Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Митева: Извештајот на ДКСК за 2023 година укажува на неспособноста на власта на СДС и ДУИ за борба против корупцијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4973

„Како генерален заклучок од она што можев да го видам е несоодветното спроведување на целокупната легислатива. Неспособност на владата да се бори против корупцијата, селективна правда и власт која по целост потфрли во борбата против корупцијата. Фрапантни се деловите од извештајот“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците.

Таа укажа дека уште во самото резиме на извештајот веќе на страната 4 е нотирана потврда на се она што го зборувале во минатото, а тоа е во делот на правосудството.

— реклама —

„Нотирано е дека оние значајни ризици произлегуваат од внатрешни и надворешни фактори меѓу кои е и низок квалитет на сите тие обвинителни акти, влијание на претседатели на суд преку годишен распоред за работа на судот. Блискост помеѓу судии и адвокати што влијае врз постапките. Недостаток на соработка помеѓу јавни обвинители“, истакна Митева.

Таа продолжи и додаде:

— реклама —

„Кога во еден извештај ќе бидат нотирани вакви сериозни индиции очекувам за истото институциите што поскоро да делуваат. Затоа што се додека ни се провлекуваат вакви извештаи, а за истото немаме никаква реакција или подобрување на состојбите ние нема да ја постигнеме целта, а тоа е вистински да се справиме со криминалот и корупцијата“, вели Митева.

Таа посочи дека фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани од националната стратегија 2021-2025.

„Второ беше спомената онаа национална стратегија за спречување на корупцијата која е донесена за период од 2021-2025 и за истата подлежи и акциски план за нејзино спроведување. Фрапантни се бројките кои велат дека од вкупно 166 активности само 22 активности се реализирани и ова директно укажува на неспособноста на институциите и луѓето кои ги менаџирале институциите да се посветат на вистинско спроведување на национална стратегија која Собранието ја донела и била нешто што треба да донесе подобрување на состојбите на криминалот и корупцијата“, рече Митева.

— реклама —

Таа продолжи и додаде:

„Како трето според податоците кои ги има ДКСК најголем број на пријави кои биле со сомневање за незаконитости во постапките се однесува на следниве делови. Тоа е вработување кое исто како и во претходните години претставувало најгорливо прашање на граѓаните каде дискреционите овластување на одговорите лица за одлучување и избор на кандидати преовладувало над утврдениот систем за вреднување на образование, искуство и компетентност. Ова е многу јасно наведено во извештајот на ДКСК и е нешто што е нотирано и во претходните извештаи на оваа комисија а за истото не е предвидено ништо. Нотирана е и злоупотреба на балансерот за кои изминативе денови по завршување на изборите многу зборуваме и некако се отвара тема која оди во насока на несогласување за негово укинување. Нотирана е и незаконитост во постапки за унапредување на повисоки научни наставни звања од страна на факултетите. Узурпација на јавен простор и на крај сомневања за подготвени тендерски документации и тендерски спецификации кои фаворизираат одредени компании“, истакна Митева.

— реклама —

Таа посочи дека во извештајот се нотирани сите најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ.

„Во овие 5 точки од овој дел се нотирани сите можеби најклучни работи кои биле опфатени во рамки на владеењето на СДС и ДУИ како претходна влада. Најскоро нешто што може да направиме е сите овие состојби кои се детектирани во овој извештај да се преземат со сериозна одговорност од страна на институциите, за се со цел следната година ваквиот извештај да нотира што помалку состојби на криминал и корупција и да има исклучива надлежност за спречување на истата затоа што така е и самиот назив на оваа комисија, а не да има небројни извештаи за покренати постапки против именувани лица од владата“, децидна е Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryduot5sljr4d1e7OtTjU

Митева: Најголема вредност на ВМРО-ДПМНЕ изминатите 36 години е што силата ја црпи од народот кој верува во идејата за самостојна, просперитетна и европска Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryr8uao15tij5u5EgseUu

Митева: Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на раст и развој и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library2ufsu4vkb2cj3FeXWhv

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydu3vl33kjse75wgCPIH

Митева: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да се случат, СДС е во идентитетска криза и паника од прашањето за предвремени избори

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања