„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

коцевски

8626399b-cd40-42c7-bca3-88b20bb4deef

Дали токму Коцевски е обвинителот кој барал следење на Мицкоски?

Несекојдневно е однесувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски изминатиот период, додека Владата упатува жестоки критики на сметка на Обвинителството. Последен пример за тоа е вчерашното негово однесување, кога тој застана зад Христијан Мицкоски, додека премиерот даваше изјава за медиумите.На социјалните мрежи, Коцевски беше наречен и „учениче“, а однесувањето „обид да му се допадне на премиерот“. Сепак, ставот на Мицкоски за правосудниот систем останува ист. Дотолку повеќе што вчера, премиерот одново повтори дека бил тајно следен додека бил во опозиција, а Обвинителството го нема расчистено овој случај.„Тајните служби ме следеле во пресрет на парламентарните и локалните избори сомневајќи се дека организирам и финансирам парпаолициски структури и терористички групи”, рече Мицкоски и очекува Обвинителството да го расчисти постапувањето на разузнавачите за време на власта на СДСМ и ДУИ.Ова внимателно го слушаше Коцевски, кој му „чуваше“ грб на Мицкоски, односно стоеше зад него. Не му кажа в лице што планира да направи, но подоцна прес-службата на веб-страната на Обвинителството соопшти дека е оформен предмет токму по насоки на Коцевски.Мицкоски објасни дека таен соработник на службите дал информации дека тој е финансиер на параполициска формација. Според Законот за АНБ, физички лица може да даваат информации што се од значење за националната безбедност, при што се составува записник достапен на надзорни и контролни органи.Во случаи на сомневања за кривични дела против државата, вклучително финансирање на параполициски формации, судот може да нареди тајни мерки за собирање информации, но само на барање на јавен обвинител и со одобрение од судија на Врховниот суд.Интересно е што токму Коцевски, пред да биде избран за државен обвинител, беше обвинител кој разгледуваше и одлучуваше дали ќе се поднесуваат барања за физичко следење. Ова би значело дека доколку информациите на Мицкоски се точни, а барањето доаѓало од Обвинителството, за тоа одлучувал и Коцевски.„Скопје1“ испрати прашања до Обвинителството и прашавме дали по барање на Коцевски бил следен Мицкоски, дали тој е запознаен со конкретниот случај како засегнат обвинител, дали со предметот кој го оформил ќе биде опфатен и обвинителот кој предложил вакви мерки до Врховен суд. Оттаму очекуваме одговор.

Македонија | пред 1 година

kocevski-1

Републичкиот обвинител Коцевски си беше на „стенд-ап“ комедија, а нема време за прашањата на јавноста во време на куп акции

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, во изминатите 15 дена не најде простор да одговори на десетици прашања од јавноста со појавување во поткастот „Претрес“, но најде време да отиде на стенд-ап комедија. Во време кога правосудството трпи критики од јавноста поради ниската доверба, МВР и Финансиската полиција поднесуваат пријави за сериозни случаи, Коцевски во неделата ја искористил за да ги гледа стенд-ап комичарите Тино и Атанас.„Нѐ информираа дека државниот јавен обвинител е присутен. Може да дадете аплауз тие што немате проблем, тие што имате не мора. Никој не го знае и рекоа да не збориме за вас, ете таму седи“ рече Тино во стенд-ап комедијата кој се шегуваше на сметка на јутуберот Лазаров: „Имам еден другар и другарка, вчера сакаа да ги апсат на гивавеј. Боки и Лазаров. Па ако може нешто да направите, побрзо да ги уапсат“.Во неколку наврати, Коцевски е поканет да одговори на сите прашања од јавен интерес во поткастот „Претрес“. Од ПР службата, ни одговорија: „Во согласност со заложбите за транспаретност и отчетност, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители ќе одржат брифинг за сите новинари на 11.12.2024 година на кој новинарите ќе имаат можност да ги постават сите прашања од јавен интерес. Во следниот период обвинителот Коцевски веќе има закажано повеќе други обврски и јавни настапи, па не е во можност да ја прифати вашата покана“.На ова, екипата на „Претрес“ посочи: „Брифинг и гостување во поткаст се различно ниво на транспарентност. Ве молам во иднина, вие да не одредувате место и локација каде ние би можеле да ги поставиме сите прашања. Гостувањето во „Претрес“ е одговор и на прашања од граѓаните, во живо. Дотолку повеќе што и самите посочувате дека Коцевски веќе има планрано јавни настапи, иако, ќе има и брифинг. Притоа, ова не е прва покана туку во повеќе наврати бил поканет републичкиот, па затоа ќе си дадам за право да кажам - дека селективно се бираат медиуми и новинари, што вие како ексновинар, многу добро знаете дека тоа остава лош впечаток. Оттука, одредете вие ден кога на републичкиот обвинител му одговара, ние ќе организираме вонреден поткаст во истиот термин. Секако, главната цел е транспарентноста да ја видиме на дело, а не на зборови и по соопштенија“.Ни по ова, Коцевски не најде време да се појави и да одговори за многу случаи за кои немаше ниту време да се праша на гореспоменатиот брифинг.„Скопје1“ испрати прашања до прес-службата на Обвинителството, каде побаравме одговори како си поминал републичкиот обвинител на стенд-ап комедијата и дали ја препорачува за поширок аудиториум, дали тоа му е приоритет пред граѓаните и медиумите иако куп прашања се неодговорени, колку и дали е сериозно тој да се појавува како гостин на стенд-ап комедии во период кога правосудството е мета на критики, а МВР и Финансова полиција спроведуваат акции и апсења на ексфункционери кои не биле допрени до промена на власта.Оттаму одговорија:„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и секој друг граѓанин, има право на приватност и слободно време кое често го користи за да посетува и културни и други настани, за кои уредно, како и сите други граѓани, плаќа влезница. Тоа го прави надвор од работното време, а во исто време е достапен за сите важни прашања во негова надлежност. Што се однесува до акциите кои што ги наведувате, сите тие се спроведени со наредби и под раководство на надлежни јавни обвинители, а во дел од предметите одреден временски период обвинителството спроведуваше и посебни истражни мерки“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања