„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МИЈАЛКОВ

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Сашо Мијалков од утрово е на слобода

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, утрово се одјавил од струшкиот затвор.„Замина денеска, 9:20 – 9:30 часот. Куќниот ред го почитуваше, беше добар пример и за другите осуденици, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средување на паркот итн“, вели Ваљон Ќура, директорот на казнено-поправниот дом.Тој ги отфрла како шпекулации сомнежите во јавноста дека Мијалков воопшто не ни престојувал во затворот.Мијалков излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Македонија | пред 1 година

436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со ОпштинаОхрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Сашо Мијалков предвреме излегува од затвор, му го уважија барањето за условен отпуст

Кривичен суд одлучи дека осудениот Сашо Мијалков треба предвреме да излезе од затвор. Ова доаѓа откако Апелација им го укина решението со кое тој требаше да остане во затвор до крајот на оваа година. Сега, решија да го пуштат.„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

949DE579-01E4-4DB3-84E9-B4A4962BD8E1

Мијалков доби слобода и во „Трезор“

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Трезор“, добија слобода. По четири години од првата пресуда, но и менувањето на Кривичниот законик, за случајот објавена беше нова првостепена пресуда.„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Имране Селмани.Таа појаснуваше и како се работел предметот.„Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување... Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, додаде судијката.За Небоша Стајковиќ била стопирана постапката, оти му застарело делото.Со првата прсуда која беше укината, Мијалков доби - 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Како Мијалков дојде до слобода во „Трезор“: Обвинителот направил грешка и не доставил вештачење за милионската штета

Обвинителот Артан Ајро, две години откако одново се суди „Трезор“, до судот не поднел вештачење за да докаже дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и останатите вработени во МВР, направиле штета од 21 милион денари, кажа судијката Имране Селмани. Со ова, таа ја правдаше ослободителната пресуда која ја донесе. Сега, државата ќе му ги плати и адвокатите на Мијалков, како и останатите обвинети. Обвинителот Ајро, по пресудата, го напушти судот низ споредниот спореден влез на зградата, со што ги избегна новинарските прашања.„Судот при одлучување ги имаше напатствијата на Апелација и ги ценеше сите докази, но цени дека не се доволна основа за докажување на кривичното дело кое им се става на обвинетите. Во конкретниот случајот, не го достигна бараниот стандард и не докажа дека обвинетите се сторители на кривичното дело. Штетата мора да биде реална, а претпоставена. Обвинителот не ја докажа штетата, бидејќи нема вештачење. Во ситуација кога отсуствува вештачење во однос на штетата како суштински доказ, судот не може да ја утврди штетата. Пред се станува збор за утврдување на важен факт, а судот не може да се става во улога на вештак. Барањето да се издаде наредба за вештачење од судот, беше одбиено, бидејќи судот не може да предлага докази. Судот може да нареди само супервештачење“, рече судијката Имране Селмани.Судијката констатираше и: „Трошоците да паднат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија“. Воедно, кажа дека судот не можел да бара вечташење бидејќи не е странка во постапката„Судот констатира дека е пропуштено дејствието на обвинителот, бидејќи не наредил вештачење иако имал можност на тоа, а судот со поинаква одлука, би ја вршел работата на обвинителството. Судот не е странка, нема теорија на случај, туку треба да расуди и да донесе правична одлука“, додаде Селмани.Со првата прeсудата која беше укината, Мијалков доби – 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.Мијалков доби слобода и во „Трезор“ - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков побарал да излезе порано од затвор: Кривичен го одбил, спас бара во Апелација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој призна вина во „Империја“ и доби три години затвор, барал условен отпуст, дознава „Скопје1“. Ова е можност која ја имаат сите затвореници кои ќе издржат половина од казната, а поради добро поведение, може да побараат да изезат побрзо. Кривичниот суд постапувал по неговото барање, но не му го одобрил, со што, тој треба да остане во струшкиот затвор до крај на казната.Сепак, Мијалков спас ќе бара во Апелација. Решението на Кривичниот совет од Кривичен суд го обжалил пред апелационите судии. Сега, второстепениот суд ќе може да му ја прифати жалбата и да му даде отпуст или пак да го потврди решението.Освен за случајот „Империја“ каде сам призна вина и се договори со обвинителката Лиле Стефанова да добие помала казна, Мијалков нема да понесе никаква одговорност за најголем дел од другите предмети каде беше обвинет. Застаре најголемиот предмет „Таргет-тврдина“ за прислушувањето, како и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Не се знае иднината на предметот „Трезор“ за набавката на британската опрема за следење на комуникации. Мијалков има уште една условна казна, а тоа е за предметот „Плацови на Водно“.Казната за „Империја“ ја издржуваше во струшкиот затвор. Станува збор за отворен тип на затвор, што значи, тој излегува денски, се враќа ноќе. Тами треба само да преспие, ако се следи правилникот.Последно, Мијлакови успеаа да си ги повратат и становите кои им беа конфискувани од „Империја“, и тоа за џ'блк цени.

Македонија | пред 2 години

remenski-mijalkov

Дали воопшто некој смее да купи нешто што "му припаѓа" на бато Сашо, вели Ременски

Поранешната функционерка на СДСМ и експерт по безбедност, Фросина Ременски, на својот профил на Фејсбук истакна свое мислење дека никој не би купил конфискуван имот кој порано му припаѓал на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.Изминатите денови Управата за одземен имот објави повик за продажба на два стана во Охрид, земјиште во Студеничани и плац на Кожуф, запленети од поранешниот директор на УБК во „Империја“. Лицитацијата е закажана за 25 август доколку има повеќе од еден заинтересиран. Претходно, во јули беше објавен пакет со удели во различни акционерски друштва во вредност од околу 250.000 евра кои му припаѓале на Мијалков, но се уште не се купени.„Не е проблемот што никој не се јавил да купи, туку дали воопшто некој смее да купи нешто што "му припаѓа" на бато Сашо ... Кога никој не го казни начинот на кој се преземаа фирми, удели и акции по фирми и кој систем го правеше тоа во негово име, тогаш подолго време ќе читаме написи како никој не купил ништо на лицитациите ..., државни. Баш ме интересира кој ќе го купи станот во Охрид што Сашо го пријави како живеалиште за да може да одмара и вози комбе во затворот во Струга“, објави Ременски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

Се продава недвижниот имот на Мијалков

Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас за продажба на дел од недвижниот имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“.Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.Претходно на аукција беа ставени запленетите акции на Мијалков во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги.

Македонија | пред 2 години

mijalkov

Мијалков стана шофер, вози низ струшкиот затвор

Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ.Директорот од ЛДП Јовица Стојановиќ грубо и се обрати на новинарката на ИРЛ: „Што сакаш да ти кажам повеќе? Кој ден, во колку саат го пали комбето?“ ИРЛ открива дека од ВИП криминалците кои станаа охриѓани предвреме на слобода излегол Зоран Милевски Кичеец, а обвинителите не поднеле жалба на неговото барање.Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени како триумф на правдата, иако казните беа ниски и не ги опфатија сите нивни дела. Обвинителството дури и се спогодуваше за пари наместо затвор со луѓето кои што го оштетија државниот буџет. Првиот сигнал дека казната затвор не е иста за обичен смртник и богат и моќен човек, беше привилегијата која ја добија да бираат каде ќе ја одлежат. Сите го одбраа затворот во Струга, во кој добија статус на слободни затвореници. Од елитното друштво таму остана уште Мијалков, кој според управата на затворот е работно ангажиран како “возач за потребите на затворот”.Осудениците пред да заминат на отслужување на затворска казна прво ќе ја променат адресата на живеење и ќе станат охриѓани. Со тоа ќе си овозможат наместо во затворот „Идризово“, казната да ја издржуваат во Казнено поправниот дом во Струга. Овој затвор не е озлогласен како тој во Идризово затоа што целиот затвор е од отворен тип. Го раководи Ваљон Ќира, кадар на ДУИ и е од отворен тип. Затворениците не се чуваат под клуч во ќелиите, туку се слободни во кругот на затворот и можат да бидат работно ангажирани надвор од установата. Во правосудството добивме и нов термин – затворски туризам, но институциите не открија ништо противзаконски кога елитните скопјани го одбраа затворот во Струга. И очигледно, не погрешија.Веќе 11 месеци поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е затвореник во Струга. Тој лани во август почна да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“. Сашо Мијалков одлучил да не се вработи, но изразил желба да помага во секојдневните работни активности на затворот на позиција возач.Целиот текст можете да го прочитате тука 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

На Мијалков му застаре уште едно дело

На поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков денеска му застаре уште дело, откако Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април.Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, му застарува на 7 април. Ова значи дека нему нема да му се суди за изборните нерегуларности.Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат е во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.Предметот го судат претседателот на Советот, Ѓоко Ристов, како и судиите Тања Милева, Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски.Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни. На повтореното судење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.Пред шест дена Апелација донесе пресуда и за „Плацови на Водно“, со која Сашо Мијалков беше ослободен од затвор и доби условна казна.

Македонија | пред 2 години

327006769_559066686112858_8640317126929192330_n

Георгиевски откри како го вработил Мијалков

Лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски во емисијата „Во центар“, изјави дека екс премиерот Никола Груевски барал од него да го вработи поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.„Хил бараше да го тргнам Сашо Мијалков на двапати зашто им продавал оружје на Србите. И два пати Доста дојде за истото. Па го сменивме. После доаѓа Грујо и ми вели: да те замолам за Сашо, има деца нема како да го храни, а Сашо знаеме каков капитал има нели? И вели Никола „Може ли да го земеш за државен советник барем плата да зема. И го назначив, земаше плата и седеше дома. Така јас му помогнав на Сашо“, рече Георгиевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

Мијалков доби казна затвор од 2 години, изречени казните за "Титаник 2"

Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново го пресудија предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности сторени на изборите во 2013 година.На повтореното судење, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков е осуден на години 2 затворЛидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби 2 години.Од ексчленовите на ДИК, кои добија преквалификација на дело и сега се гонат за повреда на избирачко право, на Бедредин Ибраими го осудува на казна затвор од 2 години, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добијa 2 години казна затвор.Сите обвинети и на повтореното судење негираа вина. Сашо Мијалков и Мендух Тачи се гонат за поттикнувачки дејствија, додека ексчленовите на ДИК дека поништиле гласање по нивна насока. Очекуваа дека обвинителот Гаврил Бубевски ќе го повлече обвинението бидејќи според нив е неиздржано, а откако тоа не беше направено, очекуваа судиите Ставрев и Шабани да донесат ослободителни пресуди.Апелација ја укина пресудата во декември 2019 година. Од тогаш до декември 2022 година предметот се суди уште во Кривичен суд. Ова би значело дека е скоро невозможно за четири месеци, пред делото на Мијалков да застари, да се донесе правосилна одлука судска одлука.Во предметот „Титаник 2“ извесно е застарување на делото „примање награда за противзаконито влијание“ за кое е обвинет Мијалков, веќе во април годинава. Ако Апелација не донесе одлука за овој предмет до април, Мијалков ќе биде ослободен од вина. За останатите обвинети меѓу кои и Тачи, делата не застаруваат во скоро време.

Македонија | пред 3 години

mijalkov-1

Мијалков преку адвокатите се жали зошто јавноста прави притисоци, кажа и “фала” на судиите

Одбраната на господинот Сашо Мијалков ја поздравува одлуката на Апелациониот суд во Скопје затоа што е законита и праведна и заснована на доказите и фактите кои се наведени во жалбата поднесена против првостепената пресуда, се вели во нивната реакција.„Во текот на целата главна расправа одбраната укажуваше на бројните повреди на законот. Повреди кои доведоа до неоснована и правно неиздржана пресуда. Наместо да одговори на сите отворени прашања околу незаконското следење на комуникации, Основниот суд без аргументи и докази донесе осудителна пресуда против нашиот клиент. Пресуда за која беше јасно дека нема да ја издржи проверката во повисокиот суд.Актуелните политички напади врз судскиот совет во Апелациониот суд во Скопје кој одлучуваше по поднесените жалби за предметот се неприфатливи и заслужуваат најсериозна осуда.Одбраната се уште ја нема добиено пресудата на Апелациониот суд во Скопје и се уште не ги знае аргументите и насоките на второстепениот суд. Знае само дека се изразува “загриженост” или “згрозување” од највисоки државни функционери од извршната власт. Тоа е директно мешање и вршење притисок врз судската власт која мора да биде независна. Уште позагрижувачки е дека таквиот притисок е јавен и покажува дека оправдан бил стравот за политичко мешање уште од самиот почеток на постапката и се влијаело да се донесе првостепена пресуда каква што беше донесена.За ваквите притисоци и мешање во судската власт ќе го информираме и Судот за човекови права во Стразбур бидејќи цениме дека со тоа се нарушуваат правата на нашиот клиент за фер и правично судење кое во ваква атмосфера и хајка врз судиите е невозможно тоа да се добие.Ниту Претседателот на државата, ниту министрите во владата не се тие кои треба да носат судски одлуки. Тоа право им припаѓа исклучиво на оние кои дале заклетва дека ќе делат правда и биле избрани за тоа, а се останато е недозволено мешање кое го урива интегритетот на судството кој заради политичките влијанија е сериозно разнишан“ - се вели во реакцијата на одбраната на Мијалков потпишана од адвокатот Миле Петковски.

Македонија | пред 3 години

bozo

Божидар до Заев: По тебе четири јавачи на апокалипсатата со прослава на плоштад би ги чекале

“После пресудата за Мијалков да го дочекаме Груевски на бел коњ”, напиша експремиерот Зоран Заев. На ова имаше бура реакции. Меѓу нив и од Божидар Божиновски, критичар и креатор на јавно мислење.„После тебе четирите јавачи на апокалипсата со прослава би ги чекале пред триумфална и концерт на плоштад. Чоекот кој е највиновен за неказнивоста, го пушти Груевски, човекот кој го уништиш сјо, даде име, историја, идентитет, јазик, се испазари со сите криминалци, од ветувања само радиодифузна укина нема ни срам ни перде да се појави и да кука, после пет години власт и “суство отворено ко пупка”. За среќа оние кои ќе му судат нема да се вака широкогради“, напиша Божиновски.

Коментари | пред 3 години

mijalkov-pred-sud-960x510

Сашо велемајсторски: Од 21,5 години затвор, избришани 20 години!

Сашо Мијалков, ексдиректор на УБК, беше осуден на 21,5 години затвор. Но, пресудите беа укинати односно „паднаа како крушки“.Па така, за случајот „Таргет-Тврдина“ Апелацискиот суд му ја укина на Сашо Мијалков затворската казна од 12 години.Претходно на Мијалков му беа скратени и 8 години затворска казна пресудена за „Трезор“.Апелација ги укина пресудите за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ заради „суштествени повреди на постапката“Моментално на Мијалков му останува активна само казната од 1 година и 3 месеци за предметот „Плацеви на Водно“.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања