„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МИЈАЛКОВ

mijalkov-1

Коментар на денот за одлуката за Мијалков: Да беа аболицирани, барем немаше да имаат можност да бараат оштета од државата која ја опљачкаа

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус преку кој му се извини на полранешниот претседател Ѓорѓе Иванов кој ја повлече одлуката за аболицирање на како што вели сите крупни политички апаши.„Длабоко извинување до поранешниот Претседател на Република Македонија господинот Ѓорѓе Иванов, кој ги АБОЛИЦИРАШЕ сите крупни политички апаши, а НИЕ го натеравме да ја повлече одлуката.Денес барем ќе беа АБОЛИЦИРАНИ, а не СУДСКИ ОСЛОБОДЕНИ, со можност да бараат и финансиска оштета од државата која безмилосно ја опљачкаа.Денеска апелација ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.

Коментари | пред 3 години

153488665_343768260222081_681460067295406671_n

Укината пресудата за „Таргет-тврдина“ каде Мијалков е осуден на 12 години затвор за прислушкувањето

Апелација ја укина пресудата за „Таргет-тврдина“, случајот за масовното прислушкување во Македонија. Со ова, предметот се враќа на повторно судење, а ослободени од вина се ексдиректорот на УБК и првоосомничен Сашо Мијалков кој доби 12 години, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска осудена на четири години, началник на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски кој е во бегство и осуден на 15 години, како и Никола Бошкоски кој исто така е во бегство му е изречена 15-годишна затворска казна.„Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е беспредметна“, велат од скопска Апелација.Според Апелација, имало суштествени повреди поради кои не е тично утврдена фактичката состојба. Пресудата во Кривичен ја исрекоа судиите Владимир Туфегџиќ и Џенета Бегтовиќ„Апелациониот суд Скопје при разгледување на побивата пресуда констатираше дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил суштествени повреди на одредбите од Законот за кривичната постапка кои се од апсолутен карактер, а на кои овој суд внимава по службена должност, со што се доведе во прашање фактичката состојба и правилната примена на Кривичниот законик“, додава Апелација.Засега нема информации кои судии од Апелација ја донеле оваа одлука за укинување на пресудата. Ова е втора пресуда за половина месец со која е осуден Мијалков, а е укината од Апелација. Претходно тој беше ослободен за случајот „Трезор“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Славески: Мијалков е најголема грешка на Груевски

Долгогодишниот професор на Економскиот факултет и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ го објаснува неговиот став за шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и зошто смета дека тој е најголема грешка во владеењето на Никола Груевски.ФОКУС: Зошто ве разреши Груевски?СЛАВЕСКИ: Веројатно имал испланирано некој за ова место. Многу беше лошо кај Груевски тоа што не се чуваше од тие тесни кумски, роднински врски, кои многу му наштетија. Во 2006 година бев запрепастен кога слушнав дека Груевски има намера неговиот прв братучед Сашо Мијалков да го стави како шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање.ФОКУС: Зошто сметавте дека Мијалков е лош избор?|СЛАВЕСКИ: Прво, поради роднинската врска, а второ поради неговото минато во Агенцијата за воено разузнавање.ФОКУС: Какво е неговото минато?СЛАВЕСКИ: Еден наш сојузник од Соединетите Американски Држави, а тоа го има кажано и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, во три наврати барале смена на Мијалков од неговата функција. Се покажа дека неговото поставување подоцна било најголема грешка.ФОКУС: Меѓутоа, сите најблиски соработници на Груевски му беа или роднини, или кумови?СЛАВЕСКИ: Тоа да.ФОКУС: Му го кажавте вие вашиот став за Мијалков?СЛАВЕСКИ: Еднаш му го кажав, ама видов дека нема ефект. Јас често укажував за некои недоследности кај некои функционери. Одредени медиуми, кои во тој период го поддржуваа ВМРО-ДПМНЕ заради лукративни причини, со оној катастрофален модел на рекламирање во медиумите и полнењето со пари ја поддржуваа владата и Груевски, а беа критички настроени кон мене.Му кажував често дека додека сме на власт, никој не треба да влегува во матни зделки и криминал. Тој само ќе одговореше дека тој одговара за луѓето што ги поставил. И што направи, си наштети себеси, на своето семејство, на партијата, на државата.Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот Фокус кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.Ирена Мулачкапреземено од фокус.мк

Македонија | пред 3 години

154754842_639033263540366_6497693716301756090_n

И Мијалков си ја нареди работата

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење во Охрид.Мијалков на почетокот на месецов призна вина за случајот „Империја“ и треба да оди три години во затвор. Тоа значи дека тој казната би ја издржувал во затворот во Струга.По Зоран Милески-Кичеец и Јордан Орце Камчев, Мијалков е третиот кој казната ќе ја издржува во затворот во Струга, кој е од отворен тип. Во тој затвор, може да се користат поволности, а практично, затворениците се враќаат само за преспивање. Користат годишни одмори, преку ден одат на работа, земаат викенди. Сите овие поволности ги овозможува директорот на затворот, кој оценува дали одреден затвореник исполнува услови.Мијалков се спогоди со „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и освен казната затвор му се одзема и имот вреден над 30 милиони евра. Мијалков е виновен за злосторничко здружување и противправно стекнување и прикривање имот.

Македонија | пред 3 години

mijalkov

“На Мијалков му се конфискувани 25 стана, или со други зборови, му ја зедоја населбата”, јавноста спремна да отвори и донациска за ексдиректорот

Три години затворска казна и конфискација на имот во вредност од околу 30 милиони евра, на ова се согласил поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков откако ја признал вината за случајот „Империја“Вилма Рускоска изјави дека според процената, вредноста за недвижниот имот е околу 17 милиони евра, но со оглед на покачување на недвижностите, бидејќи сепак се работи за 25 станови во Скопје сметаат дека негде имотот е околу 30 милиони евра.Јавноста вели дека ќе му го конфискуваат Тафталиџе на ексдиректорот, а некои се понудија и да отворат телефон за донации доколку нема 36 милиони.https://twitter.com/rnixn/status/1545498120125091841?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Beliotpesjak/status/1546104262828105730?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1546089864139079681?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/helthy_eski/status/1545516794835779584?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1546057728220700672?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Trim4e_1/status/1546057728220700672?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/jabandzija/status/1545985230141538304?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/MaximOvertroll/status/1545803266453282817?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Mijakott/status/1545544085326512129?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/CheGuev21277156/status/1545742720957825026?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/Vampir35635006/status/1545700821270233088?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/jasisamojas1/status/1545520985906024451?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/mancesterovec7/status/1545684362330529793?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/MakeItOnYeah/status/1545658522624577536?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQhttps://twitter.com/jabandzija/status/1545648604672671745?s=20&t=o0lniltmm5pnO4M7lV27WQ

Коментари | пред 3 години

mijalkov-2

Ова е целиот имот кој Мијалков и го даде на државата за да се затвори „Империја

Јавното обвинителство ја известува јавноста дека покрај веќе претходно постигнатите две спогодби за признание на вина со осомничени во случајот познат во јавноста како „Империја“ и изречените затворски казни, како и уплатената сума во износ од 5,2 милиони евра, денеска Основниот кривичен суд Скопје ги одобри спогодбите постигнати помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и осомничените С. М. и T.M. од истиот предмет.Обвинетиот С.М. призна вина и е огласен за виновен за кривични дела – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и Противправно стекнување и прикривање имот од член 359-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и е осуден на 3 години казна затвор.Тој дејствијата ги извршувал во група со други осомничени во предметот, преку правни лица основани во државава на кои им била прикривана сопственоста, но и оф-шор компании во странство. Приходите стекнати со пренос на капиталот обвинетиот не ги пријавувал во анкетните листови, иако за цел период опфатен со истрагата извршувал јавна функција.Покрај изречената казна, со спогодбата му се конфискува имот вредност од 5.476.653,00 евра што ги надминува приходите што обвинетиот С.М. законски ги остварил и за кои дал лажни или непотполни податоци. Исто така, бидејќи не е можно конфискување на удел од 46% во вредност од 3.546.778,00 евра во правно лице ДПТУ Дивелоп Груп ДОО Скопје, 19.580 акции во вредност од 732.260,00 евра издадени од ЗК Пелагонија, 8.150 акции во вредност од 249.933,00 евра издадени од Бетон Штип АД што ги поседува правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ и недвижен имот – куќа во вредност од 947.682,00 евра, се конфискува од обвинетиот друг негов имот во вредност од 5.476.653,00 евра и тоа парични средства во износ од 336.814.160,00 денари од банкарската сметка на правното лице ДТУ Макпоинт ДООЕЛ Скопје на кое единствен сопственик е обвинетиот С.М.Исто така, се конфискува и недвижен имот и хартии од вредност пренесени на трети лица:Имот од правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ:1. Дел од деловна просторија на катастарска парцела број 9561/4, со вкупна нето површина од 566,41 м2, како хотелски деловен простор и тоа локал бр.12, локал бр.13, локал бр.14, локал бр.15, локал бр.16, локал бр.17, локал бр.18, локал бр.19, локал бр.20, локал бр.21, локал бр.24 и хотелски деловен простор на зграда 1 кат К1 број блок-3 локал бр.5 и локал бр.12, во вредност од 1.699.241,00 евра или 104.503.321,00 денари.2. Хартии од вредност – 7213 обични акции во Стопанска банка Битола, со номинална вредност од 3000 МКД, без ограничување, чиј имател е ДПТУ ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје, согласно Целосен извештај за имател, издаден од Централен депозитар за хартии од вредност на 22.11.2021 година, со вкупна вредност од 21.639.000,00 денари.3. Недвижниот имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 1309/13, викано место Г.Курило, катастарска култура градежно неизградено земјиште, во површина од 3880 м2 и шума обележана во лист Б, катастарска парцела 1309/16, викано место Г.Курило, катастарска култура шума, класа 3, во површина од 634 м2, евидентиран во Имотен лист 56312 КО Центар 2, во вредност од 2.686.082,00 евра или 165.194.043,00 денари.4. Недвижен имот – земјиште обележано во лист Б, катастарска парцела 785/15, викано место Џибарица, катастарска култура неизградено земјиште, во површина од 322 м2, евидентиран во Имотен лист број 270 КО Радња, во вредност од 14.950,00 евра или 919.425,00 денари.5. Недвижен имот– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 19 м2,– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 84, во површина од 46 м2,– стан на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,– помошни површини на катастарска парцела 5972/2, адреса Горица, зграда број 1, влез 2, кат МА 1, број 85, во површина од 58 м2,евидентиран во лист В во имотен лист број 102842 КО Охрид 4,Имот евидентиран на ИЛ 101308 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од:– идеален дел од земјиште на катастарска парцела 5972/2 викано место Горица, култура земјиште под зграда, во површина од 2740 м2Имот евидентиран на ИЛ 101199 КО Охрид 4 и тоа идеален дел од зеднички простории:– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-1, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-2, намена ХС, во површина од 125 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-3, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-4, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат К-5, намена ХС, во површина од 126 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат МА, намена ХС, во површина од 117 м2,– помошни простории на КП 5972/2, адреса Горица, влез 2, кат ПРИЗ, намена ХС, во површина од 108 м2,сè во вредност од 367.369,00 евра или 22.593.211,00 денари.6. Недвижен имот – апартмани евидентиран на ИЛ 57981 КО Центар 2 издаден на носителот на правото на сопственост ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС ДООЕЛ Скопје и тоа:– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 91 м2– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 6, во површина од 6 м2– апартман на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, во површина од 94 м2– помошни простории на КП 2606/1, зграда 1, влез 3, кат СУ, број 3, намена ДПД во површина од 37 м2во вредност од 276.650,00 евра или 17.013.975,00 денари7. Недвижен имот – земјиште и апартмани и тоа:Имот евидентиран на ИЛ 58571 КО Центар 2 и тоа 912/1605 дел во сосопственост од:– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 999 м2,– земјиште на КП 2424/28 култура градежно изградено земјиште, во површина од 606 м2Имот евидентиран на ИЛ 58751 КО Центар 2 и тоа идеален дел од заедничка сопственост од:– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 1, кат ПО, број 1, намена КГП, во површина од 266 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 2, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2Имот евидентиран на ИЛ 58974 КО Центар 2 и тоа идеален дел во заедничка сопственост на:– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории лоцирани на КП 2424/28, адреса Славејко Арсов 148, влез 3, кат /, број /, намена ХС, во површина од 34 м2Имот евиденитран на ИЛ 16375 КО Центар 2 и тоа:– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 653 м2,– земјиште на КП 2424/23, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 177 м2,– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура градежно изградено земјиште, во површина од 601 м2,– земјиште на КП 2424/24, улица Славејко Арсов, култура земјиште под зграда, во површина од 189 м2,-земјиште на КП 2424/33, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 2 м2,– земјиште на КП 2424/34, улица Славејко Арсов, култура градежно неизградено земјиште, во површина од 14 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 5, во површина од 78 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К1, број 6, во површина од 78 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 7, во површина од 94 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат К2, број 8, во површина од 94 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 7, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат МА, број 8, во површина од 89 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 3, во површина од 73 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 4, во површина од 73 м2,– помошни простории на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,– деловна просторија на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 15 м2,– гаража на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 28 м2,– апартман на КП 2424/23, адреса С.Арсов 138, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 28 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К1, намена ХС, во површина од 14 м2,– помошни простории лоцирани на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат К2, намена ХС, во површина од 14 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат ПР, намена ХС, во површина од 14 м2,– деловна просторија на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, во површина од 17 м2,– помошни простории на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, намена ХС, во површина од 14 м2,– апартман на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 1, во површина од 30 м2,– гаража на КП 2424/24, адреса С.Арсов 140, зграда 1, влез 1, кат СУ, број 2, во површина од 31 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 3, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К1, број 4, во површина од 78 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 5, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К2, број 6, во површина од 78 м2,– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 7, во површина од 83 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат К3, број 8, во површина од 78 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, намена П, во површина од 23 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 1, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 14, намена ГМЗП, во површина од 15 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 15, намена ГМЗП, во површина од 13 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 18, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 19, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 21, намена ГМЗП, во површина од 28 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 3, намена ГМЗП, во површина од 14 м2,– гаражно место на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 5, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,– гаражно место лоцирано на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПО, број 6, намена ГМЗП, во површина од 12 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 1, во површина од 80 м2,– апартман лоциран на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, кат ПР, број 2, во површина од 59 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена Х, во површина од 43 м2,– помошни простории на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 1, намена ХС, во површина од 34 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат К2, број 5, во површина од 63 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 2, кат ПР, број 2, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К1, број 4, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат К2, број 6, во површина од 89 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 1, во површина од 60 м2,– апартман на КП 2424/28, адреса С.Арсов 148, зграда 1, влез 3, кат ПР, број 2, во површина од 86 м2,сè во вредност од 3.499.821,00 евра или 215.238.942,00 денари8. Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од три банкарски сметки во Стопанска Банка АД Битола9. Сите парични средства на правното лице ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје од банкарска сметка во Комерцијална Банка АД Скопје10. Недвижен имот – земјиште евидентиран на ИЛ 1501 во КО Богородица издаден на носителот на правото на сопственост ДПТУ БЕТ КОМ КО. ДОО на кое сопственик е правното лице Ексико ДООЕЛ Скопје и тоа:– земјиште лоцирано на КП 3178/4 викано место Милци култура ГЗ/ЗПО во површина од 97 м2,– земјиште лоцирано на КП 3180 викано место Горка култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 309 м2,– земјиште лоцирано на КП 3181 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 2 во површина од 15004 м2,-земјиште лоцирано на КП 3182 викано место Милци култура ГЗ/ГНЗ класа 3 во површина од 236 м2,– земјиште лоцирано на КП 3189 викано место Милци култура ГЗ/ГИЗ класа 3 во површина од 24 м2,– земјиште лоцирано на КП 3192 викано место Милци култура ЛЗ класа 2 во површина од 926 м2,– земјиште лоцирано на КП 3196/1 викано место Милци култура ЗЗ/ЛЗ класа 2 во површина од 1918 м2 и– земјиште лоцирано на КП 3205/1 викано место Милци култура ЗЗ/Н класа 5 во површина од 265 м2во вредност 4.500.000,00 евра или 276.750.000,00 денари11. Имот на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопјеи тоа:Недвижен имот – деловен простор на правното лице Друштво за градежништво ССИ Инвестмент ДООЕЛ Скопје евидентиран на ИЛ 56028 КО Центар 1 и тоа:– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К1, број 1, во површина од 321 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат К2, во површина од 298 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат МЗ, во површина од 464 м2,– помошна просторија лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПО, во површина од 444 м2,– деловен простор лоциран на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 1, кат ПР, во површина од 249 м2 и– гаража лоцирана на КП 13419, адреса ул.11-ти Октомври бр.32, зграда 1, влез 2, кат ПР, во површина од 80 м2.во вредност од 1.100.000,00 евра или 67.650.000,00 денариСогласно чл.98 од КЗ и чл.541 од ЗКП доколку делумно или целосно не е можно извршувањето на конфискацијата на имотот таа ќе се спроведе од друг имот на обвинетиот С.М.Покрај тоа, обвинетиот задолжен е да плати и парична казна од 2.000,00 евра во денарска противвредност од 123.400,00 денари.Вториот обвинет Т.М. со спогодбата признава дека сторил сторил кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 став 1 и кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело – од член 273 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Делата ги сторил во својство на управител и член на одбори на повеќе правни лица опфатени со постапката, при што примал и пренесувал парични средства по упатства на другите членови на злосторничкото здружување. За овие кривични дела, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на поднесената предлог-спогодба, со која обвинетиот го осуди на единствена казна затвор во траење од 3 години.Јавното обвинителство ја продолжува постапката за другите осомничени во предметот „Империја“.​

Македонија | пред 3 години

mijalkov-1

За над 20 милиони евра кои ќе и ги даде на државата, Мијалков доби само три години затвор за „Империја“

Сашо Мијалков, кој беше директор на тајната полиција односно УБК, на државата ќе и исплати над 22 милиони евра, во пари и имот, а во гевгелискиот затвор ќе одлежи и три години, за со тоа да се запре прогонот против него во предметот „Имеприја“. Овој случај беше еден од најголемите. Во центарот на вниманието на истражителите од СЈО биле петнаесетина македонски фирми, кои се основани или се во сопственост на странски компании, а регистрирани на адреси на Сејшели, Панама, на Британските Девствени Острови, Белизе и на други локации во САД. Низ нив се свртеле милиони.Сега, Мијалков, дел од имотот на фирмите меѓу кои се над 20 станови, ниви, градежни парцели, ќе го препише на државата. Тоа е дел од спогодбата која ја постигнал. Имотот е во повеќе градови, освен Скопје. Имотот кој не може да се конфискува поради продажба, ќе се наплати од сметката на фирмата „Макпоинт“ каде управител е Мијалков. Не се знае дали оваа спогодба е официјализирана во судот, Обвинителството нема објавено детали.Инспирацијата за овој случај, пак, обвинителката Лиле Стефанова ја црпеше од Влатко Мијалков, брат на поранешниот директор на УБК, Мијалков. Односно слушајќи ги неговите телефонски разговори во „бомбите“, каде што самиот имал статус на таргет, но и останатите таргети, како Ана Камчева и Оливера Трајковска, а додека зборувале со Орце Камчев, Кристина Камчева, Ненад Јосифовиќ и други соговорници.За потребите на истрагата „Империја“, дел од осомничените од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година биле под посебни истражни мерки, односно легално со налог на судот биле прислушувани нивните телефонски разговори.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-21-at-14.08.40

Плацови на Водно: Груевски осуден на седум години затвор, Мијалков на 1 година и три месеци , Камчев доби затвор од една година

По девет месеци е донесена пресуда за предметот „Плацови на Водно“. Според судијата Илија Трпков, обвинетите не стекнале имотна корист за себе туку за Никола Груевски, бидејќи се плашеле од неговата одмаздољубивост.Груевски доби казна од седум години затвор. Мијалков доби 1 година и три месеци затвор. Ристо Новачевски кој е кум на Груевски е осуден на условна казна, која ќе биде затвор во траење од две години, ако во наредните пет години не стори ново кривично дело. Бизнисменот Ненад Јосифовиќ исто така доби условна казна, кој ако во наредните пет години не стори ново кривично дело, нема да одлежи две години затвор.„Како отежителни околности се имаше во предвид околностите под кои се сторени делата, адаптибилноста на обвинетите за да се изгуби патот на парите, висината на износите и начинот на кој биле инвестирани во недвижности. При одмерување на видот и висината на санкцијата ја имаше во предвид и јавноста и интересот. Судот ја ценеше и осудуваноста на Груевски како и фактот дека против Мијалков се водат постапки. Ваквите отежнувачки околности се донесени во корелација со олеснителните околности“, кажа судијата Илија Трпков.Експремиерот и бегалец, Никола Груевски е првообвинет за за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Тој во неколку наврати преку социјалните мрежи од Будимпешта се жалеше дека сите обвинети кои сведочеле против него, тоа го правеле затоа што биле уценети. Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за кривично дело перење пари, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.Обвинителката Лиле Стефанова од судијата Илија Трпков, побара на Никола Груевски да му изрече највисока казна, а за обвинетиот Сашо Мијалков казната да биде повисока од предвидената. Побарана е и конфискација на становите, за кои сведок тврдеше дека се на Груевски, а не се запишани како негова сопственост. Стефанова, за Ристо Новачевски побара обвинетиот да биде условно казнет, додека за обвинетите Ненад Јосифовиќ и Јордан Камчев, обвинителката Стефанова побара минимални казни. Сите негираа вина. Во завршните зборови обвинителката Стефанова наведе дека го повлекува обвинението за Ратка Камчева.Случајот „плацови на Водно“, стана познат во јавноста пред точно седум години, односно во март 2015 година, кога одекнаа снимките на тогашната опозиција СДСМ за тоа како блиски лица до тогашниот премиер Никола Груевски планирале да купат атрактивното земјиште од илјадници квадратни километри, каде меѓудругото има и преубава шума.Според документите од катастарот, три фирми ги имаа во раце атрактивните локации – фамозната компанија Ексико ДООЕЛ, КАРА и Сирах Инижинеринг.Според обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно. Во сето ова, тој не бил сам.

Македонија | пред 3 години

Mijalkov-Sasho

Мијалков: Одлуката на Стејт Департментот не е исправна

Сашо Мијалков на социјалните мрежи се огласи откако тој и Груевски заедно со нивните семејства се ставени на црната листа во Америка„Жалам за денешната одлука на Стејт Департментот и сметам дека таа не е исправнаОдлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија.Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, вели тој.„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, вели Стејт департментот.

Македонија | пред 3 години

mijalkov-1

Мијалков не му спомена ни име на Груевски: Не сум знаел од кај се парите

Обвинетиот Сашо Мијалков за случајот „Плацеви на Водно“, даваше и своја одбрана. Тој тврди дека не му помогнал на Никола Груевски да пере пари. Не се чувствува виновен.– Ова е апсолутно неточно и ова го тврдам најодговорно. Јас тоа што ќе го кажам во мојот исказ не значи дека вие како судечки совет треба да ми поклоните верба бидејќи јас како обвинет можам да кажам се во моја одбрана исто како и останатите обвинети минатотот рочиште, а не зборуваа баш вистина затоа треба да дадете верба во материјалните докази. Ние не видовме ниту еден материјален доказ ниту па еден доказ. Единствено во исказот на Александар Ивановски Теранова се споменува но повеќе како обвинет, а не како сведок. Но и тој исказ не е целосен а верувам и вие ќе го прочитате. Јас никогаш не сум дал упатства за ниту едно кривично дело не само во овој крвично-правен настан туку во ниту било која друга ситуација, изјави Мијалков на денешното рочиште за случајот Плацеви на Водно.Тој не го спомна својот братучед Никола Груевски кој е обвинет дека како партиски претседател и претседател на владата организирал група за да го сокрие вистинскиот соппственик на имотот на Водно. - Најодговорно ќе кажам, и стојам зад ова дека ниту сум знаел ниту сум можел да знам дека тие пари потекнуваат од кривично дело. Ова не сум можел да го знам бидејќи никогаш не сум имал пристап до партиската каса како партиски функционер ниту пак сум чул од сопартијците особено ако недостасува толкава сума пари тоа не може да биде незабележано, истакна Мијалков, кој во периодот на извршувањето на кривичното дело за кое е обвинет беше директор на УБК во МВР, министерство задолжено за гонење криминал и разоткривање на кривични дела. Никогаш никој од мене не побарал вакво нешто од мене особено да сторам некое кривично дело. Не видовме ниту еден материјален или вербален доказ освен исказот на Алек Теранова. Јас мислам што и да кажам веќе е констатирано во оваа постапка. Се докажа кој од кого побарал, кој основал и кому ја предал или купил и каде завршила фирмата и ниту еднаш никој не ме спомна за тие постапки. Би сакал да кажам дека во оваа постапка добив чувство на набљудувач. Видовме еден куп сведоци од кои единствено Ивановски го спомена моето име. И не се најдов во ситуација воопшто да се впуштам, да распрашувам или да спорам докази, заврши Мијалков.Тој истакна дека никогаш не сум имал пристап до документи и печати од офшор компании.-Мислам дека јасно и недвосмислено се констатира оваа околност која на чиста правдина ми се става на товар.Во текот на оваа постапка добив чувство на набљудувач, видов документи, кои не се однесуваат на мене. Мислам дека вие ќе поклоните верба единствено на фактичката состојба, истакна ексдиректорот на УБК.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања