МОН

janevska

Јаневска: Затворени се 5 приватни научни институти, надзорите продолжуваат, заканите ќе ги пријавиме

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.„Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем“, рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа.Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во министерството.„Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ“, додаде министерката.Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

Македонија | пред 1 година

janevska

Јаневска: Владата се залага за поквалитетен и инклузивен образовен систем, знаењето и креативноста на граѓаните се основа за развој на државата

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска преку видео обраќање учествуваше на отворањето на Самитот на Фондацијата Маариф од Турција, на тема „Образование за фер и еднакво општество за одржлива иднина“, што по четврти пат се одржува во Истанбул. Воведни говорници на настанот беа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, министерот за национално образование Јусуф Текин и претседателот на фондацијата Бирол Акгун.Министерката испрати порака дека новата Влада на Македонија нема никаква дилема дека образованието е столб на општеството и затоа го зголемува влогот во знаењето на граѓаните, во нивната креативност и иновативност со цел да му овозможи на секој поединец да го достигне својот полн потенцијал, посочувајќи дека секој личен успех е успех и на државата.„Дел сум од релативно нова влада, која пред 5 месеци го започна мандатот со силна волја и енергија за промени кои ќе обезбедат квалитетен и инклузивен образовен систем. Тие промени веќе се случуваат. Работиме на поквалитетни наставни програми и учебници, на дигитализација, на мотивација на наставници, подобрување на инфраструктурата и оптимизација на училишната мрежа, како и воведување едносменска работа и продолжен престој за учениците исполнет со содржини кои ги интересираат. Секако, важен приоритет е и високото образование, како и усвојувањето на нова законска регулатива за повеќе и подобри можности за сите чинители на системот“, рече Јаневска.Министерката потенцираше дека голема грижа се води за опфатноста на образованието, односно овозможувањето еднаков пристап и фер шанса за секого да се надградува под исти услови како и сите останати.„Диспаритетот во знаењата на различните општествени групи во мојата земја е евидентен и тоа се должи на повеќе фактори чие влијание се трудиме да го неутрализирамe. Разлики во знаењето има меѓу децата од различни региони во Македонија, меѓу ученици кои припаѓаат на различни етнички заедници, a разлики причинува и социјалниот статус на семејствата од каде потекнуваат децата“, рече министерката.Потенцираше дека со процесот на оптимизација на училишната мрежа, ќе се елиминира првиот фактор. Дел од децата од руралните средини, ќе бидат преместувани во централни училишта каде поголема е социјализацијата, компетитивноста и каде училиштата се подобро организирани и опремени. За децата пак, од социјално ранливите семејства се обезбедуваат посебни права за финансиска поддршка и стимулација на едукацијата.„Работиме на подигнување на свеста кај дел од населението за важноста на едукацијата и за поголема посветеност кон училиштето, а со нова и зајакната законска регулатива ќе спречуваме сегрегација, но и секаков вид дискриминација во образованието“, додаде Јаневска.Изрази благодарност до сите меѓународни партнери за поддршката која државата ја добива во заложбите за подобар образовен систем, меѓу кои ги вброи и турската владина организација ТИКА, како и Маариф фондацијата. Повика преку заедништво и иновации да продолжи развојот на образованието, кое, како што рече, овозможува мир, толеранција, разбирање на различностите и движење на светот напред.Самитот се одржува денес и утре, а на неколкуте панел дискусии во рамки на истиот ќе учествуваат претставници на 50тина држави од светот.

Македонија | пред 1 година

ucenici

Поразителни резултати: Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски, информираше МОН.„И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата. Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители.Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем.Подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука“, се додава во соопштението на МОН.

Македонија | пред 1 година

menza-studentski-dom-1

До петти декември е рокот за субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука преку соопштение потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.За сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.Дополнителни информации што треба да ги знаат оние кои сакаат да аплицираат:- Условите и критериумите за остварување на правото се достапни на посочениот линк.- За поддршка при аплицирањето: Контактирајте по е-пошта: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk- Посетете ја канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството за образование и наука.Од МОН додаваат дека на сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.

Македонија | пред 1 година

janevska

Јаневска: во соработка со младите ги унапредуваме ученичкиот и студентскиот стандард

Со големо задоволство можам да кажам дека сум во постојана комуникација со студентите, а особено со Националното студентско тело и често дискутираме за предизвиците кои ги засегаат и нудиме решенија за нивно надминување. Досега прифативме повеќе нивни барања, а последното се однесува на конкурсот за доделување стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, според кое доколку не аплицираат доволно кандидати за стипендиите за техничките науки кои се побројни, наместо средствата да пропаднат, ќе овозможиме да се искористат за стипендирање на студенти на општествени науки.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на вчерашната собраниска седница на која се поставуваа пратенички прашања.„Одлучивме да доделиме повеќе стипендии за студенти од областа на техничките науки, затоа што тие се дефицитарни и целта е да стимулираме повеќе млади луѓе да ги одбираат овие области. И тоа е во согласност со насоките од усвоената Стратегија за паметна специјализација на државата“, рече Јаневска додавајќи дека системот на стипендирање е адаптибилен и во иднина може да се менува зависно од потребите на пазарот на трудот и соодветно стимулирање на учениците за избор на одредени области.Јаневска потенцираше дека во минатото не се водело грижа за насочување на студентите, односно квотите за упис на биле прифаќани од Владата онака како што им биле предлагани од високообразовните установи. Најави дека од следната година, бројот на места за упис на факултетите ќе бидат дефинирани според реалните потреби од кадар.

Македонија | пред 1 година

monsostanok-1

Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта.Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.

Македонија | пред 1 година

2-2

Јаневска: Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина

„Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина“.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности.Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите. како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.„Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката.Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција.Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

Македонија | пред 1 година

janevska

Јаневска: Недозволиво е да се попречува основното право на учениците да се образуваат поради неорганизирање превоз

Тоа што во главниот град на државата нема превоз, го попречува основното право на учениците да се образуваат, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за проблемот со градскиот превоз во Скопје.„Анализата на Министерството од е-Дневникот покажа дека нема значајна разлика на неоправдани изостаноци во овој период во споредба со истиот период минатата година. Претпоставувам дека учениците и родителите прават најдобро што можат, односно се организираат за нивните деца да стигнат на училиште, но и наставниците имаат разбирање за ова што се случува. Состојбата е многу лоша и срамота е во главниот град на Македонија да им се оневозможи правото на учениците да добијат соодветно образование што е загарантирано право и со Уставот“, изјави Јаневска, додавајќи дека е недозволиво сите напори кои ги прави Министерството за образование и наука, промените за подобрување на квалитетот на образованието, да бидат спречувани поради неорганизираност на градските власти.Изрази надеж дека градските власти сериозно ќе ја сфатат оваа ситуација и итно ќе најдат соодветно решение.Министерката рече дека ги поддржува студентите кои најавија дека ќе се приклучат на протестот пред Град Скопје, доколку не се реши проблемот со градскиот превоз.„Студентите се апсолутно во право, имаат право својот револт на каков било соодветен начин да го изразат и ако ова е единствениот начин да најдат решение за нивниот проблем, јас ги поддржувам“, одговори Јаневска.

Скопје | пред 1 година

1-4

Јаневска по повод Светскиот ден на детето: го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование

Промени што ги прави Министерството за образование и наука имаат за цел поквалитетно образование, што е најважното барање на секоја средба со различни младински организации. Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат.Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владината средба на високо ниво предводена од децата, на одбележувањето на Светскиот ден на детето. Годинава, средбата се организираше под слоганот „Слушнете ја иднината“ и се фокусираше на трите мега-трендови што ја обликуваат иднината на децата: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.Училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени, рече министерката, додавајќи дека преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување.Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочи дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици.„Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95% од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување“, одговори Јаневска, додавајќи дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини, при користењето на напредните технологии.За, како што рече, најголемиот ризик по учениците во ова време – тие да не бидат во тек со технологијата, Јаневска укажа дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии.

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

МОН: Наставниците се наш висок приоритет, нивните плати постојано ќе растат во следните четири години

Проектите кои се реализираат во рамки на Еразмус+ програмата и имаат за цел да го подобрат квалитетот на образованието преку подигнување на професионалните компетенции на наставниците, се многу значајни. Проектот „Одржување на благосостојбата на младите наставници во училиштата“ е еден од нив. Изминатите 24 месеци, тој овозможи обука на искусни наставници како да ги менторираат своите помлади колеги за успешно вклучување во образовниот процес и да ги мотивираат да не се откажуваат по кус период поминат во училница.Ова го нагласи Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука, на завршната конференција на Проектот, што ја организираше СОНК, со учество на партнерските организации од Белгија, Бугарија и Словенија.„Мотивирањето на младите наставници е особено важно во период кога наставничката професија, за жал, го нема потребниот дигнитет и не е соодветно почитувана. Со овој предизвик се соочуваат многу земји, вклучително и нашата Македонија. Но, како релативно нова Влада, не гаиме само илузии дека ќе биде подобро, туку од самиот почеток на мандатот почнавме интензивно да делуваме за да создадеме подобри услови за работа на наставниците и да обезбедиме повисоки плати, за да ја подигнеме мотивацијата на вработените во образованието“, рече Ивановска.Изрази задоволство што Министерството и СОНК постигнаа договор за обезбедување долгорочна економска сигурност на наставниот кадар и за етапно зголемување на платите, што за 4 години ќе изнесува најмалку 46%, а најмногу 60%, зависно од степенот на инфлација.„Со зголемувањето на платите на наставниците почнавме годинава, иако државниот буџет не беше во добра кондиција. Сепак, наставниците се наш висок приоритет и најдовме начин да го исполниме ветувањето“, посочи Ивановска.Министерството за образование и наука, за да ги подобри условите за работа на наставниците, реализира 36 покрупни инфраструктурни инвестиции и 40-тина помали реконструктивни зафати во училишните објекти. Дел од училиштата се опремуваат со нови клупи и столчиња, а во периодот што следи, ќе се подобри и информатичко – комуникациската инфраструктура во објектите, лабораториските и кабинетските услови и друго.„Имаме план, и добро е што Владата одлучува нам како министерство да ни даде значително поголем буџет за следната година, споредбено со буџетите кои институцијата ги добиваше досега. Добиваме 10 милијарди денари повеќе и буџетот ќе изнесува 40 милијарди денари, со кои ќе се подобруваат сите аспекти кои го детерминираат квалитетот на националниот образовен систем“, додаде Ивановска.СОНК останува партнер на Министерството за образование и наука со кого заеднички ќе се носат одлуки и ќе се изнаоѓаат решенија за сите предизвици. Наша цел е просветните работници со подолга кариера да продолжат да напредуваат, да се чувствуваат вреднувани и почитувани, а младите наставници да останат мотивирани и да продолжат да работат со истиот ентузијазам со кој ја одбрале благородната професија да ги учат децата и младите.

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

МОН: Унапредена е Концепцијата за основно образование, согласно сугестиите на наставниците и стручната јавност

Направени се измените на Концепцијата за основно образование, на чија потреба во изминатиот период упатуваше стручната и пошироката јавност, а особено наставниците од основните училишта. Согласно доставените сугестии за време на периодот во кој Концепцијата беше ставена на јавна дискусија, Бирото за развој на образованието интервенираше и ја подготви новата унапредена содржина, соопшти МОН.Измените овозможуваат повторно враќање на научните дисциплини историја, географија, биологија, физика и хемија како посебни предмети во третиот воспитно - образовен период од основното образование (седмо, осмо и деветто одделение), имајќи предвид дека претходно Концепцијата предвидуваше нивна интеграција со нејасно дефинирани насоки за реализација на часовите, но и кратење на многу содржини кои се од исклучителна важност за учениците на соодветната возраст.Како резултат на измените во Концепцијата, во следниот период ќе се изработи и нов Наставен план за основното образование, но и нови наставни програми по соодветните предмети во седмо, осмо и деветто одделение, кои етапно ќе се воведуваат почнувајќи од учебната 2025/2026 година, како и во двете учебни години потоа.Министерството за образование и наука изразува благодарност до сите општествени чинители кои со свои сугестии придонесоа за унапредување на содржината Концепцијата за основно образование, како и до Бирото за развој на образованието кое е носител на целиот процес. Продолжува транспарентното работење, со вклучување и активно учество на сите засегнати страни во креирањето на образовните промени, се наведува во соопштението на МОН.

Македонија | пред 1 година

7

Јаневска: Подигнување на еколошката свест на учениците и енергетски ефикасни училишта и домови, за почист воздух

Квалитетот на воздухот во просториите на градинките и училиштата влијае врз физичкото и менталното здравје на децата и младите, врз нивните когнитивни функции и продуктивноста, како и на ефективноста на професорите. Затоа сите реконструкции и нови градби кои ги одобрува Министерството за образование и наука, задолжително се енергетски ефикасни, со што се намалуваат емисиите на штетни гасови и се заштитува животната средина, рече ресорната министерка Весна Јаневска на панел-дискусија за подобрување на квалитетот на воздухот со цел креирање безбедна, креативна и продуктивна средина за учење, што се одржа денеска во Скопје. На дискусијата и претходеше презентација на резултатите од истражувањето на квалитетот на внатрешниот воздух во пет училишта и пет градинки во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.„Како држава во развој, се соочуваме со ограничени ресурси. Но, со добро планирани и применети мерки за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот и со вклучување на сите засегнати страни – локалните самоуправи, училиштата, родителите, учениците и општествено одговорните компании, можеме да постигнеме добри резултати“, посочи министерката.Капиталните инвестиции во 36 училишта што се во тек како и проектот за реконструкција на сите студентските домови во современи и енергетски ефикасни објекти, се дел од активностите кои ќе резултираат со подобар квалитет на воздухот. Во моментов градежни активности се одвиваат во „Кузман Јосифовски Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои ќе добијат нови фасади, фотоволтаици и екосистеми за греење. За овие проактивните мерки за почист воздух во Буџетот за 2025 за Образование се алоцирани посебни финансиски средства.„Она на што посебно ќе посветиме внимание е подигнување на еколошката свест на децата и младите, преку наставни и воннаставни активности. Едукацијата за загадувањето и за влијанието на нашите постапки врз човековата околина и квалитетот на воздухот, од рана возраст, гради одговорни граѓани, кои доживотно ќе се грижат за почиста животната средина“, рече министерката Јаневска.Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ го спроведува УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, и е финансиран од Шведска.

Македонија | пред 1 година

1-2

Јаневска: Го зголемивме бројот на ромски образовни медијатори, ги поттикнуваме младите Роми повеќе да учат за да имаат подобра иднина

Го зголемивме бројот на ромски образовни медијатори. Досега се ангажираа 40 годишно во основно образование, оваа година ангажираме 50. Со измени на Законот за средно образование, дополнително ќе бидат ангажирани 35 медијатори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на потпишувањето договори со избраните медијатори по првиот јавен повик. Вчера беше објавен и повторен повик за шест ромски образовни медијатори.„Образовните медијатори имаат благородна работа да им објаснат на родителите и да ги убедат учениците колку е важно да учат и да одат на училиште. Истовремено, треба да имаат добра соработка со училиштата, за да го зголемиме бројот на запишани ученици Роми и да спречиме тие да го напуштат образованието предвреме. Медијаторите им помагаат да ги надминат потешкотиите со кои се соочуваат и ги мотивираат да достигнат што повисоко образовно ниво“, објасни министерката Јаневска.Посочи дека зголемувањето на инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование е програмска определба на Владата и затоа, освен поддршката преку образовните медијатори, се зајакнува и помошта преку стипендии.Оваа учебна година вкупно 1.200 средношколци Роми ќе добијат стипендија. Тоа значи дека Министерството за образование и наука одобри дополнителни 280 стипендии , споредено со лани.Исто така, за студиската 2024/2025, доделени се вкупно 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во земјава.За да се зголеми бројот на ученици од ромската етничка заедница во средно образование, тие можат да се запишат и ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот.Министерката Јаневска нагласи дека во образованието нема да се толерира дискриминација и сегрегација.„Ние оваа определба цврсто ја поткрепивме со измените што ги правиме во регулативата за основно и за средно образование, за да обезбедиме еднаков пристап до образование на учениците Роми. Вклучивме и конкретни мерки за спречување и борба против сегрегацијата и дискриминацијата на Ромите“, рече министерката.Посакувајќи им успешна работа на образовните медијатори, им укажа дека со нивниот ангажман можат да поттикнат што повеќе млади Роми да стекнат што повисоко образование и да добијат што повеќе знаења и вештини, со што ќе ја променат иднината на многу сегашни деца, на подобро.

Македонија | пред 1 година

janevska-mediumska-pismenost

Јаневска: Образованието за медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите

Медиумска писменост е моќен сојузник во борбата против лажните вести и дезинформациите. Тие пак, се особено честа појава на глобалниот интернет простор каде со примена на вештачката интелигенција се креираат сé пософистицирани содржини и важно е граѓаните да поседуваат вештини за нивно препознавање, за разликување факти од фикција, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на Националната конференција „Медиумската писменост во образованието“.„Со образованието за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини критички да ги анализираат содржините што ги добиваат од различни извори, да ги разбираат соодветно на контекстот, да ги поврзуваат со други информации и да бидат во состојба да го проценат нивниот квалитет и како резултат на тоа самостојно да носат одлуки и судови базирани на факти“, нагласи Јаневска.Медиумската писменост во наставните програми од основното образование е вклучена на различни начини.„Медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставната програма по мајчин јазик - македонски, албански, турски, српски и босански. Другиот начин е интегрирање на медиумската писменост со останатите теми и подрачја, со цел да им се овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во една целина. Таа може да се користи како алатка за реализација на одделни активности во речиси сите наставни предмети, во различни одделенија. Исто така, одделни аспекти од медиумската писменост може продлабочено да се изучуваат преку слободните изборни предмети од четврто до деветто одделение“, посочи министерката Јаневска, додавајќи дека преку соодветни обуки е предвидено и јакнење на компетенциите на наставниците.Денешната Национална конференција е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, универзитетите и младинските клубови.Министерката Јаневска им изрази благодарност на сите организации, институции и поединци што како дел од проектот им овозможуваат на децата и младите медиумски да се описменат, со што придонесуваат кон градење отпорно граѓанско општество со демократски потенцијал.Изрази уверување дека презентацијата на резултатите од досегашната имплементација на медиумската писменост од прво до деветто одделение и најавените чекори за нејзино воведување во средното образование ќе значат натамошно подобрување на нашиот образовен систем.

Македонија | пред 1 година

28102024_Janevska

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и интензивно инвестираме во инфраструктура

Новата Влада затекна многу проблеми во образованието, но со силни напори, за кратко време, успеавме да направиме многу добри работи, од кои треба да се нагласат зголемувањето на платите на наставниците, обезбедените учебници пред почетокот на учебната година, вложувањата во 36 големи реконструкции и 36 помали санации на инфраструктурни објекти како и континуираните средби со граѓански, претежно младински организации, што резултираше со неколку експресно прифатени барања на студентите.Ова одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето за приоритетите во изминатите 4 месеци, на Платформа: 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, што денес се одржа во Владата.„Ова покачување на платите на наставниците претставува сериозен придонес кон она што постојано го велиме: дека образованието е еден од приоритетите на оваа Влада, затоа што продуктот што образованието го дава претставува чувар на државата. Не само што овозможивме да се одвојат средства за покачување на платите, туку со СОНК успеавме да направиме повеќегодишен договор, за наставниците да се чувствуваат сигурни, да не зависат од моменталната состојба туку да знаат дека во следните 4 години загарантирано им е покачувањето на платите од најмалку 46%“, рече министерката Јаневска.Во Министерството за образование и наука се подготвува стратешки документ во кој ќе има јасно дефинирани цели за долгорочен развој на квалитетот на образованието и насоки за остварување на тие цели.„Идејата е овој документ да биде на јавна расправа, а потоа да се донесе во Собранието, за во иднина, кој министер и да дојде, да знае по која патека ќе се движи образованието“, објасни министерката Јаневска, додавајќи дека врз основа на овој документ, потоа ќе се изготви и следната Стратегија за образование, во која подетално ќе бидат објаснети целите од Декларацијата.Одговарајќи на новинарско прашање за недостатокот на учебници во Општината Тетово, министерката посочи дека се обезбедени сите учебници што биле одобрени, а не биле испечатени во минатото и исто така, се дистрибуирани сите што биле побарани од училиштата. Напомена дека директорите не пријавувале оштетени учебници, за да ги заштитат сакајќи да ги заштитат родителите, кои според Законот, треба да се плати оштета во висина од 75% од цената на учебникот.„Колку учебници биле нарачани, толку биле дистрибуирани. Побарани беа учебници за предметите физичко воспитување, ликовно и музичко образование, а истите не се предвидени со Концепцијата за основното образование“, одговори Јаневска.Наскоро, рече Јаневска, ќе се донесе нов Закон за учебници, по што ќе следи и донесувањето на подзаконските акти, носење нови концепции, како и нови учебници.„Откако ќе се донесе ова законско решение, ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење“, рече Јаневска.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања