Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
IMG_4844

И во текот на изминатите неколку дена, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во градот Скопје.

— реклама —

Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

— реклама —

Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите.

— реклама —

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни

површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryclv0lbksph8l9tN5528

Отстранети 615 кубни метри отпад, во Чаир 13 записници за кршење на Законот за јавна чистота

Скопје | пред 3 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 месец

media-library394rmk2fr4fr8OmWH9V

При крајот на оваа пролет ќе се набавуваат камионите за Комунална хигиена-Скопје, а ќе стигаат до крајот на годинава

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања