Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

лдп

Нема фотографија

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова на вчерашниот митинг во Куманово

Форумот на жени на Либерално демократската партија (ЛДП) најостро го осуди недоличниот и навредлив коментар што беше упатен од страна на еден од присутните на вчерашниот митинг во Куманово, кон кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.„Во време кога максимално се стремиме да живееме демократски, сметаме дека секоја форма на говор на омраза е неприфатлива и нечовечна, затоа најостро го осудуваме навредливиот коментар на еден од присутните граѓани на вчерашниот митинг во Куманово, насочен кон кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова“, истакнаа од Форумот на жени на ЛДП.Оттаму потенцираа дека говорот на омраза врз жените во политиката има штетно влијание не само врз поедини жени и нивната благосостојба, туку и врз општата мотивација на жените активно да се вклучат во политичкиот и општествениот живот.„Крајно време е да се покрене јавната свест за штетноста на таквото однесување. Крајно време е да бидеме прифатени и целосно да се исфрли ваквиот вид на реторика, бидејќи сме еднакви и секојдневно докажуваме колку можеме и знаеме. Исто така, од исклучително значење е секој да сноси одговорност за своето постапување“, порачаа од Форумот на жени на ЛДП.Тие нагласија дека гласно се спротивставуваат на каков било облик на дискриминација на жените кои се вклучени на политичката сцена.„Форумот на жени на ЛДП гласно кажува НЕ на вербално родово-базирано насилство, закани, говор на омраза, навреди, омаловажувања, притисоци, дискриминација, сексизам, затоа што насилството кон жени во политиката не познава етничка и политичка припадност“, заклучија оттаму.Оваа реакција треба да претставува пример за сите политички партии, да се престане со дискриминација на жените јавно во политиката.

Македонија | пред 1 година

IMG_3266

Јакимовски за викенд - акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики

Промоција на здрави животни навики, како и дискусии на теми значајни за заедницата беа дел од викенд акцијата во Градскиот парк во Скопје со поддршка од градската организација на Либерално-демократската партија Скопје под мотото „Здрави навики“. Настанот го предводеше претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, заедно со претседателите на општинските организации и останати членови.Во изминатиот период секој од нас заклучи дека здравјето и здравите навики се најзначајни за секој од нас, а тоа е и основно човеково право. Иако промените тргнуваат од секој поединец, ние сме тука да дадеме поддршка на граѓаните, а ова беше одлична прилика за сите нас да се дружиме, да разговараме и да се едуцираме на различни теми. Се надеваме дека активностите и дискусиите од денот ќе инспирираат континуирано учество и ангажман на граѓаните во нашите идни иницијативи, рече претседателот на градската организација при ЛДП Скопје, Филип Јакимовски.Оваа иницијатива беше создадена со цел да им додели здрави овошки на граѓаните на Скопје и да им овозможи да се запознаат со програмата на ЛДП за претстојните избори.Во текот на викендот, учесниците се дружеа преку различни активности креирани да промовираат здрави животни навики, како и преку дискусии на теми од значајни за заедницата. Со акцент на значењето на здравјето, благосостојбата и активното учество во партијата, акцијата „Здрави Навики“ потенцира дека за нив #СекојЕВажен.Партијата ги поканува сите граѓани и симпатизери да ги споделат своите иницијативи и предлози преку веб-страна www.ldp.mk, за да ги реализираат во следниот мандат.Либерал-демократите и градската организација на ЛДП Скопје се заблагодаруваат на сите учесници кои додадоа придонес на овој настан и ги покануваат сите граѓани на Скопје да останат активни и да продолжат да градат здрави навики за подобро утре.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

ЛДП: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Воведување на медикаментозен абортус како алтернативен метод на прекин на бременоста, регистрирање на лековите со кои тој се врши и нивно вметнување на позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување - е пораката од панел дискусијата „Што треба да знаеме за медикаментозниот абортус“ која се одржа во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје.На панел дискусијата, што беше насловена „Медикаментозен абортус”, говореа проф. д-р Горан Димитров – раководител на одделот за општа гинеколошка хирургија при Гинеколошко акушерската Клиника во Скопје, м-р Цветанка Геговска претставничка на Форумот на жени на ЛДП и д-р Деспина Смилковска претставничка од Либерално демократската младина на ЛДП.На панелот, проф. д-р Димитров, Геговска и доктор Смилковска, посочија дека едукацијата за сексуалното и репродуктивното здравје треба да биде приоритет на државата.„Форумот на жени, во континуитет се грижи за правата и здравјето на жените во нашата држава. Сметам дека за да ја ужива својата репродуктивна слобода, на жената мора да и се овозможи слободно да одлучува за своето тело, здравје и живот, односно своеволно да донесе одлука дали, кога и колку деца ќе роди, водејќи се од сопствените желби и идеи за професионален, социјален, економски и културен развој. Планирањето на семејство значи и подобро репродуктивно здравје на жените кое е тесно поврзано со нејзиното психичко здравје како и здравјето на луѓето околу неа“, рече Геговска.Според доктор Смилковска, медикаментозниот абортус, како алтернативен метод на прекин на бременост на младите жени покрај тоа што ќе им овозможи поголема безбедност и ефикасност, тој ја почитува и нивната интимноста и достоинството и право на приватност и доверливост на личните и медицинските податоци, овозможува емоционална и контрола над сопственото тело и планирање на време на изведување според свои социјални, професионални и семејни околности.Проф. д-р Димитров се осврна на историјата на ,,абортусот”, позитивните примери од праксата од изведените медикаментозни абортуси во ГАК Скопје, а исто така, зборуваше и за медикаментозниот абортус како здравствена услуга која државата е должна да ја овозможи на секоја граѓанка на нашата држава, како и широката примена на овој метод во светот.Форумот на жени на ЛДП спроведе од анкетата за јавно мислење, во која учество земаа девојки и жени од 15 до 60 години, од повеќе општини во нашата држава, припаднички на повеќе националности, од каде недвосмислено се утврди дека испитаничките целосно се за воведување на медикаментозниот абортус како алтернативен метод на прекин на бременост, на целата територија на државата.Медикаментозниот абортус има широка примена во многу европски држави и тоа: во Шкотска 99% во Финска 98% во Шведска 96% во Норвешка 95% во Исланд 87% во Данска 83% во Швајцарија 80% во Франција 76% во Словенија 72% во Португалија 68%, во Германија 39%, во Италија 35%, во Шпанија 35% и тн. од вкупно сите изведени абортуси, притоа ужива голема поддршка од страна на Светската здравствена организација.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Вељаноски од ЛДП: Нашите либерални политики нудат прогрес, па ВМРО-ДПМНЕ ги преслика во нивната програма

Игор Вељаноски, член на извршниот одбор на Либерално-демократската партија денеска од новата Отворена канцеларија на ЛДП на улица „Ленинова“ испрати порака дека идеите на ЛДП не само што се препознаени, туку се и пресликани во изборната програма на други политички опоненти, како ВМРО – ДПМНЕ.„Ние, како Либерално-демократска партија, веруваме во вредностите и принципите за слобода, правда и еднаквост и сме посветени на подобрување на животот на граѓаните во нашата Македонија. Нашиот приоритет е да изградиме подобра Македонија за сите нас, преку иновативни политики и посветеност кон основните вредности на општеството“, истакна Вељаноски.Како што посочи тој, борбата против корупцијата и заштитата на правата на граѓаните се од суштинско значење за нашата земја.„Ги покануваме колегите од другите партии да одржиме заедничка сесија за разгледување на идеи и им упатуваме благодарност на граѓаните за нивната поддршка и доверба“, потенцираше Вељаноски.Тој потсети дека главните приоритети на ЛДП се економијата, образованието, здравството, социјалната заштита, човековите права, правдата, спортот, културата и животната средина, порачувајќи дека тие се клучни сегменти на кои се фокусирани и преку кои со максимална посветеност ги негуваат основните вредности на општеството.„Нашата заложба се квалитетни, стручни, но и одржливи институции. Затоа, ние се бориме за намалување на бројот на министерства и други органи, воведување на систем со 90 пратеници наместо досегашните 120, и воведување на една изборна единица со отворени листи за избор на пратеници и советници. Сметаме дека овие мерки ќе овозможат подобри и поодговорни претставници пред граѓаните, како и значителна финансиска заштеда“, заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

ЛДП: Целосно поддржуваме рамноправно учество на жените во општеството и политиката

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за сите жени во Македонија и за нивната борба за рамноправност, еднакви можности и активно учество во сите сфери на општеството.Во оваа прилика, ЛДП потенцира дека рамноправноста и едукацијата на жените не се само прашања на социјална праведност, туку и се клучни предуслови за остварување на трајни демократски вредности и одржлив развој на нашето општество.Преку своите политики и активности, ЛДП се залага за создавање на инклузивно општество каде што сите граѓани, без разлика на полот, ќе имаат еднакви можности за учество во политичкиот, економскиот и социјалниот живот во земјата.Ние сме посветени на унапредувањето на положбата на жените во нашата земја, не само преку зборови, туку и преку конкретни дела и иницијативи кои целат кон подобрување на нивните права и можности, истакнаа од ЛДП.ЛДП продолжува со работа на програми кои ја засилуваат улогата на жените во општеството, обезбедувајќи услови за нивно економско осамостојување, образование и политичка застапеност.Ги повикуваме сите граѓани, институции, и организации да се придружат кон нашите напори во борбата за рамноправност и да придонесат кон создавањето на општество каде што секој глас е слушнат и ценет. Само заедно можеме да изградиме посветла иднина за сите нас, заклучија од ЛДП.

Македонија | пред 1 година

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Сите политички чинители да го отфрлат Францускиот предлог“, вели Милевски

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.„Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија.Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција.Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси.Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“, вели Милевски.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања