Промени тема
Контакт

Дванаесетгодишник од Куманово жртва на врсничко насилство, соученик го терал да скокне од прозорец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
IMG_4387

Случај на врсничко насилство е пријавен во Куманово, откако 12-годишно дете, според пријавата на неговата мајка, подолг период било изложено на навреди и исмејување од свој соученик, кој во еден момент го поттикнувал да скокне од прозорец во училницата.

— реклама —

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 3 март 2026 година во 12:45 часот, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека нејзиниот син, ученик во основно училиште во Куманово, подолг период бил малтретиран од соученик.

— реклама —

Според пријавеното, соученикот често го навредувал и исмејувал, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата.

Мајката пријавила и дека детето претходно го информирало педагогот во училиштето за случувањата, но, според неа, не биле преземени мерки, ниту пак таа била известена.

— реклама —

Над малолетникот биле извршени лекарски прегледи во болницата во Куманово и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија.

— реклама —

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library76ee7sj98oupd7DEdih

70-годишен скопјанец пронајден починат, телото предадено на обдукција

Македонија | пред 20 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Тројца малолетни ученици физички нападнати во Рекреативниот центар „Сарај“

Скопје | пред 20 часа

media-library9e9f9mqh3e0daePfi5N

Приведен 35-годишник, со трактор без регистарски ознаки превезувал бесправно исечени дрва

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања