КОМУНАЛНА ХИГИЕНА

IMG_6213

ЈП Комунална хигиена Скопје: Подигнати 60 кубни метри отпад во неколку скопски општини

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 60 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во неколку скопски општини.Активностите се реализираа на улиците Васил Чакаларов и Рузвелтова – во скопската општина Карпош и на булеварот Македонско-косовска бригада, во општината Чаир.Утринава е забележано одлагање големи количини отпад од картонска амбалажа на две локации во централното градско подрачје - на сообраќајна површина на булеварот Кирил и Методиј, како и на паркинг-просторот лоциран на улицата Димитрија Чуповски. Непрописно одложениот отпад беше подигнат и транспортиран од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_6172

Отстранети вкупно 50 кубни метри отпад во текот на викендот, информираат од ЈП Комунална хигиена - Скопје

,,Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за подигнување отпад од диви депонии во повеќе скопски општини.Отстранети се вкупно 50 кубни метри отпад лоцирани на улиците Скупи и Московска - во скопската општина Карпош, улицата Никола Пушкаров (во близина на старата општина) - во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир.Во тек е и акцијата за собирање кабаст отпад што во моментов се одвива во општината Кисела Вода, додека од 21.08.2024 година акцијата ќепродолжи во општината Аеродром, каде што на четири локации ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе постави специјални садови во коишто жителите на оваа скопска општина ќе можат да го одлагаат својот кабаст отпад.”, информираат од ЈП Комунална хигиена - Скопје.

Скопје | пред 1 година

khs

Подигнати 170 кубни метри отпад од диви депонии во Општина Чаир

,,Во текот на вчерашната ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 170 кубни метри отпад од неколку обемни диви депонии лоцирани во скопскатаопштина Чаир.Активностите се реализираа на улицата Славеј планина - во непосредна близина на скопското Теќе, на улицата Џон Кенеди, како и на булеварот Втора македонска бригада.Интервенирано е и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - на игралиштето спроти Амбасадата на САД, што веќе подолг период претставува т.н. „црна точка“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.По подигнувањето на отпадот, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија рачно миење на локациите.", информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_5195

Расчистена дива депонија во населбата Даме Груев

,,И покрај редовното и континуирано празнење на садовите за комунален отпад според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена - Скопје се соочува со сериозен проблем. На дневна основа, се јавува тенденција за масовно одлагање на отпад на јавни површини и формирање на диви депонии, што сериозно ја загрозува животната средина и јавното здравје.Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена спроведоа вонредна активност за расчистување на дива депонија, создадена од непрописно одложен отпад на ул. "Лука Геров" (во близина на градинката "Пампурче") во населба "Даме Груев", општина "Ѓорче Петров". Оваа акција беше неопходна за враќање на јавната површина во претходната состојба и спречување на понатамошно создавање на слични проблеми.Во овој контекст, апелираме до сите граѓани да се придржуваат до правилата за одлагање на комуналниот отпад. Секој отпад треба да се одлага исклучиво во контејнерите и да се избегнува оставање на отпад околу контејнерите. На тој начин, ќе се придонесе за одржување на чистотата и уредноста на нашата околина и ќе се спречат формирање на нови сметишта и диви депонии.”, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_5068

Од Комунална хигиена се пофалија дека го исчистиле скопскиот плоштад

По куп реакции од граѓаните дека скопскиот плоштад „Македонија“ е валкан, Комунална хигиена испрати фотографии дека вчера го средиле.,,Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на градот Скопје, ЈП Комунална хигиена Скопје изведе активности за машинско и рачно миење на плоштадот Македонија.Со цел одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на јавните површини, особено во летниот период , ЈП Комунална хигиена Скопје спроведува секојдневно миење на плоштадот Македонија.Машинското и рачното миење на плоштадот се изведе со автоцистерни. Одржувањето на хигиената се одвива во доцните ноќни часови, односно во рамките на третата оперативна смена, кога е намалена фреквенцијата на пешаци.”, информираат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4997

ЈП ,,Охридски Комуналец”: Голем број активности за одржување на јавното зеленило

,,Голем број активности за одржување на јавното зеленило.Се интервенираше на следните локации:Чистење на неуредна вегетација и косење во неселби Гоце Делчев (Бараки) и Стар Град, потоа околу детското игралиште во населба Видобишта , ул Прва Македонска Ударна Бригада и ул.Ристо ЧадоТековно одржување на зелените површини кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид (Петља), пешачка патека од канал Студенчишта до Горица, чистење на вегетација покрај граничници регионален пат до населба Свети СтефанРедовно косење и наводнување во градски парк, одржување на уредените зелени површини ул. Булевар Туристичка, кружни текови ул. ,Железничка и ул. 15 ти Корпус , паркот на ул. Јане Сандански и населба Охридати.”, велат ЈП ,,Охридски Комуналец”.

ОО | пред 1 година

IMG_4972

ЈП Комунална хигиена-Скопје со остра реакција за градоначалникот на општина Кисела Вода: Ве молиме да престанете со валканите политички игри и ниските удари

,,ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието.И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни.Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.”, реагираат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_4949

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Комуналниот отпад во Општина Бутел се собира редовно и навремено

ЈП Комунална хигиена-Скопје најостро ги демантира наводите на градоначалникот на општината Бутел, којшто на својот фб-профил наведува целосни невистини поврзани со одржувањето на хигиената во оваа скопска општина.ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на скопската општина Бутел комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.Екипите на Претпријатието со месеци наназад се исклучително активни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина, каде што само во текот на изминатите десет дена се подигнати приближно 100 кубни метри отпад од повеќе диви депонии, лоцирани на булеварот Босна и Херцеговина – во близина на СУГС „Зеф Љуш Марку“ и кај социјалните згради, на улицата Радишанска – на двата влеза и кај Спортската сала, како и на слепата улица Цетинска.Би сакале да напоменеме и дека ЈП Комунална хигиена-Скопје во никој случај не прави селекција според политичката определба на граѓаните, туку редовно и навремено ги спроведува своите активности подеднакво во сите скопски општини.Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните поединци да престане тенденциозното непрописно одлагање отпад на јавни површини со коешто масовно се соочуваме во текот на последните неколку месеци, а го повикуваме и споменатиот градоначалник на општината Бутел да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

Скопје | пред 1 година

IMG_4925

Отпад на сите страни, за време на викендот отстранети 150 кубни метри отпад во Скопје

Во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочи со тенденциозно загрозување на животната средина и јавното здравје, преку масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини и создавање диви депонии.Со цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во градот Скопје, екипите на Претпријатието за време на викендот реализираа вонредни активности за подигнување и транспорт на вкупно 150 кубни метри непрописно одложен кабаст, градежен и мешан комунален отпад.Интервенирано е на улиците Лихнида, Лука Геров и Македонска војска во општината Ѓорче Петров, како и на булеварот Босна и Херцеговина во општината Бутел. Во координација со ЈП Паркови и зеленило отстранети се и неколку диви депонии на улиците Благоја Паровски, Џон Кенеди, Панче Неделковски и Цветан Димов, како и на булеварот Македонско косовска бригада во скопската општина Чаир.Од почетокот на месецот јули, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви пет записници за граѓани коишто се затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини на улиците Лазар Поп Трајков и 16-та Македонска бригада во општината Гази Баба, улиците Јуриј Гагарин и Веселин Маслеша во општината Карпош, како и на улицата Аминта Трети во скопската општина Центар.

Скопје | пред 1 година

IMG_4888

ЈП Охридски Комуналец на терен со редовни и вонредни активности

,,Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен со редовни и вонредни активности:-Редовно косење и наводнување во градски парк-Косење на тревни површини во просторот на поранешна касарна, околу скејт-паркот кај канал Студенчишта, тековно одржување на просторот околу детските игралишта на ул. Булевар Туристичка и во населба Видибишта, потоа ул. Булевар Туристичка и отстранување ниска вегетација ул. Кленоец-Чистење на неуредна и дива вегетација во селата Коњско, Орман и Љубаништа-Секојдневно плевење на леите со цветни насади и декоративни садници во градски парк, ул.Македонски Просветители и ул.Димитар Влахов”, известуваат од ЈП Охридски Комуналец.

ОО | пред 1 година

IMG_4844

Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

И во текот на изминатите неколку дена, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во градот Скопје.Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД.Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите.Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавниповршини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.

Скопје | пред 1 година

komunalna-skopje-3

Транспортирани 600 тони отпад во текот на месец јуни во Шуто Оризари

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано го собира и го транспортира комуналниот отпад на територијата на скопската општина Шуто Оризари, во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.Само во текот на месец јуни, екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 600 тони комунален отпад од домаќинствата воопштината Шуто Оризари, а воедно секојдневно се врши машинско миење на улиците коишто се во надлежност на Градот Скопје.И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со континуирани секојдневни активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во оваа скопска општина.

Скопје | пред 1 година

IMG_4790

Отстранета обемна дива депонија на булеварот Никола Карев

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ реализираа акција за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.Во рамките на акцијата се подигнати транспортирани приближно 40 кубни метри непрописно одложен претежно кабаст, градежен мешан комунален отпад.По отстранувањето на дивата депонија, беше спроведено и рачно миење на микролокацијата.Активностите се реализираа во соработка со ЈПУлици и патишта и ЈП Паркови и зеленило.Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.Во претстојниот период, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе спроведе зачестен патролен надзор на оваа микролокација.

Скопје | пред 1 година

IMG_4398

Од почетокот на годината отстранети 150 диви депонии во Скопје

Од почетокот на годинава, ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со појавата на масовно непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад.Во периодот јануари-јуни 2024 година, екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 2500 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Интервенирано е во сите скопски општини, при што се отстранети приближно 150 диви депонии.Основната дејност на ЈП Комунална хигиена-Скопје е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, коишто континуирано се реализираат седум дена во неделата, согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.Покрај своите редовни активности, екипите на Претпријатието се секојдневно максимално ангажирани за извршување вонредни акции, како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописното и несовесното одлагање отпад на јавните и на сообраќајните површини. Во оваа насока, Претпријатието апелира до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнерите, кантите или корпите за отпадоци.

Скопје | пред 1 година

IMG_4152

ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани 80 кубни метри непрописно одложен отпад

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“.Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како и машинско миење на паркинг-просторот со употреба на автоцистерна.Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат да престане незаконското и несовесно одлагање отпад на јавни површини, со коешто директно се загадува животната средина и се загрозува јавното здравје.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања