Промени тема
Контакт

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Комуналниот отпад во Општина Бутел се собира редовно и навремено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
IMG_4949

ЈП Комунална хигиена-Скопје најостро ги демантира наводите на градоначалникот на општината Бутел, којшто на својот фб-профил наведува целосни невистини поврзани со одржувањето на хигиената во оваа скопска општина.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на скопската општина Бутел комуналниот отпад континуирано се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.

— реклама —

Екипите на Претпријатието со месеци наназад се исклучително активни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина, каде што само во текот на изминатите десет дена се подигнати приближно 100 кубни метри отпад од повеќе диви депонии, лоцирани на булеварот Босна и Херцеговина – во близина на СУГС „Зеф Љуш Марку“ и кај социјалните згради, на улицата Радишанска – на двата влеза и кај Спортската сала, како и на слепата улица Цетинска.

— реклама —

Би сакале да напоменеме и дека ЈП Комунална хигиена-Скопје во никој случај не прави селекција според политичката определба на граѓаните, туку редовно и навремено ги спроведува своите активности подеднакво во сите скопски општини.

— реклама —

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните поединци да престане тенденциозното непрописно одлагање отпад на јавни површини со коешто масовно се соочуваме во текот на последните неколку месеци, а го повикуваме и споменатиот градоначалник на општината Бутел да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9ttm9lvlhg9h7RcNnTy

Пристигнаа новите возила за комунална хигиена, најавени и 3.300 контејнери

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
media-library9cvub77u07579Uq8ukF

675 кубни метри отпад отстранети од диви депонии низ Скопје

Скопје | пред 1 месец

media-librarykqs3urdbnug1dF2vSeQ

Комунална хигиена започна со миење на скопските улици и булевари

Скопје | пред 5 месеци

media-librarylmv5hhafuq7a9iCXB3J

Кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје за проневера на јавни средства од над 4,2 милиони денари

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања