МАРТА КОС

Marta-Kos

Нови заштитни механизми за идните членки на ЕУ, Црна Гора прва со нов тип договор?

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија не смее да си дозволи „тројански коњ“ во процесот на проширување и дека сѐ уште нема политичка волја меѓу земјите членки за воведување гласање со квалификувано мнозинство во оваа област.Говорејќи на конференцијата за проширување на ЕУ во Талин, Естонија, Кос истакна дека проширувањето мора да се темели на пет клучни елементи, при што првиот е дека нема кратенки во реформите. Според неа, Унијата мора да биде заштитена од можни чекори наназад и затоа предложи новите договори за пристапување да содржат посилни заштитни механизми за почитување на фундаменталните вредности.Таа најави дека Црна Гора би можела да биде првата држава што ќе потпише ваков нов тип договор. Борбата против корупцијата и изградбата на демократските институции, нагласи Кос, остануваат темел на проширувањето и целосното членство никогаш не смее да биде на штета на тие вредности.„Потребна ни е полиса за осигурување против чекори назад. Лекцијата од 2004 година е дека мора да имаме механизми што ќе гарантираат дека новите членки ќе се придржуваат до правилата и дека интегритетот на Унијата ќе биде заштитен и по пет, десет или дваесет години“, изјави таа.Во однос на гласањето со квалификувано мнозинство, Кос посочи дека новата методологија и понатаму остава простор за вето на секој чекор. Европската комисија, како што рече, го ставила предлогот за квалификувано мнозинство на маса, но засега нема доволна политичка поддршка меѓу земјите членки за таква промена.

Свет | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања