Промени тема
Контакт

Поразителни резултати: Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ucenici

Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. Ова се резултатите од последното меѓународно ТИМСС тестирање што беше спроведено во 2023 година, по петти пат во нашата држава. Тестирани беа ученици од четврто одделение, на македонски и на албански јазик и за прв пат електронски, информираше МОН.

„И оваа меѓународна компаративна студија покажа дека на нашиот воспитно-образовен систем му се потребни крупни промени, за да можат нашите ученици да ги подобрат знаењата. Затоа, делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители.

— реклама —

Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем.

Подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.

— реклама —

TIMSS (Trends International Mathematics and Science Study) е интернационална студија во која се мерат постигањата на учениците по математика и природна група предмети (природни науки, физика, хемија, биологија), како и факторите кои влијаат на тие постигања.

— реклама —

Во меѓународни рамки, Сингапур го држи првото место и по математичка писменост и по наука“, се додава во соопштението на МОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym306f0f4041420CA2Gg

30 училишта добиваат нови услови за спорт и физичко образование, проектот вреди околу 3 милиони евра

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Македонија | пред 6 дена

media-librarykicis3nk0rrd4x2UCGC

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие“, велат од МОН

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања