„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

митева

media-library72tvbeicqbg661UUKxe

Митева: Со „Сејф сити“ добиваме поголема безбедност во сообраќајот

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, зборуваше на темата за имплементацијата на системот „Сејф сити“, кој во моментов е активен од 1 декември, а пробниот период за истиот ќе трае до 1 јануари, за што  како што вели таа, претходно Владата беше транспарентна и го најави истото.„Многу долго зборувавме за овој проект и многу долго го најавуваме, и мислам дека ги кажувавме сите предности од аспект на безбедност во сообраќајот и  помалку жртви. Можевме да видиме натписи од новинари, кои што споредуваа држави од Европа, кои што го имаат имплементирано, каде што немаат во 2025 година смртен случај“, рече Митева.Митева посочи дека Владата била транспарентна, однапред најавувајќи го пробниот период за „Сејф сити“, кој во моментов е активен  од почетокот на месецот до 1 јануари. Според неа, во Скопје веќе се гледа поинаков сообраќај.„Во делот на комуникацијата, се обидовме максимално да бидеме транспарентни и нагласивме многу претходно, дека практично ќе почне примената односно со тест период од 1 декември, кој што ќе трае до 1 јануари“, истакна Митева и додаде:„Целата комуникација, можеби се сведе на тоа дали треба 51 или 52. Верувам дека на секој еден новитет, кога се воспоставува ред едноставно е очекувано да имате бурни реакции. Но она што можеме да го забележиме изминативе денови, е поинаков сообраќај во главниот град. И се надевам дека со текот на времето тоа ќе стане наша навика, односно ќе стане наш принцип на раководење со моторно возило и тоа како се однесуваме во сообраќајот“.Митева додаде дека проектот е имплементиран за само година и неколку месеци.„За година и неколку месеци, доаѓаме до имплементација на проектот. Песимизмот не се решава со зборови. Ние можеме на граѓаните да им зборуваме се најдобро, но на крајот резултатите ги даваат делата кои што ги правите“, посочи Митева.Според неа, промените бараат време за граѓаните да ги почувствуваат, по години апатија и нефункционални институции.„Јас знам дека ова е процес кој што подолго време ќе трае, јас знам дека на граѓаните подолго време ќе им треба да ја видат промената, да ја почувствуваат. Затоа што ние имавме многу долги, тешки години, на апатија на неработење, на лоши вести, на немање систем, на немање функционалност на институциите, на немање на добри проекти“, заклучи Митева.

Македонија | пред 3 седмици

miteva

Митева: Извештајот на ГРЕКО ја покажува работата на Владата, и движењето на Македонија во правилна насока

На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ вечерва гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева која дискутираше за извештајот на ГРЕКО кој потврди видливи резултати во борбата против корупцијата во државата.Митева на почетокот истакна дека после години на низа негативни извештаи со овој извештај Македонија оди исчекор напред и се покажува како одличен индикатор за тоа во каква насока се движи државата и сето тоа што е постигнато за една година.„После години на низа негативни извештаи, на низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија, на она што значеше презентација на Македонија, на она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција, добиваме еден исчекор напред, но е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година“, рече Митева.Митева посочи дека извештајот на ГРЕКО ја покажуваат работата на Владата, како и исполнувањето на препораките кои даваат позитивна оценка за тоа како за една година се покажало различно ниво на функционирање на државата и различен систем на водење на институциите.„Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада, исполнување на препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија ГРЕКО извештајот со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме, не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање, различен систем на управување, различен начин на водење на институциите“, децидна е Митева.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_24-05-2025_04-16-07-8870PM

Владата отвора телефонска линија за повредените од трагедијата во „Пулс“

„Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава, Владата останува посветена на тоа никој да не биде оставен сам. Секој човек, секоја приказна, секоја потреба – се важни“, вели Марија Митева, портпаролка на Владата и додава:Ова обраќање денес е наменето пред сè за повредените и за нивните најблиски – за лицата кои се лекуваат во кочанската болница и кои се соочуваат со последици што бараат трпеливост, сила, но и системска поддршка.Свесни сме дека досега беа преземени повеќе активности – итна здравствена грижа, институционална мобилизација, финансиска и логистичка поддршка, но свесни сме и дека постојат сегменти кои се повторно неопходни. Затоа започнуваме со нова активност, во насока на она што го ветивме: континуирана, организирана, системска и човечка поддршка.Ја воспоставуваме новата телефонска линија за директна комуникација, управувана од Канцеларијата на претседателот на Владата, која ќе биде активна од понеделник, 09.06 и ќе функционира непрекинато и достапно за сите повредени и нивните семејства.Телефонскиот број е нов канал за директна комуникација со повредените и нивните семејства.Преземањето на овие активности не се заклучоци донесени од канцеларија – тие се резултат на директна комуникација на терен, особено од страна на работната група за евалуација на повредените, која во изминатиот период работеше во непосреден контакт со семејствата и со медицинските тимови. Секое укажување и секој ненагласен апел – се земени предвид и вградени во оваа нова фаза на поддршка.Во првата фаза, ги повикуваме сите повредени и нивните семејства да се јават, да ги изнесат своите барања кои ги имаат, предлози и конкретни потреби. Оваа линија нема да биде само контакт – туку жив канал на комуникација, преку кој ќе се одржува дневна, неделна и месечна координација, со редовно информирање, и со персонализиран пристап за секој случај.Сигурно ќе се постави и прашањето, зошто ова се прави сега?Затоа што оваа Влада верува дека поддршката не смее да биде еднократна, туку таa е процес. Затоа што знаеме дека здравствената и психолошката состојба на повредените се менува секој ден – и дека пред сè, им беше потребно време да се посветат на своето закрепнување. Кога се во состојба на закрепнување и имаат нови барања и потреби ние сме целосно подготвени да им излеземе во пресрет за сите останати состојби со структуриран, отворен и достапен механизам.Почитувани граѓани,Ова е уште една потврда на нашата заложба: да останеме покрај луѓето, со одговорна и конкретна поддршка. Ова е наша обврска, посветено и постојано присуство на институциите – таму каде што е најпотребно.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-03-26-at-13.44.06

Митева: Контролите продолжуваат, пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири

Продолжуваме со тематските прес-конференции на кои детално и транспарентно ќе ве информираме за сите преземени активности, а уште поважно за тоа како течат процедурите и до која фаза се сите постапки. За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап - кој се заснова на брза акција, јасни правила и нулта толеранција за неправилности.На оваа прес-конференција ќе зборуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и, се разбира, заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.Јас најпрво сакам да ве информирам дека ако до сега зборувавме за направени и завршени контроли и детално ги презентиравме бројките, денеска сакам да потенцирам дека и формално правно и административно, целата потребна документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Државниот пазарен инспекторат и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите.Како второ, сакам да информирам дека од денеска пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, како што веќе и најавивме. Овие инспекции се фокусирани на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат.Нашата влада не е тука да врши аналитички пристап без конкретни чекори. Тука сме да дејствуваме. Нема да дозволиме беззаконие или двојни стандарди и ќе продолжиме да ја зајакнуваме институционалната ефикасност сѐ со цел да обезбедиме правилата да важат за сите подеднакво. Јавноста заслужува безбедност, правичност и институции кои ѝ служат, а не обратно.Остануваме посветени на оваа мисија, а за резултатите од нашите напори, за наодите и активностите коишто се преземени како дел од овој процес редовно продолжуваме да ве информираме.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-21-at-13.50.02

Митева: ДПИ до сега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

“Пред да започнам со информирање на јавноста за состојбата со контролите на ДПИ сакам да нагласам дека како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во определени моменти мораме како Влада да апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата. Во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна и ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна. Се разбира, сакам и лично, но и од името на Владата на секој граѓанин, на секој поединец, особено на волонтерите од Црвен крст и сите останати да се заблагодарам за несебичната помош и поддршка која ја даваат во овие најтешки денови. Исто така, во делот на транспортот и сместувањето сакам да информирам дека и тоа е обврска и грижа која како Влада ја реализираме“, рече портпаролоката на Владата, Марија Митева и додава:Денешниот пресек е следен: згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство.Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме се што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата.Ќе продолжам во оваа прес-конференција да ги дадам информациите кои се однесуваат на работата на ДПИ и кои се преземените активности заклучно со вчерашниот ден.- Вкупно 82 контроли со записник, инаку се многу повеќе за кои сѐ уште трае анализа и контролата, по Законот за угостителска дејност, тука се вклучени сите од кабаре, дискотека, надзори по угостителска дејност на цела територија.- Од 23 со лиценца, констатирано е до сега 13 не исполнуваат минимум технички услови, при што се изготвуваат решенија до Министерство за економија за одземање на лиценцата и ќе бидат издадени решенија за забрана на вршење на дејност.- Кај 5 правни субјекти коишто се регистрирани како кабаре/дискотека и коишто се со истечена лиценца, а е утврдено дека работеле изминатиов период сакам да информирам дека се издадени решенија за забрана на дејност.- Кај останатите 41 кафич-клуб, кај 30 од нив се констатирани неправилности по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и 2 затварања за пречекорување на работно време, што подразбира и платен налог.“

Македонија | пред 9 месеци

28112024_Miteva

Портпаролка на Влада: Од 50 контролирани дискотеки и кабариња само 22 имале важечки лиценци

Марија Митева, портпаролка на Владата, информираше за активностите на денешната владина седница.Во изминатите два дена извршени се 50 контроли во угостителски објекти и тоа кабариња, диско клубови.Државниот пазарен инспекторат од извршениот увид утврди дека лиценци поседуваат 22 објекта, а 15 се со истечена лиценца. Сите 22 објекти со важечка лиценца денеска се проверуваат, а за оние кои немаат лиценци или важноста им е истечена, изречена е мерка: Забрана за вршење дејност.„Министерството за економија врши проверка дали кај издадените лиценци има архивски или други пропусти”, рече Митева.

Македонија | пред 9 месеци

28112024_Miteva

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

На вечерашната емисија „24 анализа“ на телевизија 24, гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ги изнесе своите ставови во однос на денешната седница за пратенички прашања во Собранието и нагласи дека одредени политички сили имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од клучните прашања преку создавање илузија за лична навреда во ситуација која, според неа, не содржи таква намера. Митева направи разлика помеѓу искрената политичка дебата и обидите за манипулација, нагласувајќи дека, како жена, ќе се залага за заштита на правата на жените. Таа ја опиша ситуацијата како одговор на провокативно поставеното прашање, а не како напад, изразувајќи сомнеж дека оваа конфузија е искористена со цел да се дефокусира јавноста од важни политички прашања.„Мислам дека треба малку пошироко да ги погледнеме работите. Јас во принцип ги следам пратеничките прашања, односно седницата за пратенички прашања од Собранието и сум присутна на тие седници, се разбира во делот кој што е определен, не внатре во седницата. Меѓутоа, сум таму и ги следам сите состојби од почеток до крај. Можам да кажам дека интенцијата на прашањето и одговорот беше со бурни прашања и бурен одговор, но не можам да се согласам дека, или барем јас не ја видов интенцијата за навреда во одговорот кој што го даде министерката за финансии. Зошто? Од причина што немаше начин на кој истото се однесуваше на она што подоцна СДСМ го искористи и спинуваше, за што многу добро знаеме и се потврди дека навистина се можеби, да кажам, мајстори за креирање на лажни вести“, вели Митева.Митева нагласи дека вчера беше направен обид за ширење неточни информации од страна на СДСМ, кои брзо беа исправени поради свеста дека не е можно да се создаваат соопштенија врз основа на поенти собрани преку социјални мрежи.„Знаете дека и вчера имаа еден обид да пуштат една таква лажна вест, за што веднаш потоа се корегираа затоа што сфатија дека преку поенти кои што ги собираат од социјалната мрежа Икс не може да се создаваат соопштенија“, истакна Митева.Митева увери дека кабинетот на министерката Димитриеска-Кочоска функционира професионално и дека денешниот одговор не бил насочен кон лична навреда или штета кон пратеничката Славјанка Петровска.„Сакам да потенцирам дека во рамки на функционирањето на министерката, во нејзиниот кабинет работат 25 луѓе, од кои 21 се жени, а 4 мажи. Никогаш досега не сум имала впечаток дека функционира на лична навреда, особено не кон жена, и ниту сметам и ценам дека денешниот одговор беше во насока на навреда и штета и лична навреда кон пратеничката Славјанка“, изјави Митева.Митева истакна дека реакцијата на навредата од страна на СДСМ не била непосредна, туку дојде со задоцнување од час и половина, што, според неа, укажува на тоа дека по кратката координација помеѓу пратениците на СДСМ, била формулирана и јавна реакција на изјавата на министерката Димитриеска-Кочоска.„Што беше многу интересно за мене? Кога ќе слушнете навреда кон вас, барем природно на секој еден од нас ни доаѓа да реагираме во истиот момент или можеби веднаш потоа. Реакција стигната после час и половина од одговорот кој што го имаше министерката за финансии, односно по паузата за ручек на кој што имаме информации дека доле следеле кратка координација помеѓу пратениците на СДСМ. И веднаш потоа се извади веста дека начинот на кој што тоа е кажано, тоа би значело“, кажа Митева.Митева истакна дека е свесна за реалноста на пазарот, како жена која веќе долги години се бори против политичките навреди, никогаш не би дозволила да се изрекува таква навреда. Таа ја оправда изјавата на Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето поставено од пратеничката Петровска, потенцирајќи дека ако се сака да се гледа како навреда, тогаш изјавата на Петровска може да се смета за првата таква навреда, бидејќи нејзиното значење за жените е исто така неважно.„Јас немам исто така деца, јадам грашок и точно и јас знам како се движат цените во маркетите. Верувајте ми дека никогаш не би си дозволила да како една жена која што секогаш во политиката ги критикувала навредите кои што се случувале а сме ги имале многу, да не искритикувам доколку станува збор за лична навреда со интенција. Во овој случај, одговорно тврдам дека, бидејќи бев таму, немаше интенција на навреда, туку имаше интенција на одговор на тоа зошто вие велите дека мене лично како жена не ми е важно колку време ќе поминам на шпоретот додека го правам грашокот, затоа што тоа беше дел од прашањето на пратеничката Славјанка Петровска. Можеби вас тоа не ви е важно, што ако сакаме да го гледаме како навреда, можеме да кажеме тука започна првата навреда, дека мене не ми е важно јас колку време поминувам за децата“, додаде Митева.Митева изрази сомневање дека постои тенденција за манипулирање со јавноста, со цел да се одвлече вниманието од клучните политички прашања, при што се создава илузија за жртва на навреда, иако во конкретниот случај не можела да препознае никаква интенција за такво нешто. Таа нагласи дека како жена, секогаш ќе се залага за заштита на правата на жените од навреди, но во оваа ситуација, според неа, не станувало збор за навреда.„Имам чувство дека се цели кон дефокус на јавноста од клучни прашања и постојано претставување како жртва на навреда во нешто во што немаше интенција. Доколку било кој навреди некого, особено жена како жена, секогаш ќе застанам во одбрана. Во овој случај јас не ја видов интенцијата за навреда, туку ја видов интенцијата на одговор на така поставено бурно прашање“, заклучи Митева.

Македонија | пред 9 месеци

28112024_Miteva

Митева: Државниот јавен обвинител работел нетранспарентно, штител определени лични интереси и работел надвор од закон, затоа Владата бара негово разрешување

„Зошто досега не е направена сериозна борба против криминалот и корупцијата од човекот кој ја има првата обврска да го прави истото би кажала дека тоа е поради две работи. Прво поради поданичкиот однос кој го има кон оние коишто го избрале или поставиле на тоа место а тоа се СДС и ДУИ. Втората работа е заради тоа што наместо да се бориме за право и правда некако го злоупотребуваме тоа од страна на Државниот јавен обвинител, односно го заобиколуваме законот и се користи онака како што цениме дека е поволно за нас во определен момент“, истакна портпаролот на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Реформи во судството, чекор кон ЕУ“.Митева посочи дека Владата одлучила да преземе чекори за разрешување на Државниот јавен обвинител поради нетранспарентнотно работење.„Како Влада поради сите овие состојби и поради нетранспарентнотно работење наспроти законите, штитењето на определени лични интереси, постапувањето надвор од законите, но најважно од се поради многу ниската доверба која граѓаните ја имаат во правосудниот систем во целина, Владата одлучи да преземе вакви чекори односно да го задолжи надлежното министерство во овој случај тоа е министерството за правда, да ги покрене сите оние процедури за да се започне смена на Државниот јавен обвинител“, рече Митева.Митева продолжи и додаде:„Ние бевме сведоци во минатото навистина на многу голем број скандали кои се случуваа. Ние постојано зборувавме и во предизборната кампања дека мора да се стави ред во правосудството, мора да се постапува согласно закон, дека мора да ги напуштиме оние клики кои постојано го злоупотребуваат правосудниот систем, дека не смееме повеќе да дозволиме да штити лични, партиски бизнис интереси дека во оваа држава мора да воспоставиме ред“, вели Митева.Митева потенцираше дека постапките кои ги преземаат како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните.„Постапките кои ги преземе како Влада се оправдани и се поздравени од граѓаните кои несебично ни ја дадоа довербата пред само 8 месеци. Затоа што кога вие работите и го слушате гласот на народот и постапувате согласно очекувањата што се од вас тогаш мислам дека многу се мали шансите да погрешите или да ја нарушат довербата или да не доведат во ситуација да имаме извештаи како што ги имаме ние од година во година од сите меѓународни институции кои ја назадуваат Македонија и ја спуштаат на се пониско ниво“, децидна е Митева.Митева во однос на интерпелација за членовите на Судскиот совет истакна дека таа е добар показател и добар стар за никогаш повеќе да не се повторат такви дејствија.„Ваквиот чекор со Судскиот совет односно со покренувањето на интерпелација на членовите на Судскиот совет кои се избрани од страна на Собранието ќе биде добар показател и добар старт за никогаш повеќе да не ни се повторни вакво дејание и никој да не се чувствува дека е доволно комотен на позицијата која ја има затоа што комоцијата треба да ја имате само кога работите исклучиво за интересите на граѓаните, по закон и секогаш да се спремни да одговара за преземените активности. Мислам дека овој чин на покренување интерпелација треба да ги освести самите членови на Судски совет оние кои се избрани од Собранието и воопшто да не ни чекаат да заврши интерпелацијата“, заклучи Митева.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-02-11-at-16.30.45

Владата со одлука како да се намалат цените низ маркетите

Портпаролката Марија Митева кажа дека Владата расправала за високите цени во маркетите. Наскоро ќе има нова маржа, со која, треба да се намалат цените кај голем дел од производите.„Одлука за 10 процентно ограничување на маржата за трговија на мало и големо на основните прехрамбени производи, на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но истата да се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите, но и со бебешка храна и други непрехрамбени производи кај кои има голема маржа. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка се очекува да трае од нејзино донесување, што ќе биде бргу од денеска, се до 30.04“, рече Митева.Задолжено е и Министерството за економија да одржи состанок со инспекторатите кои ќе предложат решенија за да трајно се реши овој проблем.

Македонија | пред 10 месеци

28112024_Miteva

(Видео) Митева: Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени

„Дозволете во името на Владата да ја информирам јавноста дека е постигнат договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. Во однос на истото ве информирам дека на седница на Влада одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва“, рече Марија Митева, портпаролка на Владата.„Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:- максимален износ по корисник до 10 милиони евра;- рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;- фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување;- сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени:- инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;- недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);- транспортни средства поврзани со производствениот процес;- обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и- нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост“, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата.

Македонија | пред 1 година

26112024_Miteva

(Видео) Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во дигитално општество, буџетот на МДТ за 2025 година е зголемен за 200%

„Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го трансформираме македонското општество во дигитално општество. Ако се спореди вкупниот проектен буџет на Министерството за информациски и комуникациски проекти тогаш со оние од минатото може да се заклучи дека истиот е поголем за 200% - односно од 154 милиони денари во 2023 година, 182 во 2024 година, на 365 милиони денари во 2025 година“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.„Во делот на поединечните проекти за 2025 година е предвидено изградба на - Современ примарен податочен центар (ДАТА ЦЕНТАР) во Скопје што претставува капитална инвестиција која се најавува со години. Во овој момент сите државни системи физички се во своите надлежни институции, голем дел од нив во несоодветни услови кои предизвикуваат пократок век на траење на опремата, неажурирани софтверски верзии и со голем степен на ризик од сајбер напади. Проектот предвидува изградба на примарен податочен владин центар, каде сите органи на државната управа ќе ја колоцираат својата опрема. Со ова државата од една страна ќе оствари значителни заштеди за колокациски услуги. Тоа значи вклучување на ладење, безбедносни системи, противпожарни системи, надзор и одржување на просториите, а од друга страна ќе овозможи забрзана дигитална трансформација. Ова е повеќегодишен проект, но во почетокот на 2025 година планирана е изработка на физибилити студија која ќе ги дефинира техничките стандарди за изградба на центарот, локацијата и начинот на обезбедување на одржливост.Очекувана вкупна сума на проектот е до 40 милиони евра, а за следната година со буџетот се обезбедени 2 милиони евра за физибилити студија и почеток на изградбата.Понатаму, обезбедени се 40 милиони денари во буџетот и преку останати проектни фондови ќе работиме на дигитализација на најупотребуваните јавни услуги од граѓаните и компаниите. Тоа ќе го оствариме по специјално утврдена методологија за дигитализација на јавните услуги. Електронското испраќање на барањата за сите достапни јавни услуги до институциите и електронско добивање на потребните документи, преку компјутер или паметен телефон. Институциите ќе имаат можност да користат свои идентификациски алатки за потпишување на овие потребни документи. Во прво време се дигитализира добивањето на државјанство од Министерството за внатрешни работи, услугите на Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот. Тоа значи дека ќе обезбедиме повеќе од 200 нови услуги на порталот Uslugi.gov.mk, што ќе ја дуплира бројката на достапни услуги.Исто така, почитувани, преку проектот во вредност од 60 милиони денари ќе работиме на систем преку кој ќе се обезбеди поврзување на институциите со споделување на документи. Во овој момент само 22 институции користат заеднички систем за електронско работење, а преку овој проект ќе го зголемиме бројот на институции за најмалку 10. Ќе се зголеми и бројот на документи кои ќе се изработуваат и потпишуваат целосно дигитално, без користење на хартија и истите ќе можат да се споделуваат и зачувуваат во дигитален формат.Дигиталната трансформација значи посилна поврзаност и подобра иднина за сите нас, затоа за само неколку месеци по преземањето на власта предвидовме нови 80 електронски услуги, зголемена поврзаност на институциите и фокус на сајбер безбедноста. Преку овие проекти и вложувањето во дигитализацијата ја осигуруваме нашата позиција во дигиталниот свет“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Македонија | пред 1 година

miteva-1

(Видео) Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата, рече Митева

„Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.„Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи“, изјави Митева.

Македонија | пред 1 година

IMG_4973

Митева: Извештајот на ДКСК за 2023 година укажува на неспособноста на власта на СДС и ДУИ за борба против корупцијата

„Како генерален заклучок од она што можев да го видам е несоодветното спроведување на целокупната легислатива. Неспособност на владата да се бори против корупцијата, селективна правда и власт која по целост потфрли во борбата против корупцијата. Фрапантни се деловите од извештајот“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.Таа укажа дека уште во самото резиме на извештајот веќе на страната 4 е нотирана потврда на се она што го зборувале во минатото, а тоа е во делот на правосудството.„Нотирано е дека оние значајни ризици произлегуваат од внатрешни и надворешни фактори меѓу кои е и низок квалитет на сите тие обвинителни акти, влијание на претседатели на суд преку годишен распоред за работа на судот. Блискост помеѓу судии и адвокати што влијае врз постапките. Недостаток на соработка помеѓу јавни обвинители“, истакна Митева.Таа продолжи и додаде:„Кога во еден извештај ќе бидат нотирани вакви сериозни индиции очекувам за истото институциите што поскоро да делуваат. Затоа што се додека ни се провлекуваат вакви извештаи, а за истото немаме никаква реакција или подобрување на состојбите ние нема да ја постигнеме целта, а тоа е вистински да се справиме со криминалот и корупцијата“, вели Митева.Таа посочи дека фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани од националната стратегија 2021-2025.„Второ беше спомената онаа национална стратегија за спречување на корупцијата која е донесена за период од 2021-2025 и за истата подлежи и акциски план за нејзино спроведување. Фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани и ова директно укажува на неспособноста на институциите и луѓето кои ги менаџирале институциите да се посветат на вистинско спроведување на национална стратегија која Собранието ја донела и била нешто што треба да донесе подобрување на состојбите на криминалот и корупцијата“, рече Митева.Таа продолжи и додаде:„Како трето според податоците кои ги има ДКСК најголем број на пријави кои биле со сомневање за незаконитости во постапките се однесува на следниве делови. Тоа е вработување кое исто како и во претходните години претставувало најгорливо прашање на граѓаните каде дискреционите овластување на одговорите лица за одлучување и избор на кандидати преовладувало над утврдениот систем за вреднување на образование, искуство и компетентност. Ова е многу јасно наведено во извештајот на ДКСК и е нешто што е нотирано и во претходните извештаи на оваа комисија а за истото не е предвидено ништо. Нотирана е и злоупотреба на балансерот за кои изминативе денови по завршување на изборите многу зборуваме и некако се отвара тема која оди во насока на несогласување за негово укинување. Нотирана е и незаконитост во постапки за унапредување на повисоки научни наставни звања од страна на факултетите. Узурпација на јавен простор и на крај сомневања за подготвени тендерски документации и тендерски спецификации кои фаворизираат одредени компании“, истакна Митева.Таа посочи дека во извештајот се нотирани сите најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ.„Во овие 5 точки од овој дел се нотирани сите можеби најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ како претходна влада. Најскоро нешто што може да направиме е сите овие состојби кои се детектирани во овој извештај да се преземат со сериозна одговорност од страна на институциите, за се со цел следната година ваквиот извештај да нотира што помалку состојби на криминал и корупција и да има исклучива надлежност за спречување на истата затоа што така е и самиот назив на оваа комисија, а не да има небројни извештаи за покренати постапки против именувани лица од владата“, децидна е Митева.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-21-at-22.49.37

(Видео) Три најголеми грешки на СДСМ, три најважни политики на ВМРО-ДПМНЕ и дали во партијата има заедништво

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, тврди дека поделби во партијата нема, а ниту фракции. Според неа, се делува кохезивно. Во интервју за „Скопје1“ таа говореше за тоа што нѐ чека во изборната кампања. Посочи и три најголеми грешки на СДСМ, но и три политики на ВМРО-ДПМНЕ поради кои очекуваат најголема поддршка.„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период покажа дека одлучува и делува самостојно. Нема дилема за кохезивоноста која владее, како политичка партија, пуслираме во еден ритам. Доволно јасно е за принципот и ставот на ВМРО-ДПМНЕ и колку сме останале истрајни по однос на нашите политички делувања“, вели Митева за „Скопје1“.Посочува дека фракции – нема.„Нема ни мини група, ако зборувате за изолирани случаи и индивидуи, не сметам дека треба да зборуваме за луѓе кои се таму каде што се поради нивна определена потреба и некоја нивна цел“, додава таа.Прашана кои се трите најголеми грешки на СДСМ, Митева вели: економија, криминал и корупција и ниско и ужасно, лошо водење на надворешна политика.За тоа што ќе му донесе гласови на ВМРО-ДПМНЕ вели: „силна економија, развој на економија во делот на инфраструктурата и многу работа.

Македонија | пред 1 година

Miteva-23.06.2022

Митева: Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и програмска определба за патот по кој што треба да се развива Македонија

Можам да кажам дека професорката Силјановска Давкова кога ќе ја споредите со сите кандидати за претстојните претседателски избори, многу отскокнува, по сите параметри се разликува од нив, пред се од она професионално искуство кое што самата како личност го има, но и од личниот карактер и пристапот кој што таа, веќе четири години, го покажа во рамките на Собранието. Лесно е граѓаните да направат споредба во овој дел и би кажала дека во овој период ќе бидат во можност граѓаните да видат со каков кадар располагаат сите политички партии и каква е искрената и чесна  намера во делот на подобрување на состојбите  во Македонија, вели портпаролката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во денешното гостување во централните вести на телевизија Алсат.Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ја има професорката Силјановска Давкова како кандидат, затоа што сметаме дека е време за вистински промени, затоа што ни е потребен малку поинаков пристап во политиката и за едно лидерство кое што ќе значи, пред се, почитување на  уставот и законите и работа во интересот и само за интересот на народот.ВМРО-ДПМНЕ во овој момент ја очекува максималната поддршка од граѓаните, работиме на искрен и чесен пристап. Време е политиката да ги напушти оние уцени и преговарања за тоа на кого ќе му припаднат гласовите во вториот круг. Време е да воведеме една политика на програмско коалицирање и на она што ќе значи програмска определба и начин на кој што ние го гледаме патот по кој што треба да се развива Македонија“, рече Митева во однос на калкулациите, преговарањата и договарањата во вториот круг од претседателските избори.Во однос на парламентарните избори и за тоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има конечна листа за пратеници, Митева истакна дека очекува до крајот на месец март да биде заокружен и тој процес на финализирање на листите за пратеници.„Кандидатите за пратеници ќе бидат достојно и достоинствено презентирани пред граѓаните. Ќе имаме еден транспарентен начин на презентација на истите. Очекувам и сум сигурна дека тоа ќе биде една добра кадровска понуда која што ќе ја има ВМРО-ДПМНЕ и се разбира, победничка на изборите“, рече Митева.Во однос на пост изборната соработка со политичките партии, Митева посочи дека многупати до сега ВМРО-ДПМНЕ го има кажано ставот, дека е време Демократската Унија за Интеграција да замине во опозиција.„Прво, е добро и здраво за општеството после над 20 години во политиката, кој што резултирало со погрешни политики, со навистина огромно ниво на криминал и корупција и скандали кои што стојат зад нивното владеење, особено, во вој седум годишен мандат кој што го имаа како дел од владиното мнозинство со Социјалдемократскиот сојуз, сметаме дека навистина, треба да заминат во опозиција. Има зошто граѓаните, навистина, чувствуваат дека Македонија се повеќе се ја губиме, дека немаме владеење на правото, дека навистина имаме високо ниво корупција. Сепак граѓаните на претстојните избори одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас, но ВМРО-ДПМНЕ, секако би размислува во насока на влада без ДУИ“, истакна Митева.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања