МОН

janevska-2

Јаневска: По шест децении се гради нов објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во Гази Баба

Премногу долго траеја овие монтажни бараки. Конечно по 6 децении ќе бидат заменети со нов, достоен објект за образување и за ова треба да му се честита на градоначалникот, на советот, на пратениците и на сите кои беа истрајни во изминатиот период за да стигнат до овој момент – конечно целта да почне да се реализира, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, на поставувањето камен темелник за изградба на нов училишен објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во општина Гази Баба.„Инвестирањето во образованието е темел на секое современо и просперитетно општество. Нам како Влада тоа ни е сосема јасно и затоа оваа област е поставена меѓу високите приоритети во програмските определби“, рече Јаневска, додавајќи дека инфраструктурата е еден од трите столбови на кои се потпира квалитетот на образованието, покрај наставните програми и учебниците, и мотивираните наставници..Министерството за образование и наука во моментов реализира 36 крупни капитални инвестиции, односно изградби на училишта и темелни реконструкции, како и 40 помали санации во училишни објекти.„Камо среќа да затекневме полна каса пред три месеци, наместо целосно испразнета, па да можевме уште повеќе да го помогнеме образованието и сите негови чинители. Затоа пак, следната година планираме буџет од над 40 милијарди денари што е значително зголемување во споредба со претходните кои достигнуваа до 30 милијарди. Уверувам дека ќе го вратиме образованието на вистинскиот пат, со добра стратегија и со поддршка на локалните самоуправи, на граѓанскиот сектор и на меѓународните партнери“ изјави министерката.Новиот училишен објект ќе има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари обезбедени од Владата. Изградбата на училиштето ќе се реализира за 24 месеци.

Скопје | пред 1 година

janevska

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос информираа за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.„Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ја менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и еко системи за греење“, рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.Ова е една од мерките со која, како што рече Јаневска, убедена сум дека ќе го промениме размислувањето кај дел од младите да заминат на студирање надвор од својата земја.„Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек. Па, бидејќи е така, да им обезбедиме можности целосно да се реализираат тука, во сопствената земја“, додаде Јаневска.Министерката изрази благодарност што Македонија има силни поддржувачи во заложбите за обезбедување на подобар студентски стандард, а со тоа и во заложбите за градење на генерации кои ќе бидат задоволни од грижата на државата и како што нагласи, ќе развиваат силно патриотско чувство и ќе возвратат со труд и посветеност кон нејзиниот напредок.За проектот за реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 преку кредитна линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант од Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

janevska-mon-3

Јаневска: Сите имаме обврска да помогнеме во задржувањето на младите во Македонија

„Добро е што државата имала Стратегија за спречување на одливот на мозоци, но за жал, не го постигнала ефектот кој бил предвиден при креирањето. Нема да се навраќаме назад и да бараме виновници. Како нова Влада преку мултиресорски пристап ќе се фокусираме на креирање нови мерки и активности со кои ќе го намалиме заминувањето на квалификуваниот и високообразован кадар“.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетика на која се дискутираше за извештајот на Државниот завод за ревизија по однос на ефективноста на мерките за спречување на одливот на високообразовани и стручни кадри.„Нам ни е потребен квалитетен образовен систем и за таа цел, со универзитетите веќе говориме за промени кои, меѓудругото ќе значат и осовременување на студиските програми, за да бидат интересни за младите. Дополнително, образованието мора да биде усогласено со потребите на пазарот на трудот и затоа ќе ги ревидираме квотите за упис на факултетите, врз основа на реална анализа на состојбите во општеството и утврдување на тоа што ни недостига“, рече Јаневска.Стипендирањето во голема мера треба да стимулира упис на дефицитарни струки, па оттука и стипендиите на МОН веројатно ќе подлежат на ревизија.„Ќе ги споменам и шангајските стипендии. Тие беа мерка во стратегијата, но очигледно е потребно реобмислување на начинот на кој тие се даваат и на начинот кој студентите треба да возвратат. Веќе се консултираме со повеќе студенти кои имаат искористено ваков тип на стипендија. Имаат интересни идеи кои ги размислуваме во моментов. Најчесто нотираат потреба за поголемо поврзување со компаниите во Македонија, бидејќи администрацијата нуди ограничени можности“, рече Јаневска, додавајќи дека министерството прави дигитален регистар за евиденција на сите стипендисти, заради полесно лоцирање, вмрежување и така натаму.Министерката истакна и дека младите треба да добијат повеќе можности за учество и развој на науката и затоа се планираат повеќе пари и враќање на финансирањето на научно – истражувачките проекти со апликативни цели, како и нивно вклучување во наставно – научните тимови во рамки на образовните установи каде недостига персонал. Ќе се прошируваат и можностите за вмрежување на младите од Македонија со младите од други земји преку Хоризонт, Еразмус и други програми за образование и наука.„Ценам дека обврска е не само на институциите на системот, туку и на бизнис заедницата, на граѓанскиот сектор и на секој општествен чинител кој може да помогне, да даде придонес во справувањето со предизвикот како да ги задржиме младите во Македонија и да им овозможиме добра иднина тука“, додаде Јаневска.

Македонија | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

„Облечете ги децата нормално, не ги китете како за на Макфест“ - почнува школската година

Почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.Вчера, доктор Ненад Лазаров сподели и објава на социјалните мрежи со која ги повика родителите на внимателност кога ги подготвуваат децата за на училиште, бидејќи имаат соученици кои немаат базични работи.„Облечете си ги утре децата нормално не ги китете ко за на Макфест настап, поголемиот дел од луѓето не можат да си дозволат базични работи.Па и не само утре“, напиша доктор Лазаров на ден пред почетокот на школската година.Годинава, основците и средношколците нема да имаат пролетен распуст, одлучи Министерството за образование и наука врз основа на спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците, кои во мнозинство се изјасниле дека ваков распуст не е потребен. Учебната година ќе трае од 2 септември до 10 јуни за сите ученици, со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има за учениците од неколку училишта каде, како што нагласи, претходното раководство не исполнило одредени свои обврски, како на пример ненавремено завршување на реконструкција или набавка на опрема – клупи и столчиња за учениците.Јаневска додаде дека според информициите со кои располагаат во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава, за која како Влада се залагаат да се воведе во сите училишта во државата.

Македонија | пред 1 година

IMG_6327

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата

“Фијаско на СДС пред МОН, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот”, вели Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ и додава:Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот.Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни.Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДС.Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година.Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ.Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет.

Македонија | пред 1 година

arsovska-janevska-

Јаневска и најави на Арсовска дека ќе се видат на суд: Нема основ за исплата огромните средства кои ги бара Град Скопје

Министерката за образование, Весна Јаневска, нема намера да и исплаќа пари на Данела Арсовска, иако до нив стигаат фактури од Град Скопје. Според Јаневска, нема основ како тоа да се направи, а на градоначалничката и најави дека ќе мора да се видат на суд.„Не знам дали градоначалничката планира со други средства да го исплаќа долгот. Точно е дека во МОН стигнаа фактури за огромни средства, за кои Град Скопје тврди дека сме должни да ги исплатиме за бесплатниот превоз. Ние немаме спогодба со Град Скопје, нема основ за исплата на тие средства. Ако не се најде поинакво решение, ние за овие средства ќе мора да одиме на суд. И тоа така ќе биде. Повторувам, нема спогодба, нема основ за исплата на средствата“, рече Јаневска.Јаневска додаде дека Владата и таа како министерка, не ветувале бесплатен превоз за сите, па ја префрли одговорноста кај Данела Арсовска.

Македонија | пред 1 година

IMG_5087

Средба Јаневска-Гир: Посветено работиме да создадеме европски образовен систем за македонските ученици

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир на која разговараа за јакнењето на соработката и имплементацијата на проектите за унапредување на националниот образовен систем.Заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од Европската унија во реформските процеси, министерката нагласи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ и во духот на партнерството и заедничките вредности, ќе ги реализира активностите од Реформската агенда 2024-2027 насочени кон исполнување на целите од Планот за раст за земјите од Западен Балкан.– Активното учество на земјава во реализација на европската агенда преку ИПА фондовите, програмите за мобилност, ни даваат верба дека нашите ученици во скоро време ќе се образуваат преку еден модерен, европски образовен систем. Новиот систем за дигитално следење на постигнувањата на учениците, односно електронскиот дневник кој исто така е изработен со поддршка од ЕУ е само една алка во синџирот на имплементација на современите образовни стандарди, рече Јаневска.Министерката Јаневска го запозна Амбасадорот Гир со политиките на новата Влада во областа на образованието и науката, посочувајќи дека состојбата е таква што наложува истовремено делување во сите сегменти на ресорот.

Македонија | пред 1 година

vesna-janevska

Јаневска: МОН е оставен во минус од 5 милијарди денари

Јавноста има право да знае Министерството за образование и наука е во минус 5 милијарди денари, но не треба да има грижи, бидејќи ние и со ваков буџет, ќе обезбедиме да има плати за вработените во образованието, да се исплаќа финансиската поддршка за учениците и да расте студентскиот стандард.Оваа информација ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ, каде говореше за актуелните состојби во образованието и промените кои ќе следат за време на нејзиниот мандат.„Ќе се потрудиме да направиме корисни чекори за да се унапреди квалитетот на образованието и веќе имаме позитивни реакции по однос на одложувањето на Концепцијата за основно образование и ревидирањето на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение“, рече Јаневска, потенцирајќи дека наставниците реагирале на лошата интеграција на предметите и несоодветно предавање на материјата.Осврнувајќи се на инклузијата во образованието, рече дека идејата за вклучување на сите деца со попреченост во редовните паралелки, била избрзана и натурена исто како и Концепцијата за основно образование.„Има дечиња кои можат да следат настава во редовни паралелки и тие ќе продолжат таму. Но, многу родители се жалат дека нивите деца во овие паралелки се многу повеќе дискриминирани, отколку да бидат со свои другарчиња, слични на себе во посебни училишта. Затоа предлагаме измена на законите за основно и средно образование и заедно со стручната јавност и родителите ќе одлучиме кое е најдоброто решение за инклузија“, рече Јаневска, потенцирајќи дека државата треба на овие деца да им овозможи стекнување вештини со кои ќе бидат корисни и за себе и за општеството.Министерката говореше и дека постои голем притисок врз наставниците за поправање оценки на крајот од учебната година, но дека има план како да бидат ослободени од тој притисок, а од следната учебна година, како што рече ќе се отвори и телефонска линија за пријавување неправилности во работењето на образовните установи.

Македонија | пред 1 година

IMG_4866

Јаневска: Дојде време да се работи по закон, ерозијата на високото образование мора да запре

Во Министерството за образование и наука постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и факултети, но за ерозијата на високото образование се неопходни сериозни, транспарентни и законски засновани постапки, рече министерката за образование и наука во емисијата „За или против“ на Алфа ТВ.„Во моментов работиме на 3 пријави, за еден државен и два приватни универзитети. За кои универзитети конкретно станува збор, ќе говориме кога ќе имаме сериозни докази. Дојде време да се работи по закон. Нема да има селективност. Она што сега можам да го кажам е дека ќе следи реевалуација и реакредитација на сите универзитети“, нагласи министерката Јаневска.Информираше дека Министерството за образование и наука на јавна расправа ќе стави и предлог за државни дипломи само во 9-то одделение и во завршна година од средно образование.„Добивме нов е-дневник со средства од ЕУ, којшто е многу посовремен и поефикасен. Тој е во фаза на тестирање и одобрување и истиот овозможува печатење на свидетелства. Но реално, учениците имаат потреба од свидетелства само во 9. одделение и во завршна година од средно образование, за да го продолжат образованието или за да се вклучат на пазарот на труд. Можеби е подобро и поекономично, училиштата да ги печатат другите свидетелства, а завршните свидетелства да ги печати државата. И овој предлог ќе го ставиме на јавна дискусија“, појасни министерката Јаневска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јаневска: МОН прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменска настава

Новата Влада ќе направи сe што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките. Во разговорот за Радио МОФ, министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем.„Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. План на новата Влада е претшколското образование, во некое догледно време, да влезе во системот на образование под ингеренции на Министерството за образование и наука, коешто ќе работи на обезбедување услови за да можат повеќе деца да посетуваат градинка како и на прилагодување на програмите за воспитно-образовна дејност во градинките. Приватните градинки се едно од решенијата за проблемот со чекањето за упис, не верувам дека ќе бидат достапни за сите граѓани, но очекувам дека ќе го намалат притисокот во државните градинки “, рече Јаневска.За најавената настава во една смена на ниво на цела држава, министерката Јаневска објасни дека тоа е програмската определбa на ВМРО -ДПМНЕ, дека се однесува на основното и на средното образование, и дека следи период на градење услови за да може да се реализира.„Некои училишта можат тоа да го изведат и сега, но има и училишта во кои се работи во две или три смени. Во моментов во Министерството се прави анализа, по што, онаму каде што има услови, ќе побараме тие училишта да работат само во една смена. Ова е значајно не само затоа што е поприродно учениците наутро одморени да доаѓаат на настава, туку и затоа што овозможува подолг престој на учениците во училиште и реализација на многу дополнителни наставни и воннаставни активности. Оваа практика во светот се покажала како многу корисна. Во договор со Бирото за развој на образованието, кое има изготвено наставни програми за бројни изборни предмети, тие ќе им бидат понудени на училиштата“, рече министерката.Таа објасни дека наставниците можат да ја користат слободата во процесот на поучување и со примена на разни методи, дидактички средства и слично, да ги реализираат наставните и воннаставните активности, со цел подигнување на квалитетот на образованието.

Македонија | пред 1 година

Janevska-10.04

Јаневска: Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование, ќе градиме стабилен систем

,,Со импровизации не може да се обезбеди квалитетно образование. Потребен ни е стабилен систем кој нема да се менува на неколку години, со секоја промена на Влада или на министер. За жал, и јас се наоѓам во ситуација кога треба да правам итни промени, во насока на обезбедување непречен воспитно образовен процес. Тоа некако страшно звучи меѓу граѓаните кои сосема оправдано имаат страв кога ќе се спомене реформа. Но, ветувам дека во иднина ништо нема да биде направено на сила и без консултации со засегнатите чинители на образовниот систем.”Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Магазин“ на ТВ Вистел, каде говореше за проблемите кои ги затекнала во министерството, како и за плановите на Владата за унапредување на квалитетот на македонскиот образовен систем.„Деновиве потпишувам исплата на финансиска помош за учениците од социјално ранливите категории, за јануари, февруари и март. Минатата Влада не им ги исплатила и не ми е јасно зошто, кога имало доволно средства на соодветната ставка. Ова е едноставен пример до каде отишла неодговорноста кон граѓаните“, рече Јаневска, додавајќи дека има многу проблеми од ваква природа кои се наталожиле низ годините наназад, а всушност можеле да бидат одбегнати.Посочи дека меѓу клучните приоритети е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни програми, а се осврна и на грижата кон наставниците и на подигнувањето на степенот на инклузија во образованието.

Македонија | пред 1 година

IMG_4900

Просечна оценка 3,25 на државната матура, до година со уште позаострени мерки против препишување

Просечната оценка на државната матура е 3,25, најниска во изминативе години, а на 268 ученици им бил поништен тестот, кажаа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Билјана Михајловска.Според Михајловска резултатите се најобјективни досега, бидејќи за првпат државната матура се полагаше во школски сали и холови. Споредбено со минатите години, просечната оценка во 2023 била 3,65, во 2022 била 3,78  и 3,61 во 2021 година.Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни се полагаше изборниот предмет.„Откриени се 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици на кои им е изречена мерката поништување на испитот ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок“, изјави Михајловска.Најголем број на прекршување на правилата за полагање на Државната матура се констатирани во Средното училиште „Арсени Јовков“ во Скопје вкупно 32, потоа во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје каде се изречени 18 мерки.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Јаневска: На 1 септември ќе има учебници за основно

Многу шпекулации се проширија во јавноста, но би сакала да повторам и потврдам дека сите ученици од прво до деветто одделение на први септември ќе имаат учебници, со исклучок на неколку предмети за кои претходното раководство во министерството не обезбедило и можеби ќе доцниме со нивната изработка. За ова, информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во денешното гостување во дневникот на ТВ Сител.„За седмо одделение не може да има учебници по новата програма. Имам докази дека ниту еден учебник не е пуштен во печат, а некои не се ни подготвени, ни одобрени. Поради тоа во интензивни разговори сме со Бирото за развој на образованието и најверојатно утре ќе го дефинираме решението. Идејата е да ја запреме Концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение, со тоа што, седмоодделенците ќе учат по старите наставни програми и по старите учебници“, информираше Јаневска, додавајќи има одреден тираж кој се користел изминатава учебна година и ќе се направи анализа колку примероци дополнителни треба да се испечатат.Главен проблем, рече министерката, се учебниците по странските јазици кои години наназад недостасуваат и тие по ниедно одделение во основното образование нема да бидат изготвени до 1 септември. Во средното пак, се прават напори за печатење на 120тина учебници кои ќе се користат во стручните училишта.Јаневска посочи дека во минатото се одобрувале и се печателе учебници за кои имало и негативно мислење од рецензентските комисии и Бирото за развој на образованието и како што рече, ова се елементи кои треба да се истражат и да се лоцира одговорност.

Македонија | пред 1 година

IMG_4867

Јаневска: Ќе се заложам децата со посебни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што ги развиле со образованието

Унапредувањето на инклузивното образование е програмска определба на новата Влада, а лично ќе се заложам децата со посебни образовни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги развиле, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.Иклузивното образование е сериозен, повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа а пред се целосно согледување во каква состојба е во моментов, посочи министерката Јаневска, укажувајќи дека потоа Министерството за образование и наука ќе носи конкретни решенија, за кои јавноста ќе биде транспарентно и навремено информирана.„Во овој процес, прв наш партнер ќе бидат родителите, кои во изминатиот период, во секоја пригода јасно кажуваа дека од државата не очекуваат сожалување туку конкретна поддршка за да обезбедат напредок на своите деца. Не смее да продолжат политиките кои од образованието место можност направија пречка за напредок на овие деца. Затоа ќе ги вклучиме и практичарите-наставниците, стручните служби, образовните асистенти, имаме специјализирани институти, сите заедно можеме да изградиме поквалитетно инклузивно образование“, рече министерката.Говорејќи за образовните асистенти, Јаневска најави зголемување на нивниот број, како и подобрувања кај средното образование за учениците со попреченост. На учениците со комплексни потреби, средното образование ќе им овозможи развивање животни вештини и оспособување за работа согласно нивните можности и афинитети.„За да ја зголемиме инклузијата кај уште една ранлива категорија – децата Роми, за нив ќе ја продолжиме и зголемиме поддршката, така што ќе обезбедиме поголем број образовни медијатори како и ученички стипендии“, рече министерката Јаневска.Осврнувајќи се на потреба од поголема инклузивна култура во општеството во целина, Јаневска нагласи дека тоа е процес за кој треба време.„Затоа ве повикувам и вас како Комисија, како и сите што би сакале да видат позитивни промени, да бидат дел од нив, да вложат во промените што сакаат да ги видат“, рече министерката за образование и наука, додавајќи дека Министерство и таа лично упорно ќе работат за достоинство и благосостојба на децата и лицата со посебни потреби.

Македонија | пред 1 година

IMG_4866

Јаневска: Претходната Влада не испечатила ниту еден учебник за седмо одделение

,,Волшебно стапче да имаме, ние до септември како Влада не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за седмо одделение. Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Дел не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и учебниците за седмо одделени се печатат и испорачуваат, фактичката состојба е сосема поинаква.”Оваа информација со медиумите денеска ја сподели министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, посочувајќи дека за надминување на предизвикот се бара решение заедно со Бирото за развој на образованието.„Неколку денови разговараме со Бирото и најверојатно учениците од седмо одделение и следната учебна година ќе учат од постојните учебници, оние кои и досега беа во употреба. Имаме образложение од Бирото дека се прилично компатибилни со наставните програми, освен за две до три теми за кои може да се направат наставни материјали“, рече Јаневска.Таа посочи дека разговорите и дискусиите со БРО сè уште траат и доколку законското решение не дозволува ништо поинаку, Концепцијата ќе биде одложена на извесен период за учениците од седмо, осмо и деветто одделение да имаат учебници.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања