Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МИТЕВА

IMG_4973

Митева: Извештајот на ДКСК за 2023 година укажува на неспособноста на власта на СДС и ДУИ за борба против корупцијата

„Како генерален заклучок од она што можев да го видам е несоодветното спроведување на целокупната легислатива. Неспособност на владата да се бори против корупцијата, селективна правда и власт која по целост потфрли во борбата против корупцијата. Фрапантни се деловите од извештајот“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.Таа укажа дека уште во самото резиме на извештајот веќе на страната 4 е нотирана потврда на се она што го зборувале во минатото, а тоа е во делот на правосудството.„Нотирано е дека оние значајни ризици произлегуваат од внатрешни и надворешни фактори меѓу кои е и низок квалитет на сите тие обвинителни акти, влијание на претседатели на суд преку годишен распоред за работа на судот. Блискост помеѓу судии и адвокати што влијае врз постапките. Недостаток на соработка помеѓу јавни обвинители“, истакна Митева.Таа продолжи и додаде:„Кога во еден извештај ќе бидат нотирани вакви сериозни индиции очекувам за истото институциите што поскоро да делуваат. Затоа што се додека ни се провлекуваат вакви извештаи, а за истото немаме никаква реакција или подобрување на состојбите ние нема да ја постигнеме целта, а тоа е вистински да се справиме со криминалот и корупцијата“, вели Митева.Таа посочи дека фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани од националната стратегија 2021-2025.„Второ беше спомената онаа национална стратегија за спречување на корупцијата која е донесена за период од 2021-2025 и за истата подлежи и акциски план за нејзино спроведување. Фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани и ова директно укажува на неспособноста на институциите и луѓето кои ги менаџирале институциите да се посветат на вистинско спроведување на национална стратегија која Собранието ја донела и била нешто што треба да донесе подобрување на состојбите на криминалот и корупцијата“, рече Митева.Таа продолжи и додаде:„Како трето според податоците кои ги има ДКСК најголем број на пријави кои биле со сомневање за незаконитости во постапките се однесува на следниве делови. Тоа е вработување кое исто како и во претходните години претставувало најгорливо прашање на граѓаните каде дискреционите овластување на одговорите лица за одлучување и избор на кандидати преовладувало над утврдениот систем за вреднување на образование, искуство и компетентност. Ова е многу јасно наведено во извештајот на ДКСК и е нешто што е нотирано и во претходните извештаи на оваа комисија а за истото не е предвидено ништо. Нотирана е и злоупотреба на балансерот за кои изминативе денови по завршување на изборите многу зборуваме и некако се отвара тема која оди во насока на несогласување за негово укинување. Нотирана е и незаконитост во постапки за унапредување на повисоки научни наставни звања од страна на факултетите. Узурпација на јавен простор и на крај сомневања за подготвени тендерски документации и тендерски спецификации кои фаворизираат одредени компании“, истакна Митева.Таа посочи дека во извештајот се нотирани сите најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ.„Во овие 5 точки од овој дел се нотирани сите можеби најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ како претходна влада. Најскоро нешто што може да направиме е сите овие состојби кои се детектирани во овој извештај да се преземат со сериозна одговорност од страна на институциите, за се со цел следната година ваквиот извештај да нотира што помалку состојби на криминал и корупција и да има исклучива надлежност за спречување на истата затоа што така е и самиот назив на оваа комисија, а не да има небројни извештаи за покренати постапки против именувани лица од владата“, децидна е Митева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-22.49.37

(Видео) Три најголеми грешки на СДСМ, три најважни политики на ВМРО-ДПМНЕ и дали во партијата има заедништво

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, тврди дека поделби во партијата нема, а ниту фракции. Според неа, се делува кохезивно. Во интервју за „Скопје1“ таа говореше за тоа што нѐ чека во изборната кампања. Посочи и три најголеми грешки на СДСМ, но и три политики на ВМРО-ДПМНЕ поради кои очекуваат најголема поддршка.„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа дека одлучува и делува самостојно. Нема дилема за кохезивоноста која владее, како политичка партија, пуслираме во еден ритам. Доволно јасно е за принципот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и колку сме останале истрајни по однос на нашите политички делувања“, вели Митева за „Скопје1“.Посочува дека фракции – нема.„Нема ни мини група, ако зборувате за изолирани случаи и индивидуи, не сметам дека треба да зборуваме за луѓе кои се таму каде што се поради нивна определена потреба и некоја нивна цел“, додава таа.Прашана кои се трите најголеми грешки на СДСМ, Митева вели: економија, криминал и корупција и ниско и ужасно, лошо водење на надворешна политика.За тоа што ќе му донесе гласови на ВМРО-ДПМНЕ вели: „силна економија, развој на економија во делот на инфраструктурата и многу работа.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и програмска определба за патот по кој што треба да се развива Македонија

Можам да кажам дека професорката Силјановска Давкова кога ќе ја споредите со сите кандидати за претстојните претседателски избори, многу отскокнува, по сите параметри се разликува од нив, пред се од она професионално искуство кое што самата како личност го има, но и од личниот карактер и пристапот кој што таа, веќе четири години, го покажа во рамките на Собранието. Лесно е граѓаните да направат споредба во овој дел и би кажала дека во овој период ќе бидат во можност граѓаните да видат со каков кадар располагаат сите политички партии и каква е искрената и чесна  намера во делот на подобрување на состојбите  во Македонија, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во денешното гостување во централните вести на телевизија Алсат.Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има професорката Силјановска Давкова како кандидат, затоа што сметаме дека е време за вистински промени, затоа што ни е потребен малку поинаков пристап во политиката и за едно лидерство кое што ќе значи, пред се, почитување на  уставот и законите и работа во интересот и само за интересот на народот.ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ја очекува максималната поддршка од граѓаните, работиме на искрен и чесен пристап. Време е политиката да ги напушти оние уцени и преговарања за тоа на кого ќе му припаднат гласовите во вториот круг. Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и на она што ќе значи програмска определба и начин на кој што ние го гледаме патот по кој што треба да се развива Македонија“, рече Митева во однос на калкулациите, преговарањата и договарањата во вториот круг од претседателските избори.Во однос на парламентарните избори и за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечна листа за пратеници, Митева истакна дека очекува до крајот на месец март да биде заокружен и тој процес на финализирање на листите за пратеници.„Кандидатите за пратеници ќе бидат достојно и достоинствено презентирани пред граѓаните. Ќе имаме еден транспарентен начин на презентација на истите. Очекувам и сум сигурна дека тоа ќе биде една добра кадровска понуда која што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и се разбира, победничка на изборите“, рече Митева.Во однос на пост изборната соработка со политичките партии, Митева посочи дека многупати до сега ВМРО-ДПМНЕ го има кажано ставот, дека е време Демократската Унија за Интеграција да замине во опозиција.„Прво, е добро и здраво за општеството после над 20 години во политиката, кој што резултирало со погрешни политики, со навистина огромно ниво на криминал и корупција и скандали кои што стојат зад нивното владеење, особено, во вој седум годишен мандат кој што го имаа како дел од владиното мнозинство со Социјалдемократскиот сојуз, сметаме дека навистина, треба да заминат во опозиција. Има зошто граѓаните, навистина, чувствуваат дека Македонија се повеќе се ја губиме, дека немаме владеење на правото, дека навистина имаме високо ниво корупција. Сепак граѓаните на претстојните избори одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, но ВМРО-ДПМНЕ, секако би размислува во насока на влада без ДУИ“, истакна Митева.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митева: Власта го зголеми јавниот долг на над 60%, а седум години не може да изгради ни два километри автопат

„Ние вчера излеговме со официјални податоци дека веќе и јавниот долг на државата ја поминува онаа психолошка граница од 60% и станува збор за 62% задолжување кое што го имаме во моментов“, истакна портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во „Слободен печат“.„Од една страна постојано велеа дека ќе имаме годишен раст од 2,9%. Но, ние имаме статистика која што вели дека растот е само од 1%. Да не зборуваме доколку направиме споредба со регионот. Изминативе седум години земјите од регионот имаат 50% раст на БДП, Македонија за истиот тој период на истата да речеме географска положба, тука сме сите земји од Западен Балкан, кои што сите се соочивме и со корона кризата, и со енергетската криза, дури и со оние глобални текови кои што се случуваат, некако ние имаме само 9% раст на БДП. И тука можеме директно да видиме дека власта навистина не направи ништо во делот на економијата“, заклучи таа.Митева додаде дека има уште еден фрапантен податок и практично кој што исто така е спротивен на законот е буџетскиот дефицит, кој што мора да биде во рамките на 3%, а, веќе оваа година надминува 4%.„Сметам дека како политичари можеби е време да се посветиме на едни вакви политики, на едни вакви мерки, на еден ваков начин на размислување како овие состојби да ги подобриме, како да направиме Македонија да биде подобро место за живеење. Затоа што од власта на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ искрено она што можевме да го видиме во овие седум години беше само криминал и корупција“, нагласи Митева.„Каде сакате да се свртиме и да погледнеме, дали станува збор за делот на образованието каде што трета година по ред ние имаме ученици кои што не ги добија учебниците. Ако сакате да погледнеме во здравството наместо да добиеме согласно нивното ветување бесплатно здравствено лекување ние имаме случај „Онкологија“. Доколку погледнеме во делот на инфраструктурата ќе видиме дека два километри автопат не успеаја да изградат“, потсети таа.Митева рече дека Македонија поради оваа власт само се задолжува, а нема ниту еден капитален проект.„Сметаме дека ова се работите кои што се важни и ова се работите за кои што ние треба да зборуваме“, укажа таа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Митева: Победата на Силјановска Давкова ќе биде со огромна разлика

Верувам дека победата ќе биде со огромна разлика, во Македонија е дојдено време за промени, граѓаните ќе го дадат својот глас, затоа што како и на самата Конвенција кога ја промовиравме кандидатката за претседател Силјановска Давкова, ние конечно сметаме дека во Македонија е дојдено време за лидерство што носи промени, изјави Марија Митева член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол во гостување на „Слободен печат“Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања која ќе покаже дека во Македонија после овие 5 години претседателство на СДС на чело со Пендаровски, ќе имаме претседател на народот, а не на елитите.- Црната кампања не носи ништо позитивно, но мора да направиме разлика помеѓу што е црна кампања и што е она кое ние го правиме, а тоа е зборување за реалноста и тоа со што се соочуваме. Пендаровски покажа дека изминативе 5 години имаме претседател само поради фактот дека по Устав Македонија ја има таа функција, протоколарно ја води таа функција. Многу често настапуваше од позиција на аналитичар, наместо од позиција на претседател, секојдневно ги менуваше сопствените ставови, едни ставови во неговата кампања, различни ставови и постапки кога застана на функцијата, потенцираше Митева.Митева нагласи дека кога се кажуваат овие работи, не станува збор за црна кампања, туку за еден начин на комуникација да ги потсетиме граѓаните што поминаа изминативе 5 години со Пендаровски.- Но, зборуваме и за понуда, за претседател на народот, што значи промени, која значи лидерство, претседател на народот кој ќе има дигнитет, претседател и на Македонците дома и насекаде низ светот. Ни недостасува еден лидер кој ќе покаже поинаков пристап во политиката. Изминативе 4 години можевме да ја видиме професорката Силјановска Давкова како дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните да го видат нејзиниот пристап внатре во парламентарниот дом, каде преку нејзините говори, начин на работа и тоа што го даваше и анализите кои ги правеше покажа како се однесува во политиката и сум повеќе од сигурна дека нејзиниот пристап е чесен искрен и работа согласно Уставот и законите, изјави Митева.

Македонија | пред 1 година

marija05032024

Митева: Извештајот на ДЗР за ЈПДП: тотален финансиски хаос и злоупотреби

„Никогаш не било полошо во областа на инфраструктурата на Македонија. Никогаш повеќе пари не се трошело, а никогаш помалку не се градело.Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија е катастрофален, дефиницијата која ја отслика реалноста е запрепастувачка, цитирам: "Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики." Или парафразирано: тотален финансиски хаос и злоупотреби, комплетно безредие и непочитување на законите!Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај ЈП за државни патишта за 2022 година, се утврдени следните состојби:- недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата. Оваа состојба предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците. Затоа не случајно на СДС и ДУИ, на Бочварски и Рустеми, им се потребни 7 години за да изградат 2 километри автопат. Затоа не случајно владата на СДС и ДУИ има волку анекси на договори за зголемување на вредноста на капиталните проекти како и анекси за пролонгирање на роковите за изградба, кои самите си ги задаваат па самите ги пробиваат.Понатаму, внимавајте:- неправилно утврдена даночната основа и за 27.525 илјади денари помалку пресметан и уплатен данок на добивка во Буџетот на Република Македонија. Замислете, функционерите на власта која се фали со наводно одлична наплата на данок се истите тие кои не плаќаат данок.Исто така:- не е извршено усогласување на побарувањата. Тогаш сосема логично би било да констатираме дека ако не утврдуваат објективна/реална вредност, тогаш вредноста која ја преставуваат е субјективна и истата може да е надвор од називот на сметката што е основ за незаконско постапување.- утврдени се неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Прашуваме, каде завршувале залихите?И за крај, потврдата за нивната неспособност доаѓа после констатацијата дека:- не е донесена петгодишна програма за извршување на работите од јавен интерес поради што не се создадени услови за долгорочно управување со развојот и одржувањето на државните патишта.Ова е еклатантен пример колку незаконски работи власта на СДС и ДУИ. Колку што се на број незаконските пречекорувања толкав број на кривични пријави се возможни. Ова е нивниот лажен европски фронт, кој во реалноста е прв фронт на криминалот. Важно е да ги поразиме, време е за промени!“, вели Митева.

Скопје | пред 1 година

Marija-Miteva-20.06.2022

Митева: Владата се противи на покачување на платите на работниците, а за награда граѓаните ќе плаќаат поскапи сметки за струја

На денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева беше запрашана од медиумите кој е ставот на партијата околу најавеното ново покачување на цената на струјата преку нов модел кој го утврдува РКЕ.„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, од владата како награда и ќе следи драстично зголемување на цената на струјата за над 20%. И тоа е резултат на неспособноста на власта која наместо за тендери изминативе години во РЕК Битола, требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. И цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаме ние граѓаните со енормно високи сметки за струја, а притоа во една ваква ситуација владата континуирано се противи на покачување на платите на работниците“, истакна Митева.Таа додаде дека неспособноста на власта ги чини граѓаните скапо, и затоа ВМРО-ДПМНЕ континуирано нагласува дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро. Македонија со оваа власт не оди напред.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања