„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Mak koncept

lulieta

Лулјета Ајрулаи: „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, еве што предлагаме…

Граѓанската платформа „Македонски Концепт“ е единствената граѓанска опција на изборите кои ќе се одржат на 15 јули. „Македонски Концепт“ преку своите проекти нуди реални и конкретни решенија за проблемите на граѓаните, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .Проектот „Обештетување на граѓаните“, предвидува дирекно парично обештетување за сите граѓани, кои се ограбени во последниве 30 години во периодот на предолгата и тешка транзиција. Тоа ќе го опфати секој граѓанин на Македонија, согласно мерливи критериуми за утврдување на степенот на индивидуална штета, која е веќе настаната. Рок на реализација: 2021-2026 година. Преку правична распределба на богатството во земјава ќе се дојде до благосостојба во државата. Богати граѓани е нашата цел. Богати и достоинствени граѓани може да изградат Нормална држава.Проектот “Не сте сами” треба да донесе достоинствен живот и грижа за луѓето кои сами се грижат за своите деца. Граѓани и организации, кои имаат експертиза во ова област, „Македонски Концепт“ се обврзува, сите донесени решенија, да ги претставува и да се бори за нивна имплементација, преку наше учество во институциите на државата или преку нашиот граѓански активизам. Самохраните родители, секојдневно се борат со сите искушенија и специфични потреби, кои ги имаат оваа категорија на граѓани во борбата за достоинствен живот.Проектот “Глас на животните”, Македонски Концепт се обврзува да промовира конечно решение за уличните животни, кои се оставени без заштита и нега, сами на себе. Во Кичево особено е нагласен проблемот со уличните кучиња, проблем кој се протега со години наназад и кој ги загрижува и вознемирува граѓаните на Кичево.„Македонски Концепт“ е политичка платформа која произлегува од граѓаните и се залага за подобрување на животот на граѓаните. Доста трпиме неправди и деградиран политички систем, на овие избори имате Последна Шанса да гласате за Нормална држава со заокружување на бројот 10, истакна Лулјета Ајрулаи кандидат за пратеник во ИЕ 5 од „Македонски Концепт“ .

пред 5 години

mak-koncept

(ВИДЕО) Со јавни работи за земја без отпад – чистење на каналите и управување со отпадот

Состојбата на одводните канали е многу лоша и е извор на болести и зарази. Лошата состојба на одводните канали е причината за загадувањето на површинските води, оние води што се користат за наводнување на полјоделските култури се контаминирана со фекалии. Општина Илинден е само едно од местата каде состојбата со отпадот е алармантна и неопходна е изградба на комплетна одводна канализациона мрежа со пречистителни станици со цел да не се исфрла фекална и друга отпадна вода во каналот.“Поголем број од жителите во оваа општина немаат фекална канализација и се уште користат септички јами, кои најчесто се дренираат во каналската мрежа. Голем дел од каналската мрежа поминува низ оваа општина, и веќе многу години е еколошка рана. Тоа мора да се реши веднаш. Прочистителните станици во Општина Илинден решаваат само еден минорен дел од еколошката катастрофа во која запаѓаме. Загадувањето не е нешто што не може да се спречи, само потребно знаење, волја и функционално решение. Со ѓубрето што го создаваме треба да се управува на начин како што управува целиот свет, односно отпадната вода треба да оди назад во природата ама прочистена, а тврдиот отпад да биде рециклиран”, рече Ивица Мицев кандидат на листата на Македонски концепт во ИЕ 3.Општините, селата и градовите, целата држава е депонија, отпад се остава секаде, никој не се грижи за животната средина, грижата за животната средина е индивидуална одговорност на секој од нас и воедно на институциите. Граѓаните заслужуваат да живеат во чиста и здрав животна околина. Институциите треба да си ја завршат својата работа. Македонски концепт има проект за справување со отпадот во Македонија и решение за моменталната ситуација.“Проектот Јавни работи за земја без ѓубре, предвидува истовремено решавање на неколку сериозни проблеми. Како приоритетно проблемот со отпадот од чие решавање ќе произлезе можност за дополнителна заработка за граѓаните. Бенефитите од овој проект започнуваат од чистата животна средина а продолжуваат на намалување на сиромаштијата. Суштинско во нашиот проект е вклучувањето на граѓаните затоа што институциите потфрлија, системот не функционира и станавме земја на отпадот”, објасни МицевПроектот „Јавни работи за земја без ѓубре” соединува три аспекти, справување со отпадот, со сиромаштијата и унапредување на капацитетите на локалниот туризам. Секој што е во можност, а пред се лицата во социјален ризик, секој што сака да го дополни семејниот буџет во слободно време, пензионери, планинари, ученици, ќе може со општествено-корисна и платена работа, да придонесат за справување со енормниот проблем со несоодветното фрлање ѓубре во природата.Дадената поддршка за бројот 10 е глас даден за вас, за нормална држава во која сакате да живеете, во еколошки чиста и безбедна.

Актуелно | пред 5 години

todor

(ВИДЕО) Иваноски: Еве зошто да гласате за бр. 10 за Македонски концепт“

Зошто, „Македонски концепт“, затоа што ние не сме партија, ние сме независна листа на граѓани кои сакаат своите проекти и знаења да ги вложат во подобро утре и промени во нашата земја. Затоа, ако сакате да имете пратеници волонтери, ако сакате независната културна сцена да добие своја грантовска поддршка, ако сакате министерствот за екологија и еколошките стандарди да бидат на највисоко ниво тогаш гласајте за 10 ка“, истакна Тодор Иваноски од Битола, кандидат за пратеник од Македонски концепт за ИЕ5.

Актуелно | пред 5 години

boskoski

Целта на Македонски концепт е Закон за пратеници волонтери со кој пратениците нема да се богатат и ќе работат за граѓаните

Пратеници – волонтери – е предлог на Македонски концепт со кој пратениците ќе бидат волонтери во служба на граѓаните. Ова е закон со кој пратениците ќе работат на волонтерска основа, и затоа нема да бидат платени од собрание, нема да патуваат и да користат патни трошоци, нема да користат трошоци за живеалиште.  Овој закон е и еден од условите за Македонски концепт да придонесе и да се вклучи во формирање влада, истакна Жарко Бошкоски, носител на листа за пратеници од граѓанската платформа „Македонски концепт“ за ИЕ 4.“Години наназад слушаме за енормни суми за патни трошоци што ги побаруваат пратениците, слушаме за афери дека пратениците од другите градови имаат сопствени станови во Скопје, кои ги изнајмуваат, а државата на нив им плаќа за престој. Слушаме баснословни суми потрошени во собраниската кафетерија, за плати на пратениците а за возврат што добиваме. Добиваме закони за кои граѓаните не го дале својот глас. Добиваме пратеници кои дејствуваат соодветно партиските цели, Влада и Парламент што се производ на пазарења и договарања. Многу празни ветувања се изнаслушавме во изминативе 20 години, многу поделби, многу разочарувања за граѓаните и фрустрации, зошто некој да троши толку државни пари, пари што граѓаните ги даваат а не работи во корист на истите тие граѓани. Време е за Закон за пратеници волонтери”, рече на Жарко Бошкоски, носител на листата од Изборна единица 4.Македонски концепт има начин како да го реши овој проблем. Пратениците – волонтери, ќе си ја продолжат својата професионална кариера според нивната примарна вокација и ќе останат во своите живеалишта а законите ќе се донесуваат само еден ден во неделата.“Со Законот за пратеници волонтери, Парламентот ќе стане институција и вистински народен парламент. На Македонија и требаат вистински “народни” пратеници, блиски до граѓаните. Пратеници на кои мандатот во Собрание нема да им биде бизнис и печалба, туку ќе им биде чест и можност да служат на народот. Време е да се реализираат ветувањата и да се понудат решенија, наместо само декларативните изјави. Време е да создадеме нормална држава во која пратениците ќе бидат дел од граѓаните и ќе работат за граѓаните”, потенцираше носителот на ИЕ 4, Бошкоски.Пратениците волонтери ќе бидат овозможени да користат слободни денови од работните места, кога заседава Собранието. За тие денови ќе им биде обезбеден и организиран превоз или автобуска карта, без никаков надоместок. Исто ќе биде обезбедена бесплатна храна во собранискиот ресторан. За пратениците кои работат во приватен сектор, државата ќе им надомести дневници на сопствениците на компаниите, кои имаат чест да вработуваат републички пратеник, само за оние денови кога истите се отсутни од работа, поради службени потреби. Оние кои работат во јавен сектор, ќе користат само слободни денови, за кои ќе примаат редовна плата.Македонски концепт има цел да создаде нормална држава со богати граѓани. Нормална држава каде не постои непремостливиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Каде парламентот и владата функционираат нормално, не по партиски клуч туку според потребите на граѓаните и во нивни најдобар интерес, истакна Жарко Бошкоски.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Дејкоски: Во селата може и мора,да се креира одржлив развој

Колумна на Перо Дејкоски , кандидат за пратеник на „Македонски концепт“ на ИЕ 5Претстојните парламентарни избори најмногу ќе останат запаметени поради фактот предизвикан од пандемијата на корона вирусот,термин што ни го зарази и животот и јазикот.Ете и јас го започнав ова мое обраќање токму со ова зло иако потрошив многу време како да го избегнам.Едноставно тоа е невозможно.Светот е опседнат со Короната.Секоја средба почнува и завршува со неа. Сите медиуми се преполнети со статистики , анализи , предвидувања,насоки,протоколи,совети,наредби…Од огромниот број податоци за вирусот,за тоа како и каде најмногу се шири,за мене најинтересни се оние кои кажуваат дека заразата најбрзо се шири во населенети места со голем број на жители,особено во оние што се многу загадени.Од вкупниот број заразени во светот доста голем број се од градските средини.Статистиката исто така потврдува дека најризични се затворените простори како болниците,фабриките,домовите за стари лица кои најмногу се лоцирани во градските средини.Сите велат дека после овој шок што го доживеа човештвото светот не може да биде ист.Се вртат многу сценарија за она што не очекува во блиска иднина.Нема многу оптимизам во нив.Особено за економијата,се очекува нејзин драматичен пад во наредниве години.Се потврдува старата вистина дека болеста носи сиромаштија.Во вакви услови,вечната тема развој на руралните средини,за која кај нас со години многу се зборува а малку се прави,добива друга димензија.Во наредните години што претстојат ќе бидеме принудени да се свртиме кон селото и заради нашето здравје и заради нашиот опстанок.Голем број научни студии направени од врвни експерти од областа на социологијата и психологијата,ја нагласуваат предноста на живеењето во селата.Покрај чистата природа погодна за земјоделско производство селото,може да се рече е единственото место за духовна инспирација,бегство од секојдневието,ментална релаксација,со еден збор место каде што може да се организира здрав социјален живот.Како архитект од секогаш сум тврдел дека во селата може, а сега велам и дека мора,да се креира одржлив развој.Валоризацијата на руралните средини е голема шанса за Македонија.Во атарите на македонските села,генерално запуштени и оставени сами на себе,лежат големи потенцијали за развој на земјоделството , сточарството , туризмот , производство на чиста енергија.Се разбира дека развојот на руралните подрачја никако не може да се замисли без стратешки добро осмислена подршка од страна на државата,која треба да биде постојана и долгорочна.Истово важи и за регионот од кој што и јас потекнувам.Многу можности но мала реализација.На прсти можат да се набројат успешните проекти реализирани во струшките и охридските села.Приказната за нив е неприметлива.Можеби неколку од аспект на туризмот и сл.Поради актуелната ситуација со здравствената криза и искушенијата што таа ќе ги донесе се залагам,во договор со државата и локалните самоуправи,што побрзо да се дефинираат приоритетите во инфраструктурните проекти во регионите долж планината Јабланица,на Долни Дримкол,Малесија и Дебрца.Исто така во договор со надлежните од Општините Струга и Вевчани ќе треба да се направи поголем притисок за што побрзо донесување на Законот за прогласување на Јабланица за национален парк.Треба да се поттикнат и да се помогнат луѓето кои живеат во овие региони и компаниите кои гравитираат во тој простор да инвестираат во помали или поголеми капацитети од областа на селскиот туризам и културното наследство во нив,ловиштата и рибарството,печуркарството,производството на здрава храна,пчеларството,мали или поголеми енергетски капацитети кој ќе произведуваат зелена енергија.Во оваа насока треба да се охрабри и да се помогни на населението кое поседува стари куќи тие да бидат реконструирани и зачувани во нивната автентичност.Ова особено е важно за селата од Долни Дримкол,каде сеуште постојат стари куќи кои претставуваат бисер на македонската архитектура и градителство.Со вакви размислувања може подобро да се организираме,пред се во нашиот регион,за да одговориме на некои предизвици што брзо ќе се појават во нашите животи.Почнав и ќе завршам со Короната.Таа покрај паниката , стравот , смртта , сиромаштијата направи и добри работи:Ги закрпи озонските дупки,го прочисти воздухот во големите и малите градски средини,ги исчисти водните потенцијали.Не научи дека помалку е повеќе.Се надевам дека во оваа насока на нас жителите на Република Македонија ќе не свести дека од политички аспект постојат и други.Текстот е посветен на големиот ентузијаст,човекот наречен пркос,патриотот со големо срце и поранешен градоначалник на Општина Вевчани Г-динот Васил Радиноски основоположникот на модерното македонско село.

Актуелно | пред 5 години

kate

Василеска: Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!

ФБ статус на Катерина Василеска, кандидат за пратеник за ИЕ 5 од „Македонски концепт“.Охридското езеро не е збирка приватни бехатонски плажи и парапетчиња!Охрид не е Лас Вегас па да ги прибере сите коцкари од околината! Галичица не е џипска патека за изживување, ниту касапница за дрва, ниту ловиште за убијци, туку редок еко-системи и дом на многу растенија, животинчиња, љубители на природата.Зарем нашиот прекрасен Охрид, наместо да е рај за сите Македонци, и пред се прекрасен град за живот на самите охриѓани, да заврши како плен во устите на ненаситните хиени кои го демнат деноноќноОхрид – е совршен за рехабилитација на болни. Значи наместо класични сезонски хотели кои работаат 4-5 месеци, треба да имаме рехабилитациони центри кои ќе работаат 12 месеци, и ќе нудат вработување постојано, стабилно и благородно, за различен вид убави хумани професии – лекари, негователи, физиотерапевти, киропрактичари, готвачи на здрава храна, земјоделци-производители, водичи.Охрид – прекрасен за културно музички меѓународни настани. По примерот на Охридскиот Хорски Фестивал.Охрид – идеален за спорт и спортски настани – убави луѓе ќе доаѓаат по примерот на Охрид Трчат,. Паралелно туризам и спорт. Повторно многубројни можности за работа за локалците и за сите Македонци кои би сакале да живеат Охрид.Охрид – центар за истражувачи, научници, академици заинтересирани за културно – природно наследство. Кои ќе се ем туристи вон сезона, ем ќе носат нови идеи, нови луѓе.Ем ќе ни помогнат да ги разбираме и следиме предлозите од ИКОМОС, ИУЦН, УНЕСКО.Охрид – враќање на филмската академија. И отворање на други гранки од познати светски универзитети како дел од нивната интернационална програма. Идеални сме за тоа.Охрид -ценет образовен центар за одржлив туризам,угостителство,гастроноимија. Целосна реформација на упропастениот Факултетот за туризам и создавање современ факултет-почитуван и привлечен и за странски студенти, по примерот на Филмската академија.Толку многу Охриди имаме и можеме.Зарем треба да дозволиме, на сите овие варијанти, а ги има и мн други, Охрид да стане петпарачка дестинација за ефтин масовен туризам?Охрид да биде претворен во градежен парк за грди зградурини кои зјаат празни?Охрид да биде претворен во парапетче?Во бетон?Во приватни плажи каде самите охриѓани ќе немаат пристап?Во викенд населба, каде локалците мака мачат со празните згради?Да се освестиме драги мои охриѓани, кому така лесно го препуштаме нашиот Охрид.

Актуелно | пред 5 години

mak-koncept

Македонски концепт: Охрид не смее да биде град со најголема стапка на иселеност, ние имаме планови за развој на градот и регионот

Караванот на „Македонски концепт“ денеска ја промовираше својата програма во Охрид. Пред присутните покрај лидерот Петар Богојески и носителот на листата за ИЕ5 Стево Насковски, се обратија и кандидатите за пратеници Томе Блажески и Катерина Василеска.„Ви се обраќам да го зачувеме сјајот на старото охридско градителско наследство, претставувано години наназад од познатите охридски градители архитекти, Пантелеј Митков, Климент Заров, Викторија Попстефанија, сестрите Хаџиеви, Тодор Паскали, Димитар Зарчев и Павел Балабанов кои ги поставија основите на градителството и урбанизмот во Охрид и пошироко во Македонија“, истакна Томе Блажески, кандидат за пратеник од „Македонски концепт“ во ИЕ5.„Јас имам една цел, а тоа е да ја вратиме светлината на нашиот град на светлината – Охрид. Охрид не смее да биде град со најголеме стапка на иселеност, туку град во кој ќе се чека на ред за вселување од сите кои сакаат да уживаат во оваа убавина. Тоа е она за што јас ќе се залагам на сите начини и со сето мое знаење и со сите членови на „Македонски концепт“ и сите кои сакаат да допринесат за оваа визија, истакна кандидатот за претеник од „Македонски концепт“ за ИЕ 5, Катерина Василеска.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Богојески од Охрид најави проект за заштита на историското и културното наследство

Петар Богојески денеска во Охрид го реафирмираше минатогодишниот проект од Македонски концепт за изградба на автопат Велес – Прилеп – Битола – Охрид.„Ќе се поврзат и Крушево преку Кривогаштани, Демир Хисар преку Бучин, Ресен, Македонски Брод. Тој проект го најавивме на самиот почеток од промоцијата на Македонски концепт минатата година… целосно оправдан од планираните капитални инвестиции во патната инфраструктура“, истакна Богојески во својот пост на социјалните медиуми. Македонски концепт на овие избори е под бројот 10 на избирачкото ливче. Последна шанса за нешто заедно да направиме за подобра држава е главниот слоган на партијата.Македонски концепт од Охрид најави и проект за заштита на историското и културното наследство Македонскиот туристички бисер Охрид е најдоброто место за промоција на проектот на Македонски концепт за заштита на историското и културното наследство, како на градот така и во државата.Тоа денеска од Охрид го порача, Петар Богојески, кој истакна дека „Македонски концепт” тоа ќе го изведе и реализира на начин поразличен од она што, како што рече, досега го правеле бандитите од претходните власти изминатите 30 години.– Историското и културното наследство во земјата ќе го заштитиме вистински на начин како што налагаат европските стандарди. Устите ни се полни со ЕУ, а немаме ниту ронка од нашата одговорност и минимум европско поведение за тоа како треба да се однесуваме кон наследството. Нашиот проект за заштита на историјата ќе биде суштински за отпочнување вистинска ренесанса за презентација на македонското културно и историско богатство пред светот, рече Богојески.Тој истакна дека туризмот после земјоделството треба да биде втората суштинска гранка за развој на стопанството во земјата.– Охридскиот регион преку туризмот може да го храни македонското образование и здравство. Да имаме достоинствено здравство, претходно треба да создадеме достинствен туризам, рече тој.Носителот на Изборната листа на Македонски концепт за 5 ИЕ, Стево Наскоски, ги повика охриѓани да ја искористат „последната шанса” за решавање на проблемите во градот, но и поширокиот регион на Охридското Езеро.– Ние нудиме шанса за комплетирање на заштита на езерото од отпадни води, преку прочистетлни станици на деловите на езерото што не се поврзани со Колекторот. Тука е и проектот „Охрид град музеј” за конзервирање и реновирање на објекти од културно изториско значење во градот со средства од државата.„Македонски концепт” нуди промени и последна шанса за Охрид, Струга и Македонија, изјави Богојески.

Македонија | пред 5 години

Makedonski-koncept-Bitola_3

(ВИДЕО) Богојески: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници кои ќе носат вистински решенија за проблемите

Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите и поддршка на кандидатите на Македонски концепт кои со Законот за лустрација и потекло на имот, ќе придонесат за враќање на градот на битолчани, предизборниот карван на Македонски концепт им порача на граѓаните на Битола. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево.Крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче.“Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, во Битола.При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај промоторот, Петар Богојески, уште и носителот на ИЕ 5 Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти.

Македонија | пред 5 години

koncept-4

Македонски концепт: ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска користеше деца за нанесување штета на нашиот караван во Струмица

Остро го осудуваме обидот од извесни политички субјекти да ја оцрнат кампањата на Македонски концепт со копирање на нашите симболи и инволвирање на деца во промотивни политички цели. Уште полошо во овој случај се искористени деца за водење црна, неетичка политичка кампања со цел дискредитирање и оцрнување на противникот, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.Денеска откако карванот на Македонски концепт беше во Струмица и оствари средба со граѓаните на Струмица, од извесен политички опонент, за кој имаме индикации дека станува збор за ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа употребени и инструирани малолетни деца кои беа облечени во маички со симболите на Македонски концепт и беа испратени низ градот да делат промотивни материјали.Македонски концепт целосно се оградува од овој потег и остро го осудува овој обид за фалсификат и злоупотреба на деца. Со овој крајно низок чекор неетичноста во политичката кампања ги преминува сите граници.Изборниот тим на Македонски концепт бара од ДИК, ОЈО и МВР итно да постапат и да ги откријат сторителите. За овој настан ќе ја информираме Детската амбасада Меѓаши, ОБСЕ и Хелсиншки комитет!Македонски концепт е платформа која се залага за слобода, спокој и солидарност меѓу сите граѓани на државата и притоа се придржува кон етичките и хумани вредности. Ваквата политичка кампања се коси со сите принципи на Македонски концепт, се вели во соопштението од „Македонски концепт“.

Македонија | пред 5 години

stevo2

(ВИДЕО) Насковски: Тие нека се натпреваруваат во тоа кој е помал или поголем крадец , но ние ќе воспоставиме нови стандарди во политиката

Пред вас е последната шанса за градење на нормална држава. Тоа успешно ќе се направи само врз основа на реална понуда на нови и проекти и замисли кои нема да бидат презентирани за политички поени, туку за подобро секојдневие. Нашите конкуректи, а последниве 30 години владејачки партии ќе ве убедуваат дека сите крадат, дека сите практикуваат непотизам и дека треба да го изберете помалото зло. Но, не сме сите исти. Тие нека се натпреваруваат во тоа кој е помал или поголем крадец , но ние ќе воспоставиме нови стандарди во политиката, истакна меѓу другото носителот на ИЕ5 од „Македонски концепт“, Стево Насковски.

Македонија | пред 5 години

stevo

(ВИДЕО) Насковски: Ова е последна шанса за нормална држава, Заокружете бр 10

Ги повикуваме сите слободни граѓани, конечно да направат разлика. Доста трпиме, на нашето општество му треба Слобода, Спокој и Солидарност. Ова е последна шанса за нормална држава. Заокружете бр 10 за „Македонски концепт“, порача од Охрид, носителот на листата за ИЕ 5 од „Македонски концепт“ Стево Насковски.

Слајдер | пред 5 години

koncept-4

(ВИДЕО) Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата нуди Македонски концепт во Велес и Штип

Предизборниот караван на Македонски концепт вчера ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборната единица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборната единица 3.“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животната средина а   Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцираше Костова Бочварова.Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во  ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите им понудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме да бидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена! Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија.”„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип.

Македонија | пред 5 години

Stip_1

Социјална правда и обештетување на граѓаните оштетени во транзицијата нуди Македонски концепт во Велес и Штип

Предизборниот караван на Македонски концепт денеска ги посети градовите Велес и Штип од Изборната единица 3.За граѓаните на Велес изјава дадоа Петар Богојески, носител во изборната единица 1 и кандидатот за пратеник во третата изборна единица Елизабета Костова Бочварова. Пред велешани Богојески истакна што е приоритетно за градот и што е потребно за граѓаните на Велес.“Прво што ќе понудиме на граѓаните на Велес е слобода како форма на живот, за Велес и цела Македонија, а второ е спокој, односно извесна иднина за граѓаните. Денес никој нема извесна иднина и не знае што се случува, законите се менуваат секој ден, ни граѓаните и бизнисмени не знаат што се случува. Не се знае што ќе се случи со работните места, или што следи утре. Трето е солидарно поведение каде е проектот за обештетување на граѓаните. Сите граѓани кои се жртви на транзицијата, од сите влади и политичари во изминативе 30 години, да бидат обештетени од буџетот на државата со околу 300 милиони евра годишно или 1,5 милијарда евра за следните 5 години почнувајќи од 2021 година. Овој проект ќе донесе социјална правда и правичност, проект што мора да се реализирани за да имаме барем минимална правда за граѓаните наспроти оние мал број индивидуалци што го приватизираа и ограбија целиот општествен капитал во минатото, а голем број семејства настрадаа во тој процес. Овој проект е многу корисен и важен за целата држава а посебно за Велес како град со многу стечајци”, изјави Петар Богојески.Пред велешани приоритетите на Македонски концепт ги изнесе и Елизабета Костова Бочварова, кандидатот за пратеник со реден број 2 од изборната единица 3.“Особено внимание во Велес треба да се обрати на заштита на животната средина а   Велес се соочува со многу проблеми поврзани со животната средина. Голем проблем е жгурата позади Топилницата, која што треба да се дислоцира, како и потокот во близина на пазарот. Ќе се залагаме за што повеќе зелени површини и оплеменување на Езерото Младост после ланската катастрофа. Со еден збор ќе направиме се за нормална држава”, потенцираше Костова Бочварова.Во Штип карванот на Македонски концепт беше пречекан од граѓаните каде проф. Војо Беловски, кандидат за пратеник во  ИЕ 3, истакна, “Убедени сме во нашата идеја и со чиста совест, продолжуваме напред, на избирачите им понудиме антимафијашка и нормална опција! Никогаш нема да прифатиме да бидеме во мафијашки раце и да бидеме неми актери на политичката сцена! Само со искреност и посветеност, со чесност и интегритет, заеднички ќе се избориме ЗА НОРМАЛНА ДРЖАВА! Доста беше. Време е за алтернативи, народот е заситен од исти нестручни и нечесни фаци. Триесет години народот живее во апатија, депресија, да не кажам потежок збор – на граница на агонија.”„Поддршката за бројот 10 на избирачкото ливче е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава“, им порача Богојески на граѓаните на Велес и Штип. 

Актуелно | пред 5 години

Mak-Koncept-vo-Kumanovo

(ВИДЕО) Караванот на “Македонски концепт“ ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово

Караванот на Македонски концепт вчера ги посети општините од втората изборна единица, Ѓорче Петров, Гази Баба и Куманово. Пред присутните се обратија носителот за ИЕ1 Петар Богојески и носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.„Пораката која ја испраќаме е иста. Целта на овие посети е директна средба со граѓаните каде ќе ги пренесеме сите наши ставови и проектите од нашата програма. За Ѓорче Петров најзначајни ќе бидат проектот за обештетување на граѓани и проектот за потекло на имот на Политичари, бидејќи Ѓорче Петров е позната општина во која неколку политичари преку ноќ се збогатија и од пекари станаа милионери. Токму поради тоа за оваа општина добро ќе дојде нашиот проект за потеклото на имот на сите политичари во земјава. Би сакал да испратам една порака до нашата политичка конкуренција која започна со нечесна кампања, со злоупотреба на изјави од минатото, злопотреба на нашиот проект јазиците на Македонија и користењето на сите јазици во земјата . Потпишавме кодекс за фер демократски и европски, а ова што го гледаме е се само не се европски избори. Продолжија политичките закани врз нашите активисти. Продолжија навредите по социјалните мрежи и сетоа тоа организирано во партиите и продолжи негативната кампања која дополнително ќе се одрази за намалено излезност на овие избори. Апелирам под итно да престане ова однесување поготово на двата големи политички блокови во земјава“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ1 Петар Богојески.„Ние како Македонски концепт ќе се бориме за порамномерен регионален празвој. Не е фер сите средства и сите активности да се одвиваат само во Скопје и само во Општина Центар, а останатото да биде пасивно И безнадежно. Ние мора да ја обновиме цела Македонија да се развива соодветно. Жано е општина Ѓорче Петров на само 7, 8 километи од центарот да биде општина која не го следи развојот од Центарската општина. Заради тоа мора да се фокусираме не вистинска децентрализација во Македонија“, истакна меѓу другото носителот за ИЕ2 Снежана Костадиноска-Милошеска.Богоевски од Куманово кажа дека овој град е со своја специфика, затоа што секога гласа за иста партија.„Секогаш гласаат за СДСМ, но секогаш исто се иселуваат од овој град. Време е граѓаните да поддржат единствено граѓански кандидати, време е да поддржат многу поинакво поведение во политиката и последна шанса е да превземеме се што можеме за да престане ова масовно иселување од сите градовви од Македонија. Куманово мора да препознае разлика и да го поддржи бројот 10, затоа што ова е последна шанса да смениме нешто во оваа наша држава и да живееме во нормална држава“, истакна меѓу другото Богојески од Куманово.Видео Македонски концепт

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања