Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

КУМАНОВО

media-libraryvh5un24vqnrqerRfsHY

Лишена од слобода сопругата на лекарот во кој вчера беше пукано во Куманово

На 07. 10. 2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско.Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство,  по консултација со Основното јавно обвинителство, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 месеци

media-library01nmgmpgkjnl7aLOpm2

Позната здравствената состојба на повредениот доктор во кого беше пукано во Куманово

Министерството за здравство остро го осуди вооружениот напад што се случи во Куманово, при кој беше повреден доктор Зекирија Шаини. Лекарот е надвор од животна опасност и се наоѓа во стабилна состојба, каде прима соодветна медицинска нега.„Ќе обезбедиме целосна поддршка за доктор Шаини во текот на неговото закрепнување и рехабилитација“, информираат од Министерството.Институцијата го осудува секое насилство врз здравствени работници, оценувајќи го инцидентот како крајно неприфатлив.„Категорично го осудуваме нападот. Безбедноста на здравствените работници мора да биде гарантирана. Ќе преземеме конкретни мерки за унапредување на заштитата во соработка со здравствените установи и локалните власти“, се наведува во соопштението.Министерството најави и засилена координација со Министерството за внатрешни работи и општинските органи во Куманово, со цел целосно расветлување на случајот и утврдување на одговорноста.Од институцијата апелираат за воздржаност, почитување на приватноста на жртвата и поддршка за него и неговото семејство.„Ги повикуваме граѓаните и медиумите да покажат солидарност и разбирање. Министерството ќе ја следи состојбата на докторот и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни промени“, велат оттаму.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryss1ti5uvnqtndRvfcPR

(Видео) Објавена снимка од пукањето во Куманово – маскирано лице вперува пиштол во автомобилот управуван од докторот кој сега се бори за живот

На социјалните мрежи се појави снимка од безбедносни камери на која се гледа моментот од денешното пукање во Куманово, кога непознато маскирано лице со пиштол пукало кон автомобил „Фолксваген голф“ во движење.На видеото, снимено од надзорна камера поставена на околна зграда, се гледа како вооруженото лице стои покрај улицата, го забележува возилото кое се приближува и вперува пиштол директно кон него, испукувајќи неколку куршуми. По ова бега.Според првичните информации, три куршуми завршиле во шофершајбната на возилото. Возачот, 43-годишен доктор од село Слупчане, општина Липково, е тешко повреден и со итна медицинска помош бил пренесен во кумановската болница.Инцидентот се случи денеска околу 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците „Димитрие Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во Куманово.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски екипи веднаш излегле на терен, обезбедено е местото на настанот и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на напаѓачот и целосно расчистување на случајот.Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека двајца јавни обвинители излегле на лице место и се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење.– „Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопштија од Обвинителството.Случајот предизвика вознемиреност кај жителите на Куманово, особено бидејќи пукањето се случило среде бел ден и на фреквентна локација, во близина на продавници и кафулиња.Полициската истрага е во тек.

Настани | пред 4 месеци

media-libraryf2idlmo66rcod4BUQ4R

Обвинителите се на терен, ќе се утврдуваат мотивите за инцидентот во Куманово

Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија.Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага.Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти обвинителството.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9grujkr347ecf29jwT9

Ранет е д-р Зекирија Шахини, носител на Листата за советници во Општина Липково

Попладнево имало пукање во Куманово.Според неофицијални информации, пуканo е кон д-р Зекирја Шахини од Слупчане, носител на Листата за советници во Општина Липково.Тој бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување, по што веднаш е пренесен на Клиниките во Скопје и, според првичните информации, е надвор од животна опасност, ранет е во ногата.

Македонија | пред 4 месеци

kumanovo-bolnica_4

Затруени со храна учесници на семинар во Куманово - развиле температура до 41, повраќање и треска

Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење  со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.-Одделението за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово вчера пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени - заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени столици на секои 10, 15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка, соопштија од ЦЈЗ Куманово.Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, годинава по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.-Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, соопштија од ЦЈЗ Куманово.Епидемиолошката состојба се следи.

Македонија | пред 5 месеци

pistol-kursumi-zaplena

Претреси во Куманово: пронајдени 15 дронови и куршуми

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (12.09.2025), по судска наредба, извршиле претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51) од Куманово, како и во деловни простории на правното лице на Д.Г.Претресите следеле поради основи на сомнение за неовластено снимање со дрон на зградата на СВР Куманово, службени возила и физичко обезбедување на настан по повод празникот 2 Август.Кај Д.Х. биле пронајдени еден дрон, шест куршуми и нотарски акти со документација, кои ќе бидат дополнително обработени.Кај Д.Г. полицијата пронашла 14 дронови.Со двајцата лица се извршени службени разговори, а случајот се расчистува. Полицијата најави дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 месеци

Pozarnikari-DZS

Изгоре барака на Центарот за управување со кризи во Табановце

Во Транзитниот центар Табановце вчера попладне избил пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од кумановските пожарникари, информира МВР.На 02.09.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 15:45 часот во Транзитен центар Табановце настанал пожар во барака сопственост на Центарот за управување со кризи. Повредени лица нема, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 5 месеци

policija-alkohol

Уапсени возачи од Куманово и Кочани затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вечерните и ноќните часови на 22 и 23 август 2025 година, полициски службеници привеле тројца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.Во Куманово, на 22 август во 22:50 часот, на крстосницата меѓу улиците „Народна револуција“ и „Тоде Думба“, бил лишен од слобода 44-годишниот Д.Ј. од село Биљановце. При контрола било утврдено дека возел „Цитроен“ со 1,96 промили алкохол во крвта. Неколку часа подоцна, на 23 август во 02:59 часот, полицијата на улицата „Ленинова“ го привела и 51-годишниот Б.М. од Куманово, кој управувал „Ауди“ со 2,04 промили алкохол.Во Кочани, пак, на 22 август во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Кочани го привеле 47-годишниот Е.Д. кој возел со 1,59 промили алкохол во крвта.Сите лица биле задржани во полициските станици, а против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Уште едно дете се затруло со непозната течност во Куманово!

Кумановската болница синоќа пријавила случај на затруено дете во Куманово. Според информации од кумановската полиција станува збор за четиригодишно дете.– Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Од болницата соопштуваат дека детето е примено на педијатрија, по извршениот преглед од страна на дежурниот лекар, стабилизирано е и однесено е на клиника во Скопје.Детето е затруено со консумирање на непозната течност, најверојатно детергент.Во јули, годинава имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе од липковското село Отља, а неколку дена подоцна и десетмесечно бебе од Куманово.

Македонија | пред 6 месеци

kumanovo-gradonacalnik

Горан Стојковски-Диро, независен кандидат за градоначалник на Куманово

Куманово го доби својот прв независен кандидат за градоначалник – Горан Стојковски-Диро, кој синоќа ја објави својата кандидатура и ја претстави советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“. Настанот се одржа пред градскиот часовник, кој, според него, „дваесет години стои како симбол на застојот и хаосот во кој живее градот“.Стојковски е правник и моментално работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово. Претходно, два мандата го водеше ЈП „Водовод“, каде дојде од приватниот сектор. Тој вели дека излегувањето на избори не е само одговор на неуспехот на политичките партии, туку и обид да се понуди нов модел на управување.„Овде сме за да поставиме нови стандарди и критериуми. Ќе се потпреме на највредниот ресурс – луѓето. Во нашиот тим има компетентни и професионални лица кои знаат и сакаат да работат за граѓаните“, порача Стојковски.Стојковски е трет официјално објавен кандидат за градоначалник на Куманово, по Максим Димитриевски од ЗНАМ и Мартин Костовски од СДСМ, но прв кој настапува како независен. Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а евентуалниот втор круг на 2 ноември.

Македонија | пред 6 месеци

Нема фотографија

Повредено тримесечно бебе во сообраќајка кај Куманово, се судриле „фиат“ и „ауди“ со бугарски таблички

Тримесечно бебе и уште тројца возрасни лица се повредени, а еден возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово–Свети Николе. Во судирот учествувале „фиат“ и „ауди“ со бугарски ознаки, а полицијата извршила увид на местото на настанот, соопшти МВР.-На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, наведува МВР.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovoo

Од спорт до скандал – антиалбански скандирања предизвикаа лавина реакции

Бројни реакции и критики беа упатени по кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија-Романија кој се одржа во реновираната спортска сала во Куманово. Поради критиките дека навивачите скандирале навредливи и националистички пораки, Обвинителството отвори постапка. Министерот за спорт, Борко Ристовски, рече дека не реагирале оти скандирањата доаѓале од навивачи, а не клубови.„Немаме никаква ингеренција да реагираме кога доаѓа од навивачи. Во Македонија нема потреба за такви скандирања ниту од една, втора, трета страна. Секој нека си ја поддржува својата екипа, ама нема потреба од вакви скандирања. Ние може да работиме на едукација“, рече министерот за спорт Борко Ристовски.Премиерот Христијан Мицкоски, го осуди скандирањето, кое рече дека, дошло од „неколкумина“.„Во текот на вчерашниот ден, домаќинот, Кошаркарската федерација и Општина Куманово, го осудија скандирањето. Додека бев таму, не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група луѓе. Еве ќе ја искористам приликата за испадот на национализмот и ксенофобијата, како и да упатам порака до сите групи да навиваат спортски“, рече премиерот Мицкоски.На социјалната мрежа „Фејсбук“ се огласи поранешниот министер за здравство Арбен Таравари кој упати остри критики кон премиерот, претставниците на ВРЕДИ, министерот Тошковски и други функционери.„Ние, Албанците, бевме проколнати за нашата мајка, семејство, потекло, племе и семе во хор од македонските навивачи! Премиерот молчеше и молчеше… се чинеше како да добива одговор на она што го поттикна пред неколку дена со палење оган меѓу етникумите и користење опасни изрази како „каур“. П.С. Викаа за Чиста Македонија (без Албанци)… Што да кажам?! Ќе изберам молчење како и секогаш, но овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот на Србија, па и подалеку, мора да биде осуден и изгаснат!“ напиша тој во објавата на „Фејсбук“.Вицепремиерот и министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити исто така ги осуди скандирањата за време на кошаркарскиот натпревар. Тој посочи дека Северна Македонија е заедничка земја за сите и дека спортот треба сите да ги обедини, а не да ги дели.„Најостро ги осудувам расистичките и антиалбанските скандирања што се слушнаа за време на кошаркарскиот натпревар во Куманово. Навредливите зборови и песни што поттикнуваат омраза немаат место во нашата држава и општество. Тие претставуваат напад врз соживотот и еднаквоста што ја прават Северна Македонија единствена. Северна Македонија е заедничка држава за сите: Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и други. Сите ние придонесуваме за оваа земја. Сите заслужуваме почит. Спортот треба да нè обединува, а не да нè дели. Фашистичките скандирања не претставуваат никого од нас и не смеат да се повторуваат повторно“ напиша Меџити на неговиот „Фејсбук“ профил.

Македонија | пред 6 месеци

kosarka-kumanovo

Обвинителството поведе постапка за говор на омраза на кошаркарскиот меч во Куманово

Основното обвинителство-Куманово започна предистражна постапка и му наложи на Секторот за внатрешни работи да испита можни елементи на кривично дело поврзано со говор на омраза, откако за време на натпреварот меѓу Македонија и Романија биле забележани скандирања со навредлива и омаловажувачка содржина од засега непознати лица.-Основното јавно обвинителство Куманово постапува и до СВР Куманово издаде повеќе наредби и насоки за испитување елементи на кривично дело при скандирањата кои содржеа говор на омраза од засега непознати лица на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Романија, велат оттаму.Како што информираат од обвинителството, издадена е наредба да се прибават видеоснимки од надзорните камери за полесно идентификување на инволвираните лица.Настанот се одиграл на 2 август во спортската сала во Куманово, кога двете репрезентации одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство во кошарка 2027.Натпреварот, во кој македонската селекција беше поразена со 72:80, воедно го означи и повторното отворање на реконструираната спортска сала во Куманово. Меѓу присутните на трибините беа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот Максим Димитриевски.фото: ФБ

Македонија | пред 6 месеци

IMG_3373

Обвинителството се повлече: Против Максим Димитриевски повеќе не се води постапка за злоупотреба

Основното јавно обвинителство Куманово, на само пет дена пред закажаните завршни зборови, се повлече од обвинението против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој беше обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањата, по пријава од двајца бизнисмени од Куманово за ненавремено издавање дозвола за градба.Основниот суд Куманово денеска објави дека донел пресуда со која обвинението против Димитриевски се одбива.„Основниот суд Куманово, имајќи предвид зголемениот интерес на јавноста за предметот К-115/24 против обвинетиот М.Д. од Куманово, за кривичното дело според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, ја информира јавноста дека на 1 јули 2025 година донесена е пресуда со која се одбива обвинението, согласно член 402 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка, бидејќи јавниот обвинител на 30 јуни 2025 година го повлекол обвинението“, се наведува во соопштението на судот.Судскиот процес започна на 2 април 2024 година, а последното рочиште се одржа на 27 јуни. За 4 јули беше предвидено изнесување завршни зборови, што го најави и судијката Маја Денковска.Во обвинителниот акт се тврдеше дека Димитриевски, во својство на градоначалник на Куманово, од април 2023 година не постапувал по службена должност, односно не потпишал решение за одобрување градба и не ја изготвил пресметката за надомест за уредување градежно земјиште за фирмите „УПМ-ГРУП“ и „Хромак“ од Куманово. Според тужителите, на тој начин е направена штета во износ од 3,3 милиони денари.На денешната седница на Советот на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски изјави дека Обвинителството утврдило оти не постојат елементи на кривично дело, поради што обвинението било повлечено.„Како човек кој верува во системот, учествував во сите рочишта и верував дека постојат чесни луѓе и професионалци кои ќе донесат промени во судството. Но, секогаш сум ги критикувал оние кои се водат од политички мотиви и меѓусебни поврзаности, какви што има многу во Кумановскиот суд, но и во други судови во земјава. Времето ќе покаже кој е дел од тој механизам“, рече Димитриевски.Тој ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори како претставник на коалицијата ЗНАМ, која е дел од владината коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања