Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

ЛДП: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Воведување на медикаментозен абортус како алтернативен метод на прекин на бременоста, регистрирање на лековите со кои тој се врши и нивно вметнување на позитивната листа на лекови на товар на Фондот за здравствено осигурување - е пораката од панел дискусијата „Што треба да знаеме за медикаментозниот абортус“ која се одржа во новоотворената канцеларија на ЛДП „Либерално ќоше“ во срцето на Скопје.

На панел дискусијата, што беше насловена „Медикаментозен абортус”, говореа проф. д-р Горан Димитров – раководител на одделот за општа гинеколошка хирургија при Гинеколошко акушерската Клиника во Скопје, м-р Цветанка Геговска претставничка на Форумот на жени на ЛДП и д-р Деспина Смилковска претставничка од Либерално демократската младина на ЛДП.

— реклама —

На панелот, проф. д-р Димитров, Геговска и доктор Смилковска, посочија дека едукацијата за сексуалното и репродуктивното здравје треба да биде приоритет на државата.

— реклама —

„Форумот на жени, во континуитет се грижи за правата и здравјето на жените во нашата држава. Сметам дека за да ја ужива својата репродуктивна слобода, на жената мора да и се овозможи слободно да одлучува за своето тело, здравје и живот, односно своеволно да донесе одлука дали, кога и колку деца ќе роди, водејќи се од сопствените желби и идеи за професионален, социјален, економски и културен развој. Планирањето на семејство значи и подобро репродуктивно здравје на жените кое е тесно поврзано со нејзиното психичко здравје како и здравјето на луѓето околу неа“, рече Геговска.

Според доктор Смилковска, медикаментозниот абортус, како алтернативен метод на прекин на бременост на младите жени покрај тоа што ќе им овозможи поголема безбедност и ефикасност, тој ја почитува и нивната интимноста и достоинството и право на приватност и доверливост на личните и медицинските податоци, овозможува емоционална и контрола над сопственото тело и планирање на време на изведување според свои социјални, професионални и семејни околности.

— реклама —

Проф. д-р Димитров се осврна на историјата на ,,абортусот”, позитивните примери од праксата од изведените медикаментозни абортуси во ГАК Скопје, а исто така, зборуваше и за медикаментозниот абортус како здравствена услуга која државата е должна да ја овозможи на секоја граѓанка на нашата држава, како и широката примена на овој метод во светот.

Форумот на жени на ЛДП спроведе од анкетата за јавно мислење, во која учество земаа девојки и жени од 15 до 60 години, од повеќе општини во нашата држава, припаднички на повеќе националности, од каде недвосмислено се утврди дека испитаничките целосно се за воведување на медикаментозниот абортус како алтернативен метод на прекин на бременост, на целата територија на државата.

Медикаментозниот абортус има широка примена во многу европски држави и тоа: во Шкотска 99% во Финска 98% во Шведска 96% во Норвешка 95% во Исланд 87% во Данска 83% во Швајцарија 80% во Франција 76% во Словенија 72% во Португалија 68%, во Германија 39%, во Италија 35%, во Шпанија 35% и тн. од вкупно сите изведени абортуси, притоа ужива голема поддршка од страна на Светската здравствена организација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-12-07-at-12.47.55

Зајкова: Реформите на Владата се за „два плус“, едвај ќе стигнеме до 40 отсто

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-librarymhmpm17rjkr61NbeWnF

ЛДП: Додека вие избирате меѓу многудетни семејства и странски работници, светот избира вештачка интелигенција! Време е за состанок со 21 век

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu7k748g500hd3fWODs9

„Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”“, велат од ЛДП

Македонија | пред 2 дена

media-librarybqiik2ci1b60eD37dp9

ЛДП: Михаилова ни докажа дека во владата го изгубиле огледалото – ќе има ребаланс, па да им купиме едно за да се погледнат самите себе

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања