Промени тема
Контакт

Јаневска: Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
2-2

„Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес. Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството на Македонија во Меѓународната организација на Франкофонијата го гледаме и како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество - мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина“.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на потпишувањето на Анексот на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Подготовката на младите, рече Јаневска, со знаења и вештини кои ќе одговорат на идни потреби, и покрај технолошкиот напредок, сé уште вклучува знаење на странски јазици како алатка која ги поврзува со нови култури, перспективи и можности.

— реклама —

Во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите. како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.

— реклама —

„Министерство за образование и наука, како креатор на политики, ја промовира посветеноста кон јазична различност, а францускиот јазик се изучува во основното, средното и високото образование. Посебно се видливи франкофонските билингвални паралелки во средните училишта“, додаде министерката.

Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција.

— реклама —

Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym306f0f4041420CA2Gg

30 училишта добиваат нови услови за спорт и физичко образование, проектот вреди околу 3 милиони евра

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Македонија | пред 6 дена

media-librarykicis3nk0rrd4x2UCGC

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие“, велат од МОН

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања