Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените“, вели ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Македонија
media-library2ll3e9nnqakh79TmLxK

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение го обвини ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие, откако партијата, според ЛДП, двапати го одбила предлог-законот за воведување електронски алки за следење на насилниците, а сега јавно зборува за заштита на жените и спречување на насилството.

— реклама —

Од ЛДП потсетуваат дека предлогот предвидува сеопфатно законско решение со кое ќе се уредат воведувањето и употребата на електронските нараквици, случаите во кои нивната примена би била задолжителна, како и итните мерки за заштита на жртвите.

— реклама —

„До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени, а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа ‘решете си го проблемот дома’. Токму зад тие четири ѕида жените секојдневно живеат во страв, трпат насилство и молат за помош“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

— реклама —

Таа оцени дека станува збор за прашање на човечки животи, а не за политички препукувања, посочувајќи дека со навремена примена на конкретни мерки можеле да се спречат трагични последици.

— реклама —

Од ЛДП бараат владејачкото мнозинство веднаш да го прифати и изгласа нивниот предлог, наместо, како што велат, да нуди половични решенија и да испраќа соопштенија без конкретни дејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarygpv55tsoe1bt3vUNBXg

Цветковска: Законот е закон! Како што исплаќате повисоки плати на функционерите, така ќе исплатите и зголемен студентски оброк

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
asfaltiranje-1

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Македонија | пред 2 дена

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања