Промени тема
Контакт

Јаневска: МОН прави анализа во кои основни и средни училишта може да се организира едносменска настава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Новата Влада ќе направи сe што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките. Во разговорот за Радио МОФ, министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем.

— реклама —

„Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. План на новата Влада е претшколското образование, во некое догледно време, да влезе во системот на образование под ингеренции на Министерството за образование и наука, коешто ќе работи на обезбедување услови за да можат повеќе деца да посетуваат градинка како и на прилагодување на програмите за воспитно-образовна дејност во градинките. Приватните градинки се едно од решенијата за проблемот со чекањето за упис, не верувам дека ќе бидат достапни за сите граѓани, но очекувам дека ќе го намалат притисокот во државните градинки “, рече Јаневска.

— реклама —

За најавената настава во една смена на ниво на цела држава, министерката Јаневска објасни дека тоа е програмската определбa на ВМРО -ДПМНЕ, дека се однесува на основното и на средното образование, и дека следи период на градење услови за да може да се реализира.

— реклама —

„Некои училишта можат тоа да го изведат и сега, но има и училишта во кои се работи во две или три смени. Во моментов во Министерството се прави анализа, по што, онаму каде што има услови, ќе побараме тие училишта да работат само во една смена. Ова е значајно не само затоа што е поприродно учениците наутро одморени да доаѓаат на настава, туку и затоа што овозможува подолг престој на учениците во училиште и реализација на многу дополнителни наставни и воннаставни активности. Оваа практика во светот се покажала како многу корисна. Во договор со Бирото за развој на образованието, кое има изготвено наставни програми за бројни изборни предмети, тие ќе им бидат понудени на училиштата“, рече министерката.

Таа објасни дека наставниците можат да ја користат слободата во процесот на поучување и со примена на разни методи, дидактички средства и слично, да ги реализираат наставните и воннаставните активности, со цел подигнување на квалитетот на образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Одбележан Светскиот ден на учителите: Доделени признанија на 13 најдобри наставници

Македонија | пред 5 дена

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Од 1 октомври почнува пријавувањето за продолжување на студентските стипендии

Македонија | пред 1 седмица

media-library86c4ck0ohv7l2eE4uJW

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања