Промени тема
Контакт

Јаневска: За четири години сите државни студентски домови ќе станат модерни и енергетски ефикасни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
janevska

Условите во државните студентски домови се стар предизвик што, веројатно поради габаритноста на објектите и сложеноста на зафатот што требало одамна да се реализира, никој не се нафатил да го реши. Сега ние го решаваме тој предизвик, активностите за етапна реконструкција објектите се интензивираат и за четири години сите ќе станат модерни и енергетски ефикасни.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција на која заедно со раководителот на Германската развојна банка (KFW) за Југоисточна Европа Клаус Милер, претставникот на Делегацијата на Европската Унија, Стефан Худолин и германскиот заменик амбасадор Јан – Аксел Вос информираа за прогресот на активностите во рамки на проектот за модернизација на државните студентски домови во Македонија.

— реклама —

„Градежни активности се реализираат во „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје и во нив вложуваме 17 милиони евра. За 18 месеци ќе станат современи, енергетски ефикасни и ќе понудат услови и стандарди за едукација и престој какви што треба да имаат и какви што заслужуваат студентите. Целосно ја менуваме внатрешноста, инсталациите, столаријата, фасадата, поставуваме фотоволтаици и еко системи за греење“, рече Јаневска, информирајќи дека паралелно течат подготовките за отпочнување на реконструкцијата и на други седум студентски домови.

— реклама —

Ова е една од мерките со која, како што рече Јаневска, убедена сум дека ќе го промениме размислувањето кај дел од младите да заминат на студирање надвор од својата земја.

— реклама —

„Во време кога недостига работна сила, важен ни е секој еден млад човек. Па, бидејќи е така, да им обезбедиме можности целосно да се реализираат тука, во сопствената земја“, додаде Јаневска.

Министерката изрази благодарност што Македонија има силни поддржувачи во заложбите за обезбедување на подобар студентски стандард, а со тоа и во заложбите за градење на генерации кои ќе бидат задоволни од грижата на државата и како што нагласи, ќе развиваат силно патриотско чувство и ќе возвратат со труд и посветеност кон нејзиниот напредок.

За проектот за реконструкција на државните студентски домови досега се обезбедени средства во износ од 25 милиони евра, од кои 20 преку кредитна линија на Германската развојна банка и речиси 5 милиони евра неповратен грант од Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library942qinga5e9r9wfwpfz

Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryt4lceldpphr8a5i7xg6

Одбележан Светскиот ден на учителите: Доделени признанија на 13 најдобри наставници

Македонија | пред 5 дена

7CA9A2C5-BC4C-487B-A68B-49AD687CBA6F

Од 1 октомври почнува пријавувањето за продолжување на студентските стипендии

Македонија | пред 1 седмица

media-library86c4ck0ohv7l2eE4uJW

Одбележани 15 години мировно образование за градење генерации кои избираат дијалог и заедништво

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања