Промени тема
Контакт

Јаневска: Ќе се заложам децата со посебни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што ги развиле со образованието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4867

Унапредувањето на инклузивното образование е програмска определба на новата Влада, а лично ќе се заложам децата со посебни образовни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги развиле, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

— реклама —

Иклузивното образование е сериозен, повеќеслоен предизвик, што бара посветена и тимска работа а пред се целосно согледување во каква состојба е во моментов, посочи министерката Јаневска, укажувајќи дека потоа Министерството за образование и наука ќе носи конкретни решенија, за кои јавноста ќе биде транспарентно и навремено информирана.

„Во овој процес, прв наш партнер ќе бидат родителите, кои во изминатиот период, во секоја пригода јасно кажуваа дека од државата не очекуваат сожалување туку конкретна поддршка за да обезбедат напредок на своите деца. Не смее да продолжат политиките кои од образованието место можност направија пречка за напредок на овие деца. Затоа ќе ги вклучиме и практичарите-наставниците, стручните служби, образовните асистенти, имаме специјализирани институти, сите заедно можеме да изградиме поквалитетно инклузивно образование“, рече министерката.

— реклама —

Говорејќи за образовните асистенти, Јаневска најави зголемување на нивниот број, како и подобрувања кај средното образование за учениците со попреченост. На учениците со комплексни потреби, средното образование ќе им овозможи развивање животни вештини и оспособување за работа согласно нивните можности и афинитети.

— реклама —

„За да ја зголемиме инклузијата кај уште една ранлива категорија – децата Роми, за нив ќе ја продолжиме и зголемиме поддршката, така што ќе обезбедиме поголем број образовни медијатори како и ученички стипендии“, рече министерката Јаневска.

Осврнувајќи се на потреба од поголема инклузивна култура во општеството во целина, Јаневска нагласи дека тоа е процес за кој треба време.

„Затоа ве повикувам и вас како Комисија, како и сите што би сакале да видат позитивни промени, да бидат дел од нив, да вложат во промените што сакаат да ги видат“, рече министерката за образование и наука, додавајќи дека Министерство и таа лично упорно ќе работат за достоинство и благосостојба на децата и лицата со посебни потреби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Одбележан Светскиот ден на учителите: Доделени признанија на 13 најдобри наставници

Македонија | пред 5 дена

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Од 1 октомври почнува пријавувањето за продолжување на студентските стипендии

Македонија | пред 1 седмица

media-library86c4ck0ohv7l2eE4uJW

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања