МОН

mon

МОН: со поддршка од ЕУ изработивме нов електронски дневник

Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија изработи нов интегриран систем за електронска работа на училиштата, кој вклучува и нов електронски дневник, што официјално ќе се примени во текот на новата учебна 2024-2025 година, откако претходно ќе го помине тест периодот во неколку основни и средни училишта.Првичните проверки се веќе спроведени во координација на Министерството за образование и наука со Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и со наставници од училиштата. Организирани се и обуки за ИТ администратори во училиштата каде електронскиот дневник ќе пилотира и интегрирање на евентуални нови сугестии.Откако целосно ќе заврши фазата на тестирање, ќе следи процес на мигрирање на податоци од сегашниот во новиот електронски дневник, но и внесување на дополнителни податоци во софтверот од страна на училиштата. Предвидено е да се организираат обуки за користење за сите наставници.Новото софтверско решение ќе ги надмине предизвиците со кои наставниците, администраторите, родителите/старателите и самите ученици ги посочуваа во изминатиот период, бидејќи сите нивни сугестии се земени предвид во процесот на креирање на системот.МОН изразува благодарност до сите чинители во процесот на креирање на новиот интегриран систем за електронска работа на училиштата, а особено до Европската унија која обезбеди финансиска и логистичка поддршка во овој процес и што континуирано ги поддржува напорите за дигитализација и модернизација на образованието во Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

278906856_377045527769199_4717028108165998018_n

Студентите ги добија парите кои ги чекаа со месеци на неколку часа пред протестот, министерот им вели да се посветат на испитите

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, неколку часа пред протестот на студентите објави дека им ги исплатиле стипендиите и парите кои им ги должат со месеци. Им посочи дека треба да се сконцентрираат на испитите.„Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас. Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици. Со среќа“, напиша Шаќири.Тој потоа ги потсети што направил тој и Министерството за нив.„Потсетувам: ➡️Го зголемивме износот за студентскиот оброк, ➡️Го зголемивме износот на стипендиите, ➡️Разликата на стипендиите ја плативме и за претходниот период ... докажавме дека работиме посветено за студентите“, додаде тој.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Министерот Шаќири е дециден: Мора да има полагање државна матура на 27 мај

Министерот за образование, Јетон Шаќири, кој вчера гостуваше во ТВ Сител најави дека во процесот на реализирање на Државната матура ќе се вклучат и вработени во МОН, нагласувајќи дека полагањето на предметите мора да почне во зацртаниот термин, а тоа е 27. мај.Истакна дека за утре е најавен состанок со синдикатот и доколу се најде заедничко решение, како што рече, ќе очекува од директорката на ДИЦ, Благица Павловска барање за дел од вработените во МОН да се вклучат и во подготовката на Државната матура.-Да се реализира државната матура и да се причека општиот колективен договор, а потоа и другите синдикати ќе комуницираат со институциите за потпишување на гранските колективни договори. Мора да има полагање државна матура на 27 мај. МОН се вклучи во процесот на решавање на проблемот. За утре е најавен нов состанок на синдикатот. Ако утре најдат решение, ќе очекувам од диреторката на Државниот испитен центар да достави барање да дадеме вработени од МОН само државната матура да се реализира во рокот, на 27 мај – нагласи министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Македонија | пред 2 години

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

МОН објави кога ќе започне печатењето и испораката на најголем дел од новите учебници

Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната недела ќе испечатат и испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение,. Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик.Потсетуваме дека нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование. Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите.МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

Македонија | пред 3 години

mkd-563876

Хакери ја нападнаа страницата на министерство за образование

Во моментов интернет страницата на Министерството за образование и наука не се отвора. Претходно, наводно врз страницата бил извршен хакерски напад. Како што објави порталот Република, оставен бил потпис од хакерски тим  кој се претставил дека е грчки, односно пишувало ,,Хакирано од грчкиот хакерски тим ,,Netwatchers".Ова не е прв напад врз македонска државна инсгтитуција, последниот беше врз Народната банка, од каде тогаш и детално информираа за нападот и објаснија дека хакерите не дошле до податоците и средствата, туку успеале да ја забават работата на интернет страницата со организирани илјадници влезови во сајтот во ист момент. фото: МКД.мк

Македонија | пред 3 години

278906856_377045527769199_4717028108165998018_n

Постои надеж дека учениците од прво до петто ќе добијат учебници пред второтополугодие

Постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие. На стартот од учебната година, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, посочи дека уште не е избрана фирма која ќе ги печати. За новинарското прашање за тоа чија е одговорноста што ова не е направено пред почетокот на годината, министерот одговори: „Вашето прашање е тенденциозно“.„Кога ќе поставите друг пат прашање, ќе треба да знаете и одговор. Не е избран економскиот оператор. До учениците се доставени учебници и материјали. Тоа значи дека учениците кои учат оваа година, во брз рок ги имаат добиено учебниците за 6,7,8,9 одделение. За децата (од прво до петто одделение) да немаат товар во нивниот фамилијарен буџет, има подготвителни материјали кои се доставуваат навремено. Некаде се доставени, некаде ќе бидат доставени“, посочи Шаќири.Тој посочи дека постапката за печатење на книгите за четири предмети, кои сега ги нема, меѓу кои се и за македонски јазик и математика, е започната навреме. За материјалите кои се делат на учениците, а треба во првото полугодие да ги заменат ученибиците, Шаќири додаде: „Материјалот е подготвен според учебната програма“.

Македонија | пред 3 години

5_13

МОН ќе потроши 21,8 милиони денари за реконструкција на ООУ „Сабедин Бајрами“

Обезбедувањето добри услови за одвивање на воспитно-образовниот процес влијае врз квалитетот на образованието, велат од министерството за образование и наука.„Во ООУ „ Сабедин Бајрами" во село Камењане, општина Боговиње во тек е реконструкција што опфаќа изведба на санитарии, кров и нова фасада што ќе биде енергетски ефикасна, а инвестицијата е во вредност од 21,8 милиони денари.Во рамки на градежните работи, училиштето ќе добие и пристапна рампа, со што децата со посебни потреби добиваат можност да се движат без туѓа помош.Министерството за образование и наука континуирано го поткрева нивото на инклузивност на образовниот систем, затоа што секое дете има право на образование без дискриминација“, стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

mon

Продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука

Денеска продолжуваат преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници, откако во средата не беше постигнат напредок.Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.

Македонија | пред 3 години

IMG_8756

МОН: Прекин на воспитно-образовната работа не смее да има

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес.Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања