ЛДП

inicijativa-ldp

Аврамоска Ѓореска: Со усвојувањето на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, решаваме клучно прашање за безбедноста на жртвите

Имајќи ги предвид сѐ позачестените и брутални случаи на семејното насилство кои се случуваат во нашето опкружување, Либерално-демократската партија предлага изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.Промената на законот се предлага поради потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи ја предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата.Промената ќе значи покрај забраната за приближување, сторителот да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри. Оваа мерка ќе ја зголеми заштитата на жртвата и ќе ја намали можноста за повторно изложување на насилство.„Во време кога жените од ден во ден трпат сѐ поголемо насилство, од клучна важност е на нив да им обезбедиме начин како да се заштитат и себе и блиските од насилниците. Во рамки на кампањата на Обединетите Нации, ’16 дена активизам против родово базирано насилство’, Форумот на жени на ЛДП подготви предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Доколку успееме да најдеме начин и ги усвоиме овие измени, ќе решиме голем проблем и ќе воведеме конкретно системско решение кое ќе се однесува на сите прекршители на законот, истовремено зголемувајќи ја безбедноста на жртвите“, изјави претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска.Претходно, ЛДП и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО - Скопје потпишаа Меморандум за соработка, кој опфаќа взаемна поддршка во процесот на законско дорегулирање на заштитата на жртвите од насилство, како и организирање на заеднички настани, трибини и преземање на други активности за подигнување на јавната свест за потребата од превенирање и санкционирање на насилството врз жените и семејното насилство.

Македонија | пред 1 година

Monika-Zajkova-5-1170x780-1

Зајкова да ги следи постапките на СДСМ и да си поднесе оставка, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП

„Иницијативниот одбор смета дека Зајкова треба да ги следи стапките на Ковачевски и да си поднесе оставка. СДСМ ја прифати опозиционата улога и започна со нови сили да биде коректор на власта, што е здраво за секоја демократија. За разлика од нив Зајкова ја држи ЛДП во заложништво и никако не може да прифати дека народот ја прати во опозиција“, велат од Иницијативниот одбор на ЛДП.„Викендов во ИЕ5 наместо регионален семинар на ЛДП, Зајкова остана осамена во хотел Молика само со дел од членовите на ЛДП од Битола.Општинските организации во ИЕ5 и порај невидените притисоци и закани на раководството се приклучија на трибината организирана од страна на иницијативниот одбор за реформи во ЛДП.Колку побрзо разбере Зајкова дека партијата е поважна од личните интереси толку побрзо ЛДП ќе се реформира и ќе го врати своето значење и влијание на политичка сцена.Порачуваме наместо да прави заеднички трибини со луѓето со кои до вчера беше политички непријател и да го бламира членството и партијата, да се надмине себе си и да си поднесе оставка.Партијата час поскоро треба да ги отпочне подготовките за самостоен настан на престојните локални избори“, соопшти Иницијативниот одбор на ЛДП.

Македонија | пред 1 година

zajkova1

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци и парите ќе останат во џебовите граѓаните

Во време кога граѓаните сѐ уште трпат големи последици од економската криза, а банките од година в година остваруваат огромни профити, од огромно значење е да се спречи секое дополнително финансиско оптоварување.Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, откако лани го поднесовме со пратениците на ,,Левица” и не помина односно не дојде ниту на дискусија, денеска по втор пат го поднесуваме Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи. Наместо со интерна банкарска политика, доколку се усвојат овие измени и дополнувања, неоснованите трошоци ќе бидат регулирани со законско решение.„Упатувам апел од оваа говорница до сите пратеници да нѐ поддржат и најбрзо што можат да го изгласаат овој предлог-закон, со единствена цел враќање на илјадници денари во џебот на граѓаните, изјави денеска претседателката Зајкова откако и официјално ги достави предлог измените во Собранието.Според Зајкова, носењето на правилни законски решенија делува во функција на зголемувањето на финансиската моќ на граѓаните и преку овој предлог-закон ќе се ограничи слободата на банките неосновано да ги наплаќаат речиси сите нивни услуги.„Граѓаните не се должни да ги богатат банките на нивна штета. Затоа, значењето за брзо носење на ова законско решение е огромно! Не смееме да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички – банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот“, појаснува Зајкова.Дополнувањата и измените предвидуваат да доколку една сметка во банка е прогласена за неактивна од страна на банката, тогаш банката не смее понатаму да наплатува никакви надоместоци од таа сметка, паричните средства ќе бидат заштитени.„Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи се воведуваат уште неколку системски решенија – намалување цената за онлајн плаќања, проверка на состојба на трансакциска сметка на банкомат, намалена провизија за повлекување пари од банкомат на друга банка и така натаму. Доколку успееме заеднички да го донесеме Предлог-законот за платежни услуги и платни системи, речиси сите непотребни трошоци кои ги имаат граѓаните за банкарски услуги ќе заминат во минатото и парите повторно ќе се вратат во нивните џебови“, заклучува претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на РСМ, Моника Зајкова.

Македонија | пред 1 година

danela-arsovska2

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш!

Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, денешниот колапс на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат, велат од ЛДП.„Однесувањето на градоначалничката Арсовска, наместо на вистинска „мајка на градот“, изгледа на однесување на разгалено дете.Колапсот на градскиот превоз изминатите 2 денови е последното дно кое го допре моменталното градско раководство, „оперирано“ од срам, било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.Секојдневните смени на директори на јавните претпријатија, хаосот во работењето на градските служби, нехигиената во градот, запоставувањето на Зоолошката градина, загадениот воздух се само дел од причините зошто Данела Арсовска мора час поскоро да ја поднесе оставката и да се надмине оваа агонија која скопјани ја живеат секој ден. Покрај општото безредие кое владее во градот изминатите години, колапсот на јавниот превоз и измрзнатите граѓани по автобуските станици утринава се дополнителни аргументи предлогот на ЛДП за отповикување на градоначалници да биде поддржан во Собранието по итна постапка.Градоначалничке Арсовска, наместо празни обвинувања на сѐ и секој кој не размислува како Вас, имајте доблест, покажете одговорност кон оние кои ве гласале, поднесете неотповиклива оставка и спасете ги граѓаните и овој град од вашето „менаџирање“!Само со заминување на Арсовска од позицијата на градоначалник, ќе се отвори можност да се засукаат ракавите и со напорна работа, да се исконтролира штетата предизвикана од овој мандат и да се постават работите во вистински правец. Во спротивно, не само што ќе продолжи, туку агонијата на Скопје и скопјани ќе станува сѐ поголема секој нареден ден.Во оваа насока, советникот од редовите на ЛДП во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, се потпиша и даде поддршка на иницијативата за свикување денеска на итна седница на Советот, со цел изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија за моменталната состојба во која се наоѓа Скопје“, соопшти ЛДП.

Скопје | пред 1 година

Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Иницијативниот одбор на ЛДП: Наместо да понесе одговорност за изборниот пораз, Зајкова без срам објавува желби да била дел од власта

„Непринципиелната политика на раководството на ЛДП и Моника Зајкова оди до таму што наместо почитување на интересот и желбата на граѓаните, единствено со што се занимаваат е остварување на желбите и интересите на раководството на ЛДП“, реагираат од Иницијативниот одбор на ЛДП по повод, како што велат, „небулозните изјави на 'лидерката' Зајкова“.„Изборната волја на граѓаните беше јасно кажана на последните избори каде Зајкова како коносител на листа доби црвен картон од граѓаните за нејзините погрешни политики.И наместо да понесе одговорност за изборниот пораз, таа без срам објавува желби да била дел од власта.Дволичната политика на раководството е веќе осудена од членството и од широката јавност.Очигледно на политичката сцена се најде достојна замена за Амди Бајрам и неговата парола „Кој е на власт, ја сум со вас“.Иницијативниот одбор бара од раководството на ЛДП, да престанат со додворување на власта и да ја прифатат опозиционата улога која им ја доверија граѓаните“, соопштуваат од Иницијативниот одбор на ЛДП.

Македонија | пред 1 година

IMG_6907

Зајкова негира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат

„За нас како партија, но и како држава цврсто вкотвена во евроатлантското семејство, стратешкото партнерство со САД е од непроценлива вредност и ние ќе продолжиме да соработуваме со претставниците на новата американска администрација за подобрување на животниот стандард и квалитетот на демократското живеење на македонските граѓани“, порача претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова на денешната прес конференција во седиштето на партијата, честитајќи му ја изборната победа на новоизбраниот американски претседаел, Доналд Трамп.Говорејќи за квалитетот на живеење и за стандардот овде во Македонија, претседателката Зајкова потсети на законскиот предлог кој го поднесе во Собранието минатата година, а се однесува на намалувањето или укинувањето на банкарските провизии, за кој Зајкова најави неодамна дека повторно ќе го поднесе во собранието. Минатата година законот не помина во собранието, но Зајкова нагласи дека не се откажува ниту таа како пратеник, ниту ЛДП, затоа што тој закон претставува заштеда на граѓаните од повеќе илјади денари на годишно ниво.Според Зајкова, предлагањето на законот е нормален начин на функционирање во ЕУ но додава дека во Македонија изгледа тоа предизвикува и бури и закани и посочува дека заканите кои ги добивала минатата година телефонски и на социјалните мрежи, сега добиле на интензитет.„Додека Моника Зајкова е претседател, а ќе биде уште најмалку 2 години, ЛДП ќе остане доследна на своите програмски принципи по кои е препознатлива и ценета. Како што не дозволив никој да ми врши влијание да дадам поддршка на измените на Кривичниот законик, на специјалнот закон без да го знам договорот за Бехтел и Енка, како што не дозволив ни да ми го сменат ставот за Законот за игри на среќа, така нема да дозволам и сега закани и уцени нити за Законот со кои се намалуваат банкарските провизии. Нема да престанам под никакви закани да се борам европската пракса да биде применета и во Македонија, односто енормните трошоци да останат таму каде припаѓаат - во џебот на граѓаните“, изјави претседателката Зајкова.„Здружените напади и уцени кои доаѓаат од оние на кои ќе им се намалат моќта и профитите, здружени со лица на кои им е прекината државната функција и привилегии, кои сакаат да ја дефокусираат јавноста од политиките кои ги промовираме, нема да ме натера да се откажам од истите затоа што се водам и како пратеничка и како претседателка на ЛДП од јавниот интерес и од интересот на граѓаните! Не подлегнувам на никакви закани затоа што се што програмски го предлагаме во Собранието е во интерес на граѓаните и државата“, децидна е Зајкова.Јасниот став на партијата на последната седница на Централниот Одбор е дека ЛДП дејствува во Собранието независно, а согласно програмските принципи и либерално демократските вредности ќе даде поддршка на она што верува е добро за државата и граѓаните и ќе го критикува она што смета дека не е.Според Зајкова, потребна е стратегија за да се постигнат подобри резултати, со поголемо влијание во локална самоуправа од претходно. На средбите кои претседателката Зајкова ги остварила со членството на општинските организации низ државата, има некои политички предлози, има и организациски предлози, има веќе и предлози за кандидати и многу брзо јавноста ќе ги запознае локалните кандидати на ЛДП.„Ако сакаат овие поединци, кои застапуваат туѓи интереси, да ги објавуваме разговорите и преписките со кои ми се закануваат мене, но и го манипулираат членството со измама која е кривично дело и го наведуваат на некакви потписи, а доаѓаат и од луѓе кои се надвор и луѓе тука кои сакаат да се заштитат, чекајќи исход од одредени истраги, не е проблем, транскриптите и доказите се спремни. Може да ги објавиме“, заклучува ЗајковаНо, според претседателката на ЛДП, тоа заслужува внимание на органите на државата, а не на граѓаните кои бараат подобар живот и тоа нема да даде решенија на проблемите кои ги имаат граѓаните.„Затоа само топло ќе им препорачам повеќе да ги промовираат програмските определби и вредности на ЛДП, а помалку да се занимаваат со лични калкуции и одработување за други интереси. Нема да дозволам никој со уцени и закани да ја нарушува либерално-демократската идеологија. И да, ја видов сликата од присутните од некаков иницијативен одбор за вонреден Конгрес на партијата, еве ја тука и вие сте новинари долги години, па ќе можете и вие да потврдите дека таму видовте или не видовте лица кои во јавноста се препознати либерал-демократи. Нема претставници на општинските организации и органи, нема никакво наводно мнозинство со кое се манипулира јавноста. Или пак мнозинството присутни беа донесени, некои можеби и платени, па дури има и луѓе кои немаат допирна точка со ЛДП. Евтина кампања која не поминува“, посочува претседателката на ЛДП.Тоа не се либерал-демократски вредности, вели Зајкова и додава дека со сила, калкулации и уцени не се добива мнозинство во партијата, туку само со чесна работа и со вистински идеи, со вистински предлози и со доследност на тие идеи.„Ајде, ние вистинските либерал демократи да работиме за локалните избори, да донесеме идеи за подобар живот на граѓаните. За граѓаните се бориме, за во нивните џебови да има повеќе пари, за да имаат поголема благосостојба, за Македонија да биде не пристојно туку прекрасно место за живеење. Тоа и ќе го направиме и од тоа нема откажување“, порача претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во нејзиното обраќање.Одговарајќи на новинарско прашање за евентуална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, претседателката Зајкова посочи дека ЛДП настапува независно во собранието, со предлози кои се во согласност со либерално-демократските вредности и интересите на граѓаните и државата, повторувајќи дека ЛДП ќе ги поддржи сите добри проекти кои носат бенефит за подобар жиот.„Се што значи настап на ЛДП на избори за истото одлука носат општинските организации и Централниот одбор по спроведена анализа и дискусии. ЛДП има членови и во Кисела Вода и имавме информации и знаевме дека беше изнајмена општинската сала за прес конференција, добивме инфромации дека беа најавени повеќе од 100 луѓе, знаевме дека на повеќето од нив им било понудено за компензација да се присутни таму, имаше најава за присуство и на некакви навивачки групи и на крајот еве ги на сликата, повеќе соседи кои ме почитуваат би собрала и јас“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.

Македонија | пред 1 година

Monika-Zajkova-5-1170x780-1

И спремаат пуч на Зајкова, таа истовремено излезе со стратегија за локалните избори

Пуч и се спрема на Моника Зајкова во ЛДП, според најавата која стигна од членови на ЛДП кои формираат иницијативен одбор за вонредно собрание.„Недела во 12 часот, во големата сала на Општина Кисела вода ќе се состанат 2/3 од општинските организации на ЛДП и ќе формираат иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на ЛДП за промена на раководството поради нивната непринципиелна пазарџиска политика и недемократско водење на партијата. Тие ги повредија основните демократски постулати на работа. Во недела ќе ги претставиме нашите позиции и ставови. Неодамнешните случувања јасно укажаа на тешката криза и поделбата во партијата која неминовно може да се разреши само со свикување вонреден конгрес и смена на актуелното раководство во ЛДП. Од името на општинските организации на прес конференција ќе се обрати Бобан Бојковски од општинската организација Куманово“, најавија од иницијативниот одбор.Истовремено, Зајкова од Источна Македонија има конкретна стратегија за подобри резултати на локалните избори.„Има политички предлози, има организациски предлози, има предлози и за кандидати за градоначалници и советници, а има и такви кои повикуваат на предвремен конгрес. Овие последните се како обично, побучни и без конкретен предлог како тоа се прави во развиените демократии, најчесто заради лични, а не колективни интереси“, посочи претседателката Зајкова.Зајкова додава дека треба да се водиме од колективниот и партиски интерес, а тој е подобри политики за граѓаните и подобри резултати.„За разлика од малкумина бучни, мнозинството, потивките, се оние кои излегуваат со политички предлози, и тоа јасно либерални и идеолошки закотвени. И понекогаш, добро е да бидат потивки, затоа што мора да бидеме внимателни, веќе им прејде во навика на поголемите партии да прават copy&paste на наши предлози“, истакна Зајкова, повторно упати повик за смирување на страстите и обединување на редовите.На средбата со претставниците од општинските организации од истокот на државата се разговараше и за идните чекори на партијата, нејзиното позиционирање и моменталните активности на партијата, особено по парламентарните избори годинава. На средбата претседателката Зајкова со присутните разговараше и за предлогот на ЛДП за намалување на данокот на добивка на 9%, за укинувањето на непотребните банкарски трошоци на граѓаните, но и за евроатлантската интеграција и за други решенија на проблеми и предизвици со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

Македонија | пред 1 година

Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Зајкова: ЛДП во Собранието повторно ќе ги поднесе измените на Законот за платежни услуги и платни системи

Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на измените на Законот за платежни услуги и платни системи по скратена постапка, со цел заштита на граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките. ЛДП втор пат по ред ги поднесува овие измени, откако веќе еднаш минатата година поднесе иницијатива за истото прашање.Според последните анализи, добивката на банките во вториот квартал од оваа година е зголемена за 35,3% во споредба со истиот период минатата година. Истовремено, граѓаните се соочуваат со високи банкарски трошоци и провизии за услуги од секојдневието, како што се одобрување кредити, тековно одржување на сметки, проверка на состојба на трансакциска сметка, па дури и повлекување готовина од друга банка.Иако овие прашања делумно се предмет на интерната политика на банките, потребна е законска регулатива која ќе ги заштити граѓаните и ќе воведе поголема транспарентност и праведност во работењето.„Со измените на Законот, кои веќе еднаш ги поднесовме минатата година, предвидуваме конкретни мерки за регулирање на банкарските провизии, како и воспоставување на правна рамка за ограничување на трошоците кои банките ќе можат да им ги наметнуваат на граѓаните. Доколку ова успееме да го оствариме, очекуваме видливо подобрување на општествената финансиската стабилност и правичност“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.Измените на законот предвидуваат укинување на плаќањето надоместоци за затворање на сметка, укинување на трошоците за повлекување на пари од други банкомати, онлајн плаќања и проверка на сметки, намалување на трошоците за подигнување на кредити и други предлог мерки за заштита на граѓаните во процесите на банкарското работење.Претседателката Зајкова повторно упати апел до сите пратеници од партиите во македонското собрание да гласаат и да го поддржат овој предлог-закон, со единствена цел - обезбедување праведен банкарски систем и заштита на интересите на граѓаните.Овој предлог-закон е дел од заложбите на ЛДП за создавање на правична финансиска иднина, намалување на секојдневниот економски притисок и конечно, престанување на грабежот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

zajkov-1-640x426-1

Влегува ли ЛДП на Зајкова во Влада - Мицкоски има став

„Секој кој ја поддржува владата е добродојден и може да се приклучи“, одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали Моника Зајкова од ЛДП ќе се приклучи на владината коалиција.„Владината коалиција е стабилна. Секој кој ги поддржува политиката, може да се приклучи. Не сме разговарале во рамките на партијата и коалицијата, но е процес кој треба да добие поддршка од сите политички чинители, и не е важно само што Мицкоски ќе каже“, рече Мицкоски.Премиерот присуствуваше на поставување на камен темелник на детска градина во Ѓорче Петров.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-093918

Зајкова: Одложеното дејство на уставните измени да биде единствена натпартиска државна позиција

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во гостување на Само Вистина во Канал 5, посочи дека постапката за уставните измени може и сега да започне, но би се завршила и измените би стапиле на сила со потпишувањето на пристапниот договор со Европската Унија.„Позициите на ЛДП се дека во последните заклучоци ништо не нѐ спречува ние да ги спроведеме уставните измени, односно нели ја почнеме постапката за донесување на уставните измени, за да стигнеме до таа последна фаза за уставниот закон, каде што самите предвидуваме кога истите би стапиле на сила. Точка 4 се однесува на тоа дека Македонија треба да ги спроведе уставните измени, точка 6 е дека ќе се одржи втората меѓувладина конференција без политичка одлука откако ќе го завршиме процесот на уставни измени согласно домашната процедура. Тоа остава можност за пошироко толкување, кое што нѐ води до она одложено дејство за кое што зборуваме и дека тука, ако тоа ни се позициите, треба да изградиме сите заедно една државна позиција дека да, еве ние сме ја завршиле нашата обврска, меѓутоа истите ќе стапат на сила откако сите земји членки, вклучително и Бугарија, ќе гласаат за“, појаснува Зајкова.Според Зајкова, во измените никаде не пишува „to enter in force immediately”, што значи дека нема обврски тие веднаш да стапат во сила. Во самата преговарачка рамка нема датуми по однос на стапување на сила, туку таа се однесува на примена на договорите кои што ги ратификувала земјата Она што е важно за државата е тоа дека обврските кои што сме ги презеле се во заклучоците.„Постојано говорев дека треба да најдеме начин како да ги спроведеме заклучоците кои што ги усвоил Европскиот Совет во врска со проширувањето на Македонија и Албанија. Оттука, пак се враќаме на она, да, треба да ги спроведеме уставните измени, меѓутоа во уставниот закон, кој што е последната или третата фаза имаме можност да го вградиме тоа одложено дејство“, вели Зајкова и додава дека во секој закон може да се стави на крајот преодна одредба кога истиот би стапил во сила.ЛДП предлага измените да стапат во сила откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија како земја членка, би го ратификувале пристапниот договор за членство на Македонија во Европската Унија.На прашање за последните писма на Ахмети, претседателката Зајкова смета дека во овој момент се надминати тие теми и дека е излишно да се разговараат. Нема потреба од навраќање наназад на некои работи и да креирање меѓуетнички тензии. Вели дека за неа, како либерален демократ, сите граѓани во оваа држава се еднакви и треба да бидат еднакви пред законот и пред судовите.„Додека Америка лансира сонди за испитување на живот во езерата под една од Јупитеровите месечини, ние пак ги отвораме прашањата за меѓуетнички односи, што јас лично не гледам потреба дека тоа треба да се случува. Ајде да престанеме да гледаме на квоти, да почнеме веќе да гледаме на квалитет и на оној мерит систем кој сите го бараме. Верувам дека сите граѓани кои живееме во оваа држава сакаме да се цени нашиот квалитет. Јас кога одам на доктор не прашувам за етничката припадност на докторот, туку го барам најдобриот кој што е на соодветната хирургија за да ме оперира“, посочува Зајкова.ДУИ, според Зајкова, изгради цела политичка кариера на меѓуетничките прашања и наместо тензии, Зајкова побара да се фокусираме на она што се конкретни проблеми за решавање во државата: правосудниот систем, растење на довербата во правосудството, стимулирањето на економијата и други важни теми.Зајкова појаснува дека ако сакаме да градиме правна држава треба да ги почекаме одлуките на уставниот суд и да ги почитуваме тие одлуки.„Доста веќе беше фокусот на меѓуетничките прашања и доста го раскаруваме народот меѓу себе, јас верувам дека народот живее во добри соседски и меѓуетнички односи и ајде да ја фокусираме политиката на друго место, а тоа е како да го подобриме секојдневниот живот на граѓаните. Јас не ги делам луѓето ниту на македонци, на албанци, на роми, турци, бидејќи сите живееме во оваа земја, сите се соочуваме со секојдневни притисоци и треба да работиме на подобрување на секојдневието на секој од нас“, заклучува Зајкова и додава дека тие теми се надраснати, депласирани и наместо меѓуетнички тензии, редно време е да наоѓаме решенија и да градиме подобар живот за секој од нас тука.

Македонија | пред 1 година

Monika-Zajkova-pretsedatelka-LDP

Зајкова: Отвореното и правилно толкување на Заклучоците на Европскиот совет - можен излез од евроинтегративниот ќор-сокак

Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, смета дека постои можност за излез од евроинтегративниот ќор-сокак и повика за забрзување на процесот со заштита на националните интереси.Никаде во Заклучоците за проширувањето на Р.С. Македонија и Албанија усвоени од Советот на ЕУ во 2022 година не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш, што остава простор за слободно толкување на точка 4 и точка 6 од истите, во насока која овозможува законодавецот од македонска страна да утврди во Уставниот закон кога истите ќе стапат во сила. Целата процедура може и треба да се смета завршена со самото усвојување на уставните измени и Уставниот закон, во кој ќе има преодна одредба, во која ќе стои дека ќе стапат на сила со денот на ратификувањето на Пристапниот договор на земјата во ЕУ од страна бугарското собрание или од парламентите на сите земји-членки на ЕУ.„Доколку го читате она што Советот го усвоил како заклучоци никаде не стои англискиот термин “to enter in force” („да стапат во сила“) веднаш или пред отворањето на првиот преговарачки кластер. Во точка 4, јасно е наведено дека Македонија треба да започне со процесот и приоритетно да ги постигне соодветните уставни измени, со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата, а кои се дел од други народи, како Бугарите“, вели претседателката на ЛДП, Зајкова.Точката 6 пак предвидува дека за да се отворат пристапните преговори, Советот ќе свика уште една меѓувладина конференција, без натамошни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом земјата ја спроведе својата заложба за завршување на гореспоменатите уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури (to complete the aforementioned constitutional changes, in line with its internal procedures), повторно никаде немаме “откако ќе стапат во сила”, бидејќи англискиот термин е “to enter in force”, а таков во овие заклучоци не е никаде експлицитно наведен.Европската Унија е децидна дека Преговарачката рамка нема да претрпи измени, исто и Заклучоците на Советот на ЕУ, што беше потврдено и од германската министерка за надворешни работи.Меѓутоа, додава Зајкова, јасно е и дека во заклучоците за проширувањето кои се усвоени од Советот оставен е простор за пошироко толкување и интерпретација, која ја дава можноста да деблокирање на процесот без да се изменуваат веќе усвоените Заклучоци или Преговарачката рамка. Потребна е двете страни да ги прифатат можностите кои ги нуди правото и дипломатијата и македонскиот процес на пристапување кон ЕУ да продолжи.Ваква пракса веќе постои, вели Зајкова, истакнувајќи го случајот со Брегзит и Протоколот од Виндзор, кој може да послужи како пример за нашиот случај.По Брегзит, односно повлекувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија, иако првичниот договор не е изменет, поради можноста за широко толкување или интерпретација, што не е невозможна во правото, потпишан е Протоколот од Виндзор, кој дополнително ги уредува односите помеѓу ЕУ, Северна Ирска и Обединетото Кралство по напуштањето на Европската Унија.На прашањето за предлогот за суспензија на уставните измени на поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Зајкова изјави дека не е реален и правно издржан.„Лично, не знам како е во медицината или во други области, но како правник одлично знам дека во правото и правната наука суспендирање на веќе дадени права не постои, а суспензивното дејство се споменува само по однос на правните лекови“, појаснува Зајкова и додава дека ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на евроинтегративниот процес.

Македонија | пред 1 година

gashi-

Носеше ли Гаши патен налог со себе денеска кога со службено возило отиде по невеста во Косово?, прашува ЛДП

Либерално-демократската партија изразува загриженост од континуираното непристојно однесување и злоупотреба на службената положба на претседателот на Македонското Собрание, Африм Гаши.„Откако неговото обезбедување неодамна успеа да предизвика меѓународен инцидент на Скопскиот аеродром при посетата на косовската претседателка, Вјоса Османи, денеска Гаши повторно е во главна улога, овој пат како сват по невеста, со службено возило во свадбарска колона во соседно Косово.Прашуваме, дали господинот спикер, Африм Гаши, носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата? Ако имал, бараме образложение по кој основ е издаден тој налог, за која намена, во кое времетраење и нормално, колку сето тоа нѐ чини нас, од чии даноци и се одржуваат возилата и државниот возен парк.ЛДП апелира да престане „каубојското“ однесување на одредени службени лица, претставници на институциите во државата и наместо да мафтаат со пиштоли по аеродроми и да одат на свадби во соседството со службени возила, да седнат и да сработат нешто за доброто на граѓаните и државата. Со единствена цел: спречување на злоупотребата на државните возила, ЛДП предлага сите службени возила да бидат видливо и јасно обележани (како такси возилата во Град Скопје) или сите да бидат бојадисани со иста боја.Само така, со носење на ваква конкретна мерка ќе може да се намалат злоупотребите во иднина, истовремено намалувајќи го и беспредметното трошење на буџетски средства за приватни и лични намени“, велат од Либерално-демократската партија.

Македонија | пред 1 година

Zajkova-Obedineto-Hrabro-Glasno

ЛДП: Во кое својство реагирало обезбедувањето на собранискиот спикер при проверката на косовската претседателка Османи?

Најостро го осудуваме инцидентот на скопскиот аеродром настанат при проверка на косовската претседателка Вјоса Османи, велат од Либерално-демократската партија.- Како што заклучуваме од официјалните информации на Министерството за внатрешни работи, насилниот чин од страна на припадници на обезбедувањето на претседателот на Собранието кон вработените и контролорите на скопскиот аеродром, претставува сериозно загрозување по животите на луѓето кои го контролираат авио-сообраќајот, патниците и сите оние кои биле присутни во моментот на претење со огнено оружје, велат од партијата.Тие додаваат дека се уште не е заборавен упадот во МНАВ.Апелираме за поголема контрола која ја засега безбедноста на луѓето, за што не е дозволено ни најмала невнимателност.Недозволиво е било какво кршење на законите и нарушување на јавниот ред, мир и безбедносните протоколи од било кого, без разлика дали станува збор за високо позициониран функционер или носител на јавна функција.- Го охрабруваме ОЈО и сите засегнати институции да постапуваат согласно законите и да се расветли настанот, порачува ЛДП.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-50-9970PM

ЛДП со барање: Директорите да се бираат од редот на стручните лица на клиниките и да има еден Клинички центар

За да имаме квалитетен здравствен систем пред се потребно е да се намали партиското влијание при поставувањето на раководните лица, порачуваат од Либерално-демократската партија.- Бидејќи станува збор за една од заложбите на ЛДП ги поддржуваме предложените измени на Законот за здравствена заштита, со кој се укинуваат економските директори во Клиниките.Потсетуваме дека Универзитетски клинички центар- Скопје почна да се уништува од 2007 година кога се создадоа 32 нови правни субјекти, со исто толку голем број на Управни одбори, и двојно поголем број на директори кои создаваат непотребни финансиски трошоци и ниска експедитивност и ефикасност во работата од што најмногу страдаат пациентите, додаваат од партијата.Воедно ЛДП апелира до Министерот за здравство, Арбен Таравари со цел да се намали влијанието на политичките партии, медицинските директори да се бираат од редот на вработените професионалци во матичната Јавна здравствена установа, а не да се поставуваат партиски луѓе однадвор.- Не смее да се дозволи на 30 супспецијалисти во само една клиника да им се поставува директор однадвор кој не знае ништо за установата, а нема ниту медицинска подготовка за специјалноста од областа на здравството со која треба да раководи, според струката, додаваат од ЛДП.Според партијата доколку сакаме квалитетен здравствен систем неопходно е во иднина да се направи спојување на Клиниките во еден Клинички центар.

Македонија | пред 1 година

IMG_5052

ЛДП: Главниот град се гуши во смет. Дали Скопје има градоначалник?

Либерално-демократската партија (ЛДП) упатува остра реакција за нехигиената во главниот град, истакнувајќи дека насекаде се забележува отпад, од кој, поради високите температури, се шири неподнослива миризба.„Ужаснати сме од глетката со сметот во главниот град. Контејнерите се преполни, а улиците се многу валкани. Оваа состојба, покрај тоа што ја уништува сликата за Скопје, предизвикува и штети врз животната средина, како и врз здравјето на луѓето“, потенцираа од ЛДП.Од партијата изразија огромна загриженост за проблемот и апелира одговорните институции веднаш да преземат чекори во насока на решавање на истиот.„Навистина е време да се работи во интерес на граѓаните и секој да си ги исполнува своите одговорности. Дали овој Град има надлежни институции кои работат соодветно под директива на градоначалникот? Дали Скопје воопшто има градоначалник кој ги исполнува своите надлежности?“, наведоа од ЛДП.Либерал-демократите нагласија дека крајно време е да се посвети внимание на унапредување на хигиената и на создавање на чисто и подобро Скопје.„Ги повикуваме граѓаните гласно да говорат за овој сериозен проблем и сите обединети да се спротивставиме на нечистотијата. Упатуваме апел до градоначалничката Арсовска да ја разбере сериозноста на проблемот и да преземе дејствија, согласно законите“, заклучија од ЛДП.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања