КОЦЕВСКИ

kocevski-1

Коцевски не се повлекува, Владата не се откажува: ќе се разгледува предлогот за разрешување

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.Од владината прес-служба соопштија дека на седницата ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.„Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.Министерството за правда вели дека Коцевски треба да биде разрешен заради како што наведуваат, низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал.По ставот на Владата Советот пред себе ќе ги има образложени причините поради кои Владата сака да го разреши Коцевски и 15 дена да заземе став кој не е задолжителен за Собранието. Со 61 позитивен глас и покрај евентуално негативно мислење од Советот, Коцевски заминува од функцијата по само една година од изборот.Претходно, Владата му посочи на Коцевски сам да се повлече од функцијата, за да не ја одолговлекува постапката, изразувајќи решителоност дека секако ќе го разрешат.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

(Видео) Коцевски ја предизвика Владата: Ќе се повлечам само ако навистина најдат дисциплинска повреда

Љупчо Коцевски засега не планира да поднесе оставка и ќе чека да види на писмено од Владата зошто сакаат да го разрешат. Им порача дека треба да се види по кои предмети постапувал незаконски, за да се произнесе.„Јас не постапувам по предмети, не одам на судења, вршам менаџерска работа“, рече Коцевски, па додаде: „Откако ќе го добијам предлогот од Владата, да ги видиме основите во Законот за јавно обвинителство, па ќе се произнесам“, рече Коцевски.Прашан дали оваа најавено разрешување го толкува како политички притисок, Коцевски рече: „Токму на тоа, доколку се исполнети условите согласно Законот, јас ќе си ја преземам обврската и ако навистина се работи за тешка дисциплинска повреда, јас ќе се повлечам. Доколку јас ценам, откако ќе го добијам предлогот, иницијативата. Но од она што го слушнав во јавноста – нема никаква дисциплинска тешка повреда“.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Русковска, Кацарска и Трпков

И денеска владеачката партија реагира на состојбите во правосудството и останува на ставот дека државниот обвинител Љупчо Коцевски мора да биде разрешен.,,Македонија се гуши во дивото месо посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија.Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски почна да коментира и статуси на „Фејсбук“

Обвинителстовото кое го предводи републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, почна да коментира и статуси на пратеници на социјални мрежи.Па така, испратија став по однос на фејсбук статусот објавен од Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа откако Милошоски ја искоментира спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев и посочи дека е аргумент плус за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски.„Ова во однос на наводите на пратеникот Милошоски денеска, ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, вели портпаролката на Обвинителството по објавата на пратеникот на „Фејсбук“.Објавата на пратеникот:

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Петрушевски: Коцевски требаше да му слугува на народот, не на СДС, затоа треба да биде сменет

„Коцевски требаше да му слугува на народот, а не на СДС, затоа треба да биде сменет“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:ВМРО-ДПМНЕ имаше разбирање за Љупчо Коцевски со месеци, тргајќи од премисата дека можеби бил под притисок на СДС и од неговите зборови дека ќе почне беспоштедна борба против криминалот. Сега неколку месеци потоа е сосема јасно дека Коцевски од секогаш бил слуга на СДС.Со месеци Љупчо Коцевски не работи ништо. Нема никаква иницијативност, ниту желба да се подобрат работите во обвинителството.Народот со право е разочаран од правосудството, кога на чело на ЈО седеше Коцевски кој со месеци нема отворено еден предмет, а на скалите за мерење на корупција рушиме рекорди.Не може цел свет да гледа корупција и проблем во правосудството, само Љупчо Коцевски кој треба да се бори против истата никако да не ја види.На народот му е преку глава од изговори. Љупчо Коцевски доста беше. Одговорност има.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

Скандали, корупција, нефикасност - „тргна возот“ за разрешувањето на Коцевски, предлогот е доставен

Министерството за правда , постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11.02.2025 година презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија.Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките.Во Законот за Јавното обвинителство е наведено дека Јавниот обвинител на РСМ е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на Јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието. Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Судиите и обвинителите можат да правораздаваат до 67 години, шефот Коцевски и при разрешување ќе може да си остане на работа

Обвинителите и судиите можат да бидат дел од правосудниот систем до 67 години. Ова значи дека по исполнување на старосната граница за пензионирање, тие можат да одлучат да останат дел од правосудниот систем. Вакви измени вчера изгласаа пратениците во Собранието. Сега, со писмена изјава, судија или обвинител, може да продолжи да ја обавува функцијата.„По исклучок од член 104 од овој закон, лице кое остварува права од работен однос врз основа на одлука за избор или именување од надлежен орган, во согласност со законот што ги утврдува неговите права и обврски кои произлегуваат од вршењето на функцијата, има право да побара да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години возраст, со писмена изјава до органот кој го избрал или именувал. (2) Писмената изјава од ставот (1) на овој член, лицето ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на вршењето на функцијата за наредната година“, стои во измените на Законот за работен однос.Ова значи дека и обвинителот републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој во август полни 64 години и треба да се пензионира, сега е „спасен“. За него во тек е постапка за разрешување од шефовското место, која дури и да заврши со успех, тој ќе остане обвинител. Коцевски ќе треба само да поднесе изјава дека сака да продолжи да ја врши функцијата, а со тоа ќе остане во Републичкото јавно обвинителство.Во образложението од 15-те пратеници, стои дека измените на Законот ги поднесуваат поради нискиот број на судии и обвинители.  Имајќи во предвид дека состојбата во правосудството од аспект на кадровската екипираност е алармантна, а последиците се на штета на граѓаните и ова претставува еден од факторите кои влијаат врз ефикасноста, квалитетот и пристапот до правда, потребно е изнаоѓање на побрзо решение за да се надмине овој горлив проблем. Начин на кој овие проблеми би можеле да се надминат во што е можно пократок рок е да се даде можност за продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија, односно до 67 години возраст, за што постои и законски основ во посебните закони кои ја регулираат оваа област“, стои во образложението на изгласаниот закон.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Владата се реши за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски

Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.„Разочарувањето на Владата за постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.Таа образложи и аргументи за разрешувањето.„Се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност, од каде можеше да се види дека четири точки се однесуваат на состојбите во Обвинителството и судството. Дополнително, последното именување за в.д. шеф на Вишо јавно обвинителство е одлука која е незаконска“, рече Митева.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-pravda

Коцевски за Владата откако „тргна возот“ за разрешување: Ги немате сите точни информации!

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, за кого Владата донесе одлука за поведување на инцијатива за разрешување тврди дека не работел незаконски. Тој на Владата и посочува дека донела грешна одлука водејќи се од неточни информации.„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година. Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје.Сакам да укажам дека не е првпат да се постапува на овој начин и приоритет беше во случајот да се определи раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје кој ќе биде гарант за непристрасното, професионално и објективно работење на обвинителството до завршување на дисциплинска постапка за обвинителот Хајрулахи. Појаснувам дека не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа ве верувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес“, вели Коцевски.

Македонија | пред 11 месец

dimitrievska-sovet-12

Советот на обвинителите контра Владата, претседателката без одговор дали Коцевски може да се разреши и ако дадат негативно мислење

Душица Димитриеска, претседател на Советот на обвинители,  се спротивстави на Владата, која беше децидна дека назначувањето на обвинител кој ќе го заменува Мустафа Хајрулахи во скопското Јавно обвинителство е незаконска. Според Димитриевска, одлуката е законска.„Беше донесена одлука, следејќи ги состојбите во Вишото јавно обвинителство каде вишиот јавен обвинител е оддалечен од функцијата, советот утврди дека е потребно во ова јавно обвинителство да се назначи обвинител кој ќе раководи со Обвинителството. Таа одлука е едногласна“, рече Димитриевска.Прашана дали имало законска основа за ваква одлука, таа рече: „Да има, мора да има потписник, мора да има јавен обвинител кој ќе го раководи“.„Јас не можам да дадам одговор на тоа прашање, јас тврдам дека нашата одлука е законита. Тоа Обвинителство мора да има јавен обвинител кој ќе раководи. Уште еднаш да напоменам, се работи за јавен обвинител кој ќе раководи додека трае оддалечувањето на јавниот обвинител“, додаде Димитриевска.Прашана да ја објасни процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, таа им порача на новинарите да си видат во законот, оти таму ја имало. Немаше ни конкретен одговор, дали процедурата продолжува во Собрание и покрај евентуално дадено негативно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Коцевски.„Во однос на тоа прашање, сакам да изјавам дека до сега, немаме до Советот никаков предлог добиено. Кога ќе има предлог, ќе се произнесеме. Советот ќе ги испочитува роковите и процедурата“, рече Димитриевска.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал, меѓутоа, како што рече довербата не ја оправдал.„Па, не би го коментирал него повеќе, јасно кажа Владата. Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Но, очигледно, дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал, таа доверба не ја оправда и сега Владата отпочнува еден процес.“, изјави премиерот.Премиерот Мицкоски нагласи и дека чесно и доблесно би било Државниот јавен обвинител самиот да се повлече, со цел да се избере обвинител кој ќе работи против криминалот и корупцијата во државата.„Денеска бев во Парламентот, тој процес се започна во Парламентот, во Парламентот ќе заврши. Така што мислам дека чесно и доблесно од него би било да самиот се повлече и да го скратиме овој период, да можеме да избереме обвинител, кој што бескомпромисен борец ќе биде, против криминалот и корупцијата во Македонија.“, рече премиерот.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-02-at-09.32.13

Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава, вели Петрушевски

„ЈО Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на СДС, обвинителството го претвори во нивна испостава“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:МВР и другите институции покренаа десетици постапки, а реализацијата од ЈО е рамна на нула.Иако имаше шанса од неколку месеци, да покаже дека може да работи по закон, тој продолжи да биде послушник на СДС.Граѓаните со право се разочарани од обвинителството и судството. Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО целосно се фрли во заштита на поранешните функционери на СДС и нивни блиски лица.Дека ЈО не работи како што треба и какви што се очекувањата, говори и последниот извештај на Транспаренси, во кој дури 4 точки се однесуваат на состојбите во обвинителството и судството.Љупчо Коцевски како шеф на ЈО не направи ништо да се зголеми ефикасноста во постапките.ЈО водено од Љупчо Коцевски се стави во целосна заштита на функционери на СДС и нивни блиски лица, кои со години ја крадеа државата.Дополнително Љупчо Коцевски спроведуваше класично незаконие, како последното поставување на вршител на должност шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје, одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во Законот за јавното обвинителство.Љупчо Коцевски како и неколку негови претходници се покажаа како големо разочарување пред се за граѓаните, а потоа и за самата институција.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Кој е Љупчо Коцевски кој завршил Правен на 32 години, а Владата сака да го смени по само една година мандат?

Владата не мисли дека државниот обвинител Љупчо Коцевски, кој на 32 години дипломирал на Правниот факултет, добро го научил или применува правото.Иако беше очекувано неговото предвремено збогување со функцијата, Коцевски самоуверено настапуваше дека со неговиот избор за државен обвинител работите тргнале на подобро.Коцевски минатата година ги исполни условите за заминување во пензија бидејќи наполни 64 години. Доколку помине процедурата за разрешување која ја иницираше Владата и гласаат најмалку 61 пратеник, Коцевски заминува во пензија бидејќи нема да има право на апанажа.Кој е Љупчо Коцевски? Од адвокат директно во Вишо, па во Државно обвинителство.Еве што стои во неговата биографија:Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски е роден на 01.08.1960 година во Тетово.Дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1992 година, а во 1994 година положил правосуден испит.Од 1995 до 2008 година работел како адвокат во Тетово. Во обвинителството е од 05.11.2008 година, кога е избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Гостивар. Во текот на обвинителската кариера, Коцевски бил член на Управниот одбор и на Комисијата за полагање завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, член на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители, како и член на работни групи за подготовка на повеќе закони.На 18.01.2022 година Советот на јавните обвинители го избра за јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Во републичкото јавно обвинителство е раководител на Одделението за мета податоци и мерки за следење на комуникациите и претседател на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција.Собранието на Република Северна Македонија на 13.02.2024 година го именуваше Коцевски за Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

Мицкоски му сплете „свилен гајтан“: Љупчо Коцевски на пат да биде државен обвинител со најкраток мандат

Љупчо Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, најверојатно ќе се збогува за нецела година откако е избран, наместо за шест години колку што му трае мандатот. Иако секогаш во одбрани медиуми, милуваше да каже: „Јас како државен обвинител“, или: „Откако јас сум државен обвинител“, па да се пофали дека многу работи, од транспарентност до ефикасност, сепак изгледа ќе биде државен обвинител кој бил најкратко ја извршвувал највисоката фиункција во хиерархијата на Обвинителството.Иако со некои потези се обиде да и угоди на Владата, таа сепак одлучи да отпочне активности за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.Постапката за предвремено разрешување е регулиран со Законот за јавно обвинителство од 2020 година и како што стои во одредбите треба да спречи политизација во изборот и разрешување на првиот обвинител. Законот предвидел: Владата на Република Македонија, по претходно прибавено мислење од Советот на јавните обвинители на Република Македонија, до Собранието на Република Македонија да поднесе предлог за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија.Јавниот обвинител на Република Македонија се разрешува од функцијата јавен обвинител пред истекот на мандатотво следните случаи:– поради тешка дисциплинска повреда од членот 91 алинеи од 1 до 6 од овој закон ако повредата е сторена со намера или очигледна небрежност по вина на Јавниот обвинител на Република Македонија, без оправдани причини и ако повредата предизвикала тешки последици или ако е член во политичка партија.Иницијатива за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија може да поднесе Советот на јавни обвинители на Република Македонија, во која ќе ги наведе причините, околностите и фактите од кои се раководел за поднесување на иницијативата.Владата на Република Македонија предлогот за разрешување на Јавниот обвинител на Република Македонија го доставува до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, кој е должен во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот, до Владата на Република Северна Македонија да достави образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма.На седницата на Советот на јавни обвинители на Република Македонија на која се расправа по предлогот на Владата на Република Северна Македонија за разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија не учествува Јавниот обвинител на Република Северна Македонија.Јавниот обвинител на Република Македонија има право писмено да се произнесе по предлогот за разрешување.Владата со предлогот за разрешување задолжително го доставува до Собранието на Република Македонија и мислењето.Ако Советот на јавни обвинители на Република Македонија од оправдани причини во определениот рок не достави мислење до Владата рокот се продолжува за уште 15 дена. Ако и во овој рок Советот на јавни обвинители на Република Македонија не достави мислење, се смета дека не го поддржува предлогот на Владата.Јавниот обвинител има право да присуствува на седницата на Собранието и да се произнесе по предлог на Владата за негово разрешување.Како тешки дисциплински повреди кои се основ за предвремено разрешување се сметаат намерно или неоправдано правење на крупни професионални грешки, било каква судска пресуда и затворска казна помала од 6 месеци, потоа за дело сторено како обвинител, неизземање во случаи кога требало да се изземе од постапување, издавање на класифицирани информации од истрага и од судења, недолично донесување и кршење на јавен ред и мир, неподнесување изјава за имотна состојба.Владата по само еден ден од самопофалбите на Коцевски во интервју за „Алфа“, соопшти дека аргументите за отпочнување на постапката за разрешување на Коцевски се последниот извештај за Индекс на перцепција за корупцијата за 2024-тата година и назначувањето на вршител на должност на раководител на скопското Вишо Јавно обвинителство, чии раководител и заменик раководител се суспендирани поради истраги и постапки за законско прекршување, кои според Владата се незаконски.

Македонија | пред 11 месец

frosina-vasil

Возачот Јованов кој ја усмрти Фросина ќе одговара за најтешко кривично дело во областа на сообраќајот, тврди Коцевски

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека Обвинителството ќе бара најстрога казна за возачот Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова на пешачки премин.„За Обвинителството е неспорно дека станува збор за кривично дело со умисла. Затоа водиме постапка за најтешко кривично дело од областа на сообраќајот. Ја уверувам јавноста и семејството дека постапката ќе биде ефикасна и Обвинителството ќе инсистира на најстрога казна“, рече Коцевски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања