КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

kosana-mazneva

Комунална хигиена прес-конференцијата на Ѓорѓиевски ја нарече комична: Овој пат се преигравте

Во отсуство на поелоквентен израз на комичната прес-конференција на градоначалникот на општина Кисела Вода, сакаме да го информираме - иако не сме сигурни дали ќе успее да разбере - дека со две камиончиња од по800 килограми носивост, на ниту еден начин не помогнал во справувањето со кризата која ја предизвикаа токму тој и неговите партиски пријатели за што имаме и докази, велат од Комунална хигиена.„Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање нафункционирањето на институциите.Имено, за два дена во Скопје се собрани 1.130 тони отпад кој беше наталожен поради дводневната блокада на КХС, која имаше за цел да изврши притисок врз раковдстбото на претпријатието за задржување на семејни кланови кои одработуваат за интересите на политичката банда на која овој градоначалник припаѓа.Што се однесува на прашањето, зошто 11 месеци се чекало за да се изречат решенија за отказ, еве една кратка лекција: За разлика од бандитското однесување на кое сме сведоци три децении во институциите, ние спроведовме детална анализа како и ревизија пред да ги донесеме овие решенија. Поднесени се и кривични пријави, и испочитувана е цела постапка со цел во иднина овие луѓе да не можат повторно да наштетуваатна претпријатието и граѓаните на град Скопје.Жалиме што мораме да констатираме, но, овој пат се преигравте“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 2 години

kosana-mazneva

Лани Косана избрка 110 лица оти не оделе на работа, ова е втор ,,бран", не ви е чудно што лани не ги виделе, прашува Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи се огласи во врска со избрканиот синдикалец од „Комунална хигиена“, Дели Дардишта, кои ги потврдува тврдењата на градоначалничката Данела Арсовска дека дел од неговата фамилија е вработена во претпријатието. За него, ова не е спорно, посочувајќи дека се е законски.Вчера, градоначалничката Арсовска покажа список со вработени лица од иста фамилија, а на кој стоеше презимето Дардишта.„Дардишта од фамилијата вработена во „Комунална хигиена“: Ние сме со генерации тука, камо да се вработевме на друго место, а не во ѓубреСé што кажува човеков, кој е прв синдикалец, а е избркан незаконски, е вистина - дека фамилијата Дардишта со генерации се во „Комунална".Проблемот е друг. Данела и Косана играат со „огнените" од ДУИ, впрочем им даде Арсовска двајца директори, па оттаму и новите листи за бркање на луѓе блиски до минатите директори од време коцево и шилегово.Патем, за оние што не се сеќаваат, лани Косана веќе избрка 110 лица, со објаснување - не оделе на работа.Ова е втор ,,бран" од стотина лица.Не ви е чудно што лани не ги виделе?Ќе ви стане јасно, кај и да е што прават двеве. Џабе ќе објаснуваме сега.Данела и Косана се сé, само не она за што се претставуваат“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

gubre-3

(ФОТО) Директорката на „Комунална хигиена“ тврди дека сметот се чисти, контејнерите се уште полни

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се пофалија дека извојувале победа во битката со ѓубрето, а тоа го направи и градоначалничката Данела Арсовска – додека контејнерите и натаму се преполни. На повеќе локации во Скопје екипата на „Макфакс“ улови десетици неиспразнети контејнери иако речиси сите скопски општини посочија дека тие се празни.Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи порача дека успеала да извојува уште една победа во интерес на жителите на градот.На прес-конференција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ посочи дека сметот се чисти.„Работата на ‘Комунална хигиена’ е вратена во нормала, а сметот се чисти“, изјави Мазнева.

Скопје | пред 2 години

53604785_2270692896326214_4035434778923630592_n

Вработените во „Комунална хигиена“ од вечерва се враќаат на работа

Од вечерва се враќаат на работа вработените во „Комунална хигиена“ во Скопје.Извршниот одбор на синдикалната организација при ЈП „Комунална хигиена“ одржа состанок и донесе одлука револтот на вработените да продолжи да го манифестира и да искористи други законски права што ги имаат со цел граѓаните на Скопје да не трпат поради игнорантскиот однос на менаџментот на претпријатието во однос на решавање на проблемите на вработените во „Комунална“.Како што рекоа претставниците на синдикатот, сите вработени денеска ќе почнат со своите работни активности со оглед дека претстојат денови на екстремна жештина и веќе работниците од втората смена ќе почнат со работа, со собирање на сметот.„Во текот на денот синдикалната организација ќе одржи уште еден состанок за дефинирање на понатамошните чекори во однос на проблемите што ги имаат вработените во ‘Комунална’“, посочија од синдикатот.

Скопје | пред 2 години

centar-skopje-2

Скопските градоначалници на нозе: Најава за кривична против Арсовска

Градоначалниците бараат итно решавање на проблемот со отпадот во Скопје.Советот на Скопскиот плански регион донесе одлука да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена. Градоначалниците апелираат Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.Тие ја повикаа градоначалничката Данела Арсовска веднаш да најде решение за проблемот и да не го остава градот блокиран. Побараа Дрисла да ги отвори рампите за да може нивната механизација да продолжи да работи. Градоначалникот на Центар, Горан Герсимовски рече дека тие немаат големи камиони за да го подигнат отпадот од контејнерите од булеварите, но дека со таа механизација што располагаат, ќе сработат тоа што можат.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ пак ја повикаа градоначалниката Данела Арсовска да поднесе оставка. Велат дека со месеци слушале демагогии од градоначалничката, но дека граѓаните не ги интересира што е проблемот, туку градот да им биде чист, зошто за тоа плаќаат.„ Ги повикувам од Дрисла да ги отворат рампите за да ова го сработи некој кој е способен. Никој од нас не штити никој што не одел на работа, но не може на сметка на 20-30 луѓе цел град да биде заложник. Факт е дека во моментов 1200 луѓе во Комунална не работат ништо. Никој не може да се блокира градот заради сомнеж за нешто“ рече градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Георгиевски.Тие велат дека немаат ингеренции да го решат проблемот, но дека нема да се повлечат и ќе бараат законско решение. Ако нема постапување најавија кривична пријава против Арсовска.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Арсовска: Успеавме да извојуваме уште една победа, Скопје се чисти

Контејнерите во главниот град веќе неколку дена се преполни со смет. Не стивнуваат реакциите од граѓани поради тоа што ѓубрето не се исфрла од контејнерите. Уште полошо е велат што поради топлото време се шири страшна смрдеа. Причината за ова е што од петокот дел од вработените во „Комунална хигиена“ протестираат и не го собираат ѓубрето, но и не дозволуваат останатите вработени да работат.Денес на социјалните мрежи се огласи градоначалничката Данела Арсовска која вели дека успеала да извојува уште една побда, со тоа што започнало чистењето на Скопје.„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Меѓу протестирачите пред „Комунална хигиена“ имало и невработени лица, МВР со детали

Полицијата затекнала лица кои не се вработени во скопска „Комунална хигиена“ а протестирале во кругот на претпријатието. Станува збор за лица, чии договори за работа се раскинати од страна на директорката Косана Мазнева. Според МВР, на протестот имало околу педесет лица.„Во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените одржуваат протест, а меѓу нив се и лица кои не се вработени во претпријатието. Од страна на полициски службеници веднаш е излезено на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат и ги попречуваат останатите вработени во извршувањето на работните обврски“, велат од МВР.Посочуваат дека лицата кои не биле вработени, а ја блокирале работата на претпријатието се приведени. Според информациите од вработени во „Комунална хигиена“ станува збор за четворица, кои биле ангажирани со договор на дело, кој директорката Мазнева им го раскинала.„Со полициска интервенција возилата ангажирани за собирање на сметот биле пропуштени да излезат од капијата, а лицата кои не се вработени, а биле затекнати во кругот на претпријатието ќе се соочат со законски предвидените поднесоци“, додава МВР.Според скопската градоначалничка Данела Арсовска, на протест се излезени лица организирани од мафијашки структури. Според неа, претпријатието е во заложништво на две фамилии, односно 70 лица кои меѓусебно се роднини. Посочи дека не може да страдаат 1.300 вработени поради нив.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања