Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Целосно поддржуваме рамноправно учество на жените во општеството и политиката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за сите жени во Македонија и за нивната борба за рамноправност, еднакви можности и активно учество во сите сфери на општеството.

— реклама —

Во оваа прилика, ЛДП потенцира дека рамноправноста и едукацијата на жените не се само прашања на социјална праведност, туку и се клучни предуслови за остварување на трајни демократски вредности и одржлив развој на нашето општество.

— реклама —

Преку своите политики и активности, ЛДП се залага за создавање на инклузивно општество каде што сите граѓани, без разлика на полот, ќе имаат еднакви можности за учество во политичкиот, економскиот и социјалниот живот во земјата.

Ние сме посветени на унапредувањето на положбата на жените во нашата земја, не само преку зборови, туку и преку конкретни дела и иницијативи кои целат кон подобрување на нивните права и можности, истакнаа од ЛДП.

— реклама —

ЛДП продолжува со работа на програми кои ја засилуваат улогата на жените во општеството, обезбедувајќи услови за нивно економско осамостојување, образование и политичка застапеност.

— реклама —

Ги повикуваме сите граѓани, институции, и организации да се придружат кон нашите напори во борбата за рамноправност и да придонесат кон создавањето на општество каде што секој глас е слушнат и ценет. Само заедно можеме да изградиме посветла иднина за сите нас, заклучија од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryfodmtstdi9l67Sa9iVp

ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library2ll3e9nnqakh79TmLxK

„Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените“, вели ЛДП

Македонија | пред 1 ден

media-librarygpv55tsoe1bt3vUNBXg

Цветковска: Законот е закон! Како што исплаќате повисоки плати на функционерите, така ќе исплатите и зголемен студентски оброк

Македонија | пред 2 дена

asfaltiranje-1

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања