Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

КУМАНОВО

maksim-dimitrievski-43

Максим ќе бара пак доверба да остане градоначалник во Куманово, партијата најавува борба и за место во Скопје

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, потврди дека партијата ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово – актуелниот градоначалник и партиски лидер Максим Димитриевски.Преговорите за настап на локалните избори во рамки на коалиција се сѐ уште во тек, а ЗНАМ најавува кандидати и во други општини, вклучително и во Скопје.Филков додаде дека ЗНАМ е подготвена за избори со било кој модел – дури и веднаш.На прес-конференцијата беше објавено и формирањето на градската организација на ЗНАМ во Скопје, што партијата го нарече почеток на „сериозна и решителна политичка борба“.

Македонија | пред 8 месеци

policija-1313

Фатени пијани возачи во Куманово – еден од нив со речиси 2 промили алкохол во крвта

На 15 јуни 2025 година, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово, во два одвоени случаи, привеле двајца возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол.Во 18:20 часот бил сопрен В.Ц. (30) од Куманово, кој управувал патничко возило марка „Фолксваген Венто“. По извршената контрола, било утврдено дека возачот имал 1.69 промили алкохол во крвта.Неколку часа подоцна, во 20:20 часот, бил сопрен и Е.С. (32) од Скопје, кој управувал „БМВ“. Кај него биле измерени 1.84 промили алкохол, што е речиси четири пати над дозволеното.Двајцата се лишени од слобода, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Максим Димитриевски сака трет мандат за Куманово

Актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе влезе во трка за трет градоначалнички мандат во Куманово.,,Во моментот преговорите се во тек. Но она што можам да го повтврдам сигурно е дека ние ќе имаме кандидат во градот Куманово, тоа е нашиот претседател Максим Димитриевски. Ќе имаме најмалку едно градоначалничко место во општините во Град Скопје, но и други места ширум републиката за кои се уште траат преговорите”, вели Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков.Според партиски информации, ЗНАМ имаат амбиција во поделбата на колачот со ВМРО-ДПМНЕ, да го добијат Центар.Партијата најави дека ќе одат со сопствени советнички листи.

Македонија | пред 8 месеци

vandaliziran-avtobus

(Фото) Вандализиран автобусот на Чаир 2030 во Куманово на кошаркарскиот натпревар: Ситуацијата ескалираше надвор од паркетот

Кошаркарскиот натпревар меѓу Куманово и Чаир 2030 помина со низа инциденти во салата. Навивачите на Куманово беа избркани од салата поради навредите на национална основа кон гостите од Чаир. Прекинот на мечот траече 40 минути, а за тоа време, полицијата ги бркаше најжестоките фанови на домаќините.Чаирчани преку соопштение се пожалија за тоа што го доживеаа во Куманово и побараа реакција од надлежните.„Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 вчера го одигра својот следен натпревар во рамките на Првата лига на Република Македонија против домаќинот, КК Куманово. Натпреварот се одвиваше во исклучително тензична атмосфера, при што за жал се слушнаа навреди и омаловажувања на етничка основа, што е апсолутно неприфатливо во која било сфера, а особено во спортот. Како резултат на навредите и пцовките на етничка основа, делегатот нареди веднаш празнење на салата. Покрај недостигот на соодветна организација од страна на домаќинот – вклучително и технички проблеми со семафорот и осветлувањето – ситуацијата ескалираше надвор од паркетот. По завршувањето на натпреварот, навивачи на домашниот тим се обидоа да го вандализираат автобусот на нашиот клуб, оставајќи и натписи со националистичка и навредлива содржина. КК Чаир 2030 најостро го осудува ова срамно и антидржавно однесување. Спортот треба да биде место на почит, здраво ривалство и обединување, а не омраза и вандализам. Апелираме до надлежните институции веднаш да преземат соодветни мерки и да го истражат овој инцидент, за ваквите појави да не се повторат во нашите спортски арени“, реагира Чаир 2030.

Спорт | пред 10 месеци

kumanovo-zapalen-dukjan-750x430-1

(Видео) Уапсен пироманот кој запали автомобили во Куманово: фатен е на Бит Пазар

Денеска (05.12.2024) во 01.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, по претходно добиени оперативни информации и координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(35) од Куманово.Тој се сомничи дека на 02.12.2024 во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект.Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Приведен крадец во Куманово

Денеска (03.08.2024) во 08.00 часот во Куманово полициски службеници го лишиле од слобода Н.З.(58) од Куманово поради тоа што околу 06.30 часот на автобуска постојка во с.Пезово, со уште едно женско лице со употреба на физичка сила од С.П.(84) од с.Пезово, кумановско, одзеле пари и го напуштиле местото на настанот со патничко возило „форд галакси“ со кумановски регистарски ознаки, кое на 02.08.2024 околу 16.30 часот го одзеле пред викенд куќа во с.Скачковце, кумановско, сопственост на Ј.М.(47) од Куманово.Возилото и дел од одземените предмети се вратени на оштетените. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

Volkot-boban-trajkovski-750x430-1

Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик

Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.

Македонија | пред 1 година

Osnoven-sud-Kumanovo

Министерство за правда ја префрли топката кај кумановскиот суд: Укажавме на несоодветно архивирање, но не преземаа мерки

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни при што беше констатирано следново:Судската архива е сместена во подрумските простории.Архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година.Нема континуирано архивирање на предмети.Овој проблем се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање.Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС во судовите го задолжи Основниот суд Куманово да започне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор.Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање.За време на надзорот од страна на ВД претседателот на судот беше истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува.

Македонија | пред 2 години

Osnoven-sud-Kumanovo

Пет месеци нема казна за в.д. претседателот на кумановскиот суд за навредите кон вработените и злоупотребите на АКМИС-системот

Министерството за правда преку соопштение до медиумите реагира дека и покрај укажувањата и писмените дописи за констатирани неправилности во работата на Основниот суд Куманово, Судскиот совет одолжува и не постапува по извештајот кој е изготвен од нивна страна и јавно објавен на веб-страницата на Советот.„Судскиот совет беше во работна посета на Основниот суд Куманово на 1 февруари годинава и подготви извештај, каде што се констатирани низа нарушувања на угледот на судиската функција, направени се груби повреди на начелото на недискриминација по која било основа, користење несоодветен вокабулар, навреди и омаловажувања на вработените од страна на в.д. претседателот на судот, како и злоупотреба на АКМИС-системот, што во голема мера влијае на односите и работењето на судот“, соопшти Министерството за правда.Министерот за правда, Кренар Лога, на 11 април испрати писмен допис до Судскиот совет, во кој бара преземање мерки за недостатоците констатирани во извештајот, кој беше на дневниот ред на седница на Судскиот совет на 13 март.„Во извештајот се наведени и злоупотреби на АКМИС-системот, исклучување одредени судии од автоматската распределба на предмети. Од увидот на предметите во работната група констатирано е долго траење и одолжување на постапката, неуредно и неажурно верификување на предметите во АКМИС-системот. Од Судскиот совет добивме известување на 12 април дека дописот е доставен на запознавање и понатамошна надлежност и постапување до координаторот за следење на работата на Основниот суд Куманово, членот на Советот, Ханиф Зендели“, велат од Министерството за правда.Министерот Лога испратил и ургенција за постапување до Судскиот совет.„На 29 јуни од страна на заменик-претседателот на Судскиот совет, Ханиф Зендели, доставен беше одговор дека е изготвен дополнителен извештај, кој е потребно да се разгледа на седница на Судскиот совет по што ќе нè информираат за констатираната состојба“, велат од Министерството за правда.Од Министерството уште еднаш јавно го повикуваат Судскиот совет да постапи во согласност со надлежностите и нагласуваат дека неказнувањето вакви случаи ќе доведе до дополнително нарушување на угледот на Советот, а со тоа и намалување на довербата во правосудството.

Македонија | пред 2 години

347613782_709155224553637_8762994326614956248_n

„Која по ред е оваа архива на институција што гори сама од себе или се поплавува“, прашува Ковачки

Во пожар што избувнал во 1 часот и 35 минути по полноќ изгореa подрумските простории во зградата на Основниот суд Куманово. Таму се чува архивата на судот.На социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој праша која по ред е оваа архива која што изгорела сама од себе.„Архивата на Судот во Куманово изгоре.Која по ред е оваа архива на институција што гори сама од себе или се поплавува?“, прашува Ковачки

Коментари | пред 2 години

Kumanovo-01

Уставниот суд ќе одлучува за Одлука на Општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје

На денешната 9. седница која ќе се одржи во 9.15 часот во Уставниот суд покрај предметите предвидени за дискусија на дневен ред, Судот треба да одлучува и по предлог-одлуката за предметот У.бр. 82/2022. Станува збор за Одлука на општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година.За овој предмет Уставниот суд поведе постапка на 20 декември 2022 година со што изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката донесена од Советот на општина Куманово.Имено, Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката. Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици.На истата седница Уставниот суд одлучи да го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведена е т.н. времена мерка.

Македонија | пред 2 години

kumanovo-2

Шест месеци бесплатен превоз во Куманово

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски соопшти дека на денешната Седница, Советот на општината го прифати неговиот предлог и едногласно донесе одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.„Со оваа одлука граѓаните во наредниот период ќе можат бесплатно да го користат јавниот линиски превоз за своите потреби. Во време на економско-енергетска криза граѓаните на Општина Куманово добиваат можност за значителни заштеди во семејниот буџет. Со ова, ќе придонесеме за намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и намалување на загадувањето. Дополнително, ќе се стремиме да се унапреди нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово и да стимулираме што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби“, вели Димитриевски.

Македонија | пред 3 години

pistol-vperen

Драма во Куманово: Со автомобил му го попречил патот и му извадил пиштол, а син му го прободел со нож

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 74-годишен кумановец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, како и против неговиот 35-годишен син, осомничен за помагање при извршувањето на наведеното кривично дело.На 2 септември, на раскрсницата помеѓу улиците „Киро Фетак“ и „Борис Кидрич“ во Куманово, првиот осомничен со умисла се обидел да лиши од живот едно лице, додека вториот осомничен со умисла му помогнал во тоа, отстранувајќи ги пречките за извршување на кривичното дело.Осомничените го забележале оштетениот кој се движел по улицата „Киро Фетак“ со неговиот автомобил и во моментот кога пристигнал на раскрсницата со улицата „Борис Кидрич“, вториот осомничен за да го спречи да избега, од појасот извадил пиштол од неутврдена марка и калибар, му го попречил патот, застанувајќи пред возилото, го репетирал пиштолот и го вперил во правец кон оштетениот. Тој застанал со возилото, по што до автомобилот се приближил првиот осомничен и од зад грб извадил нож на расклопување. Најпрвин му се обратил на оштетениот со зборовите „кој си ти што не гледаш“, по што започнал вербално да се расправа и се обидел да му зададе убод со ножот во пределот на градниот кош. Меѓутоа оштетениот ја подигнал левата рака со цел да се одбрани, па осомничениот му задал убоди во пределот на левото рамо. Веднаш потоа двајцата осомничени избегале од лице место.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Македонија | пред 3 години

kumanovo-pozar-grom

(ВИДЕО) Гром пеплоса куќа во Куманово, настана огромен пожар

Пожар избувна во Куманово.Според првичните информации горат една или повеќе куќи, а пожарот започнал поради удар на гром.Екипите се на терен и го гасат пожарот, информираа кусо од ТППЕ Куманово.

Македонија | пред 3 години

IMG-20220617-WA0002

Тупанчески го информираа за состојбата во затворот Куманово

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во работна посета на Куманово.За време на посетата во затворот Куманово, Тупанчески беше информиран од директорот Ненад Цветковиќ за состојбата во оваа казнено поправна установа, условите на издржување затворска казна, проблемите со кои се соочуваат вработените.Станува збор за установа од полуотворен вид со капацитет од 250 лица во чии рамки функционира и отвореното одделение во Крива Паланка.Министерот Тупанчески се сретна и со претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев а го посети и ОЈО каде разговараше со Основниот јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани.На средбите министерот беше информиран за состојбите во овие институции а на вработените им беше порачано дека Министерството за правда преку реформите во судството се грижи за унапредување на нивните права.Доказ за тоа е сетот од 4 закони кои Владата неодамна ги усвои а со кои се зголемуваат платите за 15%.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања