Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Пуканиот доктор Шаини ја брани сопругата од вмешаност во вооружениот напад во Куманово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library71s48f6r2qho3lfgWMT

Д-р Зекирија Шаини, во кој беше пукано пред неколку дена во Куманово среде бел ден, денеска на прес конференција ги отфрли обвинувањата и каква било вмешаност во инцидентот на неговата сопруга.

— реклама —

„Сакам јавно да ја изнесам вистината за инцидентот и да ги разјаснам неточните информации кои се шират преку медиумите и социјалните мрежи. Немам никакви сознанија за мотивите на нападот и немам никакви неразрешени сметки со никого“, истакна Шаини.

Тој целосно ги отфрли обвинувањата дека сопругата Арјета Адили, има каква било поврзаност со нападот, нагласувајќи дека ваквите тврдења се неосновани и нанесуваат штета на неговата фамилија.

— реклама —

„Барам од истражните органи да ја објаснат ситуацијата почитувајќи ја нашата семејна приватност и името на госпоѓата Адили“, додаде тој.

— реклама —

Шаини апелираше истражните органи да се фокусираат на откривање на вистинскиот сторител и да не го прикажуваат инцидентот како семејна расправија или недоразбирање.

„Фала му на Бога, мојата сопруга и ќерките се живи и здрави“, рече тој. „Стојам на располагање на органите на прогонот и сум заинтересиран случајот да добие што побрзо епилог и вистината да излезе на виделина. Апелирам и до политичките субјекти да не го користат овој инцидент за политички цели, особено во текот на локалната изборна кампања“, додаде Шаини.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhult5abfiqis1V4Yh96

Ѓубрето од Куманово привремено ќе се депонира во Дрисла, продолжува санацијата на депонијата Краста

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryoh7u1g9haovq3G6lz1o

Депонијата „Краста“ под засилен надзор, ќе се формира еко-патрола од локалното население

Македонија | пред 3 седмици

media-library2lmcubmvp3g45sYWzM1

(Видео) Со „говеда, џукери, глупи, ќе те умрам“, претседателката на кумановскиот суд се обраќала кон вработени, обвини УПОЗ - 75 од 90 вработени бараат разрешување

Македонија | пред 1 месец

media-library9nsg8rcjtmua2fQIR6s

Во Куманово нема да се затвора ниту едно училиште: Јовановиќ со информација за новата учебна година

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања