Промени тема
Контакт

Поплавени домови, паднати столбови, оштетени возила - хаос во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Kocani-960x540-1

Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот, јавува Канал осум.

— реклама —

На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека се работи за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во рамки на можностите ќе даде и Општина Кочани.

— реклама —
— реклама —

-Добиени се поголем број пријави за поплавени домови и дуќани во централното градско подрачје, за паднати столбови за напојување со електрична енергија и за телефонска комуникација, опожарување на електрични броила, оштетени моторни возила, како и кратко спојување на жици за електрична енергија што се закануваше да предизвика пожар, а го санираа припадниците нја ТППЕ – Кочани. Според првичните согледувања, најголеми штети има во подрумските и приземните простории на индивидуалните објекти за живеење, но поплавени се и простории во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, во ресторанот „Але-дар“, дел од производствените хали во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“, а има пријави и за штети во неколку други приватни компании. На терен во текот на целиот ден се екипи на противпожарната единица, на комуналното претпријатие „Водовод“, на ЕВН и други служби, кои заедно со нашите комунални редари ги регистрираат негативните ефекти од обилните врнежи, истакна градоначалникот Папазов.

— реклама —

Во обраќањето до јавноста, тој упати апел до сопствениците на објекти кои претрпеле штета од невремето да поднесат пријава до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди, најдоцна до 1 август. Заедно со пријавата треба да приложат копија од имотен лист или друг документ за докажување сопственост, копии од лична карта и трансакциска сметка, како и фотографии од настанатата штета, доколку ги имаат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања