Судиите и обвинителите можат да правораздаваат до 67 години, шефот Коцевски и при разрешување ќе може да си остане на работа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
kocevski-1

Обвинителите и судиите можат да бидат дел од правосудниот систем до 67 години. Ова значи дека по исполнување на старосната граница за пензионирање, тие можат да одлучат да останат дел од правосудниот систем. Вакви измени вчера изгласаа пратениците во Собранието. Сега, со писмена изјава, судија или обвинител, може да продолжи да ја обавува функцијата.

— реклама —

„По исклучок од член 104 од овој закон, лице кое остварува права од работен однос врз основа на одлука за избор или именување од надлежен орган, во согласност со законот што ги утврдува неговите права и обврски кои произлегуваат од вршењето на функцијата, има право да побара да продолжи со вршење на функцијата и по исполнување на условите за старосна пензија, а најмногу до 67 години возраст, со писмена изјава до органот кој го избрал или именувал. (2) Писмената изјава од ставот (1) на овој член, лицето ја дава еднаш годишно, а најдоцна до 31 август во тековната година за продолжување на вршењето на функцијата за наредната година“, стои во измените на Законот за работен однос.

— реклама —

Ова значи дека и обвинителот републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, кој во август полни 64 години и треба да се пензионира, сега е „спасен“. За него во тек е постапка за разрешување од шефовското место, која дури и да заврши со успех, тој ќе остане обвинител. Коцевски ќе треба само да поднесе изјава дека сака да продолжи да ја врши функцијата, а со тоа ќе остане во Републичкото јавно обвинителство.

— реклама —

Во образложението од 15-те пратеници, стои дека измените на Законот ги поднесуваат поради нискиот број на судии и обвинители.  Имајќи во предвид дека состојбата во правосудството од аспект на кадровската екипираност е алармантна, а последиците се на штета на граѓаните и ова претставува еден од факторите кои влијаат врз ефикасноста, квалитетот и пристапот до правда, потребно е изнаоѓање на побрзо решение за да се надмине овој горлив проблем. Начин на кој овие проблеми би можеле да се надминат во што е можно пократок рок е да се даде можност за продолжување на судската и јавно-обвинителската функција и по исполнување на утврдената старосна пензија, односно до 67 години возраст, за што постои и законски основ во посебните закони кои ја регулираат оваа област“, стои во образложението на изгласаниот закон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања