Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Македонија
media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf
ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски, барајќи Владата веднаш да предложи измени на Кривичниот законик со кои ќе се продолжат роковите на застареност за кривичните дела со кои се нанесува штета на државниот буџет.

— реклама —

Од ЛДП посочуваат дека веќе пет години бараат вакви измени и тврдат дека премиерот може да ги предложи уште на следната владина седница, со постапка што би овозможила нивно брзо разгледување во Собранието. Партијата нагласува дека му дава целосна поддршка на Мицкоски доколку се одлучи да го направи тоа.

— реклама —

Од ЛДП го обвинуваат премиерот дека одговорноста за состојбите во правосудството ја префрла врз судиите и Врховниот суд, иако, според нив, Владата и собраниското мнозинство имаат можност да преземат законски измени.

— реклама —

Партијата ја критикува и претходната измена на Кривичниот законик, за која тврди дека била усвоена двапати без да се интервенира во роковите на застареност за делата поврзани со оштетување на буџетот.

— реклама —

„Имате моќ, имате институции, ја имате и нашата поддршка – изменете го Кривичниот законик веднаш или престанете да лажете и да нè мачите сите со евтини театри“, порачуваат од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 2 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 3 дена

media-library33an4rud3lsh4WXzvne

ЛДП: Славевски и Владата тотално забегаа! Сѐ уште мислат дека со 10.000 денари неделно народот живее луксуз

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања