Промени тема
Контакт

Расчистена дива депонија во населбата Даме Груев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
IMG_5195

,,И покрај редовното и континуирано празнење на садовите за комунален отпад според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена - Скопје се соочува со сериозен проблем. На дневна основа, се јавува тенденција за масовно одлагање на отпад на јавни површини и формирање на диви депонии, што сериозно ја загрозува животната средина и јавното здравје.

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена спроведоа вонредна активност за расчистување на дива депонија, создадена од непрописно одложен отпад на ул. "Лука Геров" (во близина на градинката "Пампурче") во населба "Даме Груев", општина "Ѓорче Петров". Оваа акција беше неопходна за враќање на јавната површина во претходната состојба и спречување на понатамошно создавање на слични проблеми.

— реклама —
— реклама —

Во овој контекст, апелираме до сите граѓани да се придржуваат до правилата за одлагање на комуналниот отпад. Секој отпад треба да се одлага исклучиво во контејнерите и да се избегнува оставање на отпад околу контејнерите. На тој начин, ќе се придонесе за одржување на чистотата и уредноста на нашата околина и ќе се спречат формирање на нови сметишта и диви депонии.”, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-library9cvub77u07579Uq8ukF

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 5 месеци

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања