Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Аврамоска Ѓореска: Со усвојувањето на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, решаваме клучно прашање за безбедноста на жртвите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
inicijativa-ldp

Имајќи ги предвид сѐ позачестените и брутални случаи на семејното насилство кои се случуваат во нашето опкружување, Либерално-демократската партија предлага изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

— реклама —

Промената на законот се предлага поради потребата за подобрување на механизмите за заштита на жртвите на семејно насилство, имајќи ја предвид сериозноста на последиците кои може да ги има насилството врз жртвата.

— реклама —

Промената ќе значи покрај забраната за приближување, сторителот да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри. Оваа мерка ќе ја зголеми заштитата на жртвата и ќе ја намали можноста за повторно изложување на насилство.

— реклама —

„Во време кога жените од ден во ден трпат сѐ поголемо насилство, од клучна важност е на нив да им обезбедиме начин како да се заштитат и себе и блиските од насилниците. Во рамки на кампањата на Обединетите Нации, ’16 дена активизам против родово базирано насилство’, Форумот на жени на ЛДП подготви предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Доколку успееме да најдеме начин и ги усвоиме овие измени, ќе решиме голем проблем и ќе воведеме конкретно системско решение кое ќе се однесува на сите прекршители на законот, истовремено зголемувајќи ја безбедноста на жртвите“, изјави претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска Ѓореска.

— реклама —

Претходно, ЛДП и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ГЛАС ПРОТИВ НАСИЛСТВО - Скопје потпишаа Меморандум за соработка, кој опфаќа взаемна поддршка во процесот на законско дорегулирање на заштитата на жртвите од насилство, како и организирање на заеднички настани, трибини и преземање на други активности за подигнување на јавната свест за потребата од превенирање и санкционирање на насилството врз жените и семејното насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryskfritbdd6335y3I02i

ЛДП: Џебот на граѓаните најважен, бараме итен спас на ЕУ милионите во присуство на Марта Кос

Македонија | пред 4 дена

media-libraryk39ceoiegcn5a6UxH9d

„На предлог на ЛДП и ЛИБСЕН, Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите“, велат од ЛДП

Македонија | пред 1 седмица

media-library8176s0r09p9teqSWU4B

Зајкова: Нашите црвени линии се исти како оние на 1.5 милион граѓани кои живеат во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-library5ijcftctjt2cdl5kezo

„Правната држава бара доследност, а не различни толкувања на јавниот интерес“, велат од ЛДП

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања