„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Mak koncept

Makedonski-koncept-press

Петар Богојески: Време е да ја вратиме државата во рацете на граѓаните

Обештетување на граѓаните, одговарање на политичарите за неисполнети предизборни ветувања, следење на имотната состојба и барање доказ за потекло на имот, младите да бидат дел од системот без партиска припадност, враќање на квалитетен образовен систем е само дел од понудата на Македонски концепт на овие избори. Почеток на кампањата беше означен пред просториите на канцеларијата на Европската унија во државава како симбол на вредностите на коишто се стремиме, а сме далеку од нив.„Ние сме тука да Ви кажеме, кои се проблемите и што треба да се направи за да се решат истите, а одлуката е целосно Ваша! Ние сме тука да понудиме решенија, а не да се расправаме со партиите. Време е ова да престане. Време е граѓаните да ја вратат државата во свои раце. Да бидеме свои на своето. Се организиравме за да се избориме за слобода, спокој и солидарност”, изјави Петар Богојески лидер на политичката платформа Македонски концепт.Според Богојески ова е последна шанса да покажеме дека не се согласуваме со политичарите на црно белиот свет во кој живееме.„Сакаме да живееме во спокој! Сакаме нормален живот во фер општество и граѓанска држава, држава без етнички партии, сакаме да се врати ведрината на лицата на нашите граѓани, сакаме баланс помеѓу власта и опозицијата, сакаме слободна политика, обештетување на граѓаните, правда и сигурност кои ќе ги чувствува секој од нас, потекло на имот за сите политичари, финансиска лустрација, ефикасно здравство и реално образование, систем каде ќе има одговорност за политичарите и моќниците, сакаме партнерство со младите, сакаме децата да имаат подобра иднина од нас“, додаде Богојески.Дадениот глас за 10ка на изборната листа е глас за задржување на младите кои знаат дека во оваа земја ако немаш партиска книшка си никој и ништо. Македонски концепт сака да се отворат можностите за младите и тоа преку интензивна помош за почеток на бизниси, за вмрежување со компании со странство. Образованието треба да се врати на квалитет, и да биде систем поставен на темелите на откривање на фактите преку интеракција е единствен начин за напредок. На препознавање навреме на афинитетите на детето и следење на неговиот развој.„Стариот систем се покажа како непоправлив. Мора да изградиме нов, модерен и демократски систем, а стариот полека да згаснува. Сето ова е возможно само со богати граѓани. Имаме богата мафија, богати партии. Редно е да имаме богати граѓани“, смета Богојески и додава дека е време да згаснат етничките политички партии.„Доста е. Ова ни е последна шанса да ги менуваме нештата. Време е да се разбудиме и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните. Гласајте за 10ка! Не сакаме да се споредуваме со другите бидејќи немаме криминали и матни зделки за споредба. Имаме јасна идеја и цел и знаеме дека за ваква промена треба време, ама мора да почнеме од некаде. Гласот за 10ка е глас за сите нас! За држава каде политичарите се слуги на граѓаните, а граѓаните се конечно силата во државата!”, изјави Петар Богојески носител на листа под број 10 во изборна едница 1.фото: Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

Stevo-Naskovski_2

Македонски концепт: Нудиме проект за Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација

Проверка на имотната состојба на политичарите и Закон за финансиска лустрација, се двата проекти што Македонски концепт ги нуди за надминување на длабоката поделба меѓу богати и сиромашни граѓани. Спроведувањето на овие два проекти е со цел да завладее правото и во нашата држава, секој да се соочи со последиците од своите дела и да се стави крај на празните ветувања.Не е нормална ваквата поделба во државата, не е нормално да гледаме како политичарите се богатат а ние сме тивки набљудувачи на нивната алчност. И да знаеме дека сето тоа е спечалено на наш грб. Време е да ја вратиме нормалноста во нашата држава.“Премногу долго сме заложници на празните ветувања на политичарите, и левите и десните, а притоа тие се богатат. Веќе триесет години во оваа држава ниту еден политичар не одговара за своите постапки. Имаме корупција во државата, но дали вистински се бориме против неа. Не, сето тоа е само декларативно. Затоа Македонски концепт ќе се залага за носење Закон за финансиска лустрација. Да се лустрираат оние граѓани кои се стекнало со големо богатство од 1990 до денес. Овој закон ќе побара докази како е стекнато богатството. Доколку не се докаже потеклото, имотот ќе подлежи на данок што е 50 проценти од вредноста на имотот. Ако не се исплати данокот, да се конфискува соодветен дел од имотот. Парите собрани од оваа финансиска лустрација да се наменат за проектот за обештетување на граѓаните. Само на тој начин ќе постигнеме фер амбиент и ќе докажеме на дело дека сакаме да се бориме против криминалот и корупцијата”, истакна Стево Насковски,носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ 5.Нема правда за обичниот граѓанин на сметка на избегнувањето на законот посебно од страна на политичарите. Правдата мора да биде за сите иста и еднаква. Време е секој да го докаже потеклото на своето богатство, а политичарите се први. Затоа Македонски концепт има проект за проверка на имотот на сите политичари со потекло на имот и со систем за следење на нивните сметки. Суштината на овој концепт е потекло на имотот уште додека се кандидираат кандидатите за пратеници или за државни функционери.“Да се биде политичар е поврзано со интегритетот, но којшто граѓаните треба да му веруваат и да му дадат моќ да делува во нивно име. Ние немаме ништо против богати граѓани кои се занимаваат со политика, но потребно е на чесен начин да се стекнале со своето богатство. Ако некој не се стекнал со својот имот на чесен начин, не треба да биде истакната политичка личност во која што граѓаните ќе имаат доверба. И затоа еден од врвните приоритети треба да биде безусловно носење Закон за заплена на имот доколку не се докаже од каде и како е стекнат, како и заплена на имотот на функционери коишто не можат да го докажат неговото потекло”, вели Насковски.Нашата реалност е длабоко поделена во секоја смисла, но најголем е јазот меѓу сиромашни и богати, обесправени и оние што се недопирливи од раката на правдата.“Одговорноста на политичарите е голема, и затоа нивните ветувања треба да се реализираат.  Се изнаслушавме само ветувања и декларативни изјави. Доста се празни ветувања, затоа, секој политичар да одговара за неспроведување на ветувањата од изборната кампања. Што ли не се изнаслушавме изминатите децении, а реализација нула. Доста беше голи ветувања без реализација. Ние сакаме на граѓаните да им обезбедиме нормална држава, држава во која ќе се живее слободно, спокојно и солидарно”, потенцираше Насковски.За воспоставување нормална држава! За апсолутно владеење на правото! За реална благосостојба на граѓаните реализирана преку поддршка и имплементација на проектите врз коишто се базира платформата на Македонски концепт.Доволно беше страдање на македонските граѓани, потребно е да има благосостојба, достоинствен живот, народот треба да расне и да се развива, потребно е да ја изградиме Македонија да биде држава на сите, каде секој ќе има шанса за достоинствен живот.фото: Македонски концепт

пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања