Промени тема
Контакт

Јаневска: Затворени се 5 приватни научни институти, надзорите продолжуваат, заканите ќе ги пријавиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
janevska

Затворени се 5 приватни научни институти, а кај 15тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, вечерва информираше министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

„Дел од институтите се затворени заради неактивност, а дел бидејќи не ги исполнуваа законските услови за работа. Онаму каде констатиравме неправилности, даден е рок истите да ги отстранат за три месеци. Но, мислам дека бројот на затворени научни институти ќе биде поголем“, рече Јаневска, додавајќи дека само два института целосно ги исполнувале условите за работа.

— реклама —

Министерката информираше дека некои образовни установи не сакале да соработуваат при надзорите, а дел од нив, дури и упатувале закани кон вработените во министерството.

— реклама —

„Сé што правиме е за подобро образование, ниту една активност нема политичка заднина. Ова е прво предупредување да престанат со закани, а следно ќе биде да пријавиме и да постапат други надлежни институции по тој основ“, додаде министерката.

— реклама —

Осврнувајќи се на придобивките кои ќе ги обезбеди предложената нова законска регулатива во образованието, Јаневска рече наскоро по усвојувањето на неколку законски решенија во Собранието, ќе следи кадровско зајакнување на дел од институциите, меѓу кои и Државниот просветен инспекторат и Бирото за развој на образованието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym306f0f4041420CA2Gg

30 училишта добиваат нови услови за спорт и физичко образование, проектот вреди околу 3 милиони евра

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе

Македонија | пред 6 дена

media-librarykicis3nk0rrd4x2UCGC

Промовиран каталог на Брајово писмо со историски документи од Државниот архив

Македонија | пред 1 седмица

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

„Однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот лицемерие“, велат од МОН

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања