпожарната единица, на комуналното претпријатие „Водовод“, на ЕВН и други служби, кои заедно со нашите комунални редари ги регистрираат негативните ефекти од обилните врнежи, истакна градоначалникот Папазов.Во обраќањето до јавноста, тој упати апел до сопствениците на објекти кои претрпеле штета од невремето да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, најдоцна до 1 август. Заедно со пријавата треба да приложат копија од имотен лист или друг документ за докажување сопственост, копии од лична карта и трансакциска сметка, како и фотографии од настанатата штета, доколку ги имаат.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања