„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

МАСК

media-libraryv4b398aa12ee6dY5YN0

Документ од 2015 година: Епстин открива вечера со Маск, Тил и Цукерберг

Фотографија од судските списи за Џефри Епстин прикажува вечера одржана во 2015 година, на која присуствувале некои од највлијателните личности од Силициумската Долина, а самиот Епстин подоцна се фалел дека собирот бил „див“. На фотографијата, објавена од американското Министерство за правда, основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, седи на маса покрај извршниот директор на Спејс-Екс, Илон Маск, и Џои Ито, поранешен директор на MIT Media Lab, објави британскиот таблоид „Дејли мејл“.На вечерата присуствувал и коосновачот на ПејПал, Питер Тил, иако тој не се наоѓа на самата фотографија. Епстин ја испратил фотографијата сам на себе по електронска пошта во понеделникот, на 3 август 2015 година, само еден ден откако се пофалил дека вечерал со технолошките титани. Врамениот примерок бил изложен и во неговиот стан на Менхетен. Според електронската кореспонденција во досието, вечерата се одржала на 2 август 2015 година.Истата вечер, Епстин му пишал на авторот и лекар Питер Атија, прашувајќи го каде се наоѓа, додавајќи дека можеби ќе отпатува во Лос Анџелес за да ја разгледа внатрешноста на друг авион, при што навел дека во тој момент вечера со Маск, Тил и Цукерберг. Атија одговорил со ентузијазам, оценувајќи дека станува збор за „одлична вечера“.Епстин, кој почина во затвор на Менхетен во 2019 година, подоцна го опишал собирот како „див“ во електронска порака испратена до милијардерот Том Прицкер на 20 август 2015 година. Овој опис повторно излезе во јавноста во момент кога расте интересот за врските на финансиерот со моќни поединци.Именуваните личности во меѓувреме се обидуваат да ја минимизираат секоја поврзаност со Епстин. Објавувањето на повеќе од три милиони документи од страна на Министерството за правда го разоткри неговиот општествен круг, при што се нагласува дека појавувањето на фотографиите не претставува доказ за какво било незаконско дејствие.Илон Маск се споменува повеќепати во документите, вклучително и во постари електронски пораки кои укажуваат на пријателски однос со Епстин со години пред вечерата во 2015 година. Во ноември 2012 година, Маск му пишал на Епстин прашувајќи кога ќе биде „најлудата забава на островот“, додавајќи дека веројатно ќе дојде со тогашната сопруга, актерката Талула Рајли. Во тоа време, Епстин веќе бил осуден за сексуални злосторства против малолетници на Флорида.Во декември 2013 година, Маск повторно го контактирал Епстин за можен престој на неговиот карипски остров, при што размениле повеќе пораки за датумите. Иако не е јасно дали посетата некогаш се реализирала, кореспонденцијата укажува на блиски односи.И покрај објавените документи, Маск во повеќе наврати негираше блискост со Епстин. Во интервју за „Венити фер“ изјави дека не го познавал доволно добро за да запознава други луѓе со него и го нарече „очигледно морничав“. На платформата Икс тој исто така отфрли тврдења дека присуствувал на негови забави, нагласувајќи дека никогаш не бил на таков настан и дека јавно повикувал на кривично гонење на сите што соработувале со Епстин во извршување злосторства.Дополнителни електронски пораки покажуваат дека Џои Ито присуствувал на вечери со Епстин и во 2014 година, а во друга кореспонденција разговарал за заеднички патувања со него. Јапонскиот претприемач поднесе оставка од функцијата директор на MIT Media Lab во 2019 година, откако беше откриено дека Епстин донирал околу 850.000 долари на Универзитетот меѓу 2002 и 2017 година.Според извештаи, Ито се обидел да прикрие значителни донации насочени кон лабораторијата и кон негови лични инвестициски фондови. Случајот излезе на виделина по објавата на текст во „Њујоркер“, во кој беше наведено дека вработени во лабораторијата, напорите за сокривање на контактите со Епстин ги нарекувале „Волдеморт“, односно „оној чие име не смее да се изговори“. Ито денес е претседател на Технолошкиот институт Чиба во Јапонија.

Свет | пред 1 седмица

Mask1

Историско спојување: SpaceX и xAI стануваат највредната приватна компанија во светот

Американскиот милијардер и претприемач Илон Маск донесе одлука да ги спои својата вселенска компанија SpaceX и фирмата за вештачка интелигенција xAI, во трансакција со која новоформираната компанија се проценува на дури 1,25 билиони американски долари. Станува збор за едно од најголемите корпоративни спојувања во историјата на приватниот сектор, со кое Маск дополнително ја зацврстува својата амбиција за доминација во областите на вештачката интелигенција и вселенските технологии.Акувизицијата на xAI е потврдена во соопштение објавено на официјалната интернет-страница на SpaceX, потпишано лично од Маск, со што се потврдија претходните информации во медиумите. Според извори запознаени со договорот, SpaceX е вреднуван на околу еден билион долари, додека вредноста на xAI е проценета на 250 милијарди долари. Вработените во компаниите биле информирани преку интерен допис, во кој е наведено дека трансакцијата се реализира исклучиво преку размена на акции, со очекувана вредност од 526,59 долари по акција.Во соопштението се наведува дека целта на спојувањето е создавање на, како што се наведува, најамбициозниот вертикално интегриран иновациски систем на Земјата и надвор од неа, кој ќе ги обедини вештачката интелигенција, ракетните технологии, вселенскиот интернет, директната мобилна комуникација и глобалната платформа за размена на информации во реално време. И покрај спојувањето, SpaceX и натаму планира иницијална јавна понуда на акции подоцна оваа година, за која претходно се проценуваше дека би можела да донесе до 50 милијарди долари, што би било најголемо излегување на берза во историјата.Објаснувајќи ја стратешката логика зад ваквиот потег, Маск изјавил дека во период од две до три години најевтиниот начин за извршување на компјутерски операции за вештачка интелигенција ќе биде токму во вселената. Според него, тоа би овозможило побрзо тренирање на напредни AI-модели и обработка на огромни количини податоци, со потенцијал за значајни научни и технолошки пробиви.Во таа насока, SpaceX поднел барање за одобрување на лансирање до еден милион сателити во Земјината орбита. Компанијата веќе остварува значителни приходи преку сателитската мрежа Starlink, која брои повеќе од 9.000 активни сателити и, според достапните податоци, веќе носи поголем приход од лансирањата на ракети.Спојувањето дополнително ги испреплетува бројните деловни потфати на Маск. По преземањето на Твитер во 2022 година и неговото преименување во X, платформата беше интегрирана со xAI во зделка вредна 33 милијарди долари. xAI, кој го развива чет-ботот Grok, според проценките троши околу една милијарда долари месечно, што го прави еден од најкапитално интензивните проекти во технолошкиот сектор.За разлика од некои други иницијативи на Маск, SpaceX се смета за негов најуспешен и најстабилен бизнис. Компанијата е единствената американска фирма што рутински транспортира астронаути до Меѓународната вселенска станица и назад, а воедно е и клучен партнер на НАСА и на американското Министерство за одбрана, што дополнително ја зацврстува нејзината позиција како столб на идните вселенски и технолошки амбиции на Маск.

Магазин | пред 2 седмици

Mask1

Маск: Мерките за спречување на неовластената руска употреба на Старлинк даваат резултати

Извршниот директор на компанијата SpaceX, Илон Маск, изјави дека мерките што компанијата ги презела за да ја спречи неовластената употреба на сателитскиот интернет-систем Старлинк од страна на Русија се покажале како успешни.„Се чини дека чекорите што ги презедовме за да ја спречиме Русија неовластено да го користи Старлинк вродија со плод. Доколку е потребно да се направи уште нешто, информирајте нè“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.Неговата изјава доаѓа откако Украина јавно потврди дека соработува со SpaceX со цел да се спречи користењето на Старлинк за воени цели од страна на руските сили. Украинскиот министер за дигитална трансформација и одбрана, Михајло Федоров, изјави дека Киев заедно со SpaceX работи на технички решенија кои ќе оневозможат управување со дронови преку овој систем.Украинските власти претходно соопштија дека Старлинк бил пронајден на дронови со долг дострел, користени во руски напади, што предизвика сериозна загриженост за можната злоупотреба на западната технологија.„Западната технологија мора да продолжи да му помага на демократскиот свет и да ги штити цивилите, наместо да се користи за тероризам и уништување на мирни градови“, напиша Федоров во објава на Икс.Старлинк од почетокот на војната има клучна улога во одржувањето на комуникациите во Украина, а прашањето за неговата безбедна и контролирана употреба останува едно од најчувствителните во контекст на тековниот конфликт.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-02-10-at-08.55.43

Маск реагира по објавата на новите досиеја за Епстин: ‘Мојата преписка може да се злоупотреби’

Илон Маск се огласи на социјалните мрежи откако неговото име се појави во нов пакет објавени досиеја поврзани со починатиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.Според електронската преписка што стана јавно достапна, Маск и Епстин разменувале е-пораки во периодот меѓу 13 декември 2013 година и новогодишната ноќ истата година, во кои се споменува можен престој на Маск на карипскиот остров на Епстин. Во посебна размена на пораки, се наведува дека Епстин уште во февруари истата година договарал ручек со Маск.По објавувањето на документите, Маск одговори на коментар на корисник на социјалната мрежа X, чиј сопственик е тој самиот, посочувајќи дека бил свесен оти дел од неговата преписка со Епстин може да биде погрешно протолкувана.„Ниту една личност не се залагала посилно од мене за целосно објавување на досиејата за Епстин и драго ми е што тоа конечно се случи“, напиша Маск. Тој додаде дека имал многу малку комуникација со Епстин и дека повеќепати ги одбил поканите да го посети неговиот остров или да патува со неговиот авион, познат како „Лолита експрес“.Маск призна дека бил свесен оти ваквата преписка може да се искористи за напади врз неговиот углед, но нагласи дека тоа не го загрижува.„Она што навистина ме загрижува е дали барем ќе се обидеме кривично да ги гониме оние кои со Епстин извршиле тешки кривични дела, особено кога станува збор за брутална експлоатација на малолетни девојчиња“, напиша Маск.Објавувањето на новите досиеја повторно го актуелизира прашањето за одговорноста на моќните и влијателни личности кои имале контакти со Епстин, како и за тоа дали институциите ќе преземат конкретни чекори за расчистување на неговата мрежа на соработници и можни соучесници.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Документи од американското Министерство за правда: Илон Маск имал поблиски контакти со педофилот Епстин отколку што јавно признавал

Американското Министерство за правда објави документи кои откриваат дека комуникацијата меѓу Илон Маск и финансискиот магнат и осуден педофил Џефри Епстин била значително поинтензивна и поприсна отколку што досега беше познато во јавноста, објави „Гардијан“.Објавените електронски пораки од 2012 и 2013 година покажуваат дека Маск и Епстин во пријателски тон договарале можни посети на озлогласениот остров Little St James, во сопственост на Епстин. Иако во кореспонденцијата се наведуваат конкретни датуми и логистички детали, според документите, ниту една од планираните посети на крајот не се реализирала, главно поради организациски причини.Во една од пораките од декември 2013 година, Маск го информира Епстин дека ќе се наоѓа во регионот на Британските Девствени Острови и прашува кога би било соодветно да го посети. Епстин му одговара дека има простор „во секое време“, по што двајцата разменуваат пораки за можен термин. Посетата, сепак, била откажана откако Епстин соопштил дека мора да остане во Њујорк.Во друга комуникација од ноември 2012 година, Епстин го прашува Маск колку луѓе би патувале со хеликоптер до островот, на што Маск одговара дека веројатно би бил само тој и неговата тогашна сопруга. И овој план бил откажан поради, како што навел Маск, логистички проблеми.Овие откритија се во спротивност со јавните изјави на Маск од минатото. Во интервју од 2019 година, тој го опиша Епстин како „вознемирувачка личност“ и тврдеше дека повеќепати одбил покани да го посети неговиот остров. Новообјавените пораки, пак, покажуваат дека постоеле конкретни договори и пријателска комуникација, и тоа по 2008 година, кога Епстин веќе бил осуден на Флорида за кривични дела поврзани со малолетничка проституција.Во документите се споменува и електронска порака од асистентката на Епстин, во која се договара ручек во седиштето на SpaceX во 2013 година. Не е потврдено дали средбата навистина се одржала, ниту дали Маск бил присутен.Епстин беше повторно уапсен во 2019 година под федерални обвиненија за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, а истата година беше пронајден мртов во својата ќелија. Неговите врски со влијателни личности со години се предмет на истраги и шпекулации.

Свет | пред 2 седмици

media-library7114t6m955a24WpeM72

Сикорски го повика Маск да спречи Русија да користи Starlink

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, го повика основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, да спречи Русија да ги користи сателитите Starlink за напади врз украинските градови.„Здраво, Илон Маск, зошто не ги спречиш Русите да користат Starlink за напади врз украинските градови? Печалењето пари од воени злосторства може да му наштети на твојот бренд“, напиша Сикорски на социјалната мрежа X.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања