КОЦЕВСКИ

kocevski

Вештачењата за Онкологија и трагедијата во Кочани се завршени, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ околу септември

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во странство.– Сите вештачења кои се однесуваат на случајот во Кочани и на Онкологија се веќе завршени. За Онкологија, според моите информации, веќе е закажана главна расправа. Но, овие вештачења носат сериозни трошоци бидејќи се правени надвор од државата – изјави Коцевски.Во однос на предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој по одлука на Врховниот суд е препратен за оценка до Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември.-Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Коцевски бара повеќе пари од буџетот, многу пари се потрошени за вештачењата за Онкологија и Пулс

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски пред Комисијата за финансирање и буџет упати апел за зголемување на буџетските средства на Јавното обвинителство. Сегашниот износ смета дека е недоволен за исполнување на основните функции и на реформските обврски.Тој посочи дека поради зголемените трошоци за вештачења, како и поради недостиг на стручни кадри, Обвинителството се соочува со сериозни предизвици, особено во сложени предмети, како „Онкологија“ и трагедијата во Пулс во Кочани.„Сите сте свесни дека трошоците на Обвинителството по основ на вештачења минатата година значително се зголемија. За предметот„Онкологија“ беа изработени две обемни и скапи вештачења во странство. Трагедијата во Кочани, сите трошоци за анализа на обемниот доказен материјал, за обдукции, за истражни дејства, за сложени мултиинституционални вештачења – сѐ ова падна на товар на Обвинителството. Во најава се уште неколку предмети во кои, поради недостиг на стручни лица од соодветна област во нашата земја, вештачењата ќе треба да се бараат во странство, а странските институции веќе бараат претходни гаранции дека сработеното навремено ќе им биде исплатено“, рече Коцевски.Коцевски укажа дека поради забрана за нови вработувања веќе трета година, како и одбиен годишен план за вработување за 2025 година, екипираноста сериозно е влошена.истакна дека минималниот законски предвиден износ од 0,4 отсто од вкупниот државен буџет не е целосно доделен и дека средствата за 2025 година изнесуваат речиси половина од оваа сума.Тој посочи дека вложувањето во правдата е вложување во стабилноста и владеење на правото.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-marija-koceski

Коцевски засега „сигурен“, Влада држи кочница и го чека да се „докаже“

Останува паузирано разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцески, од кого Владата беше незадоволна и за што отпочна постапка, па ја стопираше по пожарот во „Пулс“. Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Владата го кажала ставот, а тоа беше дека нема да продолжат со разрешувањето за да не прават проблеми во истрагата и нејзниот тек.„Став Владата имаше по тоа прашање, бидејќи веќе тоа прашање беше поставено. Немам ништо различно од тој став“, рече Мицкоски.„Скопје1“ утринава побара и став од Владата, кои велат дека иницијативата не е повлечена, но оставаат Коцевски да се докаже во својата заложба за непристрасно гонење.„Иницијативата за разрешување не е повлечена, но ова е период каде Коцевски може да ја докаже својата заложба за непристрасно работење преку борба против криминалот за повеќе случаи“, рече владината портпаролка Марија Митева за „Скопје1“.Дел од медиумите известија дека за една недела ќе продолжи разрешувањето на Коцевски, информација која не ја потврдуваат, ниту негираат од Владата. Постапката застана откако Владата доби мислење од Советот на јавни обвинители кои застанаа во одбрана на Коцевски. Тоа мислење, треба да се испрати до Собранието за процесот да продолжи.

Македонија | пред 7 месеци

puls-kocevski

Истрагата за Кочани при крај: На распит биле над 300 лица

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, посочува дека истрагата за пожарот во Кочани, од кој животите ги загубија 62 лица, е при крај. Засега, нема нови лица кои се осомничени. Распити се направени на над 300 лица, тврди тој.„За десет дена треба да заврши истрагата, а кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука. Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, рече Коцевски.

Македонија | пред 8 месеци

puls-kocevski

Откако им најавија протест, обвинителот Коцевски пројави желба да се сретне со семејствата на жртвите од Кочани

Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите:„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека "Пулс", Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“.

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-1

Мицкоски одговараше дали останува на ставот дека Коцески е недостоен да биде јавен обвинител

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, го праша министерот за правда Игор Филков, дали остануваат на ставот дена јавниот обивнител Љупчо Коцевски го нарушил угледот на Обвинителството, има незаконско постапување и корупција, нефикасност во кривичното гонење, повреда на принципот на самостојност кај јавните обвинители или го променила ставот и зошто. На ова одговори премиерот Христијан Мицкоски.„Истрагата за Кочани ја води јавен обвинител назначен на предлог на тогашната Влада, во која најголем чинител беше СДСМ со останатите коалициони партнери, на тогашниот заменик претседател на Владата кој доаѓаше од ДУИ, а како претставници на Владата се нивниот министер и заменик-министер. Значи ние живееме во врвот на демократијата, ретко виден на Балканот. Опозицијата си има свој обвинител, а денеска ја води истрагата. И се надевам ќе го охрабрите, за да не биде ПР стратегија и дефокус, за да се врати назад на случаите за кои јас зборувам“, рече Мицкоски.Трајчулески повторно од говорницата посочи дека тие бараат конкретен одговор на прашањата, а не коментар кој го предложил Коцевски.„Не е прашање Коцевски чиј е, туку дали ќе се озакони ова ветување од предизборната кампања“, рече Трајчулески

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-5135

(Видео) Коцевски контра Коцевски?

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, вели дека обвинителите кои го работат предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, не можат да гонат директори само заради тоа што имале функција додека објектот работел. Ова го кажа во одговор на прашање, зошто во истрагата не е опфатен актуелниот директор на Државниот пазарен инспекторат, во чиј мандат клубот работи со фалсификувана лиценца. Во следната реченица, вели дека двајца поранешни инспектори на ДПИ се предмет на истрага, цитираме: „пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца“.„Законот не ни дава основ да гониме само затоа што некој бил директор во одреден временски период. Ова важи и за сегашните и за минатите директори, кај кои не се утврдени пропусти кои упатуваат на основано сомнение дека сториле кривично дело“, рече Коцевски.Потоа, посочи дека двајцата поранешни директори на Пазарен инспекторат, се осомничени, како што рече, пред сѐ поради тоа што директорувале додека клубот работел.„За двајцата поранешни директори на Државен пазарен инспекторат, кои од претходно се истражуваат, проверките продолжуваат, пред сѐ поради околноста што и нивниот мандат се врзува со периодот кога клубот работел со фалсификувана лиценца, како и со неколку други лиценци кои се предмет на проверка“, вели Коцевски, кој не посочи дека тие преземале или непреземале дејствија со кои го прекршиле законот.

Македонија | пред 9 месеци

kocevski-1

Советот на обвинители застана зад Коцевски и се спротистави на Владата - сметаат дека државниот обвинител треба да остане на функцијата

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, рече дека членовите даваат негативно мислење за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Таа не ги образложи причините и рече дека за тоа ќе биде запознаена Владата. Притоа јавноста беше исклучена од седницата, па не можеше да ја следи дискусијата која се водеше пред да се донесе ваков заклучок.„Разгледувајќи го предлогот на Владата по однос на разрешувањето на јавниот обвинител, донесе одлука со мнозинство и дава негативно мислење по однос на предлогот на Владата за разрешувањето“ рече Душица Димитриеска.„Јавноста беше исклучена по предлог на Советот, со цел заштита на угледот и интегритетот, како и заштита на податоците кои ги достави јавниот обвинител во предлогот“, рече Димитриевска.Прашана како јавноста да биде уверена дека нивната одлука е исправна кога не ја следела дискусијата, Димитриевска рече дека ќе може јавноста да чита записници.Димитриевска беше прашана и кои се аргументите поради кои Советот не се согласува со разрешувањето на Коцевски и одговори: „Во однос на тоа немам коментар. Советот ќе го изготви мислењето и ќе го достави до Владата“.Процедурата за разрешување на Коцевски ја започна Владата. Тие побараа мислење од Советот на обвинители, а членовите на Советот бараа став од Коцевски. Но и по негативното мислење од Советот – процедурата може да продолжи во Собранието. Конечниот збор можат да го имаат пратениците.Но, по трагедијата во Кочани, Мицкоски рече дека ќе се паузира со разрешувањето на Коцевски, со цел, да се спроведе квалитетна и темелна истрага за пожарот во дискотеката. Владата нема да го праќа мислењето од Советот на обвинители до Собрание.

Македонија | пред 10 месеци

kocevski-1

Разрешувањето на Коцевски ќе паузира, Владата нема да го праќа мислењето од Советот на обвинители до Собрание

Владата ќе ја паузира постапката за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, потврди и владината портпаролка Марија Митева.„Сакам да појаснам дека Владата и да добие мислење од Советот на јавни обвинители, ќе ја запре постапката и истото нема да го прати до Собранието, чисто да немаме нејаснотии околу ова“, рече Митева.Советот на јавни обвинители, пак, не успеа да се состане оти немаше кворум за одлуки.Постапката за разрешување на републичкиот обвинител требаше да продолжи пред пратениците по изјаснувањето на Советот на јавни обвинители. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека ова ќе се паузира, а откако избувна пожарот и Јавното обвинителство беше пофалено дека добро си ја работи работата во координација со МВР.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

Не може да се потврди колку лица биле во клубот, рече обвинителот Коцевски и најави темелна истрага

Пет јавни обвинители работат на терен и преземаат мерки за да се утврди што точно се случило во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 51 лица, а најмладото лице има 14 години. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски не знаеше да одговори што била причината за пожарот, колку гости загинале, колку се спасиле.„Да, во моментов ништо не можеме да ви кажеме, работат 5 јавни обвинители, целиот капацитет е спремен. Не може да потврди колку луѓе имало во дискотеката. Првични сознанија ќе има кога ќе заврши увидот. Увидот нема рок ќе трае се додека не биде завршен целосно“, рече Коцевски, иако неофицијално се споделува бројка дека 1700 лица имало во клубот.Тој ирази длабоко сочувство, најави брза и целосна истрага со вештаци од сите области. Не можеше да каже точна бројка за лицата кои се приведени на разговор, иако медиумите веќе пишуваат дека станува збор за десетина лица.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Не направил ништо незаконско, ниту пак Владата е во право што бара негово разрешување, смета Коцевски

Не направил ништо незаконско, ниту пак Владата е во право што бара негово разрешување. Ова го смета републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој рече дека ќе се произнесе по сите точки од предлогот за разрешување. Не искоментира што мисли за тврдењето на Владата дека интегритетот на Обвинителството и обвинителите е низок, токму во време кога тој шефува, па дека тоа е појдовна точка за негово разрешување.„Во текот на вчерашниот ден доставен ми беше предлогот за разрешување од страна на Советот на јавни обвинители. Во еден разумен рок ќе се произнесам за сите точки. Останувам на тоа дека, од она што можев да го разгледам, е дека во предлогот нема ниеден основ за утврдување на тешка дисциплинска повреда“, рече Коцевски.Кривичната пријава која му ја поднесе суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, Мустафа Хајрулахи, не ја добил. Хајрулахи смета дека обвинителот направил грешки во постапувањето при водењето на истрагата. Но Коцевски вели: „Нема ништо незаконито што јавниот обвинител водел истрага..“.„Од тоа што го слушнав во медиумите, тоа е чудна кривична пријава. Дека наводно сите тројца обвинители се теретат за соизвршителство затоа што јавниот обивнител во Штип постапувал по предмет, односно за кривично дело за кое е запретена казна, за кое е нужно да се води истрага. Тоа не може во никој случај да биде основ за кривична одговорност. Од тоа што го дознав од медиумите, ја немам примено кривичната пријава“, посочи Коцевски.„

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-18-at-11.26.03

Љупчо Коцевски го добил предлогот за негово разрешување, најави одговор

До Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска од страна на Советот на јавните обвинители е доставен предлогот за негово разрешување поднесен од страна на Владата.Јавниот обвинител ќе го разгледа и писмено ќе се произнесе во законски предвидениот рок.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Љупчо Коцевски ситно брои до заминувањето, побавна е постапката за избор на нов државен обвинител

Владата одлучи, Љупчо Коцевски не ги задоволи критериумите за ефикасно обвинителство, направи процедурални пропусти и затоа на брза лента ја води постапката за негово разрешување. Иако некои познавачи на материјата не се убедени во законитоста на постапката бидејќи сметаат дека не се исполнети ниту еден од условите за предвремено разрешување на Коцевски, (не е член на политичка партија и не е јасен критериумот по кој ќе се оцени дека направил тежок прекршок), никој веќе не верува дека Коцевски може да се спаси. Доколку не му се покрене и дисциплинска постапка за разрешуавње, се уште актуелниот државен обвинител може да ќари плус три години да правораздава, наместо да се пензионира. Летото минатата година тој наполни 64 години што значи може уште две и пол години да остане во ЈОРМ и да ја чека пензијата.Владата го повикуваше да даде сам оставка Коцевски засега не покажува желба да го стори тоа и упорно чека да му се докаже тешка повреда во работењето.Иако измените во Законот донесени во 2020 година требаше да бидат брана и да сопрат разрешување на државниот обвинител со промена на власта сепак се покажа дека законските одредби не се до крај прецизни, бидејќи побрзо и поедноставно е да разрешите отколку да изберете нов државен обвинител.Членовите од Законот за Јавното обвинителство покажуваат дека Коцевски ќе биде разрешен релативно брзо од страна на Собранието а по предлог од Владата. За избор на наследник на Коцевски задолжително е позитивно мислење за еден од кандидатите што ќе се јават на оглас, кое го дава Советот за јавни обвинители. Ваквото мислење не е обврзувачко кога се прави разрешување. Законодавецот предвидел и изборот и разрешувањето да бидат со исто мнозинство, позитивен глас од 61 пратеник.Во образложението на Министерството за правда зошто е потребно разрешување на Коцевски стои:„Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство. Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките“.Владата предлогот за разрешување на Јавниот обвините треба да го разгледа на утрешната седница и да го достави до Советот на јавни обвинители кој е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот, до Владата да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма.Ако Советот на јавни обвинители од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата , рокот од 15 дена се продолжува за уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата. Но ова не менува ништо и предлогот за разрешување и со негативно мислење и без мислење патува до Законодавниот дом, каде владеачкото мнозинство е комотно во одлучувањето.За наследникот на Коцевски може постапката да се проблематизира бидејќи според законот задолжително е позитивно мислење на Советот на јавни обвинители за личноста или личностите кои се јавиле на огласот и ги исполнуваат условите. Владата од предложените кандидати од Советот се определува за еден кандидат кој го бираат пратениците со минимум квалификувано мнозинство.Државниот обвинител со задолително 10 годишно искуство доаѓа од редовите на обвинителите и судиите.

Македонија | пред 11 месец

Milososki-27.06

Милошоски:Дали Коцевски имал лукративен мотив за незаконите ставање на Лиле Стефанова да врши надзор над сопствени предмети

 Пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски на својот ФБ профил објави став во врска со Јавниот обвинител за кој се бара разрешување, Љупчо Коцевски за обвинителката во ЈОРМ, Лиле Стефанова и судирот на интереси.,,Аргумент плус дека државниот обвинител е зрел за менување дава и неговата Одлука за надзор, со која тој ги прекршил нормите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Поточно, на 07.10.2024г обвинителот Коцевски потпишува Одлука за вршење надзор на работата на Вишото обвинителство – Скопје и за таа цел формира работна група, во која битна улога и дал на обвинителката Лиле Стефанова. Но, Коцевски морал да знае дека обвинителка која што постапувала по одредени предмети во прв степен не е законито да врши надзор на истите предмети во втор степен.Имено, обвинителката Лиле Стефанова лично учествувала и како обработувач и како застапник на поранешното СЈО во предметите “Поштенска банка” и предметот “Драган П. Латас”, а потоа со одлуката на Коцевски добила противзаконито овластување да врши надзор за истите предмети кај нејзините колеги од вишото обвинителство.Оваа одлука е дополнително контраверзна бидејќи во моментот на ангажирањето на Лиле Стефанова, обвинителот Коцевски знаел дека за неа се води истрага како осомничена во предметот “Бонусите на СЈО” за незаконито примени 94.000€, кој предмет во втор степен по жалба се разгледувал токму во Вишото обвинителство- Скопје, каде таа добила задача да врши надзор. Личниот интерес на обвинителката Лиле Стефанова како осомничена не можел, а да не влијае на нејзиниот надзор или притисок кон колегите во ВЈО-Скопје.Останува дилема кој бил мотивот на Коцевски незаконито да поставува ЈО кои ќе си вршат надзор над сопствени предмети?! Дали имал лукративен мотив, или имал цел да ја заштити групата од СЈО од сомневања за незаконско работење во замена за нивната поддршка, или можеби добил политички насоки?!Но, без оглед на мотивите, со оваа постапка обвинителот Коцевски го прекршил начелото на професионалност во обвинителство, како и членовите 72 и 75 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Ова е уште еден пример за крупна професионална грешка од страна на Коцевски, во соработка со неговата колешка Лиле Стефанова, заради која истиот треба да си поднесе оставка или да биде разрешен од страна на Собранието”, пишува Милошоски.

Македонија | пред 11 месец

IMG_4855

Фактот што нема постапка за извршителите на Заеви во судството, говори за тоа колку Коцевски е слуга на СДС и Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го брани Љупо Коцевски затоа што не отвори постапки за извршителите на човекот на Зоран Заев, Наќе Георгиев кој постапи по неговите наредби во случајот со Боро Марлборо. Ако Љупчо Коцевски работеше по закон, по признанието на вина од страна на поранешниот член на Судски совет и врховен судија, Наќе Георгиев дека влијаел за пресудување на помала казна за Боро Марлборо, за што се стекнал со имотна корист, ќе отвореше истрага за судиите и обвинителите во тој случај. Ако Наќе Георгиев примил поткуп и влијаел, тогаш судиите во предметот суделе по налог на Наќе Георгиев, а не по закон. Самиот факт што нема постапка за извршителите на Заеви во судството говори колку и самиот Љупчо Коцевски е извршител на СДС и Заев“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението од СДСМ:„Се случува процес на партизација и политички упад во правосудниот систем на државата од страна на власта. Без разлика дали се согласуваме или не со работата на Републичкиот јавен обвинител, јасно е дека делувањето на ВМРО-ДПМНЕ е со единствена цел: да изврши упад во независноста на правосудната власт и да инсталира обвинител кој ќе биде послушник на власта. Ова значи газење на демократијата, газење на уставната поделба на власта и враќање кон мрачните времиња на контролирани судии, обвинители и судски процеси. Не станува збор за изолиран случај туку за политичка намера. Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за член на Судскиот совет а сопартиец на Меџити во Советот на јавни обвинители. Ова не се реформи туку класична партизација. Мицкоски ги фрла на буниште реформите во правосудството, презема целосна контрола и партизација на институции кои треба да се независни. Прашање е дали постапката за разрешување е покрената затоа што обвинителот не прифатил да постапува по политички диктирани случаи? Изјавите на извршната власт дека нема да го земе предвид мислењето на Советот на јавни обвинители се спротивни на законот и сите правни стандарди.Во Законот за јавно обвинителство – член 63, став 3, јасно е предвидено дека Советот на јавни обвинители треба да даде мислење по предлог на Владата. Ако ова не се почитува, тогаш власта и де факто и де јуре потврдува дека има намера да го поништи принципот на поделба на власта и да ги контролира правосудните институции. Ги повикуваме сите демократски сили, граѓаните, правните експерти и меѓународните институции да го следат овој процес и да не дозволат да биде уништена независноста на правосудната власт. Функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија мора да остане независна и да се врши без било какви политички притисоци“.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања