Промени тема
Контакт

Ѓубрето од Куманово привремено ќе се депонира во Дрисла, продолжува санацијата на депонијата Краста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryhult5abfiqis1V4Yh96

Сметот од Куманово привремено ќе се транспортира и депонира на скопската депонија Дрисла, со цел да се надмине проблемот со одлагањето на отпадот по блокадата на локалната депонија Краста.

— реклама —

Ова вчера го соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој изрази благодарност до градоначалниците Ѓорѓиевски и Јанчев, премиерот Христијан Мицкоски и менаџерскиот тим на Дрисла за нивната помош во организирањето на транспортот на сметот.

— реклама —

Димитриевски најави дека активностите за санација на депонијата Краста продолжуваат со засилено темпо, со цел проблемот да се надмине во најбрз можен рок.

— реклама —

Тој воедно им се извини на кумановци поради проблемите со кои се соочуваат како последица на блокадата на депонијата, посочувајќи дека локалните власти работат на изнаоѓање решение.

Привременото депонирање на отпадот во Дрисла треба да овозможи непречено справување со сметот додека траат активностите за санација на Краста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoh7u1g9haovq3G6lz1o

Депонијата „Краста“ под засилен надзор, ќе се формира еко-патрола од локалното население

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library2lmcubmvp3g45sYWzM1

(Видео) Со „говеда, џукери, глупи, ќе те умрам“, претседателката на кумановскиот суд се обраќала кон вработени, обвини УПОЗ - 75 од 90 вработени бараат разрешување

Македонија | пред 2 седмици

media-library9nsg8rcjtmua2fQIR6s

Во Куманово нема да се затвора ниту едно училиште: Јовановиќ со информација за новата учебна година

Македонија | пред 1 месец

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Цел час ме тепаше и допираше по телото“: Потресни сведочења на жртвите на серискиот убиец во Куманово

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања