„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

КРАЖБА

media-library6ucods7hhl2d1dZMKO7

Четворица обвинети за кражба и сквернавење на гроб на Бутелските гробишта, краделе бронзена биста од гробот на Стале и Бранка Попови

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб, кривични дела казниви по член 236 и член 400 од Кривичниот законик.Според обвинителството, осомничените на 17 септември влегле на градските гробишта во Бутел и дошле до алејата на заслужни граѓани. Со употреба на сила ја откорнале и урнале бронзената биста со два човечки лика во седечка положба, поставена на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.Иако бистата била зацврстена со анкери, тие ја разурнале и ја оштетиле платформата на гробното место, со што го осквернавиле гробот. Потоа бистата ја влечеле до жичаната ограда каде претходно направиле отвор, преку кој ја изнеле и ја натовариле во автомобил со намера да ја присвојат.Проценетата вредност на бистата, која е во сопственост на наследничка на починатите, изнесува околу 320.000 денари.Поради тежината на делото и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор за сите четворица осомничени.

Скопје | пред 5 месеци

IMG_5168

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „прикривање“.Прво и второпријавениот, во периодот од 01.02.2025 до 23.04.2025 во два наврати извршиле „тешка кражба“, при што на делница од Битола до село Кременица одзеле поголема количина на акумулатори, сопственост на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Северна Македонија. Додека, трето и четвртопријавениот за одредена сума ги откупиле предметите и покрај тоа што знаеле дека потекнуваат од кривично дело и не го пријавиле во МВР.На тој начин пријавените предизвикале материјална штета во висина од 10.606.746 денари. На прво и второпријавениот од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 месеци

mvr-krazba

(Вознемирувачко видео) По кражбите во црквите во Кривогаштани, жители сами го барале крадецот

Две кражби, во две цркви имало во селото Обршани во Кривогаштани, а кои се пријавени во МВР. По ова, на социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како жители во темница, фатиле лице за кое се сомневале дека е сторителот на двете дела. Истата е вознемирувачка.„Дај да го заколам на место бе. Абе кај си бил? Ќе те отепам како пес на место. Кажи кај одиш“, вели лицето кое го држи, а другиот тврди дека не крадел и не одговара каде одел, а се претсатвува дека е од Велес.(ВОЗНЕМИРУВАЧКОТО ВИДЕО МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ ТУКА)„Скопје1“ побара став од Секторот за внатрешни работи Битола од каде велат дека немале пријава за настанот, но полицијата ја има снимката и истата се проверува.„До овој момент во СВР Битола нема официјална пријава за таков настан, но полициските службеници ја проверуваат информацијата и работат на расчистување на настанот преку откривање на локацијата и лицата на видеото. Во Полициското одделение Кривогаштани во текот на вчерашниот ден биле пријавени два настани за кражби во верски објект(цркви) во с.Обршани каде биле одземени парични средства,се работи на расчистување на настанот“, вели Сања Стаматова, портпаролка на СВР Битола.Снимките од кражбата се објавени и јавно. Ако се погледне снимката од кражбата и снимката каде е фатено лицето - може да се забележи истата маица.

Македонија | пред 10 месеци

snimk2.01_15_17_01.Still006

(Видео) Снимена кражба во манастир во Кривогаштани

Три часа по полноќ, на 23 април, бил ограбен манастриот Свети Успение на Пресвета Богородица во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани. За ова обзнани црковниот одбор на социјалните мрежи.Тие ја обијавија снимката на која се гледа како лице отвора фиока од биро, која ја зема и бега. На него носи качулка за да го пркирие ликот и ракавици за да не остави отпечатоци.

Македонија | пред 10 месеци

kmkk

Сведоштво: Скопје стана Бејрут! Среде ноќ украден е велосипед и автомобил

Скопјанката Соња Дамјановска сведочи како од куќа позади Универзална сала, среде ноќ, е украден точак, а потоа, и автомобил. Апелира до сите, доколку некој го здогледа автомобилот, а и алармира.„Другари вчера вечер помеѓу 12:30ч и 02:40 на ул. Христо Смирненски позади универзална сала извршена е кражба во куќа додека во неа мирно спијат луѓе над 70 години! Украден е точак Giant, клучеви од Кола Suzuki Swift црвена боја-слика во постот.Крадецот си оди прво со точакот па околу 2:37ч, се враќа и ја краде колата( снимка од сосед).Ве молам доколку некој ја види колата со регистрација SK4070AN Suzuki Swift-црвена боја, нека пише веднаш! Ви благодарам. Центарот на Град Скопје стана Бејрут!“, алармира скопјанката.

Скопје | пред 1 година

Kradec

Приведен македонец во Бор: Провали во магацин на кинеска компанија, крадел кабли и делови за машини

Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикотПолицијата во Бор го уапсила државјанин на Македонија Н.Г.(51) за тешка кражба.Тој е осомничен дека провалил во магацини на кинеска компанија и украл околу 400 килограми високонапонски кабел, 134 килограми бакарен кабел, 79 килограми бронзени делови за работни машини и други предмети.Полицијата ги пронашла украдените предмети и му ги вратила на сопственикот.По наредба на Основното јавно обвинителство Бор, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Свет | пред 1 година

toskovski-krazba

Тошковски за филмската кражба на сеф во Црниче: Директорот на БЈБ е прва виолина за расчистување на вакви случаи

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, треба да издаде наредби со кои, треба да ги открие крадците на сефот од банкомат поставен во маркет во Црниче. Ова го изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој посочи дека во рамки на Министерството се преземаат оперативни дејствија.„Од страна на службите во рамки на Министерството, се преземаат сите оперативни дејствија за да се расчисти овој случај. Повторно напоменувам дека златна команда и императивна улога во рамки на ова што го напоменувате е директорот на Бирото за јавна безбедност. Тој е прва виолина за командување и спроведување до најниско ниво. Се надевам дека ќе се расчистат овие случај до избори, а сигурно по избори, се што не е расветлено, ќе биде расветлено“, рече Тошковски.Досега, краците не се фатени.

Македонија | пред 1 година

IMG_3299

(Видео) Крадци во Црниче извлекоа сеф од банкомат: возеа, па им падна среде пат и едвај го собраа во багажник

Кражбата која се случи пред два дена во Црниче, на стотина метри од седиштето на МВР, била снимена од жители. Се гледа како сефот од банкоматот се изнесува од маркетот „Рептил“.Неколку лица го вадат, го качуваат во автомобил, па по неколку метри возење – им паѓа среде улица. Тие излегуваат и пак го ставаат во автомобил. Досега истите не се пронајдени.МВР сподели детали.„На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, кажаа од МВР.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања