Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ЛИБАН

milanovic-zoran-hrvatsak

Милановиќ ги повлекува хрватските војници од Ирак и Либан

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, се огласи поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток.Секое еднострано користење на воена сила што го крши меѓународното право и поредокот е опасно, бидејќи го загрозува мирот и глобалната безбедност не само денес, туку и во иднина. Воена интервенција без мандат на Обединетите нации, како што денес сведочиме во Иран, нема да придонесе за решавање на кризата, туку предизвикува дополнителна ескалација на конфликтот и долгорочна нестабилност“, истакна Милановиќ.Тој посебно го осуди военото насилство врз цивили, без разлика од која страна доаѓа.Очигледната цел на воената интервенција, односно промена на власта во Иран, може да има сериозни и долгорочни последици и за граѓаните на Европа, вклучувајќи ги и граѓаните на Хрватска. Искуството од претходните интервенции во регионот на Блискиот Исток и Медитеранот покажува дека последиците ги трпи токму Европа“, додаде тој.Милановиќ нагласи дека при секој понатамошен чекор Хрватска мора да води сметка првенствено за своите граѓани и нивната безбедност. Тој истакна загриженост поради можни економски штети од поскапување на нафта и нафтени деривати, ризик од нов бран бегалци кон европските земји, како и опасности од терористички закани.Со оглед на безбедноста на хрватските војници на мисиите во земјите на Блискиот Исток, претседателот донел одлука за повлекување на седум хрватски војници од Ирак и еден војник од Либан, и го задолжил началникот на Главниот штаб на Оружаните сили да ги започне активностите за нивно повлекување.Ја повикувам Владата на Хрватска да преземе сите потребни мерки за заштита и повраток на хрватските граѓани кои се наоѓаат на подрачјето на воени активности“, додаде Милановиќ.

Свет | пред 2 седмици

liban-premier

Бејрут бара разоружување на Хезболах и ограничување на неговата улога

Владата на Либан соопшти дека воените активности на Хезболах се незаконски и побара групата да го предаде своето оружје, нагласувајќи дека секоја вооружена акција мора да биде во рамките на легитимните државни институции.Премиерот Наваф Салам изјави дека владата целосно ги отфрла сите воени дејствија што се покренуваат од либанска територија надвор од институционалната контрола на државата.„Ги забрануваме воените активности на Хезболах и ја ограничуваме неговата улога на политичката сфера, а од воените институции бараме тоа да го спроведат“, изјави Салам.Тој повторно ја потврди определбата на владата за почитување на примирјето постигнато со Израел во 2024 година и за продолжување на преговорите, во обид да се спречи понатамошна ескалација на тензиите во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-library0phdan7spts11ioo87t

Израелски министер за одбрана: Лидерот на Хезболах, Наим Касем сега е цел за ликвидација

Израелската војска соопшти дека „сите опции се на маса“ додека разгледува можност за копнена инвазија на Либан. Портпаролот на IDF, Ефи Дефрин, изјави на брифинг за новинарите дека Израел е „добро подготвен“ за таквo сценарио.Дефрин истакна дека Хезболах – милитантна група со седиште во Либан, поддржана од Иран – „направила огромна грешка“ со одлуката синоќа да го нападне Израел.IDF ќе реагира многу брзо и ќе плати висока цена“, порача тој. „Хезболах синоќа отвори оган кон нас. Точно знаеја што прават. Ги предупредивме дека за тоа ќе платат многу висока цена.Истовремено, израелскиот министер за одбрана изјави дека лидерот на Хезболах, Наим Касем, сега е „цел за елиминација“.Изјавата следува откако израелските авиони бомбардираа во Либан, при што загинаа најмалку 31 лице, откако Хезболах изведе, како што тврди, ракетен напад и напад со дронови на воена база во близина на Хаифа на северот на Израел, како одмазда за убиството на Хаменеј.Касем ја презеде раководната функција во Хезболах по Хасан Насрала, кој беше убиен од страна на Израел на 27 септември.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrbkgfsburbb32YRAwqS

(Видео) Израел објави снимка од нападот врз Хезболах

Израел започна офанзивна операција против Хезболах во Либан. На југот на земјата веќе се забележани силни удари со десетици експлозии, кои се опишуваат како најжестоки од 2024 година.Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили (IDF), Ејал Замир, предупреди на можноста за долготрајни судири.Мораме да се подготвиме за многу долги денови борба на северниот фронт“, изјави тој.Силните удари на југот на Либан се сметаат за најзначајни во последните две години. Објавена е и видео-снимка која прикажува еден ноќен напад врз милитантите на Хезболах.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryudtc7d0c0h20aLduwws

САД ги повикуваат своите државјани веднаш да го напуштат Либан

Американската амбасада во Бејрут ги повика своите државјани „веднаш да го напуштат Либан додека комерцијалните опции сè уште се достапни“. Воедно издаде и предупредување против патување во таа земја.Во соопштението се нагласува дека повикот особено се однесува на одредени делови од земјата.Амбасадата на САД силно ги поттикнува американските државјани во јужен Либан, во близина на границата со Сирија, во бегалските населби и во квартот Дахие во Бејрут веднаш да ги напуштат тие подрачја“, се вели во соопштението.За оние што ќе одлучат да останат, амбасадата советува да подготват резервни планови.Американците кои ќе одлучат засега да не заминат треба да подготват планови за вонредни ситуации во случај на влошување на состојбата“, се заклучува во предупредувањето.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryudphlkid6mnl8J2NURt

Израел ги засили нападите врз јужен Либан

Израелската војска денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што беше убиена најмалку една личност. Израел речиси секојдневно го напаѓа регионот, тврдејќи дека сака да го спречи повторното воено јакнење на Хезболах. Организацијата вели дека ги исполнила условите од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекла силите северно од реката Литани, но одбива целосно да се разоружа. Спроведувањето на договорот е отежнато поради тензии, израелски операции и внатрешни политички проблеми во Либан.Според договорот постигнат со посредство на САД и Франција, либанонската армија треба да го заплени сето недозволено оружје јужно од Литани, но Либан тврди дека Израел го прекршува договорот со тоа што и понатаму држи позиции на југот.Денес Израел предупреди на социјалните мрежи за нови цели и нападна четири села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи. Претходно, една личност загина во напад врз селото Ал-Тири. Израелската војска тврди дека убила припадник на Хезболах.Во вторник, Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишната војна, убивајќи 13 лица во палестинскиот камп Аин ал-Хилве. Израел тврди дека Хамас го користи кампот за напади, но Хамас го негира тоа и вели дека меѓу убиените нема нивни членови.

Свет | пред 3 месеци

liban

Израел изврши воздушен напад во јужен Либан, едно лице загинало, а седум се повредени

Израелската армија (IDF) изврши напад врз јужниот дел на Либан, насочен кон Хезболах. Едно лице загина, а седум се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападите од воздух се извршени пред зори во селото Мусејлех, при што е погоден објект во кој се продавале тешки машини, а уништени се голем број возила.Возило кое во моментот на нападот минувало покрај објектот, а превезувало зеленчук, било погодено, при што едно лице загинало, а друго било повредено, јави телевизијата на Хезболах, Ал-Манар.Министерството за здравство подоцна соопшти дека загинатиот бил сириски државјанин, додека меѓу повредените еден бил Сириец, а шест Либанци, вклучувајќи две жени.Израелската армија наведува дека целта на нападот бил објект каде се наоѓале машини наменети за обновување на инфраструктурата за милитантната група Хезболах.Од завршувањето на 14-месечниот конфликт меѓу Израел и Хезболах во ноември минатата година, кој беше завршен со примирје посредувано од САД, Израел речиси секојдневно извршува воздушни напади во кои загинале десетици лица. Израел го обвинува Хезболах дека се обидува да ја обнови својата способност, откако во војната претрпе големи загуби.Комесарот за човекови права на ООН, Фолкер Турк, овој месец повика на зголемени напори за трајно завршување на непријателствата во Либан. Тој истакна дека до крајот на септември во Либан од потпишувањето на примирјето загинале 103 цивили.Последниот конфликт меѓу Израел и Хезболах однесе повеќе од 4.000 животи во Либан, меѓу кои стотици цивили, со штета проценета на околу 11 милијарди долари според Светската банка. Во Израел загинаа 127 лица, вклучувајќи 80 војници.Војната започна на 8 октомври 2023 година кога Хезболах започна да испукува ракети преку границата, ден по смртоносниот напад предводен од Хамас на југот на Израел, што започна нов конфликт во Газа. Израел одговори со артилериски и воздушни напади врз Либан.

Свет | пред 5 месеци

f_37004484_1280

Луди видеа кружат на социјалните мрежи: Погледнете што прават Либанците додека иранските ракети паѓаат врз Израел

Додека Блискиот Исток се соочува со една од најсериозните ескалации во последните години, луѓето во Либан се чини дека се радуваат. Всушност, луди видеа од Бејрут и други делови од земјата се шират на социјалните мрежи, на кои се гледа како луѓето танцуваат, слават и се забавуваат кога сфаќаат дека одмаздничкиот ракетен напад на Иран врз Израел се случува над нивните глави.Виралните снимки покажуваат барови на покривите во Бејрут каде што гостите стануваат од своите маси за да снимаат ракети што го разбиваат ноќното небо. На друг кадар, свадбената група танцува додека лесната трага од балистички ракети може да се види во далечината.Снимката е придружена со натписи како „Во меѓувреме во Либан“, што го истакнува речиси надреалниот контраст помеѓу забавата и реалноста на војната, а коментарите се во иста насока.„Каква прекрасна ноќ“, „Прекрасен поглед“, беа само неколку од нив...

Свет | пред 9 месеци

izrael-vojska

Започна примирјето во Либан, израелските сили ќе се повлекуваат во следните 𝟨𝟢 дена

Во четири часот по локално време, во Либан стапи на сила примирје по повеќе од една година борби помеѓу Израел и Хезболах. Договорот беше објавен од Израел, Франција и САД.Силни експлозии до договорениот прекин на огнот во 4 часот по локално време слушнал новинар на ДПА во Бејрут, а Ројтерс јавува дека рафалите можеле да се слушнат низ Бејрут дури и по стапувањето на сила на примирјето.Ројтерс пишува за многу автомобили со раселени лица од јужен Либан, кои по прекинот на огнот почнале да одат на југ, кој граничи со Израел. Новинарите на Ројтерс видоа десетици автомобили како го напуштаат пристанишниот град Сидон јужно од Бејрут околу 4 часот наутро по локално време и се упатуваат подлабоко во јужен Либан.Израелските одбранбени сили (ИДФ) пукаа пред прекинот на огнот во текот на ноќта врз области во близина на меѓународниот аеродром и јужниот дел на земјата. Напади имаше и во јужните предградија на Бејрут во области каде што немаше претходна воена наредба за евакуација.Набргу по почетокот на примирјето, Израелските одбранбени сили ги предупредија жителите на јужен Либан да не се враќаат веднаш кон селата за кои имаше наредба за евакуација.„Ќе ве информираме кога ќе биде безбедно да се вратите дома“, објави ИДФ на Икс.Според договорот, постигнат со посредство на САД, израелските сили постепено ќе се повлекуваат од југот на Либан во следните 60 дена. За тоа време, борците и оружјето на Хезболах ќе бидат тргнати од областа јужно од реката Литани и тука ќе биде распоредена регуларната либанска војска. Либанскиот премиер Наџиб Микати го поздрави договорот и побара од Израел целосно да го почитува и да ги напушти окупираните области.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Израел жестоко ќе нападне ако Хезболах не почитува некој дел од договорот.

Свет | пред 1 година

liban-1

Ракетен напад врз Израел: Либан истрела најмалку 15 проектили, а некои погодија цели

Во Израел се огласија сирените во неколку региони, по што беа испукани три проектили од Либан, а 19 лица се повредени, според информациите на израелската армија. Седум лица се повредени во градот Тир, соопшти израелската служба за итни случаи.ИД подоцна објави дека околу 15 ракети биле истрелани од Либан во последниот напад и дека некои од нив биле пресретнати. Според ИД, главно биле пресретнати околу пет ракети истрелани кон Горна Галилеја.Околу 10 ракети беа истрелани и кон реонот на заливот Хаифа и Галилеја, но засега нема информации за можни повредени.Ракетните сирени повторно се вклучија во северен Израел, овој пат во областа на заливот Хаифа, Горна Галилеја, Средна Галилеја и заедниците на границата со Либан.Повеќе официјални информации за ова се очекуваат наскоро.

Свет | пред 1 година

16978892-7694-4c6f-845b-55c3d5a491b4

(Видео) Нови израелски напади врз јужен Бејрут

Израел изврши воздушни напади во петокот рано наутро врз јужните предградија на Бејрут, први напади врз градот по речиси една недела.Најмалку 10 напади беа извршени откако израелската армија нареди евакуација на зградите во упориштето на Хезболах.Нападите се случија еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се состана со американски официјални претставници за да разговараат за можниот договор за ставање крај на војната во Либан што резултираше со зголемени жртви од двете страни на границата.Снимките од AFPTV покажаа експлозии проследени со облаци чад во предградијата.„Нападите оставија големо уништување во целните области, бидејќи десетици згради беа срамнети со земја, при што избувнаа пожари“, објави либанската Национална новинска агенција (NNA). Цел на воздушните напади беа приградските области Гобеири и Ал-Кафат, автопатот Сајед Хади, областа околу комплексот Ал-Муџтаба и стариот пат до аеродромот, се додава.Израелската војска постојано го бомбардираше јужен Бејрут во последните неколку недели, извршувајќи смртоносни напади на други места во главниот град и низ Либан.

Свет | пред 1 година

talibanci

Шест лица загинаа во израелските напади врз јужен Либан

Најмалку шест лица загинаа, а еден е ранет во израелските напади врз јужен Либан во саботата вечерта, јавија денеска локалните медиуми.Либанската национална новинска агенција (ННА) наведува дека нападите на израелската армија (ИДФ) биле извршени врз градот Џедеиде Марџајун, пренесува Ал Џезира.Агенцијата NNA објави дека нападите на ИД ги погодиле населбите Бурџ ал Барајнех, Харет Хреик и Ал-Хадат во Дахије.Бројот на загинати во израелските напади во Либан од октомври минатата година се искачи на 2.653, објави во саботата Министерството за здравство на земјата.Во соопштението се наведува дека израелските сили вчера убиле најмалку 19 лица во Либан, објави претходно Ројтерс.

Свет | пред 1 година

bejrut-napad1

Нов жесток напад врз Бејрут

Официјалната либанска новинска агенција Ани извести за четири израелски напади во неделата навечер врз јужните предградија на Бејрут, упориште на Хезболах што е гранатирано веќе неколку дена, а израелската војска соопшти дека ги гаѓала магацините за оружје на движењето таму.„Непријателските воени авиони извршија два напади врз јужните предградија, првиот насочен кон областа Сен Терез, а вториот кварт Бурџ ал Барајне“, соопшти агенцијата, цитирана од Франс прес.Ани потоа пријави уште два израелски напади во предградијата, вклучително и еден против градот Хада.Во соопштението објавено во текот на ноќта во неделата, израелската војска соопшти дека нејзините авиони биле насочени кон „терористички цели во разузнавачкиот штаб на Хезболах“ и „магацини за оружје“ на вооруженото движење во регионот на Бејрут.„По ударот беа идентификувани секундарни експлозии, што укажува на присуство на оружје“, додаде војската.Видеото на АФП покажува четири удари, од кои два предизвикуваат огромни секундарни експлозии, голем пламен, како и густи облаци од црн чад.Повеќе од 30 напади ги погодија јужните предградија во текот на ноќта, според Ани, во една од најинтензивните ноќи на бомбардирање, поради што многу луѓе од соседните населби избегаа.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-080826

Врховниот лидер на Иран: Муслиманските нации имаат заеднички непријател

Иранскиот врховен лидер ги повика муслиманските нации да „заврзат одбранбен појас“ од Авганистан до Јемен и од Иран до Газа и Либан. Ајатолахот Али Хамени зборуваше додека ја водеше петочната молитва во Иран за прв пат по четири години.Тој рече дека непријателот на Иран е ист како непријателот на палестинската држава, Либан и другите муслимански народи.Тој додаде дека нападот на 7 октомври на Хамас врз Израел - за време на кој Израел рече дека околу 1.200 луѓе биле убиени, а 250 биле земени како заложници во Газа - е легитимен чин, како и нападот на Иран врз земјата оваа недела.Неговите изјави доаѓаат помалку од една недела откако Хасан Насралах, водачот на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, беше убиен во израелски воздушен напад.„Палестинскиот народ има законско право да се брани. Спротивставете се на тие криминалци - окупаторските сили. Не постои ниту еден суд или меѓународна организација што може да го обвини палестинскиот народ дека едноставно ја брани својата татковина“, рече Али Хамнеи.Израел не може сериозно да им наштети на Хезболах или Хамас, додаде тој.

Свет | пред 1 година

3327d2ef-f8d0-4c47-baee-7c1375542ee5

(Видео) Пресечен е патот преку кој луѓето масовно бегаа од Либан, вели министер

Израелскиот напад утрово во близина на либанскиот граничен премин Маснаа со Сирија го пресече патот што го користеа стотици илјади луѓе кои бегаа од израелското бомбардирање во последните денови, изјави за Ројтерс либанскиот министер за транспорт Али Хамие.Хамие рече дека ударот во либанската територија во близина на граничниот премин создал кратер широк четири метри. Воениот портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ) ја обвини либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, дека го користи преминот за транспорт на воена опрема во Либан во четвртокот.„ИДФ нема да дозволи шверц на ова оружје и нема да се двоуми да дејствува доколку биде принудена да го стори тоа, како што правеше за време на оваа војна“, рече портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи на „Х“.Според статистиката на либанската влада, повеќе од 300.000 луѓе, од кои огромното мнозинство се Сиријци, преминале од Либан во Сирија во изминатите 10 дена за да го избегнат ескалацијата на израелското бомбардирање.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања