Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Македонија
asfaltiranje-1
Илустрација

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Владата и вицепремиерот Николоски продолжуваат со практиката секојдневието и редовните комунални активности да ги претставуваат како „историски мега-проекти“. Вчерашната посета на Валандово и помпезните најави за „голем развој“ се сведуваат на асфалтирање на 1.560 метри пат – зафат кој претставува основна комунална обврска, а не капитален успех. Фалеше единствено да се прогласи посетата на владината делегација за „историска“, велат од политичката партија ЛДП.

— реклама —

„Уште поапсурдно е што актуелната власт се фали со инфраструктура во населените места Марвинци, Собри, Брајковци и Раброво, заборавајќи дека најголемиот дел од уличната мрежа во овие села веќе беше изградена и реконструирана во текот на претходниот мандат на локалната власт. Наместо вистински нови проекти, сведочиме на политички маркетинг врз основа на веќе сработеното.

— реклама —

Најмногу загрижува уште едно „ќе“ овој пат за претворање на археолошкиот локалитет Исар Марвинци во „туристичка атракција“. По години институционална негрижа особено на централната власт, кога локалитетот беше оставен без заштита и стана мета на диви копачи и крадци на културно наследство, смешно е и неодговорно да се зборува за туризам без претходна сериозна заштита, конзервација и одговорност за досегашното пустошење.

— реклама —

Она што го очекуваа валандовчани и не го добија од ценетите гости од Владата беше поддршка на земјоделците од овој крај. На земјоделците не им се потребни скапи владини делегации за свечено отворање на километар и пол асфалт, туку системски решенија за пласманот на земјоделските производи, функционални системи за наводнување и вистинска децентрализација.

— реклама —

На граѓаните на Валандово не им требаат владини паради за радовна комунална активност на општината, туку реална поддршка за земјоделството, функционална инфраструктура и одговорно управување со јавните пари“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 седмица

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 1 седмица

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања